Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Антидронската, противвоздушната и антибалистичката „купола“ дел од грчката „Железна купола“ под името „Штитот на Ахилеј“, како и модернизација на фрегати и Ф-16, биле темите за кои се разговарало и донело одлука на денешниот состанок на владиниот совет за национална безбедност, што го свика грчкиот премиер, информираше министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина. – Владиниот совет за национална ...
Масовен протест пред грчкиот парламент за уште еднаш да ги истакнат своите барања, одржуваат такси-возачите од цела Грција, кои од утрово почнаа 24-часовен штрајк поради новиот закон од Министерството за транспорт, што воедно се однесува и на такси-превозот, а во текот на денешниот ден се очекува да биде ставен на гласање пред пратениците – јави дописничката на МИА од Атина. Таксистите порачаа дека се обединети, извикуваа слогани против ...
Хрватскиот министер за економија Анте Шушњар по денешната седница на Владата изјави дека државата се обидува да го потисне „бензинскиот туризам“ со најновите мерки и ги повика потрошувачите да не создаваат залихи бидејќи, според него, тоа е ирационално, затоа што безбедноста на снабдувањето е несомнена, пишуваат хрватските медиуми. „Денеска донесовме важна мерка за дерегулација на формирањето на цените на автопатите. Во текот на вчерашниот ...
По повеќе од три години по железничката несреќа кај Темпи во централна Грција во 2023 година, најсмртоносната во историјата на земјата, денеска започна судењето во Лариса, во напната атмосфера. Роднините на жртвите ја критикуваа истрагата, а меѓу обвинетите нема политичари, објави „Катимерини“. На вкупно 36 обвинети треба да им се суди во специјално подготвена сала во Конференцискиот центар на Универзитетот во Тесалија. Триесет и тројца од ...
Парламентарните избори во Словенија донесоа тесен резултат. Иако партијата Движење за слобода на премиерот Роберт Голоб освои најмногу гласови, постојната владина коалиција повеќе нема мнозинство во парламентот. Изборната трка беше тесна до последен момент. На крајот, партијата на Голоб повторно го освои првото место — но далеку помалку убедливо отколку на претходните избори, помалку од 1% е разликата која е толку мала што може да биде ...
Објавувањето на новото рангирање од порталот „Глобал Фајерпауер“ го отвори повторно прашањето за рамнотежата на моќта во Западен Балкан и насоката во која се движи регионот во однос на воената сила. Додека некои држави се обидуваат да ги прилагодат своите стратегии на новите геополитички околности, други го доживуваат ова како закана, што, според воените аналитичари, создава класична „безбедносна дилема“ и дополнително ја продлабочува ...
Анкара, 23 март 2026 (МИА) – Шефот на турската дипломатија Хакан Фидан вчера телефонски разговарал со колегите од Египет и Иран, како и со претставници на САД и Европска Унија за завршување на војната против Иран. Како што соопшти турското Министерство за надворешни работи, Фидан имал одделни телефонски разговори со иранскиот и египетскиот министер Абас Арагчи и Бадар Абделати, Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, ...
Траги од руската хакерска група „Фенси Бер“, која американските и британските државни институции ја поврзуваат со руската воено-разузнавачка служба ГРУ, се пронајдени во српското Министерство за одбрана, Воената академија и Воено-медицинската академија (ВМА), пишува денеска Радио Слободна Европа. Група независни експерти за сајбер безбедност „Crtl Alt Intel“ успеала да пристапи до папки на серверот на руската хакерска група кон средината на ...
Роберт Голоб формално победи на парламентарните избори во Словенија, но таа победа повеќе личи на предупредување отколку на триумф. Неговото либерално Движење за слобода освои 29 пратенички места, само едно повеќе од десничарската СДС на Јанез Јанша, а ниедна страна не стигна до потребните 46 мандати за самостојно мнозинство. Тоа значи дека Словенија не влегува во мирна постизборна фаза, туку во нервозна коалициска математика, каде секој ...
Предлогот на Александар Вучиќ и Еди Рама земјите-кандидатки за членство во ЕУ да станат дел од единствениот пазар и безвизната Шенген зона е најдобриот начин да се спречи нестабилност на Западен Балкан и Европа, оцени Тони Барбер, долгогодишен уредник за Европа и колумнист на „Фајненшл тајмс“. „Од гледна точка на практичната политика, полноправното членство во ЕУ веројатно ќе остане недостижно во блиска иднина, зајакнувајќи ја нестабилноста ...
Вистинската драма се одвивала во ресторан во Крагуевац кога група вооружени млади мажи влегле во објектот и почнале да ги бркаат гостите со пиштол. – Арогантното и бандитско однесување траело околу половина час, а гостите биле изненадени и исплашени. За време на мафијашкиот упад, еден човек бил удрен во главата со стаклено шише и претрпел сериозни телесни повреди – изјавил еден од очевидците за РИНУ. Целиот инцидент бил снимен од камери во ...
Јанша незадоволен од изборниот резултат Лидерот на Словенечката демократска партија, Јанез Јанша, изрази незадоволство по објавувањето на резултатите од парламентарните избори во Словенија, на кои неговата партија заврши веднаш зад Движењето Слобода на Роберт Голоб. Тесната разлика меѓу двете партии дополнително ја засили политичката неизвесност во земјата, пренесува Индекс. Тој нагласи дека според интерните податоци со кои располага ...
Граѓаните на Босна и Херцеговина располагаат со повеќе од 370.000 легално регистрирани парчиња оружје, додека бројот на нелегалното оружје, според проценките, надминува еден милион, што според експертите укажува на тоа дека населението е „вооружено до заби“. Според претходните истражувања, бројот на нелегално оружје се движел меѓу 750.000 и 800.000 парчиња, а некои понови анализи покажуваат дека тој број веќе надминува 800.000. ...
Хрватската Влада донесе мерки за заштита на домаќинствата и економијата од зголемувањето на цените предизвикано од војната на Блискиот Исток, но сепак цените на нафтените деривати иако пониски од проектираните, се значително повисоки од претходно. За колку се зголемува цената на горивата во Хрватска? Еуродизелот ќе се зголеми на 1,73 евра (+0,18 евра), Еуросуперот на 1,62 евра (+0,12 евра), а синиот дизел на 1,19 евра (+0,30 евра). ТПГ за ...
Уредските работници се соочуваат со сериозни проблеми поради блокираниот интернет, тинејџерите постојано менуваат ВПН-ови, а таксистите тешко се снаоѓаат низ Москва без интернет-навигација. Ваквата состојба е резултат на засилените мерки на Кремљ, кој сè поагресивно ја демонстрира својата контрола врз дигиталниот простор, пишува Ројтерс во анализа за актуелната состојба во Русија. Во текот на изминатата недела, мобилниот интернет бил целосно ...
Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар му честиташе на релативниот победник на неделните парламентарни избори, Движењето Слобода, како и на сите партии што влегоа во парламентот, и ги повика што поскоро да седнат на преговарачка маса. Во објава на мрежата „X“ во неделата навечер напиша дека телефонски го побарала претседателот на партијата Слобода, досегашниот премиер Роберт Голоб, и лично му честитала. По парламентарните избори, Пирц ...
Државна субвенција на дизелот од 16 центи за литар во дистрибутивната мрежа; т.н. Дигитална картичка за гориво за околу три милиони сопственици на возила; поддршка на земјоделците со субвенција за ѓубривото и компензација на поморските компании за да се избегне зголемување на цените на билетите за траектите, се четирите мерки за економска поддршка од последиците од војната на Блискиот Исток, во висина од околу 300 милиони евра, што ги соопшти ...
Во последните денови, Хрватска се соочува со недостиг на гориво, а едната од двете пумпи во Удбина е затворена, додека другата, во сопственост на ИНА, работи само до 13 часот. На пумпата, која е затворена, пиштолите за гориво се заклучени со катанци и завиткани во пластични кеси. Сопственикот на пумпата, Амир Велаџиќ, тврди дека оваа одлука била неизбежна. „Ја донесовме одлуката затоа што Владата на Република Хрватска ги намали нашите цени ...
Насилни судири меѓу полицијата и демонстрантите кои бараа оставка од албанската влада по обвинувањата за корупција против заменик-премиерот, избувнаа вчера во Тирана. Молотови коктели и огномет беа фрлани врз канцеларијата на премиерот Еди Рама, а полицијата одговори со водни топови. Политичките тензии ескалираа од декември откако специјалното обвинителство ја обвини заменик-претседателот на Рама, Белинда Балука, за наводно мешање во јавни ...
Нето влијанието на војната на Блискиот Исток врз грчкиот туризам останува неизвесно, иако на крајот може да биде позитивно, во голема мера во зависност од времетраењето и интензитетот на конфликтот, проценува Дојче Банк во извештај за грчката економија, објавен во четврток. Како што објаснува германската банка, претходните настани укажуваат на можно позитивно пренасочување на туристичките текови кон Грција, бидејќи патниците бараат побезбедни ...
Тирана, 22 март 2026 (МИА) - Несогласувањата на владејачкото мнозинство и опозицијата во Албанија, освен во подготовката на новата територијална и изборна реформа, се прошири и со различните ставови околу предлогот на лидерот на Социјалистите и актуелен премиер Еди Рама, за намалување на бројот на пратеници. Додека Рама најави намалување на бројот на пратеници, неговиот најголем опонент лидерот на опозициската Демократска партија поранешен ...
Тирана, 22 март 2026 (МИА) - Албанија, Косово и Хрватска годинава планираат да одржат три заеднички воени вежби, со цел зајакнување на одбранбената соработка и меѓусебната доверба меѓу трите земји. -Две вежби ќе се одржат во Хрватска, додека една е планирана во Тирана. Станува збор за продолжување на соработката, која не се темели само на воениот аспект, туку и на поширокото зајакнување на односите меѓу земјите од Југоисточна Европа. ...
По апсењето во Италија во јануари 2026 година, браќата Лука Драгутинови (29) и Џакомо Драгутинови (32) од Западен Балкан, но италијански државјани, успеаја да избегаат од куќниот притвор пред екстрадиција во Австрија и од тогаш се исчезнати. Детали за измамата На 6 ноември 2025 година, четворица измамници ги измамија браќата од Австрија со спектакуларна замка. Претставувајќи се како меѓународни бизнисмени, тие покажале интерес за купување на ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, допатува во ненадејна посета на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Во врска со посетата, Вучиќ порача дека Србија сака да продолжи да развива сеопфатна соработка со ОАЕ Во неколкучасовна, ненадејна, но важна посета на Обединетите Арапски Емирати. Особено сум благодарен на претседателот на ОАЕ што ме чекаше и ме испрати на аеродромот, со што покажа големо почитување кон нашата земја“, објави српскиот ...
Словенија гласаше на парламентарните избори во недела, но кампањата беше засенета од афера што звучи како мешавина од политички трилер и разузнавачко досие. Владата на премиерот Роберт Голоб тврди дека израелската приватна разузнавачка фирма „Блек Кјуб“ (Black Cube) е вмешана во обид да влијае врз изборниот процес, откако пред самото гласање се појавија тајно снимени материјали и обвинувања за состаноци на луѓе од таа компанија со словенечки ...
По преброени 78,78 проценти од гласовите, СДС на Јанез Јанша е во водство со 28,58 проценти, што моментално им носи 29 мандати во парламентот. Следно е Движењето за слобода на Роберт Голоб со 28,17 проценти и 28 претставници. На третото место е коалицијата на НСи, СЛС и Фокус со 9,56 проценти од гласовите, или девет мандати. СД и Демократите следат, секоја со по шест претставници. Партијата Ресни.ца исто така го помина парламентарниот праг, ...
Минатата недела, животот се претвори во кошмар за човек од хрватскиот град Вировитица. Кога се обиде да го надополни ваучерот преку мобилната апликација на 19 март, доби известување дека неговата картичка е блокирана, а истото се случи повторно и со другата картичка. Следниот ден отиде во банката каде што го пречекал „студен туш“, му рекоа како да води како починато лице, а истото му беше потврдено и во друга банка. На 16 март, во Општата ...
Енергетската криза повторно ја стави темата за горивата во фокус низ целиот регион. Причината е иста – војната со Иран, растот на цените на нафтата и стравот од прекин во снабдувањето – но реакциите на државите се значително различни. Словенија воведе рестрикции Словенија прва реагираше со конкретни ограничувања. На 22 март воведе привремени мерки за точење гориво, откако на дел од бензинските пумпи се појавија недостиг, долги редици и дури ...
Демонстрантите не останале само на мирно изразување незадоволство, туку користеле огномети, молотови коктели и други пиротехнички средства, насочени кон кабинетот на премиерот, што укажува на висок степен на гнев и радикализација на дел од толпата. Од друга страна, полицијата интервенирала со стандардни средства за растерување на маса – солзавец и водени топови – со цел да ја врати контролата и да спречи понатамошна ескалација или оштетување ...
Судењето за настаните што доведоа до железничката катастрофа во Темпе во 2023 година во централна Грција треба да започне во понеделник во Лариса, во специјално уредена сала во Конференцискиот центар на комплексот Гајополис на Универзитетот во Тесалија. Трагедијата се случи ноќта на 28 февруари 2023 година, кога патнички воз што сообраќаше од Атина до Солун се судри челно со товарен воз во близина на Евангелизам во областа Темпе. Во несреќата ...