„Судејќи по она што го цртаат најновите ажурирања на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) сигурно е дека од четврток, 26 март, доаѓа вистинска снежна бура на Балканот а најпогодени ќе бидат Босна и Хрватска каде на планинските места ќе падне и до околу еден метар снег а врнежи од снег ќе има и на помала надморска височина проследени со бурен ветер. Температурите нагло и значително ќе опаднат за повеќе од 10 степени па и за околу ...

Македонија во споредба со Албанија и Србија (со најнови проекции од IMF (Меѓународен монетарн фонд) и World Bank (Светска банка) за 2025-2026 од март 2026. Македонија е стабилна на 3% раст на БДП (Бруто домашниот производ), но заостанува зад Албанија (која расте побрзо благодарение на туризмот кој забрзано се развива, FDI (странски инвестиции) и длабински реформи благодарејќи на преговорите со ЕУ за полно правно членство. Србија има пад во ...

Во Загреб, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ ја повторил својата поддршка за Македонија на патот кон ЕУ, по повод официјалната посета на претседателката Гордана Силјановска-Давкова на Хрватска. Пленковиќ ја повторил својата „силна поддршка за почеток на преговорите и нагласи дека Хрватска е сè уште подготвена да помогне во пренесувањето на своето знаење и искуство во тој процес“, се вели во соопштението на владата. Силјановска-Давкова ...

Амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбае, денес ќе го посети Собранието. Според информациите од собраниската служба, тој ќе се сретне со претседателот на Собранието, Африм Гаши. Воедно, членовите на Комисијата за локална самоуправа денес ќе одржат средба со претставници на Националниот демократски институт (НДИ) во Република Северна Македонија. Амбасадорот на Република Кореја, Ким Донгбае, денес ќе го посети Собранието. Според ...

Шеесет селани, жени, деца и старци на денешен ден се загинати во масакрот што во 1905 година бил извршен во селото Загоричани во Егејска Македонија од страна на грчките андрати. Трагедијата селото ја доживеало на 25 март (7 април по нов стил), 1905 кога околу 200 до 300 грчки андарти го запалиле селото, а населението го масакрирале. Убиле 60 селани, имало многумина ранети и биле запалени повеќе куќи. Масакрот го организирал костурскиот ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. ЈП Македонија пат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ...

Охрид, 25. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го одбележуваат празникот посветен на Свети Григориј Двоеслов, папа Римски. Син на сенаторот Гордијан. И самиот потоа беше сенатор и началник на градот Рим. Но, штом се упокои татко му, тој се оддаде на духовен живот. Од своето големо богатство изгради шест манастири во Сицилија, а седмиот во Рим, во чест на апостолот Андреј. Во тој манастир и самиот прими потстриг. По смртта ...

Новоизбраниот дописен член на Македонската академија на науките и уметностите Драган Даутовски денеска напладне во МАНУ ќе одржи пристапно предавање. Предавањето на Даутовски е насловено „Топчестата глинена флејта од Македонија – праисториски музички инструмент“. Пригодна реч по повод пристапувањето на Даутовски во МАНУ ќе одржи академик Влада Урошевиќ. Во музичкиот дел од настанот ќе настапат Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“ и ...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред е Предлог – одлуката за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер. Еден од најважните органи за транспарентноста на институциите и на демократијата – Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер од 25 декември минатата година не работи ...

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија (UCPM) со цел зајакнување на капацитетите за справување со шумски пожари, прекугранична соработка и подобрување на оперативната подготвеност, соопшти ДЗС. На настанот ќе ...

Охрид, 25. март 2026 (ОХРИДПРЕС) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ). Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на ...

На 31. март се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), една од најпочитуваните редакции во земјава, соопшти светската медиумска мрежа. Радио Слободна Европа на македонски јазик работи од 2001 година, а причината за затворање, како и на други сервиси на РСЕ низ светот, е одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се суспендира финансирањето на РСЕ. РСЕ е основана во 1950 година, а се финансираше од американскиот ...

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска во Кинотеката на Македонија ќе го промовира краткиот документарен филм „Гласна тишина“, по повод 15 години од спроведувањето на програмата за мировно образование. -Документарниот филм ја прикажува трансформативната улога на програмата – од нејзините почетоци до денешните постигнувања, истакнувајќи ја важноста на мировното образование како алатка за градење ненасилна комуникација, доверба и ...

Променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 19 степени. Времето во наредните денови Во четврток преку денот ...

Владата деновиве зборува со јазик на смирување. На 19 март министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска изјави дека состојбата со цените се следи внимателно и дека засега нема сериозен пренос на кризата врз пазарот, а на 22 март премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата има план и нема да дозволи флуктуации што ќе го погодат стандардот на граѓаните. Во тие изјави има една заедничка линија: државата гледа, анализира и чека. ...

Европа се подготвува за нова мигрантска криза. Таквите сигнали од Брисел доаѓаат сега за време на војната на Блискиот Исток. Во меѓувреме, синоќа на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, полицијата приведе 29-годишен државјанин на Турција, кај кого, при контрола на возило со скопски таблички, кај клучката Тремник биле забележани лица кои излегле од автомобилот. По кратка потрага, полицијата пронашла пет мигранти од Египет, кои биле ...

Во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ денеска се одржа традиционалната пролетна крводарителска акција. Вкупно беа дарувани 48 крвни единици, а 12 лица за првпат даруваа крв. Во акцијата учествуваа воени лица, офицери и подофицери, професионални војници и цивилни лица ангажирани во Армијата, информира за МИА, Орце Николов секретар на Општинската органзација на Црвен крст Велес, кој акцијата ја оцени како мошне успешна. Доброволната ...

Први потребни владини потези се исплата на заостанатиот поврат на ДДВ, достасаните обврски кон граѓаните и компаниите и намалување на акцизата во цената на горивото Стагфлацијата е поопасна од класичната инфлација – цените растат, економијата стагнира и населението осиромашува: при застаната економија плаќаме повеќе, а добиваме помалку, се вели во соопштение на политичката партија „Нова Република“. Да, стагфлацијата е ризик за целиот ...

Кризата во Персискиот Залив претставува сериозен глобален предизвик и веќе се споредува со нафтените кризи од 70-тите години, изјави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски во гостување на ТВ Алфа. Според него, денешната состојба е дури и посериозна, бидејќи на светскиот пазар недостасуваат повеќе од 11 милиони барели нафта дневно. Мицкоски посочи дека улогата на владите е внимателно да ги следат случувањата и да ги предвидуваат ...

Во разговори сум за изготвување на закон за донирање на човечки тела и органи за научно-истражувачка и едукативна цел, изјави доктор Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма. „Да знаете на што, на какви тела ние учевме анатомија, ќе се зачудите. Анатомија не се учи на пластика, на пластични модели и на распаднати тела. Анатомија се учи на свежо човечко тело. Ако сакаме да ...

Дејан Јанков, сопруг на Злата од Свети Николе која исчезна на 16 јуни 2024 година, веќе деветти ден штрајкува со глад пред полициската станица во градот, барајќи одговори за судбината на неговата сопруга. Тој за ВИКИМЕДИА изјавил дека денес повторно му се слошило, при што имал значително покачен крвен притисок, по што била повикана лекарска екипа. По укажаната медицинска помош во болница, каде примил терапија, по еден час бил пуштен и ...

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се очекува работите да бидат целосно завршени во рок од два месеци. Поради тековните активности, водоснабдувањето во моментот се одвива преку регулациониот резервоар, што може да предизвика повремени и краткотрајни прекини. Од општината ...

Овој потег, кој ги воодушеви теоретичарите на заговор, доаѓа само еден месец откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе ги објави сите владини досиеја за неидентификуваните летечки објекти (НЛО) и во време кога официјалниот интерес за темата, сега наречена неидентификувани воздушни феномени (НАФ), е поголем од кога било, главно поради загриженоста за националната безбедност, пишува Гардијан. Регистрацијата на доменот следува ...

Добивај вести на Viber ИМА РЕАКЦИИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА НОВИНАРОТ ВО ТЕТОВО КОН ВЕСНА ЈАНЕВСКА Бурни реакции на социјалните мрежи по вчерашното скандалозно однесување на новинар од Тетово. Неговиот пристап кон министерката за образование, Весна Јаневска, поттикна лавина реакции во јавноста, но особено меѓу новинарската фела. Дел од колегите му забележуваат поради обраќањето кон министерката, но и за прашањето: „Си зема преведувач министерке?“. ...

Драги Хумани пријатели,драги наши сограѓани Охриѓани и сите Хумани луѓе од Македонија и од Странство.Знам дека многу од вас ја знаете нашата приказна за мојот син Петар, кој изминативе две години благодарение на вашата Хуманост ,вашата Емоционална и Финансиска поддршка која со зборови неможе да се опише, придонесовте мојот Петар да дојде до последната операција која е закажана за почетокот на Јуни.Поради слаба циркулација во левата нога и ...

Ненадејната срцева смрт е голем проблем во светот, особено кај млади луѓе, изјави доктор Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, во интервју во „Топ тема“ на Телма ТВ. Како пример за тоа посочи фудбалски натпревари во кои фудбалери кои не знаеле дека имаат проблем со срцето, нагло ќе колабираат и паднат. „Тоа вообичаено се случува кај спортисти или кај млади луѓе. Сите ние имаме некој близок или подалечен роднина кој ...

Во преполната сала на Македонска Филхармонија во средата, на 18 март се одржа долгонајавуваниот солистички концерт на Јоце Панов. Вечерта беше исполнета со бура од силни емоции, позитивна енергија и многу изненадувања. Концертот се одвиваше во динамичен и разигран ритам. Од “Ивана”, преку “Ajmo na more”, па се до најновата необјавена песна “Alkatraz” публиката ги пееше песните во еден глас. Во еден момент, Јоце се обрати на публиката и замоли ...

Мерката и бројките што ги промовира Владата не се ништо друго освен фрлање песок во очите на граѓаните, нагласи заменичката претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, во вечерашните вести на МРТ. Каранфилова Пановска посочи дека мерката на Владата за намалување на ДДВ-то на горивата и нафтените деривати на 10% е задоцнета и недоволна, а реалниот товар од кризата ќе падне врз граѓаните. „Не може да имаат граѓаните заштеда, особено не во ...

На 20 и 21 март 2026 година во Лисабон, Португалија се одржа меѓународниот конгрес ESC Acute CardioVascular Care, значаен научен настан посветен на размена на знаења, искуства и најнови достигнувања во областа на кардиологијата, со посебен акцент на интензивното и интервентното кардиолошко лекување. На конгресот активно учество зеде и македонскиот кардиолог д-р Благоја Стефановски, кој со свое предавање ја претстави институцијата од која ...

Братислав ДИМИТРОВ Скопските кина се убави само уште во фантазијата на провинцијалците и старите скопјани. Првите со куфер полни со тегли компот, ајвар, волнени чорапи и големи надежи, пристигаат во големиот град. Зад себе го оставаат своето босоного детство, таткото од Фројдистички прирачник и мајката од натуралистичка проза. Се разделуваат и од својата прва љубов, која редовно им пишува долги неутешни писма со мирис на лаванда и паланечка ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
54%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
5.14
92%
1009
weather icon

Загреб

10ᴼ / 9ᴼ
6.17
51%
1015
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
7.2
59%
1010
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
6.34
82%
1007
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 10ᴼ
5.14
49%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
3.13
47%
1004
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
41%
1008
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
38%
1008
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
6.69
88%
1012
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
94%
1000
Currency

61.635

Currency

53.3844

Currency

70.8126

Currency

36.7552

Currency

38.4047

Currency

66.7009

Currency

7.72361

Currency

0.65567

Currency

0.33304

Currency

0.52343

Currency

1.20145

Currency

0.56296

Алуминиум

3.28

Платина

59896.84

Калај

45.06

Иридиум

256711.96

Цинк

3.08

Родиум

347228.06

Сребро

2840.84

Злато

144638.24

Рутениум

56199.51

Кобалт

964.52

Паладиум

44152.21

Бакар

10.97