Скопје
-8ᴼ /
-8ᴼ
На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. -Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на ...
Фатон Љури кој со мотор го прегази скопјанецот Југослав Николовски во центарот на Скопје, денеска пред судот призна дека го сторил кривичното дело. Сепак Љури тврди дека му давал помош на дедо Југо, односно не признава дека вечерта на 1 јули не му укажал помош на повредениот. „Јас се чувствувам виновен за сообраќајката. Не би сакал да се случи тоа, никој не би сакал да се случи такво нешто. Големо сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, ...
На 09.10.2025 во 18:05 часот на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Н.М.(41) и В.М.(26), двајцата од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека поради недоразбирање во врска со случена сообраќајна незгода физички ги нападнале Б.А.(54) и неговата сопруга Н.А. од с.Порој, тетовско, информира МВР. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува ...
Уапсени се двајца криумчари на автопатот Демир Капија – Неготино, на местото викано „Острово“ откако се фатени дека во автомобил превезуваат седуммина мигранти, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). „Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор ‘Михајлово‘ вчера ги лишија од слобода Б.М. (25) и В.Ч. (27), двајцата од Неготино откако претходниот ден по извршена полициска контрола во патничко возило марка ‘шкода‘ ...
Пронајдени седум лица мигранти и лишени од слобода се двајца криумчари. Како што информираат од МВР, вчера (09.10.2025) полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода Б.М.(25) и В.Ч.(27), двајцата од Неготино. На 08.10.2025 околу 18:20 часот на автопатот Демир Капија-Неготино, на место викано „Острово“, полициски службеници извршиле контрола во патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ...
Куманово, 9 октомври 2025 (МИА) - Внука успеала да ја спаси баба си од измама за наводно сообраќајна несреќа на член на семејство, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 17:15 часот во полицијата, 35 – годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами нејзината баба од кумановско село. - Според пријавеното, лицето ѝ се јавило на телефон и ѝ кажало дека наводно член од нејзиното семејство бил во критична состојба по ...
Скопје, 9 октомври 2025 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.А.(22) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.04.2025 на обиколница Скопје, кај клучка „Волково“, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. СВР Скопје поднесе кривична ...
Нема мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола. Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство, им одреди само куќен притвор. Од Обвинителството реагираа на ваквата одлука. Велат дека не се согласуваат со мерката и дека ќе поднесат жалба, со барање да им се одреди ефективен притвор. „Особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои ...
На 08.10.2025 во 21:23 часот на ул. „Филип Втори Македонски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 43 годишник од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници запреле возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки и при извршено алкотестирање констатирано е дека лицето возилото го управувал со 2,29 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по документирање на настанот против него ќе биде ...
По повеќемесечен таен мониторинг и собирање докази, полициските единици во координација со обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) спроведоа координирана акција на неколку локации во Скопје. При претресите, службите пронашле значителна количина на кокаин и марихуана, како и куршуми за пиштол без дозвола, во домот на еден од осомничените. Обвинителството отвори истрага против четири ...
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа според член 319 став 1 од Кривичниот законик. Во спроведената претходна постапка, јавниот обвинител обезбеди докази со кои се потврдува основаноста на сомненијата дека обвинетиот го извршил делото кон припадник на еврејската ...
Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР ...
Вчера околу 11:15 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на булеварот „Александар Македонски“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа во која учествувале велосипед управуван од 68-годишниот Д.М. од Радовиш и патничко возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од Р.А.(36) од Радовиш. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР ...
Полицијата во Скопје во текот на изминатите два дена регистрирала неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир и пријавено семејно насилство. Вчера околу 12:40 часот во парк на подрачјето на Центар, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца мажи од Тетово, на возраст од 47 и 36 години. Случајот е документиран, а по целосно расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во Кисела Вода, во 09:18 часот, 50-годишен скопјанец пријавил ...
Полицијата во Скопје во текот на изминатите два дена регистрирала неколку инциденти во кои бил нарушен јавниот ред и мир и пријавено семејно насилство. Вчера околу 12:40 часот во парк на подрачјето на Центар, дошло до физичка пресметка помеѓу двајца мажи од Тетово, на возраст од 47 и 36 години. Случајот е документиран, а по целосно расчистување ќе биде поднесен соодветен поднесок. Во Кисела Вода, во 09:18 часот, 50-годишен скопјанец пријавил ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.У.(21) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 28.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во напуштена куќа на улицата „Агрон Бериша“, при што се пронајдени и одземени пиштол „чешка зброевка 75“ калибар 9 мм, рамка со куршуми, расклопена автоматска пушка „застава ...
Вчера во 14:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода В.Ш.(37) и Е.Б.(39), двајцата од Штип. При преглед кај нив се пронајдени неколку пакувања со кокаин. Лицата се задржани во Полициската станица Струмица и со нив е извршен службен разговор. За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Во Куманово лишен од слобода е бегалец од затвор. Тој е спроведен во затворот во Охрид за доиздржување на казната. Како што информираат од МВР, ноќеска (09.10.2025) во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.М. (20) од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор. Тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ ...
Ноќеска во 01:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 20-годишниот З.М. од Струга, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од затвор. Тој бил осуден на една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување една година од казната. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Охрид ...
16-годишно момче од Скопско, ученик во средно училиште во скопската општина Карпош, вчера нападнал соученичка за време на школски час и ја повредил, соопшти полицијата. Препорачано Случајот, кој ги вознемирил учениците, професорите и сите во училиштето, во полиција го пријавила мајката на девојчето. „На 07.10.2025 во 12:30 часот во Полициската станица Карпош e извршен службен разговор со 16-годишен малолетник од скопско, постапувајќи по ...
Едно лице е избодено со нож пред поранешната стоковна куќа „Мост“ во Скопје, а полицијата го уапси напаѓачот. Според информациите на МВР, вчера вечер во 22:05 часот на плоштад „Скендербег“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Д.С.(23) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно пред тоа во близина на Соборен храм „Свети Климент Охридски“ и на бул.„Гоце Делчев“ под Стоковната куќа „Мост“ физички го нападнал Т.К.(33) од с.Долно ...
36-годишен жител на Тетовско вчера сам се пријавил во полиција, каде бил баран со потерница за трговија со дрога, соопшти МВР. Препорачано „На 07.10.2025 во 11:15 часот во СВР Тетово сам се пријавил Ф.Р.(36) од с.Боговиње, тетовско, за кого има распишана национална потерница од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело „злосторничко ...
На 07.10.2025 во 18:26 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска“ и ул. „Север Југ“ во Битола, патничко возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 49 годишник од Битола, удрило во пешак на возраст од 45 години од Битола и неговото куче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола, а кучето било усмртено. Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...
Курир дознава дека се спроведува полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога. Од МВР за Курир велат дека се вршат претреси на повеќе локации, а детали најавија за утре. -Во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единици од МВР вршат претреси на повеќе локации низ Скопје, со оглед дека акцијата трае повеќе информации ќе споделиме во текот на утрешниот ден, ...
„Република“ неофицијално дознава дека се спроведува полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога. Според информациите, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации, со цел апсење на лица инволвирани во продажба и распространување на кокаин. Првичните информации укажуваат дека се разбива нова ...
Курир неофицијално дознава дека се спроведува полициска акција во скопските населби Ѓорче Петров, Хром и Нерези, насочена против организирана мрежа за трговија со дрога. Според информациите, инспектори од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР извршиле упади на повеќе локации, со цел апсење на лица инволвирани во продажба и распространување на кокаин. Првичните информации укажуваат дека се разбива нова група што ...
На 07.10.2025 околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот с.Ајватовци-с.Бунарџик, општина Илинден, мопед, управуван од С.Д.(27) од с.Биљановце, кумановско, удрил во патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.З.(30) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР ...
На 07.10.2025 година во 12:30 часот во Полициската станица Карпош бил извршен службен разговор со 16-годишен малолетник од скопско, по пријава од 46-годишна жена дека на 06.10.2025 година околу 13:00 часот, во средно училиште на подрачјето на Карпош, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од соученик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. Истата вечер, во 20:30 часот, во СВР Скопје, 42-годишната ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против В.П.(35) од Дебар, со престој во САД, Ф.П.(29), Р.П.(34) и А.П.(32), сите од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Како што се наведува во полицискиот билте, на 01.08.2025 на семејна веселба во куќа покрај Дебарското езеро, тие неовластено пукале со огнено оружје и предизвикале опасност по животот на ...
Претрес во охридско, уапсен 68-годишен скопјанец. - На 07.10.2025 во 17:00 часот во охридското село Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода Ј.Д.(68) од Скопје. При претрес во објект во селото, кој го користи, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се марихуана и засадени стебла од растението канабис, соопштија од МВР. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде ...