Пожарникари утрово гаснеле пожар во куќа во Бутел, откако се запалил домот на скопјанец додека тој престојувал во Италија. „На 18.06.2026 во 04:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел настанал пожар во куќа сопственост на В.А., кој во моментот бил во Италија“, инфомираа од МВР. Пожарот го изгаснала Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени нема, додаваат од МВР. На местото на настанот бил извршен увид. ...

Скопје, 18 јуни 2026 (МИА) - Куќа била опожарена во општина Бутел, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. - Денеска во 4:55 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел настанал пожар во куќа, сопственост на В.А., кој во моментот бил во Италија - информираа од МВР. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита - Скопје. Нема повредени лица, бил извршен увид. бд/са/ ...