Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
Во Музејот на современата уметност – Скопје, вечерва е отворена изложбата „Тапети“, која обединува дела од различно потекло. Темите, мотивите и уметничките пристапи на неколку генерации се испреплетуваат и меѓусебно се надополнуваат, откривајќи ја универзалноста на уметноста и уметничкото творештво. Како што беше потенцирано, изложбата „Тапети“ ги поврзува енергијата, креативноста и културата. Министерот за култура, Зоран Љутков пред ...
На покана на Здружението на граѓани на Македонската национална заедница „Вардар“ од Вршац, пијано дуото Татјана Џорлева – Ангеле Михајловски вечерва ќе одржи концерт во концертната сала на Градскиот музеј во Вршац, Република Србија. Концертот ќе започне во 17 часот, а љубителите на класичната музика ќе имаат можност да уживаат во внимателно избран репертоар составен од дела на Темков, Григ, Шун Чоо, Сати и Томаш Леон. Џорлева и Михајловски се ...
Соопштение на ВЛЕН: Кадарот на ВЛЕН, заменик-министерот за култура Седат Сулејмани, заедно со директорот на Албанскиот ансамбл на песни и ора, Јетмир Реџепи, го финализираа еден од најзначајните процеси за консолидација на Албанскиот ансамбл на песни и ора, една од најважните и најрепрезентативните институции на албанската култура во земјата. Со потпишувањето на последните пет решенија за вработување, заврши третата и последна фаза од ...
Претставата која ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот, „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, ќе биде дел од фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија , каде Народниот театар од Битола ќе настапи на 07.06.2026 година. Главните прашања во оваа претстава се: Зошто имаме потреба да се самоуништуваме ...
Македонската танчерка Мила Србиноска од танцовиот клуб „Брејк а лег“ (Break A Leg) од Скопје освои сребрен медал на IDO Европското Првенство во All Style Battles, што се одржува од 1 до 7 јуни 2026 година во Клагенфурт, Австрија. Како што соопшти танцовиот клуб, ова е уште еден голем меѓународен успех за младата танчерка која веќе се вбројува меѓу најдобрите европски и светски натпреварувачи во уличните танцови стилови. Во силна конкуренција ...
Од 3 – 6 јуни, во соработка со Здружението за зачувување на делото на Анте Поповски „Антево перо“, во Кинотеката ќе се одржи филмски омаж на академик Анте Поповски по повод 95 години од раѓањето на поетот. Во таа пригода ќе бидат прикажани повеќе филмови во кои Анте Поповски е сценарист или продуцент, со што јавноста ќе се запознае со уште еден, делумно запоставен аспект на творечката личност на Анте Поповски – неговата дејност на полето на ...
Вторник, 2 јуни 20:00 Пензионираниот железничар Марко Петриќ монотоно ги поминува своите пензионерски денови, сè до оној момент кога ја открива можноста дека неговата ќерка Ана ја преживеала војната. Започнува да трага по неа преку Црвениот крст и печатот. На неговата адреса пристигнуваат податоците за три млади жени од кои секоја подеднакво ја има можноста да биде неговата ќерка Ана. Најпосле, стариот Марко сепак доаѓа до сознанието дека ...
Во Театар „Антон Панов“ – Струмица вчера започнаа подготовките за новата театарска продукција „Поручникот од Инишмор“ од ирскиот драмски автор Мартин Мекдона. Претставата е во режија и адаптација на Ивана Ангеловска, а драматург на проектот е Весна Куслевска. Улогите во претставата ги толкуваат актерите Коста Ангов, Анкица Бенининова, Ванчо Василев, Михаил Велков, Стојан Велков, и Игор Тодоров. Станува збор за едно од најпознатите драмски ...
Љубителите на современата уметност во Скопје ќе имаат можност да посетат уникатен културен настан. На 3 јуни 2026 година, со почеток во 18:00 часот, во Мобилната галерија во Паркот на Франкофонија, официјално ќе биде отворена 8-мата самостојна изложба „Меѓу нас“ од познатиот македонски уметник Горан Костовски – Индог. Емпатија, ментално здравје и славење на животот Овој уметнички проект произлегува од долгогодишното истражување на тема ...
Утре, НА 3-ти Јуни ВО 20ч , во просториите на Киното “Мис Стон” во Прилеп, ќе се одржи проекција на новиот филм во продукција на Пиреј Филм “Железна тврдина”, во режија на Митко Панов. Aктерската екипа е составена од штитениците на Центарот за Рехабилитација на Психијатриската Болница во Демир-Хисар и гостите меѓу кои и Синоличка Трпкова, Игор Џамбазов, Васко Тодоров, Благоја Грујовски, Мишел Трајковски и Атиџе Муратова. Филмот е снимен во ...
На 5 јуни, покривното плато на Skopje City Mall повторно ќе се претвори во најатрактивната летна фестивалска локација во градот. Gin Lane Festival, во организација на Bottega Eventi и Skopje City Mall, годинава го одбележува своето четврто издание, носејќи уште побогата програма, внимателно селектирани изложувачи на џин и сродни брендови и ексклузивен музички спектакл под отворено небо. Gin Lane Festival претставува уникатен спој на музички ...
Во јавноста најчесто се зборува за фасадите, пентхаусите, големите тераси и луксузните ентериери. Но архитектите и градежните инженери добро знаат дека вистинскиот квалитет на една зграда многу често започнува под земја. Подрумот е еден од најпотценетите, а воедно и најважните делови од секој современ станбен или станбено-деловен комплекс. Според анализите на водечките светски архитектонски и градежни списанија како Architectural Record, ...
Македонскиот културно-информативен центар во Софија и оваа година достојно ја претставува македонската култура на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“, кој традиционално се одржува во бугарскиот град Созопол и претставува еден од најзначајните меѓународни културни настани во регионот. Фестивалот обединува уметници, музичари, писатели и културни дејци од повеќе земји, создавајќи простор за културен дијалог, соработка и промоција на ...
Вонвременските нумери на Влатко Стефановски оживеаја на сцената на МНТ , низ постановката на мјузиклот „ Као какао“. Проектот го постави режисерот Дејан Пројковски по текстот на Венко Андоновски. Дојде време ете, за мојот идол и за нашите идоли да направиме мјузикл. Меѓутоа, многу е важно дека го вративме духот на тоа време кога младите луѓе навистина сакаа да постигнат успеси во уметноста, во спортот, вели Венко Андоновски, автор на текстот ...
Eкипа од Канал 103 ќе учествува во програмата „Радио дом“ со сестринското радио „Кашмир“ од Берлин. „Програмата се развива како отворен процес на слушање, учење и истражување, обликувана низ живи и претходно снимени емисии, спонтани радиомоменти, разговори и теренски снимања. Започнува со воведно вклучување на 2 јуни во 19:30 часот, кое ги поврзува Скопје и Берлин, а завршува на 10 јуни со заедничка програма“, велат од Канал 103. За време на ...
Вториот фестивалски ден ќе започне од 19 часот со панел дискусија каде ќе се отвори една поширока тема за нашата локална култура – „Telling DIY stories“ со Батухан Ибрахим, Андреј Медиќ, Анастасија Павловска и Борјан Гаговски. Ќе се зборува за правење филм со 0 буџет, правење филм со 0 искуство, децентрализирање на култура со градење на заедница и независно промовирање на култура. Понатаму ќе ја проследиме меѓународната селекција на филмови. ...
Под мотото „Уметност што обединува, порака што инспирира!“, синоќа во НУ Центар за култура „АСНОМ“ во Гостивар свечено беше отворена групната изложба на млади стрип автори од Северна Македонија, Албанија и Србија. Настанот, кој привлече голем број љубители на уметноста, е поддржан од Министерството за култура и туризам. Во време на регионални предизвици и меѓуетничка фрагментација, изложбата покажа дека деветтата уметност може да биде моќен ...
„Синило“ е насловот на изложбата од македонската уметница Јелена Белиќ, отворена во галеријата на културниот центар Balkan Heritage во Будимпешта. Белиќ, архитект, фотограф и цртач се претставува со цртежи со пенкало. Делата се изработени со специфичната техника наречена „длабински цртеж“ – начин на цртање што вклучува несвесен интуитивен пристап и асоцијативен развој на цртежот. Со изложбата официјално беше отворена манифестацијата „Денови ...
Од 27 до 30 мај, во склоп на Саемот на книгата во Варшава, се одржа годинешниот избор за Европската награда за литература за 2026 година. Наградата ја доделува Европската унија (EU Prize for Literature – EUPL) за прозна книга на автор во подем. Под мотото „Приказни што поминуваат граници“ (Stories that cross borders) беа претставени 14 дела на автори од 14 земји (Ерменија, Хрватска, Кипар, Чешка, Естонија, Финска, Франција, Косово, ...
Вечерва, во 20 часот и 20 минути, Македонскиот КИЦ во Белград ќе биде домаќин на концерт на една од најпознатите и најатрактивни музички формации, која го негува како македонскиот, така и фолклорот скоро на сите народи во регионот и оттука се здобива со статус на одлично прифатена и популарна музичка група, ширум државите од целиот наш регион. Посебна популарност стекнуваат со обработка на традиционални македонски теми кои ќе доминираат на ...
Во среда точно напладне, во просториите на Порта Македонија во Скопје ќе се одржи прес-конференција со која се најавува ретка соработка помеѓу приватниот сектор и национална културна институција. Имено, Кинотеката на Македонија деновиве доби значителна финансиска донација од специјалистичката дијагностичка лабораторија „Авицена“, која ќе биде употребена за откуп на филмски материјал од историско и општествено значење за државата. Станува збор ...
„Македоника литера“ неодамна го објави првиот дел од патописот од руските автори Иљја Иљф и Еевгениј Петров „Приземна Америка“, во превод од руски јазик на Маја Белева. Иљф и Петров заедно напишале романи, патописи, сценарија, есеи, водвиљи…, а едно од најпопуларните дела на овој тандем е оваа патописна книга. „Приземна Америка“ е оценет како маестрален патопис и како патопис за сите времиња. Тоа е патопис од нивното заедничко патување по ...
Деновиве претставата Театар на сенки „Кокиченце девојченце“, се одигра за првоодделенци ООУ „Григор Прличев“ а во НУ Библиотека „Григор Пличев“ во рамки на програмата „Културата расте со децата“ на Општина Охрид. Содржината на претставата е едукативна. Присутни се поучни елементи и моменти од кои детето ќе стекнува претстава за вистинските вредности и ќе гради позитивни ставови кон себе, но и кон другите и околното опкружување. Во театарската ...
КСП Центар Јадро во јуни подготвува разновидна културна програма со концерти, изложби, книжевни настани, предавања, филмски проекции и работилници. Меѓу позначајните настани е концертот на Џез хорот „Артизан“ на 1 јуни, како и промоцијата на книгата „Женска работа: Современиот вез во земјите од поранешна Југославија“ проследена со изложба на дела од македонски автори на 4 јуни. Во рамки на програмата ќе гостува и уругвајско-американската ...
Од 4 до 7 јуни во Струмица ќе се одржи првиот „Џез-стрим фестивал“ и со тоа градот станува место каде што џезот ги поврзува точките, а оваа „урбана приказна за една убава импровизирана стварност“ почна уште во 1967 година со формирањето на првиот диксиленд-оркестар, што ја позиционира Струмица како пионер на македонската џез-сцена – беше истакното на денешната прес-конференција. – Таа традиција низ децениите не згасна, таа се трансформираше, ...
Актерот Владо Јовановски објави дека по долгогодишна пауза бил на чекор повторно да заигра во долгометражен игран филм, но проектот пропаднал поради недостиг на финансиски средства. Во објава на социјалните мрежи, Јовановски открива дека требало да ја толкува главната улога во филмот, но продукцијата не успеала да го затвори финансискиот план. „После долги години апстиненција, за малку ќе заиграв на филм. Што би се рекло, за т’нко влакно. Да ...
„Само теби вјерујем“ е новата дуетска песна на ITD бенд и Младен Војичиќ Тифа. Со доверба и искреност во „Само теби вjерјуем“, ITD бендот уште еднаш ја потврдува својата автентичност и континуитет на сцената, а соработката со Младен Војичиќ Тифа внесува дополнителна емоционална длабочина на целата песна. Сето ова не би било можно без авторскиот тим составен од тим долгогодишни соработници, Мирослав Рус со својот потпис на музиката и текстот, ...
Објавени резултатите од Конкурсот за филмски проекти за 2026. Одлуката за поддршка на документарниот проект „Слушни ме!“, кој е биографски музички документарец за Марко Маринковиќ – Слаткаристика, деновиве предизвика многу реакции во јавноста. Со соопштение се огласија од Министерството за култура и туризам, од каде што посочија дека не станува збор за филм кој се занимава исклучиво со музичката кариера на Слаткаристика, туку е документарец ...
Компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска и оваа година го поддржаа издавањето на инклузивната сликовница „Големиот сон“ од Денис Јанкуловски, која е во издание на издавачката куќа Прозарт, а во која преку главната хероина Тина повторно се зборува за прифаќање на различностите. Со многу насмевки, музика, пеење и танцување на инклузивната промоција се упати гласна порака дека различностите не треба да бидат пречка за остварување на ...
Од следната учебна година, изданието „Бајки од Македонија“ официјално влегува во наставната програма за основно образование и станува дел од редовните лектири за четврто одделение. „Бајки од Македонија“ на „Браво сине!“ станува лектира Покрај тоа, преку оваа соработка, „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ придонесоа за градење на читачки навики кај младите, што е исклучително значајно во дигиталната ера. Движењето за поддршка на креативноста – „Браво ...