Најпознатиот и најбизарен детал од нивната врска, кој Родман го повтори безброј пати во интервјуа и во својата автобиографија „Лош како што сакам да бидам“. Средината на деведесеттите години беше ера на медиумски спектакли и неконтролирани ѕвезди, и ретко која врска го покажуваше тоа подобро од краткотрајната, но експлозивна романса помеѓу кралицата на поп-музиката Мадона и најозлогласеното „лошо момче“ на НБА, Денис Родман . Нивната ...

Џон Гудман ги натера фановите да ја погледнат фотографијата двапати. Актерот од серијата „Роузен“ (74) беше опишан од обожавателите како непрепознатлив на нова фотографија. Ѕвездата на „Волшебниците од Вејверли Плејс“, Дејвид ДеЛуиз, ја објави фотографијата на Инстаграм во четврток. „Тој беше дел од моето детство! Легенда! Обожавам што можам да го кажам тоа на некого. Ако знаеш, знаеш“, напиша ДеЛуиз покрај заедничкото селфи од супермаркет, ...

Телото на индискиот алпинист Дорџе Моруп, кој беше замрзнат на Монт Еверест 30 години, конечно би можело да му биде вратено на неговото семејство, бидејќи Индија бара специјализиран тим за спасување на голема надморска височина за да изврши сложена и ризична операција за извлекување на телото од околу 8.500 метри надморска височина, објави денес Би-Би-Си. Моруп почина во 1996 година за време на индиската експедиција на Еверест од кинеската ...

Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Македонскиот државјанин кој се повреди на одмор во Кушадаси безбедно е пренесен во Скопје, информира Министерството за здравство. Тој се здобил со сериозна повреда на ’рбетниот мозок при пад од тобоган, а сега е хоспитализиран на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ „Пациентот се здобил со повредата при несреќен случај на тобоган, за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси. На 23 јули му била извршена хируршка интервенција во локална ...

Познатата британска манекенка и водителка Кели Брук повторно ги привлече сите погледи покажувајќи ја својата беспрекорна фигура за време на одморот во Италија. Носејќи бикини со леопардски принт, 46-годишната Кели уживаше во едрење на луксузна јахта со својот сопруг Џереми Париси и неговата братучетка Стела. Благодарение на нејзините препознатливи облини, манекенката беше прогласена за најсекси жена на светот во 2005 година од страна на ...

Нивото на Дунав во близина на градот Русе во Бугарија продолжува да опаѓа и моментално е 109 сантиметри под условната нула, што е за пет сантиметри помалку во однос на претходните 24 часа, објави денес Извршната агенција за истражување и одржување на реката Дунав (IAPPD). Хидролошката ситуација останува сложена, а сите ограничувања за навигација поради ниските нивоа на водата се уште се на сила по целиот бугарски дел од Дунав, објави БТА. ...

Три „Ер трактори“ се вклучија во гаснење на пожарот на територијата на општина Сопиште, зад Водно. Дирекцијата за заштита и спасување објави видеа од акцијата. „Дејство на противпожарните авиони на ДЗС,’Еер трактор’ врз пожарот во Општина Сопиште, под јужната страна на планината Водно кај Скопје“, стои во описот на видеата. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ земјата има пет пожари, но дека ниту еден од нив нема ...

Новак Ѓоковиќ со години е на самиот врв на светскиот тенис. Дел од неговото патување до врвот го помина со подеднакво легендарниот Горан Иванишевиќ како тренер, кој се раздели од него во март 2024 година. И покрај сè, тие секогаш одржуваа одличен однос надвор од теренот. Поранешниот хрватски тенисер, а сега тренер, секогаш имаше убави зборови за Ѓоковиќ. Од друга страна, Новак го пофали Иванишевиќ и често зборуваше за меѓусебни анегдоти ...

Видео од француската амбасада во Конго, кое беше објавено и набрзо отстрането од социјалните мрежи, предизвика критики за расистички стереотипи и „колонијален“ пристап во прикажувањето на конгоанските кандидати за француски визи. Видеото насловено како „Виза на вистината“ е објавено на 26 јуни по наредба на француската амбасада во Бразавил, а потоа е отстрането по барање на француското Министерство за надворешни работи, кое го оценило како ...

Фуншал, родното место на Кристијано Роналдо, наскоро ќе биде во центарот на вниманието на светската јавност. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња и неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез подготвуваат свадба, со која нивната долгогодишна врска ќе биде официјализирана пред семејството, пријателите и бројни познати гости . Церемонијата треба да се одржи во историската катедрала во Фуншал, на островот Мадеира, недалеку од ...

Анкара ги отфрли тврдењата дека одбранбениот договор со Саудиска Арабија и Пакистан претставува паралелен сојуз или ги крши обврските на Турција кон НАТО. Турските власти во петокот објавија дека заедничкиот одбранбен договор со Саудиска Арабија и Пакистан не е во спротивност со обврските на Анкара како членка на НАТО. Реагирајќи на тврдењата што се раширија на социјалните медиуми, Дирекцијата за комуникации на турското претседателство изјави ...

Германскиот енергетски концерн RWE се откажа од сите планирани големи проекти за изградба на морски ветерни фарми покрај брегот на Соединетите Американски Држави. Тој се откажа откако постигна договор за спогодба од 1,2 милијарди долари со Министерството за внатрешни работи на САД. RWE објави дека ги враќа изнајмените офшор локации покрај бреговите на државите Њујорк, Калифорнија и Луизијана, со проценка дека нема да може да добие дозволи за ...

Два од четирите баржи беа потопени синоќа како дел од операцијата насочена кон зголемување на нивото на водата потребно за работа на вториот реактор на нуклеарната централа во Чернавода, а операцијата ќе продолжи и денес. По два дена неуспешни обиди поради екстремно силни струи, баржите беа потопени со цел да се пренасочи поголема количина вода кон електраната, објави утрово порталот Диги24. Според проценките на експертите, оваа мерка би ...

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, велат од ДУИ. „Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака со почит и сеќавање кон загинатите бранители кај Карпалак, кои на денешен ден пред 25 години ги положија своите животи исполнувајќи ја должноста кон татковината. Филипче порача дека нивната жртва останува дел од нашата колективна меморија и обврска, а Карпалак е потсетник дека мирот и стабилноста се градат со одговорност, а не со поделби. „Денес, на 8 Август, се сеќаваме и оддаваме почит на ...

Постојат датуми кои не се само дел од календарот, туку остануваат засекогаш врежани во колективната меморија на еден народ. 8 Август е еден од тие датуми. Ден кога Македонија се сеќава на своите синови кои, исполнувајќи ја својата должност кон татковината, ги положија своите животи, објави премиерот, Христијан Мицкоски, на 25-годишнината од убиството на војниците кај Карпалак. „Дваесет и пет години подоцна, времето не ја избриша болката, ниту ...

Клучните минерали станаа исклучително барани во последниве години поради растечката индустриска побарувачка и ограничената понуда. Нивните цени бележат голем раст, а според податоците на Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) од извештајот „Перспективи за глобални критични минерали за 2026 година“ , волфрамот (волфрам) особено се издвојува . Како што пишува „Визуел Капиталист“ , цените на клучните минерали растат поради зголемената ...

Европската Унија им постави ултиматум на пет карипски земји кои продаваат државјанство на странски инвеститори. До 2028 година, тие мора да ги затворат своите таканаречени програми за „златни пасоши“ или нивните граѓани ќе го изгубат правото да патуваат без виза во Шенген зоната, објавува BIZlife. Станува збор за програми што им овозможуваат на странците да стекнат државјанство преку инвестирање во економијата на земјата, најчесто преку ...

СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во услови на намалени водни ресурси и недостиг на електрична енергија ваквите инвестиции може да создадат дополнителен притисок врз водоснабдувањето и енергетскиот систем. На прес-конференција, Кети Штерјова од СДСМ рече дека Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува и дека во повеќе населени места ...

Многу рецепти бараат јајца на собна температура, поради што често се поставува прашањето колку долго можат безбедно да стојат надвор од фрижидерот. За безбедно складирање, купените јајца треба да се чуваат во фрижидер. Сепак, постои одреден временски период во кој можат да се чуваат на собна температура. Според Американскиот одбор за јајца, јајцата можат да стојат на шанкот околу два часа на собна температура или еден час ако температурата е ...

Познатата британска манекенка и радио водителка Кели Брук повторно ги привлече сите погледи покажувајќи ја својата беспрекорна фигура за време на одморот во Италија. Носејќи бикини со леопардски принт, 46-годишната жена уживаше во едрењето на луксузна јахта во друштво на својот сопруг Џереми Париси и неговата братучетка Стела. Благодарение на нејзините препознатливи облини, манекенката беше прогласена за најсекси жена на светот од страна на ...

Ова лето, лекарите предупредуваат на зголемен број случаи на иритација на кожата под паметните часовници, состојба што корисниците честопати ја мешаат со безопасна разлика во бојата на кожата. Терминот „гниење на часовникот“ се појави на социјалните мрежи откако корисниците на паметни часовници почнаа да објавуваат фотографии од светли траги на нивните зглобови по тренинг на отворено. Иако името звучи алармантно, не станува збор за вистинско ...

Кристијано Роналдо и Џорџина Родригез планираат свадба на Мадеира овој викенд, а медиумите објавуваат дека прославата ќе се одржи во луксузниот хотел „Савој Палас“ во Фуншал. Парот, кој е заедно од 2016 година, наводно ќе ги разменуваат брачните завети во катедралата Фуншал, а потоа ќе ја продолжат прославата во хотелот „Савој Палас“, една од најпознатите луксузни згради во Мадеира. Хотелот има 352 соби, шест базени, спа центар, приватна ...

Пазарот на трудот во Соединетите Американски Држави неочекувано ослабе во јули, регистрирајќи пад од 23.000 работни места наместо очекуваното зголемување од 80.000, според официјалните податоци објавени денес од Бирото за статистика на трудот (BLS). Покрај јулскиот пад, податоците за мај и јуни беа ревидирани надолу за вкупно 103.000 работни места, што укажува на многу поголема ранливост на американската економија отколку што претходно се ...

Социјалдемократската младина (СДММ) бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага поради, како што тврди, неовластено изнесување и објавување податоци од документи на Полициската станица Струмица, поврзани со настаните во Ново Село. На прес-конференција, Христијан Ефтимов од СДММ обвини дека ВМРО на прес-конференција објавило податоци од полициски документи до кои, според него, партијата немала право на пристап и кои се воделе како ...

Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови. „Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но ...

Социјалдемократскиот сојуз и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Ефимов. „Тој практично со ...

Магнезиумот е еден од најважните минерали за нормално функционирање на телото, а многу луѓе го земаат како додаток во исхраната за поддршка на здравјето на мускулите, нервниот систем и подобрување на квалитетот на спиењето. Иако може да се зема во кое било време од денот, одредени видови храна и пијалоци можат да ја намалат неговата апсорпција и да го ослабнат неговиот ефект. Додатоците на магнезиум може да се земаат со или без храна, но ...

Продажбата на електрични автомобили во Кина се намали за 14 проценти. Најголемиот светски пазар на електрични автомобили доживува сериозен пад на продажбата за прв пат по многу години. Според Здружението на производители на патнички автомобили на Кина (CPCA), продажбата на електрични возила во Кина оваа година се намали за 14 проценти во споредба со истиот период минатата година. Од почетокот на годината се испорачани околу 4,7 милиони ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
5.14
60%
1030
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
0.89
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Злато

130856.75

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Алуминиум

3.07

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Калај

46.54