
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Неколку графити во Скопје содржат говор на омраза, дискриминација, нетрпеливост и други натписи со штетна позадина. Ваквите натписи се закана за мирот, стабилноста и соживотот на граѓаните Натпис со говор на омраза на етничка основа на кој пишува „Мртов Шиптар“ стои на ѕидот од зградата пред Уставниот суд на Северна Македонија во Скопје. Во ова зграда каде што има неколку канцеларии се наоѓа и канцеларијата „Еден пункт за услуги“ на ...
Руското и кинеското влијание, меѓуетничките тензии, дигиталната безбедност и најразновидните дезинформации се само дел од наративите што се шират во овие земји. Институциите не прават доволно за да се борат со овие проблеми, додека граѓанското општество останува на фронтот на војната Дезинформациите и странските влијанија циркулираат во различни форми во земјите од Западен Балкан и на тој начин создаваат штетни последици во овие општества. ...
Истовремено, новинарката Весна Коловска доби признание за посебен придонес за едукативниот серијал „Дезинформации и ширење на теории на заговор“ Институтот за медиуми и аналитика – ИМА и младиот новинар Ардит Рамадани се добитници на наградата „Илија Жупаноски“ што Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис ја додели за првпат, а е наменета за новинари, граѓански организации или поединци кои придонесуваат во справувањето со ...
Вториот ден од конференцијата беше посветен на теренски примери и практични алатки за справување со дезинформациите, од домашни и странски експерти кои работат на оваа тематика Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, во продолжение на вчерашното јубилејно дваесеттото издание на меѓународната конференција „Е-општество“ и воедно 20 години од основањето на организацијата, приреди серија работилници посветени на борбата против ...
Денес, повеќе од кога било порано, потребно е искусните професионални новинари да го споделат своето знаење со помладите колеги и да се осигураат дека напорите за зачувување на вистината ќе се применуваат и понатаму. Ова беше главната порака од новинарот на Њујорк тајмс, Роберт Гебелоф, на отварањето на обуката за работа со податоци и визуелизации на податоци која изминатите три дена се одржа во Скопје. Покрај Гебелоф, кој воедно предава дата ...
Рефлексиите од самитот на БРИКС кај неговите македонски фанови во објавите на социјалните мрежи се движат од егзалтацијата дека Западот ќе добие силен противник кој ќе го укине американскиот долар, ќе се воведе нов постзападен свет, до потребата С. Македонија ултимативно да се приклучи кон овој блок Пишува Стојан Синадинов Многу медиуми изминативе денови пластично го опишуваа самитот на БРИКС (BRICS – Brazil, Russia, India, China, South ...
На видеото објавено на Јутјуб каналот на Слободен свет, членови на партијата Македонска ера трета – суверенисти пред знамето со Сонцето од Кутлеш, воодушевено говорат за БРИКС. Притоа користат добропознати наративи кои одат во прилог на пропагандата на Кремљ, но пласираат и дезинформации со цел да ги величаат Русија и Путин Пишува: Ана Анастасовска Од 22 до 24 октомври во Казан, главниот град на Татарстан, Русија, се одржа самитот на БРИКС ...
Споредбена кратка анализа на европските извештаи за напредокот на С. Македонија за 2023 и 2024 година во поглавјето „слобода на изразување“ покажува дека на прв поглед се идентични, особено оценката која се повторува дека државата има одредено до умерено ниво на подготвеност. Сепак во Извештајот за 2024 исчезна поволната општествена средина во која новинарите можат слободно и критички да известуваат, потенциран е проблемот со транспарентноста на ...
Ниту ЕУ е фашистичка организација, ниту Бугарија води геноцидна политика против нашиот народ. Тоа што ЕУ е немоќна да ги „заузди“ актуелните барања на Бугарија, претходно на Грција, не е преседан бидејќи ваков „танц“ имаше и Хрватска со соседна Словенија. И токму воочливиот застој во евроинтеграцискиот процес отвора простор за веќе познати малициозни дезинформациски наративи да се шират и да манипулираат со јавното мнение Пишува: Матеј ...
Поврзувањето на одлуката на Бајден да ѝ дозволи на Украина користење ракети со долг дострел со именувањето на Шекеринска на функцијата заменик генереален секретар на НАТО, е само дел од мозаикот на хејтерските изливи пуштени на најјако на социјалните мрежи, кои добија реакции со ироничен набој. Изразот „amaro ma non troppo“ (горчливо, но не премногу) е, веројатно, најприближната илустрација за приемот на овој политички успех на Шакеринска кај ...
Банкарската 2024 година ќе заврши со олеснување на условите за кредитирање и зголемена побарувачка на кредити и од граѓаните и од компаниите. Просечната камата за новоодобрените кредити за фирмите по една година за првпат се намали под 5 отсто, пишува Порталб.мк. Новата aнкета на НБРСМ покажува дека во последниот квартал банкарите очекуваат тренд на натамошно олеснување на условите за кредитирање. Заклучно со октомври фирмите и граѓаните на ...
Здравствените проблеми што довеле до тоа политичарот Чедомир Јовановиќ да биде во инвалидска количка немаат никаква врска со неговата вакцинација против ковид-19. Според објавите во медиумите, во октомври годинава Јовановиќ имал комплексна операција на грбот, а се оперирал поради повреда што ја здобил во минатото во текот на планинарска експедиција. Снимката од Јовановиќ во инвалидска количка е од 15 ноември 2024 година кога тој присуствувал на ...
Лажно видео во кое е злоупотребен професор доктор Драган Даниловски се појави на социјалните мрежи. Во него е намонтирана лажна изјава, како и лажни кадри – дека станот му бил запален. Тој го демантираше ова видео на својот Фејсбук профил и најави пријави против манипулаторите кои ќе ги достави до МВР и Обвинителството Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во којашто се споделува видеоматеријал кој наликува на прилог од вести, меѓутоа ...
Она што е познато и научно прифатено е дека Хитлер немал свои деца. Меркел е родена на 17 јули 1954 година во Хамбург, речиси една деценија откако Хитлер се самоуби на 30 април 1945 година во Берлин. Ниту Тереза Меј не може да му биде ќерка на Хитлер, бидејќи и таа е родена речиси една деценија по неговата смрт, во 1956 година во Сасекс, Англија. И Гирбаускајте е родена во 1956 година, во Вилнус, Литванија Анализираме објава на Фејсбук која ...
Видеото не покажува како десетици членови на Европскиот парламент му аплаудираат на Зеленски за одобрувањето за лансирање американски ракети од Украина. Станува збор за снимка извадена од контекст, на која се гледа аплаузот на европратениците на крајот од говорот на Зеленски на 19 ноември во Европскиот парламент. Тој тогаш говори на специјалната пленарна седница посветена на 1.000 дена од руската инвазија на Украина и во ниту еден момент не го ...
Oбјавата промовира руски наративи со цел да ја оправда руската воена агресија на Украина. Факт е дека никој не сака да го уништи православието, така што ќе ја напаѓа или уништува Русија. Никој не краде никaкви ресурси од Русија. Напротив, Русија го прави тоа во Украина. Не постојат никaкви сатанисти и содомисти, тоа се само теории на заговор кои Вистиномер веќе ги има дебанкирано Анализираме објава на Фејсбук која вели: ZOSHTO MOLCHAT NASHITE ...
Многу очевидци и докази недвосмислено сведочат и потврдуваат со сигурност дека холокаустот се случил. Не е вистина дека „негирањето на холокаустот“ е исто со изразување лични мислења за историјата на други држави. Во овој ужасен трагичен чин, загинаа милиони луѓе, Евреи и неговото негирање не претставува слобода на говор. Во Германија е ограничено таквото изразување ставови и негирањето на холокаустот претставува кривично дело за кое се добива ...
Целата објава содржи низа дезинформации. Она што е факт е дека Русија ја започна војната во Украина, а Украина има право да се брани и го прави тоа со помош на западните сојузници и НАТО алијансата. НАТО не е во војна со Украина, туку само ѝ пружа помош да го одбрани својот територијален интегритет од руската агресија. Секоја друга причина за војната која се спомнува во објавата е само обична измислица и плод на проруските наративи Анализираме ...
Не е скандалозно и непростливо тоа што Албин Курти посочил дека албанскиот јазик нема да биде загрозен со одлука на Уставниот суд на РСМ за Законот за употреба на јазиците, каква и да биде таа. Скандалозно е што наместо пред да го испратат во Собрание, тогашното ДУИ инсистираше од неговиот коалициски партнер СДСМ Законот да се донесе по скратена постапка, а потоа да се испрати на разгледување кај правните експерти на ЕУ. Чие мислење, патем, ...
Главното извртување на Гелева е во однос на тоа дека со договорот со ЕУ македонската држава за првпат се ставила на страната на фашистите!? Од кога тоа Европската Унија и нејзините политики се фашизам, не појаснува. Но, ако јавноста помисли дека станува збор за проблемите што ги имаше Македонија во 1992 година со т.н. Лисабонска декларација кога ни беше проблематизирано правото на самостојна држава под името Република Македонија или за ...
Дваесет ученици од социјално ранлива категорија се опремени со таблет компјутери. Преносни компјутери – лаптопи се обезбедени за 56 наставници, 4 стручни соработници, 2 административен персонал и директор. Со ЛЦД проектори се опремени 39 училници и кабинети во централното училиште во Петровец и подрачните во Огњанци и Катланово, велат во општина Петровец Актуелниот градоначалник на општина Петровец, Борче Митевски, во својата предизборна ...
Тимчо Муцунски како кандидат за градоначалник на општина Аеродром на локалните избори во 2021 година меѓу останатите ветувања се обврза и на реализација на нов мултимедијален културен центар, киносала, театарска сцена… Од јуни годинава Муцунски е министер за надворешни работи и надворешна трговија во владата на Христијан Мицкоски, но за време на неговото раководење со општина Аеродром не беа реализирани посочените ветувања, иако рокот за нивно ...
Тие се може втора или трета генерација и при политичката комуникација и со својата инстантност служат за ширење инстантна порака, односно со куса порака пренесувате сложена мисла, рече на денешната конференција Сеад Џигал, специјалист за комуникации и нови медиуми „Покажи ми го твоето меме“, односно мемињата како начин за ширење на информации или дезинформации беше една од дискусиите на денешната конференција Е-општество, организирана од ...
Во објавата нема понудено никакви докази, релевантни медицински истражувања, кои ќе докажат дека флуоридот кој се става во водата, млекото и пастата за заби и официјално бил класифициран како невротоксин. Наспроти тоа, постојат истражувања кои докажале дека флуорот кој се става во водата во САД е во сосема мали количини кои не можат да предизвикаат никакви невролошки пореметувања, ниту, пак, можат да влијаат врз развојот и интелигенцијата на ...
Во Бразил, проверувачите на факти на „Е фарсас“ уште во 2011 година имаат констатирано дека оваа приказна со „бебето родено со залепени дланки на кои по операција пишувало Исус се враќа“ – е измислица која во тоа време се ширела преку синџир на пораки на мејл Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Се роди бебенце на чии раце пишува „Исус се враќа“. Во склоп на објавата се споделува текст со наслов „Бог испрати знак! Се ...
Oбјавата дезинформира и има за цел да поттикне меѓуетничка нетрпеливост и говор на омраза. Одржувањето заеднички владини седници не е ништо ново и тие имаат за цел продлабочување на соработката меѓу земјите. На овие седници се потпишуваат договори и меморандуми за заедничка соработка во повеќе области. Досега не се случило С. Македонија како резултат на овие заеднички седници да плаќа на некоја друга држава сметки за струја, за образование и ...
Објава на Фејсбук известува дека претседателот на САД, Бајден, им дозволил на Украинците да ја гаѓаат Русија со американски ракети, а поддршка за таа негова одлука изразила германската министерка за надворешни работи Бербок. Меѓутоа, во објавата е споделен и линк до напис на таа тема, чиј наслов остава лажен впечаток дека Бајден одлучил да ја нападне Русија, т.е. дека САД тргнуваат во војна против неа Објава во социјалната мрежа Фејсбук вели: ...
Во објавата се споделува анонимно интервју со наводно анонимна полицајка во кое се кажува дека „50 проценти од 250 случаи што полицајката ги имала во својата кариера“ биле со СИДС, кој се случил 48 часа по вакцинацијата. Ваквото тврдење не е фактички издржано, бидејќи прво, не може да се верификуваат податоците дали се вистинити, а второ – не е направено официјално истражување според верифицирана методологија за да се утврди од што се тие смртни ...
Објава на социјалните мрежи тврди дека борбата на Украина против Русија, санкциите против неа, нејзиното меѓународно изолирање се неуспешни и дека Русија е сега дури и посилна од порано. Но, Русија веќе нема контрола дури ни над својата територија (во Курската област), а од суперсила и членка на групата најразвиени земји на светот – Г8, Русија сега бара помош од Северна Кореја, како и соработка со авганистанските талебани Објава во социјалната ...
Цигарите е можно да поскапат и да достигнат цена над 270 денари во Бугарија, а не во С. Македонија. Очигледно е дека објавата имала намера да манипулира со цел да привлече што е можно повеќе кликови и реакции. И успеала во тоа имајќи предвид дека е доста вирална Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека кутија цигари ќе достигне над 270 денари. Кутија цигари ќе достигне над 270 денари – ПОВЕЌЕ НА ЛИНКОТ ВО КОМЕНТАР, стои во објавата. ...