
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Објавата е манипулативна сè со цел да ги претстави САД како корумпирани и подмитливи кои се мешаат во внатрешните работи на други држави. Секоја држава има право да прогласува одредени личности за непожелни во својата земја, односно да ги стави на црна листа, доколку има основи за тоа. Тоа во никој случај не значи дека таа држава се меша во внатрешните работи на друга држава Анализираме објава на Фејсбук која вели дека ставањето лица од ...
Наспроти тврдењето во објавата, на Запад не владеат диктатура, едноумие и фашизам, туку има демократија, како еден од основните принципи на владеење во земјите од ЕУ. Демократијата во Европа, и внатре и надвор од 27-те земји-членки на ЕУ, е под силно влијание на законодавните и незаконодавните иницијативи на ЕУ, од кои многу се насочени кон одбрана и промовирање на демократските вредности. Во однос на поништувањето на резултатите од ...
Иако градоначалникот Јован Тозиевски го вбројуваше преспанското јаболко меѓу приоритетите на неговата предизборна програма, овој земјоделски производ го нема во неодамнешниот извештај за неговата тригодишна работа на чело на Општина Ресен. Понатаму, брендирањето на преспанското јаболко практично веќе било завршена работа кога тој го нотирал како предизборно ветување, а грижа за пласман на земјоделските производи водела и претходната влада, која ...
Станува збор за петти случај за неколку месеци на Клиниката за детски болести. Ако во четирите претходно само во еден случај биле одредени пропусти околу начинот на пружање на медицинската заштита, при што таква одговорност беше утврдена за истиот случај и за болницата во Козле, сосема е јасно дека ДУИ ги генерализира сите пет случаи и прави извртување на вистината т.е. спин и за директорот и за министерот. Притоа се користат смртни случаи на ...
Фотографијата што се споделува во објавата што ја рецензираме е од февруари 2023 година и го прикажува Асад и неговата сопруга Асма како ги посетуваат жртвите од земјотрес во болница во Алепо, Сирија Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук на која се споделува фотографија од Башар ал Асад заедно со неговата сопруга и пишува: (Фото) Прва фотографија од Асад во Москва. Во склоп на објавата се споделува краток текст, со истиот наслов ...
Атали е поранешен советник на францускиот претседател Франсоа Митеран и има напишано повеќе книги. Но, ниедна од нив не се вика „Иднината на животот“. Книгата „Иднината на животот“ објавена во 1981 година и подоцна преведена на англиски јазик е напишана од Мишел Саломон и во неа е објавено интервју со Атали во кое тој одговара на прашањето „дали е можно и посакувано да се живее 120 години?“ Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...
По државните фирми и јавните претпријатија на локално и на централно ниво, здравството е еден од најзадолжените сектори во државата, со долг повисок од 77 милиони евра. Над 300 милиони евра, пак, должат само пет државни фирми и тоа од два сектора – енергетика и железница, пишува Порталб.мк. Од ЈП формирани на локално ниво, најголем доспеан, а неплатен долг во износ од 17 милиони евра има ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје Долгови на ...
Карлсон е озлогласен со ширењето на пропагандата на Кремљ и е првиот американски и општо западен новинар, кого Путин не го одби за интервју по сеопфатната инвазија врз Украина, која драстично ги заостри односите меѓу Русија и Западот. Карлсон го интервјуираше и шефот на руското МНР, Лавров, кој за разлика од Путин не ги одбиваше западните медиуми, но заедничко со него му е тоа што го искористи интервјуто на Карлсон за пропаганда, која како ...
Полиовирусите од вакцините се екстремно ретки. Тие може да се променат во форма која може да парализира и е позната како „циркулирачки полиовирус од вакцини“. Според Светската здравствена организација, имало 17 вакви случаи во Индија меѓу 2000 и 2017 година Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ “ВАКЦИНИ” ЗА ДЕЦАТА ВО ИНДИЈА РОДИТЕЛИ! ДАЛИ ЗНАЕТЕ ШТО ИМ ИНЈЕКТИРААТ НА ВАШИТЕ ДЕЦА? НОВО: Бил Гејтс призна ...
Регионалната депонија ќе има системи за собирање и за примарна селекција на отпад, транспорт, претоварни станици, секунардна селекција на отпадот и создавање суровини кон рециклатори, извлекување материјали и депонирање на отпадот кој не е можно да се врати во стопанските текови како суровина Пратеникот од Левица Борислав Крмов, во свое излагање на говорницата во Собранието изјави дека првата регионална депонија за третман на отпад по европски ...
Вжештувањето на конфликтот во Украина донесе и нов бран на дезинформации кај нас и во регионот. Објавена беше фабрикува насловна страница на неделниот магазин Економист, каде беа прикажани Трамп и Путин со насловот „Апокалипса“. На слична тема, од анонимни извори беше започнат лажниот наратив дека САД ќе им даде (т.е. ќе го врати) нуклеарното оружје на Украина – Џејк Саливан од Белата куќа децидно ја негираше оваа дезинформација. На социјалните ...
Објавата шири бројни дезинформации и теории на заговор поврзани со пандемијата на ковид-19 и вакцинацијата против коронавирусот, а кои се добро познати и кои Вистиномер и светските сервиси за проверка на фактите веќе ги имаат дебанкирано Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека вакцините против ковид-19 биле генска терапија, дека ја менувале човечката ДНК и биле опасни по здравјето, дека предизвикувале ненадејна смрт, а ги шири и добро ...
Наспроти изнесеното во објавата, Џо Бајден не поддржувал ни нацисти, ни џихадисти. Во контекст на прорускиот пропаганден наратив дека со агресивната воена инвазија во Украина се врши „денацификација“, објавата сугерира дека со поддршката што Украина ја доби од САД за да се одбрани од руската воена агресија, Бајден наводно поддржувал нацисти. Меѓутоа, тезата дека во Украина има војна за таа да се „денацифицира“ е невистина – денацификацијата е ...
Откако премиерот Христијан Мицкоски потврди дека Ковачевски не е уапсен, односно дека тој не е достапен за органите на прогонот, дел од медиумите излегоа со информација дека тој побегнал во Србија и дека се откажал од македонското државјанство. Веста дека Ковачевски се откажал од македонското државјанство брзо ја демантираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека поранешниот директор на ЕСМ ...
На американската црна листа се протегаат имиња од сите три столба на власта во Северна Македонија: законодавната, извршната и судската. Од високи функционери до моќници во сенка – политичари, поранешни премиери и министри, градоначалници, судии и обвинители се посочени како симболи на корупцијата која ја нагризува сржта на државата Тринаесет истакнати лица од земјава се наоѓаат на неславната т.н. „американска црна листа“. Всушност, не станува ...
Во програмата за последните градоначалнички избори (октомври 2021), Тимчо Муцунски вети дека во Општина Аеродром ќе изгради четири нови градинки. Од планираните градинки што требаше да никнат во населбите Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, започнати се градежните активности само за онаа во Мичурин – детската градинка „Изворче“. Но оваа градинка е далеку од готова. За другите нема ни трага ни глас. Дополнително, во населбата Лисиче на ...
Експертски организации кои сериозно се занимаваат со борбата против корупцијата и јавните набавки како еден сегмент преку кој се оставарува корупција, го споделија ставот дека измените на законот за јавни набавки навистина се чекор назад и предложеното решение треба да се повлече од собраниска процедура Претседателот на СДСМ и пратеник Венко Филипче во говор во Собрание искажа став во врска со предложените измени на Законот за јавни набавки, ...
Западот не се состои од „хегемони“, ниту пак ги поттикнувал Евромајдан протестите. Наспроти тврдењата во објавата дека протестите во Грузија биле инсталирани од „западните хегемони со свои инсталирани луѓе“ фактите се поинакви – самите Грузијци протестираат. Во објавата се релативизира фактот што Башар ал Асад во Сирија владеел диктаторски, па на ироничен начин се наведува дека „сè што не е ЕУ мириса на диктаторство и заостанатост“ Рецензираме ...
Сузан Сонтаг во есеите посветени на фотографијата вели дека фотографирањето, во суштина, е чин на неинтервенирање. „Избрав страна. Мојот фотоапарат уби човек…“, вели фотографот Александар Кирков во филмот на Манчевски, на почетокот на неговиот пат на искупување за тој грев на „смртоносна рамнодушност“ кој е инспириран од вистинска егзекуција на заробеник за време на војната во Босна и Харцеговина Пишува: Стојан Синадинов Гала премиерата на ...
Она што е предмет на расправа на Уставниот суд е, всушност, обврска што ја имаа ДУИ (и СДСМ) да ја спроведат во периодот од 2020 до 2024 година, а тоа беше имплементација на прецизните и добро појаснети забелешки на Венецијанската комисија од крајот на 2019 година. Оттука, спин е да се каже дека Уставен суд сакал да го укине правото на Албанците да го употребуваат албанскиот јазик и дека од секое отворање на ова прашање зависел мирот и ...
Меѓуетничките односи во Северна Македонија, освен што се клучни за градење на кохезивно општество, често се и злоупотребувани за одржување на негативен политички развој. Децении наназад сведочиме подеми и падови кои секогаш и без исклучок создаваат ѕид помеѓу проблемите кои реално ги мачат граѓаните и проблемите за кои граѓаните говорат. Па така, ако во бројни истражувања на јавното мислење во кои граѓаните се запрашани кои се нивните проблеми, ...
ЕУ и САД немаат никаква врска со нацизмот. Тврдењата дека ЕУ и САД се нацистички, како и дезинформациите за „сатанско НАТО“ и „педофилска ЕУ“ одат во прилог на про-Кремљ дезинформациите, кои особено се засилија по целосната руска инвазија на Украина Анализираме објава на Фејсбук, која тврди дека ЕУ и САД се нацистички и притоа ги „сатанизира“ Европската Унија и НАТО. Татарите од Софија без поддршка на неонацистите во нацистичка Америка и ...
Падот на француската влада нема никаква врска со заминување на Макрон во историјата. Макрон останува претседател на Франција до 2027 година кога му истекува мандатот и потоа нема право повеќе да се кандидира на оваа функција која ја извршуваше во два мандата. Но и тоа нема да значи дека тој ќе замине во историјата. Дали ќе продолжи со својата политичка кариера останува да се види Анализираме објава на Фејсбук која вели: Француската влада ...
На 27 март 2020 година, С. Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Определбата за евроатлантско интегрирање на земјата датира уште од 1993 година, кога Собранието усвои Резолуција во која се дефинирани надворешно политичките приоритети на земјата, а тоа се членството во НАТО и во ЕУ. Пристапот кон НАТО не е никаков фашизам, бидејќи НАТО сојузниците и членките на ЕУ ги делат истите вредности Анализираме објава на Фејсбук која ги ...
Точно е дека Зеленски е поддржуван од ЕУ, но не за да си ја „уништува земјата“. Украина е жртва на неиспровоцирана воена агресија која ја почна Русија, а која донесе незамисливи последици по Украина. Украина на чело со Зеленски го брани својот територијален интегритет. Мандатот на Зеленски уште трае, бидејќи во услови на воена состојба во Украина не може да се одржат нови избори Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: ...
Официјална потврда за наводното апсење на Ковачевски нема од ниту една институција. Очигледно е дека станува збор за лажна вест која ја пренесоа голем дел од медиумите, без притоа истата да ја проверат. Подоцна некои од нив ги сменија првичните верзии на вестите и објавија дека Ковачевски е во бегство. Дека Ковачевски е во бегство потврда засега има само од премиерот Христијан Мицкоски Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека во голема ...
Уставниот суд на Романија реши да ги поништи првиот круг од претседателските избори на кои победи кандидат од крајната десница Калин Георгеску. Тој е наклонет кон Русија, а Гардијан пишува дека пријавил „нула трошења за изборната кампања“. Во такви услови со нула трошења, се појавија докази дека имало надворешни руски мешања, масовна сајбер кампања на Тик Ток оркестрирана од Москва во негова корист, а која помина под радарот на романските власти ...
Точно е дека Руската Федерација е во ОБСЕ, но тоа повторно не ја прави изјавата на Баербок дека во ОБСЕ регионот има 1,3 милијарди луѓе неточна, туку фактички точна. Таа нема изјавено дека има 1,3 милијарди луѓе во Европа, туку дека има 1,3 милијарди луѓе во ОБСЕ регионот Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: СРАМНО: Баербок се соочи со рускиот министер за надворешни работи Лавров и тој мораше да ја задржи смеата: ...
Граѓаните кои со денови протестираат на улиците на Тбилиси во Грузија се Грузијци, а не странски државјани, па уште помалку „актери“. Тензиите поради кои што почнаа овие протести се појавија на крајот на октомври кога партијата Грузиски сон, прогласи победа на изборите кои што беа оспорувани Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Леонид Слуцки, пратеник во руската државна дума: Грузија добро ја научи украинската ...
Јавните претпријатија на централно и на локално ниво, државните фирми и здравството – водечки според висината на доспеаните, а неплатени обврски. Според новите податоци од Министерството за финансии, за три месеци, јавните претпријатија на локално ниво пријавиле драматично намалување на долговите, но, и покрај ваквиот тренд, тие и натаму остануваат високо на листата на должници, пишува Порталб.мк. Долгот кон приватниот сектор надмина 270 милиони ...