Пред гласањето што ќе се одржи в недела (28 септември) повеќе онлајн групи за мониторинг следеа пропагандни и дезинформациски кампањи што ѝ се припишуваат на Русија. Нивната цел е да ја намалат поддршката за владејачката проевропска ПАС, на гласањето на 28 септември, што многумина го сметаат за геополитички избор помеѓу Исток и Запад Пишува Мирослава Симоновска Претседателката на Молдавија Маја Санду во обраќање без преседан изнесе ...

Почна гласањето на парламентарните избори во Молдавија, кои се сметаат за пресвртница за поранешната советска република, која сега е земја кандидат за членство во Европската Унија. Отворени се вкупно 2.274 гласачки места, вклучувајќи 301 во странство во 41 земја, објавија локалните медиуми. Дванаесет од гласачките места се во Приднестровје, сепаратистички проруски регион кој прогласи меѓународно непризнаена независност по кратката војна во 1992 ...

Кремљ подготвува терен за насилни протести насочени кон соборување на молдавската претседателка Маја Санду по парламентарните избори во недела, 28 септември. Неодамнешните анкети покажуваат дека владејачката прозападна партија Акција и солидарност (ПАС) би можела да го изгуби мнозинството, а конечните резултати веројатно ќе зависат од неопределените гласачи и дијаспората. Русија користи про-Кремљ политичари и други личности за да оркестрира ...