Вториот дел од изјавата на Тренчевска каде таа вели дека ваквиот пад е забележан „за прв пат после седум години постојан раст“ е невистина Поранешната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и сегашна пратеничка на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија во изјава за медиумите посочи оти „за прв пат после седум години постојан раст, сведоци сме на пад на просечната плата кај нас – намалена е за 1.000 денари. „Според ...

По три години од мандатот градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, сè уште не го исполни ветувањето дека ќе го реши проблемот со недостиг на паркинг места во општината. Ветено беше дека ќе се изградат неколку катни гаражи и повеќе платформи за паркирање низ населбите Карпош 1, 2, 3, Порта Влае, Тафталиџе. Во самата програма се наведени точните локации каде е планирано овие објекти да се изградат, ама од она што може да се види на ...

Без никаков доказ, објава на социјалната мрежа Threads го обвинува НАТО за агресија врз Курската Област на Русија и го споредува со Наполеон и Хитлер, а таму всушност упадна војската на Украина, која не е член на НАТО. Објавата го премолчува фактот дека тој упад е одговор на руската агресија врз Украина, која започна во 2014 г. и која прерасна во сеопфатна во 2022 г. Објава на социјалната мрежа Threads вели: Јас не знам што се мачат во Курск , ...

Романот „Под усвитеност“ и филмот „Истрел“ се комплементарни дела со исклучителни естетски вредности, секое за себе, кои ги преплетуваат фактите од периодот на Втората светска воја и почетокот на Народноослободителната борба Пишува: Стојан Синадинов Колку филмот ја „искривува“ сликата за ликовите, настаните и атмосферата што читателите на прозни дела – раскази и романи – си ја создаваат додека ги читаат? Филмските адаптации на прозни дела не ...

Повеќе од 60.000 невработени без образование или со основно образование бараат работа. Новите податоци од Агенцијата за вработување (АВРМ) покажуваат дека за првпат по седум години, во државата се регистрирани помалку од 100.000 невработени, пишува Порталб.мк. Но, колку и дали нивните квалификации и образование се соодветни за потребите на пазарот на труд? Од вкупниот број на невработени по 39 отсто удел имаат етничките Македонци и етничките ...

Во јуни 2023 година Франција разобличи обемна руска кампања за дезинформации наречена „Надежни најнови вести“, според името на проруска вебстраница. Претходно уште во февруари француската влада предупреди за мрежа од околу 200 портали што кординирано шират лажни вести за Франција, а трагите за сите овие кампањи водат до Москва. Генерално, од тие ресурси и извори се шират и дезинформациите за Франција на Балканот, а најчести теми на наративите се ...

Сите шест настани наведени во полицискиот билтен се однесуваат на различни кривичноправни настани што повлекуваат кривични пријави според Кривичниот законик и тие меѓу себе не се поврзани. Сите шест настани се одделни, вклучуваат различни лица, се случуваат во различни градови или различни општини од ист град и поради тоа не е можно да се каже дека се работи за акција, а уште помалку за голема акција. Станува збор за стандардна работа на ...

ВМРО-ДПМНЕ од нејасни причини, барем засега, манипулира со јавноста и тврди дека Пендаровски е недоследен и непринципиелен затоа што во мај рекол „во иднина“ по престанокот на мандатот ќе користи законски овозможена канцеларија со тројца вработени, а тоа го сторил уште во јуни. Со ова партијата на власт се доведува во ситуација да ја толкува именката „иднина“ и да ја ограничува само на среднорочна и долгорочна, што е манипулација и спин Пишува: ...

Факт е дека постапката за проширување на листата со лекови е започната уште во јуни 2023 година, но и дека оваа влада го заврши процесот на додавање на нови лекови Владата во соопштение во врска со проширената позитивна листа на лекови, тврди дека „за само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови“. Оваа изјава е делумно точна, со оглед на два факти: прво, постапката за ...

Фотографии од торнада во објавата што ја рецензираме се користени за невистинито да се прикаже дека се предизвикани од ХААРП. ХААРП не може да влијае на климатските околности, ниту пак да предизвикува торнада! ХААРП е високо фреквентна активна истражувачка програма на поларната светлина (High Frequency Active Auroral Research Program), кој е заеднички проект од различни партнери: индустријата, американското министерство за одбрана и бројни ...

Објава на Фејсбук ја опишува Русија како мечка на која Украинците и Западот сакаат да ѝ влезат во дувлото и да ја уловат, иако се некадарни за таков подвиг. Но, како прво, споредбата на Русија со мечка гонета од ловци е неточна, затоа што таа држава не е мета на агресија, туку агресор, и како второ, како одговор на нејзиното однесување, Украинците упаднаа на нејзина територија, во Курската Област, што е прв странски воен упад во Русија по 1941 ...

Единствената цел на вака креираната невистинита најава за „800 станови обезбедени од македонската влада“ е да се генерира интернет сообраќај, односно да се натераат што поголем број на корисници да пристапат до страниците кои што се рекламираат. Притоа не се бара од нив да остават никакви податоци од кредитна картичка. Целта на оваа објава е исклучиво да дивертира интернет сообраќај на странските веб-страници кои рекламираат недвижнини, закуп на ...

Не е точно дека кандидатката за претседател на САД, Камала Харис, на било кој начин е поврзана со Диди, не е фотографирана на неговите забави, ниту, пак, нејзината кариера „така почнала“ како што невистинито се тврди во објавата што ја рецензираме. Во 1990 година Харис почнува да работи како јавен обвинител и до 2011 година стигнала до функцијата главен јавен обвинител на Калифорнија како прва жена, афроамериканска и јужноазиско-американска ...

Манипулација е да се поврзува една лекарка без диплома со корона вирусот и вакцините. Авторот на објавата тврди дека илјадници лекари ги убедувале граѓаните за корона вирусот и да се вакцинираат со генска терапија. Станува збор за дезинформација зашто корона вирусот постои и зашто анти-ковид вакцините немаат врска со генетска терапија, односно не влијаат врз генетскиот систем кај луѓето Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која ...

Објавата која ја анализираме, споделува видео од интервју на австралиска телевизија од 1965 година со непознат човек кој себеси се претставува како научник и кој теоретизира дека Месечината е направена од плазма и оти слетувањето на неа би било невозможно. Неговите тврдења се спротивни на реалноста. Четири години по неговата изјава и теорија, во 1969 година човекот стапна на Месечината Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека Месечината е ...

Доколку шефот на Николоски, премиерот Мицкоски на два пати се откажа од т.н. „меден месец“, односно 100 дена пауза на оценки и критики на владата за да се организира и да ги воспостави полугите на извршната власт, недоследно е сега вицепремиерот да се жали и на опозицијата и на медиумите и на невладините дека ги попречиле „да испорачуваат проекти“ Изјава на Александар Николоски, вицепремиер и министер, а во врска со џентлменски 100 дена за ...

ДУИ неосновано тврди дека поништување на тендерот за поставување на сообраќајна сигнализација на државните автопати во согласност со законот за употреба на јазиците е без преседан, божем не се правеше кога директор на ЈП држaвни патишта беше од нивните редови и нивниот последен коалиционен партнер. Исто така, без докази се тврди дека менувањето на таблата кај Блаце било насилно и вонинституционалнo. А, се разгоруваат и емоциите со тоа што во ист ...

Без оглед на сите научни докази, широко се распространети наративите исполнети со теории на заговор кои го отфрлаат постоењето на фактори кои влијаат на климатските промени. Едно неодамнешно меѓународно истражување покажува дека во просек, околу 17 отсто од испитаниците ја сметале за вистинита теоријата на заговор дека климатските промени се измама. Таква теорија на заговор се споделува и во објавата која ја анализираме, која споделува измислици ...

На страницата на Министерството за надворешни работи нема споменување на смрзнување на договор за борбени авиони, откако бил уапсен Павел Дуров, основачот на апликацијата Телеграм, наводно близок пријател на синот на премиерот на Обединети Арапски Емирати. Било изработено и неверодостојно, лажно видео во кое се претставува како медиумот Ал Џезеира да известила за наводното откажување на договорот за купување на 80 француски борбени авиони ...

Според податоците на Државната изборна комисија, на парламентарните избори Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ победи со освоени 436.407 гласа со што освои 58 мандати во шест изборни единици Анализираме објава на Тредс која тврди дека пред четири месеци ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски извршиле државен удар во Македонија. Државен Удар имаше пред 4 месеци во Македонија од страна на Мицко и компанија…Чекаа да се ...

САД не спровеле државен удар во Украина во 2014 година и не се виновни за депопулацијата на Украина, како што сака тоа да го прикаже објавата која ја анализираме. Точно е дека Украина има најголема смртност и најмал наталитет во последната година, но тоа, како што покажуваат анализите на украинските официјални институции, се должи на руската инвазија, а не на Америка. Во последните две години морталитетот особено е зголемен во регионите кои се ...

Во рецензираната објава се пропушта контекстот. Стар говор на Путин од 202 година, со поинаква содржина, која се однесува на Крим, се става во актуелен контекст како небаре да се однесува на последиците кои би настанале по евентуална дозвола Украина да може користи странско оружје со долг дострел на руска територија. Ваквиот потег претставува поигрување, односно манипулација со контекстот, односно со смислата на обраќањето на Путин Рецензираме ...

Огромна енергија, главно негативна, е потрошена во изминатите денови околу објаснувањето и презентација на штетата што ни била направена како држава и народ со тоа што Бугарија за време на фотосесијата помеѓу Радев и Сиљановска-Давкова не го постави државното знаме. Општеството повторно е радикално поделено, а двете главни партии, очекувано, застапуваат сосема спротивставени ставови. Никој не сака да ја погледне пошироката слика. Останувањето на ...

Објавата која ја анализираме ги шири добро познатите теории на заговор во врска со терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година. Овие теории на заговор, иако се дебанкирани, продолжуваат да се пропагираат и 23 години по настанот, а истите се реактуелизираат околу 11 септември кога се одбележува годишнината од овој кобен напад. Факт е дека утрото на 11 септември 2001 година членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа ...

НАТО не препорачува и не подготвува војна. НАТО е одбранбена алијанса и мит е дека оваа организација е во војна со Русија или сака да предизвика конфликт со Русија, како што тоа сака да го прикаже пропагандата на Кремљ Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која тврди дека НАТО препорачува и прави војна. НАТО препорачува и прави војна : ” БИДЕТЕ СПРЕМНИ ЗА ВОЈНА “. Нато и Русија колку се поблиску еднен до друг ,МОЖНОСТА ЗА ВОЈНА Е ...

Принцезата од Велс не зборуваше за никакви ефекти на хемотерапијата, туку само наведе дека ѝ олеснало што завршила со циклусот на хемотерапии откако ѝ беше дијагностициран карцином. Kако што e општо познато, хемотерапијата се користи за третман на карциноми и функционира на начин што ги убива или го забавува растот на брзорастечките канцерогени клетки. Сепак, може да има свои несакани ефекти Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во ...

Сопственикот на социјалната мрежа Фејсбук – компанијата „Мета“ вчера соопшти дека ги забранува „Раша Тудеј“ (ТР), „Росија Сегодња“ (Rossiya Segodnya) и другите руски државни медиумски мрежи, тврдејќи дека овие медиуми користеле измамнички тактики за да вршат операции на влијание, пренесе „Гардијан“. Спроведувањето на забраната ќе се случи во текот на следниве денови. Освен на Фејсбук, медиумите ќе бидат забранети и на Инстаграм, Вотсап и Тредс. ...

Во оваа 2024 година од задолжување на домашниот пазар се очекува буџетски прилив во износ од 896 милиони евра, а од задолжување во странство скоро 725 милиони евра – и по двата основи има пораст на задолжувањето во однос на претходните буџетски проценки, пишува Порталб.мк. На врата на јавните финансии „тропа“ унгарскиот кредит од 500 милиони евра, кој, според најавите од Владата, ќе се трошат догодина. Со јавен долг кој се приближува до 9 ...

Видео материјалот од објавата што ја рецензираме е компилација од три различни видеа. Но, приказната со еленчето кое почнало да се дави во базен од куќа не завршува така како што е презентирано во објавата. Напротив, тоа е спасено и ослободено, а за тоа извести реномирана американска телевизија пред 6 години Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал кој е составен од три посебни видео материјали. Тие ...

Килограм домати од 69 денари па нагоре, килограм пиперки над 100 денари, килограм праски скоро 80 денари – летото заминува, но цените на овошјето и на зеленчукот во маркетите и зелените пазари останаа „жешки“ Јулски пораст на цените на шеќерот, месото, маслото на светските берзи. Ценовно намалување кај млекото, млечните производи и житариците. Домашните финансиски институции очекуваат контролирана и намалена инфлација во 2024 година, но, сепак, ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
93%
1019
weather icon

Белград

5ᴼ / 5ᴼ
3.01
77%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
62%
1007
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.62
73%
1016
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
94%
1006
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
90%
1020
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
87%
1019
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
100%
1020
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.54
84%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
0.45
78%
1009
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
93%
1020
Currency

61.525

Currency

58.6225

Currency

73.1235

Currency

36.822

Currency

40.7456

Currency

65.1144

Currency

8.08766

Currency

0.6022

Currency

0.37927

Currency

0.52548

Currency

1.64059

Currency

0.67877

Алуминиум

2.64

Кобалт

30.86

Никел

15467.50

Рутениум

15689.56

Калај

30.25

Сребро

976.85

Злато

88452.59

Бакар

8.60

Паладиум

30286.00

Платина

30626.47

Родиум

150304.74

Цинк

2.82