Јовановски се претставува како „вмровец“, но угостува великосрпски четници во својот подкаст, по што ламентира по партизанот Тито, но и по неговите противници Ченто и СССР, додека антиквизацијата ја помирува со панславизмот, а православието и десничарството со комунизмот. Сето тоа е измешано во ставовите на овој кандидат на локалните избори, кој е наводно независен, иако зад него стои партијата Единствена Македонија, а тој е близок и со руската ...

Наративот дека ЕУ, НАТО и Западот се нацистички или фашистички творби е историски и логички неточен, а често зад ваквите квалификации стои политичка мотивираност. ЕУ е создадена токму за да го спречи повторувањето на трагедиите од Втората светска војна, промовирајќи демократија, човекови права и мир. НАТО, пак, е одбранбен сојуз чија цел е заштита на своите членки и спречување на агресија. Идеологиите на нацизмот и фашизмот се засноваат на ...

Градоначалничката во заминување Данела Арсовска се обидува со насочување на одговорноста само на една страна да ја убеди јавноста дека не постоеле други опции за да се алармира навреме и да се реши проблемот со едно од најважните јавни претпријатија на Град Скопје, Комунална хигиена. Но опции секогаш има, од смена на директорите но со јасен отчет што не направиле, преку директна комуникација со јавноста, до оставка на функцијата Пишува: Теофил ...

Ветувањето за поврзување на селата Љубанци и Љуботен на градскиот водовод од Скопје, кое беше меѓу приоритетните проекти на градоначалникот Костовски, досега не е реализирано, иако некои чекори, меѓу кои и изработката на проект се завршени. Бидејќи пред седум дена се обезбедени главните финансии од Владата на РСМ, а следува предизборен и изборен период, реализацијата најрано и оптимистички може да се очекува до крајот на 2025 година На страница ...

По 2023 година кога се водеше вистинска војна помеѓу Градот и дел од општинските градоначалници околу собирањето на сметот и фрлањето на Дрисла, на локалните избори 2025 г. се покажа дека овој процес и проблематика може да бидат моќно оружје за водење црни кампањи. Споредбените информации покажуваат дека не секогаш станува збор за намерно манипулирање, туку дека капацитетите на јавното претпријатие за комунална хигиена се изгледа помали од ...

Меѓу предизборните ветувања за минатите локални избори на актуелниот градоначалник на Гази Баба, Бобан Стефковски – кој се кандидира за уште еден мандат на претстојните локални избори во октомври 2025 г. – беше и изградбата на нов спортско рекреативен центар на местото на депонијата Вардариште. Но, ветувањето е неисполнето, на неполни два месеца пред истекот на неговиот мандат депонијата Вардариште и натаму е еден од најопасните загадувачи на ...

Дали воведувањето на ДДВ од 18% за сите пратки платени електронски ќе значи и „борба“ со сивата економија. Дополнително се отвора и прашањето како државата ќе ги штити домашните производители од нелојална конкуренција од надвор ако воопшто нема домашно производство на конкретните производи, пишува Порталб. Бурни и бројни реакции предизвикаа предложените измени на Законот за данокот на додадена вредност, со кои ќе се укине ослободувањето од ДДВ ...

Кандидати од Родина, Македонска ера трета, Единствена Македонија и МААК ја претвораат локалната кампања во платформа за одбрана на суверенитетот, идентитетот, традицијата, промовирајќи визија за „славјански бум“ и економски раст базиран на блиски односи со Русија и Кина. Во фокусот на дел од кандидатите не се улици и инфраструктура, туку геополитика, духовност и враќање кон „македонскиот корен“. Помалите партии ги претвораат општините во ...

Двајцата претенденти за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова иако имаат повеќе заеднички точки околу проблемот со управување со отпад во Скопје, имаат и една генерална и голема разлика, а таа е решавање на дивата депонија „Вардариште“. Ѓеорѓиевски нуди решение со изградба на мега-парк, но во програмата рокот го постави на 26 месеци, а во телевизиската дебата го продолжи тој рок употребувајќи го терминот ...

Двајцата претенденти за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, Орце Ѓорѓиевски и Каја Шукова иако имаат повеќе заеднички точки околу проблемот со управување со отпад во Скопје, имаат и една генерална и голема разлика, а таа е решавање на дивата депонија „Вардариште“. Ѓеорѓиевски нуди решение со изградба на мега-парк, но во програмата рокот го постави на 26 месеци, а во телевизиската дебата го продолжи тој рок употребувајќи го терминот ...

Сарај и Липково добија градоначалници уште во првиот круг на локалните избори во 2021 година. Во вториот изборен круг имаше зголемена излезност речиси во сите општини предводени од градоначалници од албанскиот блок, освен во Струга. Во 2021 година се случи промена на политичките сили во Тетово, во Гостивар тогашниот градоначалник успеа да го освои и вториот мандат. Врз основа на податоците од ДИК, „Порталб“ направи анализа на резултатите од ...

Ако се цени според последната изјава на премиерот Христијан Мицкоски околу предвремени парламентарни избори (од 08.10.2025), тој не ги најави со сигурност, туку остави лабава можност да се донесе таква одлука. Но, дури и таквото лабаво оставање можност е неконзистентност и недоследност, барем во однос на неговите изјави во септември, иако порано, во врска со други настани и поводи Мицкоски ги споменувал предвремените избори Можност за одржување ...

Иако политичките партии потпишуваат и кодекси за фер натпревар и отсуство на црни кампањи – што беше случај и за овие локални избори – во пракса отстапуваат уште во првите денови од официјалната предизборна трка. Најновите примери со злоупотребата на изборните слогани на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ од страна на нивните лидери, покажаа дека нема таква иновативност во слоганите што не може да се употреби во негативен контекст за политичкиот противник, ...

Дури 22 општини во земјава се рангирани во 100-те најзадолжени субјекти и на локално и на централно ниво. Општините во државата ја стартуваат изборната кампања со доспеани, а неплатени обврски во износ од 64,7 милиони евра – сума која е зголемена и на квартално и на годишно ниво, пишува Порталб. Експертите велат – одговорност за начинот на кои се трошат парите на локално ниво мора да има Локалните власти мора да ја научат лекцијата дека ...

Случајот со измислени „протечени документи“ кои наводно откриваат таен заговор од страна на Франција, Велика Британија, Полска и Романија за поделба на Украина во сфери на влијание, ја потенцира сè поголемата опасност од дезинформациски кампањи засилени со вештачка интелигенција. Технологијата овозможува за кратко време да се создаваат убедливи лажни содржини и пораките да се обликуваат според специфичната публика. Во примерот со Русија, се ...

Битката со проруските наративи деновиве се пресели во зданието на ОН, каде што од 22 до 30 септември 2025 се одржува јубилејното 80-то заседание на Генералното собрание. Темата на годинешното заседание е доволно сигнификантна за сегашниот момент во светот – „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“ Пишува: Стојан Синадинов Руската Федерација деновиве со сите сили се труди да ја брани нејзината позиција на светската ...

Руската кампања за дезинформации што го придружува нарушувањето на полскиот воздушен простор од страна на руски беспилотни летала, е дел од поширока хибридна операција против НАТО и ЕУ. Целта на овие акции е ширење страв, продлабочување на внатрешните поделби и создавање тензии во односите со Украина со цел да се обесхрабрат западните општества и носители на одлуки да обезбедат понатамошна поддршка. Директната употреба на воени средства, во ...

Пред гласањето што ќе се одржи в недела (28 септември) повеќе онлајн групи за мониторинг следеа пропагандни и дезинформациски кампањи што ѝ се припишуваат на Русија. Нивната цел е да ја намалат поддршката за владејачката проевропска ПАС, на гласањето на 28 септември, што многумина го сметаат за геополитички избор помеѓу Исток и Запад Пишува Мирослава Симоновска Претседателката на Молдавија Маја Санду во обраќање без преседан изнесе ...

На првите локални избори 1996 година најголема и најсилна партија од албанскиот блок- со победа во 20 општини, беше ПДП. Во 2005 година беше првиот настап на локални избори на ДУИ – партијата која во следните изборни циклуси ќе се етаблира како втора по големина, користејќи ја слабоста на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. На локалните избори во 2017 година се појавија нови политички играчи од албанскиот кампус. „Порталб“ објавува „досие“ за изборните ...

Историјата на предвремените избори во земјата покажува дека тие во принцип се загубено време за државата и за сите прогресивни процеси во нејзе, но од аспект на политичката партија на власт или на елитата што владее, може да бидат и продолжено време на владеење. Тоа го покажаа четирите предвремени избори од независноста досега – сите за време на претходната гарнитура на власт на ВМРО-ДПМНЕ, кога со нејзе управуваше експремиерот Никола Груевски ...

Од почетокот на агресивната воена инвазија на Русија врз Украина, во повеќе наврати пропагандата на Кремљ се обидува да ги изврти тезите односно да наметне низа оправдувања за своите напади. Вистината е дека Русија е таа којашто изврши неиспровоцирана воена инвазија врз Украина, на 24 февруари 2022 година. Украина како независна држава со територијален интегритет и суверенитет има право да се брани и да ги користи расположливите средства на ...

Гостинот на премиерот, освен што е со потекло од Берово, во 2021 година се стекна со руски пасош и државјанство и беше лично одликуван од Путин за неговиот придонес во руската култура. „Меката моќ“ на Милош Биковиќ е значајна за Русија – тој служи како познато, симпатично лице кое не ја критикува Русија, што во ерата на меѓународна изолација е многу вредно. Неговата популарност ја прави руската култура „пристапна“ и „пријателска“ за балканската ...

Според Руската служба за надворешно разузнавање, Брисел смета на тоа дека финансиското пумпање во медиумите и невладините организации ќе го мобилизира електоратот на изборите, ќе ги изнесе луѓето надвор на улиците и ќе го заврши „српскиот Мајдан“. Во списокот на таргетирани медиуми се наведени FoNet, RAM Network, Vreme, Juzne Vesti, Slobodna rec, Boom93, Podrinske, Freemedia, Indjija, SOinfo, FAR и Storyteller. Ваквите таргетирања на независните ...

Иако соопштението на ВЛЕН е реакција на претходно обвинување од ДУИ за улогата на министерот Изет Меџити како министер за животна средина и просторно планирање, тоа не може да биде оправдание за неоснована (зло)употреба на името на ексминистерот Насер Нуредини, неговото, како што велат, лично пријателство со сегашниот кандидат за градоначалник на Чаир, Бујар Османи и од тоа да се генерализира дека ДУИ „е главниот виновник за еколошката ...

На чекор сме до осмите по ред локални избори. За овој изборен циклус планирано е да се потрошат 9 милиони и 760 илјади евра. Portalb.mk направи анализа на досегашните изборни циклуси на локално ниво Првите локални избори во независна Македонија се одржаа во ноември 1996 година, а се спроведоа во 123 општини и Град Скопје. На овие „пионерски “ избори најголем број – 54 градоначалнички места, освои СДСМ, на второ место со 30 е ВМРО-ДПМНЕ, а на ...

Во Пекинг се одржа парада по повод 80 години од победата над Јапонците, но неа ја извојувале САД со нивните атомски бомби, СССР со неговата Манџурска операција и тогашната Република Кина на чело со антикомунистот Чанг Кај-Шек, а не кинеските комунисти на Мао Це Тунг и нивната Народна Република Кина, која била создадена дури во 1949 г., иако и воените единици на комуниститие се бореле против Јапонците Пишува: Вангел Башевски На почетокот на ...

Најпрво премиерот Мицкоски, а потоа и министерот за здравство Алиу, два дена по ред даваа непоткрепени изјави за последиците по здравјето на граѓаните во врска со штетните материи во воздухот од пожарите во депониите Вардариште и Дрисла. Обајцата се повикаа на резултатите од мерните станици, а резултатите никој не ги соопшти официјално, со појаснување и контекст. Непоткрепеноста раѓа контрадикторност и збунетост како што тоа се случува особено ...

Ембарго, приватизации, криминал, економски и финансиски кризи, битка за просечен стандард , битка за повисоки функционерски плати, се подлабок јас меѓу оние кои имаат и оние кои преживуваат, пишува Порталб.мк. 34 години државна независност. За македонската економија стапките на раст на БДП за 4% сеуште се сметаат за “дострел“! Економската независност преку “очите“ на економистите Осми септември 1991 година – граѓаните на референдум се изјаснија ...

Точно е тоа дека депониите Вардариште и Дрисла во моментов продуцираат опасен воздух за голем дел од Скопје, но делумно е вистинито дека премиерот и партијата, односно нивните градоначалници можат да се обвинат за овие еколошки проблеми, како што тврди СДСМ во соопштението насловено „Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се виновни за депониите кои го трујат Скопје“. Вината кај нив е само делумна затоа што проблемите, особено со Вардариште е многу постар од ...

Путинистите ја плукаат Европа, нарекувајќи ја „Гейропа“ (Гејропа) и водат хибридна војна против неa и дури ѝ се закануваат со нуклеарна, но откако Трамп иницираше преговори за Украина, тоа плукање стивна, но тоа не е искрена желба за мир. За разлика од Трамп, Европејците се понепопустливи преговарачи, па Русија сака да ги омекне со наративот дека не треба да ја отфрлаат, дека „нема Европа без Русија“ и дека таа е „најголемата европска земја“ ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
10.29
72%
1008
weather icon

Загреб

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
92%
1007
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
1013
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.39
91%
1014
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
95%
1008
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
94%
1009
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1008
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
82%
1009
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
91%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
88%
1010
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1015
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1011
Currency

61.6317

Currency

52.8096

Currency

70.4823

Currency

34.9524

Currency

37.8609

Currency

66.0016

Currency

7.48217

Currency

0.68641

Currency

0.33997

Currency

0.52477

Currency

1.24436

Currency

0.5874

Бакар

10.54

Злато

135322.56

Родиум

258813.51

Платина

52853.57

Никел

472374.84

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Сребро

1882.35

Калај

39.18

Алуминиум

2.89

Паладиум

4661.86

Кобалт

55.67