Денеска стартува вториот круг на СП 2026 од групната фаза. Генерално се гледа добар фудбал, имаше и две големи изненадувања на мечевите Шпанија – Зеленортска Острови 0:0 и Португалија – Конго 1:1. Некои од фаворитите си ја покажаа силата како Германија, Англија, Франција, секако Аргентина… Кога сме кај головите може да бидеме задоволни, со оглед на тоа дека се игра отворен фудбал има и доста голови. Што се однесува до листата на стрелците ...

Околу десетина минувачи и служби за итни интервенции им помогнаа на патниците заробени во приватниот авион што се урна на автопат во Тексас. Пријавени технички проблеми пред несреќата Авионот летал од мексиканскиот град Лос Кабос до Остин, Тексас. Директорот на аеродромот во Ларедо, Гилберто Санчез, изјави за „Њујорк тајмс“ дека авионот пријавил сериозни механички проблеми. Авионот удрил во возило на автопатот за време на несреќата, потврди ...

Москва го смета овој договор за важен чекор кон трајно завршување на конфликтот и може да послужи како модел за идните мировни договори, рече Путин. Зборувајќи на самитот Русија-АСЕАН во Казан, рускиот претседател оцени дека стабилизацијата на условите на Блискиот Исток би била корисна за глобалните енергетски пазари и би придонела за поголема економска безбедност. Изјавите на Путин следеа по најавите дека Вашингтон и Техеран постигнале ...

Три супертанкери под саудиско знаме со шест милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормутскиот теснец неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Иран за прекин на нивната војна, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци за следење на бродовите. Се вели дека други танкери ги откриле своите позиции денес додека пловат низ теснецот, откако бродовите поминаа недели криејќи ги своите патувања при транзитирање ...

Ретки се моментите на големите натпреварувања каде две навивачки групи, кои навиваат за две селекции ќе направат заедничко шоу. Но кога се во прашање фановите на БиХ се е можно. Во опуштена атмосфера, со пиво и разговор за фудбал, двете групи навивачи многу брзо пронајдоа заеднички јазик. Сè кулминираше кога, во еден момент, започна заедничкото пеење на веќе добро позната навивачка стих, која речиси се претвори во „химна“ на фудбалската ...

Секоја чест за сите останати спротови, ама фудбалот е нешто посебно, и тоа посебно кога е време на СП. Милијарди луѓе се покрај ТВ екраните, се радуваат, тагуваат. Има вести и информации, видеа на социјалните мрежи од голови и радости, а ова видео од средно училиште во Киншаса е нешто посебно. Играше нивната селекција ДР Конго против Португалија и кога дојде голот за 1:1, следуаше вистинска експлозија. Токму затоа е видео на денот. Погледнете ...

На свечена вечера во дворецот во Версај и на маргините на самитот на Г7, американскиот претседател Доналд Трамп и официјално го потпиша меморандумот за разбирање со Иран, кој треба да воспостави итен прекин на огнот во рок од 60 дена, до финализирање на мировен договор меѓу двете страни. Паралелно, истиот документ во Техеран го потпиша и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан. Меморандумот кој утре треба да биде потврден на свечена церемонија ...

Сега веќе се знае дека по завршувањето на СП, Роберто Мартинез нема да биде селектор на Португалија. Ама ново е тоа што преговара со Ал Наср, тимот од Саудиска Арабија на Кристијано Роналдо, ова го објавува угледниот RMC Sport. Договорот на Шпанецот со Фудбалската асоцијација на европскиот шампион од 2016 година истекува по завршувањето на Светското првенство, а како што стојат работите, 52-годишниот стручњак веќе го планира следниот чекор во ...

Три супертанкери под саудиско знаме, со шест милиони барели сурова нафта, поминаа низ Ормутскиот теснец неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Иран за прекин на војната, покажаа денес податоците за следење на бродовите. Позициите на другите танкери што поминале низ теснецот беа прикажани на јавни платформи за следење на бродови во четврток, откако бродовите неколку недели ги криеја своите патувања при ...

Откако утринава по македонско време заврши првиот круг, денеска на програмата се четирите меча од групите А и Б, со што стартува вториот круг од групната фаза на Мундијалот. Супер дуел треба да биде во Лос Анџелес каде се среќаваат Швајцарија и БиХ. Тимот на Сергеј Барбарез можеби жали за пропуштената победа, но на крајот сепак е задоволен со бод против потенцијалниот главен конкурент за второто место во Групата Б. Сега, сепак, се соочуваат ...

Администрацијата на Трамп планира да покрене најмалку 250 постапки за одземање на државјанство до октомври, значително засилувајќи ги напорите за одземање на статусот на луѓе кои се натурализирале во Соединетите Држави, потврди висок функционер на Министерството за правда. Овој потег е дел од пошироката, агресивна имиграциска политика на претседателот Доналд Трамп и открива како федералните агенции ги пренасочиле ресурсите за спроведување на ...

Додека сите погледи на фудбалската јавност се свртени кон СП 2026, во Реал Мадрид и тоа како се работи на создавање на супер тим. Имено Ибрахим Конате официјално е играч на Реал Мадрид откако потпиша со клубот како слободен агент. Трансферот доаѓа по завршувањето на неговиот петгодишен престој во Ливерпул. Францускиот репрезентативец се обврза кон „Лос Бланкос“ со четиригодишен договор што ќе го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до јуни 2030 ...

Португалската репрезентација се надеваше на поинаков резултат во првиот натпревар од групната фаза на Светското првенство против ДР Конго, но има шанса да го подобри својот настап во следните натпревари, напиша на социјалните мрежи суперѕвездата на тимот, Кристијано Роналдо. Португалците не успеаја да ги победат Африканците, со кои ремизираа 1-1. „Ова не е почетокот на кој се надевавме, но ништо не е завршено. Држете ги главите горе и ...

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, денес објави преглед на распоредувањето на американските сили во Европа и се закани дека ќе ги суспендира некои од американските обврски кон НАТО доколку „сиромашните“ сојузници не ги исполнат своите обврски за трошоци за одбрана. Хегсет, обраќајќи се пред министрите за одбрана во седиштето на НАТО во Брисел, рече дека прегледот на САД ќе трае до шест месеци и ќе вклучува консултации со Конгресот на ...

Интересно беше и во изминатиот ден на тековниот Мундијал. Ја видовме Португалија која разочара, проследивме едно големо дерби меѓу Англија и Хрватска, како и дуелите Гана – Панама и Узбекистан – Колумбија. За овие мечеви свое видување има Мирсад Јонуз, редовниот наш коментатор во рубриката “Коментар на денот“. -Португалија разочара, критиките се кон Роналдо… „Според мене ова е најголемото разочарување. Јас да сум на местото на Мартинез и јас ...

Играчот од средниот ред на ДР Конго, Нгал’ајел Мукау, изјави дека неговиот тим немал конкретен план да го запре Кристијано Роналдо во првиот натпревар против Португалија на Светското првенство во 2026 година. Португалија и ДР Конго одиграа нерешено 1-1, при што африканскиот тим освои вреден бод против еден од фаворитите во групата. Роналдо беше во центарот на вниманието пред натпреварот, но ДР Конго успеа да ја запре Португалија и да ја ...

Целта е да се реши недостигот од пресретнувачки ракети за системи за воздушна одбрана што Киев треба да ги брани од руските балистички ракети, објави Блумберг, повикувајќи се на претставници запознаени со дискусиите на самитот на Г7 во Франција. Побрз начин за зајакнување на сојузниците Според извештајот, Трамп има намера да побара од американските производители на воена опрема да доделат лиценци за производство на европски и украински ...

„Досега, нашите планови за состанокот не се променети. Една од идеите е претседателите да го одржат од далечина“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багдеџ, за иранската државна телевизија. Иран претходно изјави дека документот ќе биде потпишан во Швајцарија од страна на неговиот главен преговарач Мохамед Багер Галибаф и потпретседателот на САД Џ.Д. Венс. На самитот на Г7 во француското одморалиште ...

Лионел Меси ја предводеше Аргентина до победа на првиот натпревар од Светското првенство со хет-трик, но прославата на фудбалската икона беше нарушена со солзи по првиот гол. Иако Меси по натпреварот спомена „тешки денови“ надвор од спортот, точната причина за неговите солзи не е откриена. Еден аргентински новинар ја откри. Аргентина, како бранител на титулата, го започна натпреварувањето со победа од 3-0 над Алжир, а 38-годишниот Меси беше ...

Доколку го стореше тоа двапати, веројатно ќе имаше репутација дека е неверојатно среќна. Но, Џоан Гинтер освои милиони четири пати, што ја прави еден од најмистериозните случаи во историјата на американската лотарија. Вкупно, таа освои повеќе од 20 милиони долари, а она што ја прави нејзината приказна необична не е само количината на пари, туку и фактот дека била математичарка со докторат од Универзитетот Стенфорд. Затоа истото прашање се ...

Намалувањето на придонесот на САД во кризните сили на НАТО стапи на сила веднаш, потврди денес генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, додавајќи дека другите сојузници го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините што ги остави потегот на САД. „Вчера се постави прашањето: дали е ова итно или не? Итно е“, изјави Руте пред новинарите пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел. „Сепак, малку сум неволен да го кажам ...

На состанокот на министрите за одбрана на НАТО, Хегсет повика на „ресетирање“ на организацијата од 32 земји за да се трансформира во „НАТО 3.0“ способна да одврати каква било закана. „Ќе испратиме порака до светот дека градиме арсенал на слобода“ „НАТО 3.0 е признание по Студената војна дека НАТО мора повторно да стане вистински, цврст воен сојуз со вистински воени способности што можат да одвратат закани тука на континентот и да ја преземат ...

Навивачите на Англија кои патуваа на Светското првенство во САД се соочуваат со исклучување од стадионот ако пеат навредливи песни против американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер. Предупредувањето дојде пред првиот натпревар на англиската репрезентација, во кој екипата на Томас Тухел ја победи Хрватска (4:2), пишува „Мирор“. Англија е во групата Л, а по дуелот со Хрватска во Тексас, ќе се соочат со натпревари ...

По поразот на Хрватска од Англија со 4-2, Гана ја победи Панама со 1-0 во драматична завршница во вториот натпревар од Групата Л. Победничкиот гол на Јиренки во 95-тата минута не само што ѝ донесе на Гана клучни три бода, туку и го стави младиот Ганец во историја на Светското првенство. Со 20 години и 153 дена, Јиренки стана најмладиот фудбалер во историјата на Светското првенство што постигнал победнички гол во судиското продолжение и што го ...

Нетанјаху ѝ вети на израелската јавност „целосна победа“ над Иран, но на крајот мораше да се задоволи со меморандумот за разбирање на Трамп и честите критики кон претседателот, само четири месеци пред изборите, пишува Аксиос. Меѓународна изолација Нетанјаху остана сам на меѓународно ниво во своето верување дека договорот е погрешен и дека војната требало да продолжи. Дури и Обединетите Арапски Емирати, кои беа највоинствените од земјите од ...

Според официјалните податоци, досега не се пријавени жртви, објави Синхуа. Покраинските власти активираа итни мерки поради поплави и природни катастрофи, додека градови како Жухаи и Шенжен привремено ја прекинаа наставата во училиштата поради лоши временски услови. Shenzhen, Guangdong Province, received 213 millimeters of rainfall in 6 hours on June 16, causing flooding in some streets. pic.twitter.com/Jqfr9UShUs — Jim (@yangyubin1998) June ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, влезе во жестока расправија со Џордан Пикфорд за време на првиот натпревар на Англија на Светското првенство против Хрватска кој заврши со 4-2. Англија поведе во Далас откако беше реализиран пеналот на Хари Кејн, а инцидент што не го забележаа телевизиските камери се случи кратко потоа. А медиумите тврдат дека селекторот на Англија му извикал на својот голман: „Прави како што ти кажувам!“ Пикфорд му ...

Во можеби најдобриот натпревар на Мундијалот досега, Англија ја победи Хрватска со 4-2 на отворањето на групата Л на Светското првенство. Извонреден натпревар меѓу големите ривали во Далас, кој на крајот заврши со победа на Англичаните, кои на тој начин направија голем чекор напред кон втората фаза од натпреварувањето. Хари Кејн ја доведе Англија во водство со гол во 12-тата минута. Лука Модриќ го фаулираше Нони Мадуеке во шеснаесетникот, а ...

Француски Олимпик Марсеј е казнет со десет милиони евра поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј на УЕФА, но ќе може да се натпреварува во Лигата на Европа 2026/27 со условна казна. Во соопштение објавено денеска, УЕФА објасни дека францускиот клуб има условна санкција во врска со учеството во Лигата на Европа. Засега, Марсеј може да се натпреварува во натпреварувањето, но сепак, ќе му биде забрането да учествува во натпреварувањата ...

Четирите натпревари од Светското првенство во 2026 година одиграни вчеравечер и ноќеска привлекоа вкупно 281.223 гледачи на стадионите, што е нов рекорд за посетеност во еден ден од турнирот, објави ФИФА. Претходниот рекорд датира од 28 јуни 1994 година, пред 32 години, исто така во Соединетите Американски Држави: тој ден беа присутни 277.070 навивачи. Натпреварите меѓу Франција и Сенегал (Њујорк), Ирак и Норвешка (Филаделфија), од Група I, ...

weather icon

Скопје

32ᴼ / 32ᴼ
3.85
22%
1013
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
37%
1014
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.37
38%
1015
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
5.17
31%
1014
weather icon

Сараево

34ᴼ / 34ᴼ
4.69
28%
1015
weather icon

Љубљана

34ᴼ / 32ᴼ
2.68
42%
1015
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
6.71
40%
1011
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
6.7
20%
1012
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.87
20%
1012
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 30ᴼ
4.02
31%
1016
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 36ᴼ
1.79
29%
1015
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
8.17
57%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.3279

Currency

71.9179

Currency

37.4195

Currency

38.0079

Currency

66.0429

Currency

7.89933

Currency

0.67283

Currency

0.33875

Currency

0.52369

Currency

1.12246

Currency

0.55908

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Платина

52855.83

Кобалт

56.29

Злато

129943.67

Паладиум

40381.34

Сребро

1853.71

Калај

54.92

Иридиум

252383.36

Алуминиум

3.19

Бакар

13.08

Родиум

265243.66