Во рамките на богатата августовска програма на „Кривопаланечко културно лето 2026“, Општина Крива Паланка поканува на уште една вечер посветена на традицијата, музиката и на културното наследство на Крива Паланка. Станува збор за манифестацијата „Кривопаланечки староградски песни“, која ќе се одржи в среда, со почеток во 20:30 часот, во Градскиот музеј Крива Паланка. Во рамките на оваа манифестација ќе може да се слушнат песни што го носат ...

Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак постои ризик од појава на ...

Аирлија! Фантастични спомени носи со себе нашиот популарен пејач Благоја Грујовски од своите неодамнешни спектакуларни настапи во турската туристичка метропола, Измир. Тој таму направи вистински дар-мар, а беше поканет од иселениците од Македонија, кои се Турци по потекло и кои не ја забораваат родната Македонија, во која останаа да живеат голем број нивни роднини и пријатели.Атмосферата што ја создаде тој и многу доброто расположение со ...

Апокалиптични сцени се случуваат во Кина последниве денови, додека беснее тајфунот Делфин. Кинеските власти евакуираа повеќе од еден милион луѓе во источна Кина, вклучувајќи го и Шангај, откако стигна тајфунот до копното. Брзината на ветерот достигна 150 км/ч кога првпат го погоди Јухуан во покраината Џеџијанг, објавува Би-би-си. Бурата патуваше долго растојание од околу шест илјади километри пред да стигне до копното, што укажува дека има ...

Во воен производствен и складишен објект во близина на селото Белица во општина Трјавна во Бугарија денеска дојде до експлозија и пожар, што предизвика евакуација на околу 300 работници. Инцидентот се случил околу пладне кога камион се запалил, предизвикувајќи пожар во едно од складиштата за муниција, објавува „Новините“. Над областа може да се види густ чад, а се слушаат и придружни детонации. Гувернерката на регионот Габрово, Кристина ...

Македонија и во наредните денови ја очекува сончево и многу топло време, со температури кои на места ќе достигнуваат и до 40 степени Целзиусови. Денеска ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во нестабилните подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 24 степени, додека максималната ќе ...

Во пресрет на еден од најзначајните спортски настани во регионот, Медитеранските игри Таранто 2026, спортистите што ќе ги бранат боите на Македонија добиваат дополнителна поддршка. Македонскиот олимписки комитет (МОК) и Стефан Лазаров ја официјализираа соработката, преку која познатиот јутјубер и креатор на дигитални содржини ќе даде свој придонес во активностите поврзани со промоцијата на македонската делегација и на настапот на претстојните ...

Бензините од полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, додека цената на дизелот се намалува за 8 денари. Одлуката денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 5,81 отсто. Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во споредба со претходната пресметка, ...

Цените на комплетите лежалки и чадори за сонце на Кралската плажа и во Милочер повторно го привлекоа вниманието на јавноста откако беше објавено дека на некои локации достигнуваат и до 240 евра. Додека сцените на речиси празни плажи предизвикуваат чудење кај туристите, граѓанската иницијатива „Свети Стефан“ тврди дека толку високите цени можеби не се насочени кон остварување профит од дневно изнајмување на лежалките за плажа, туку кон ...

Летовите што пристигнуваат на аеродромот Катанија во источна Сицилија беа суспендирани до 15 часот во понеделник откако вулканската пепел од новата ерупција на Етна влезе во воздушниот простор околу аеродромот, соопшти операторот SAC. Етна е еден од најактивните вулкани во светот и често го нарушува воздушниот сообраќај во Катанија, главниот аеродром на островот и петтиот најпрометен во Италија. „На патниците им се советува да ја проверат ...

Во напад со украински беспилотни летала загинаа најмалку 13 лица, а 39 други беа повредени во Нижнекамск, град длабоко на руска територија, соопштија локалните власти во понеделник. Ова беше најсмртоносниот напад што ја погоди Русија во повеќе од две години. ‼️#BREAKING: Ukraine's Drone Attack on Tatarstan Kills 10, Injures 15 Ten people have been killed and another 15 injured as a result of #Ukraine's unmanned aerial vehicle (UAV) attack on ...

Денес на Халкидики стапи на сила забрана за сообраќај и пешачење во одредени шумски подрачја поради високиот ризик од шумски пожари. Мерката, која ќе биде на сила од 8 до 20 часот, се однесува на подрачјата на општините Касандра, Ситонија и Аристотелис, каде што индексот на опасност од пожар е во категорија 3, пренесе порталот Теспост. Во исто време, се планира отстранување на возилата и луѓето што ќе се најдат во подрачјата каде што е на ...

Четири лица, меѓу кои три деца, се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случила на магистралниот пат во близина на каменоломот „Прогрес 98“. Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена околу 7:40 часот, а во неа учествувале четири автомобили и еден камион. Три малолетни лица и една жена, кои биле во едно од возилата, по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми. Тие биле пренесени во гостиварската болница за ...

„Мајкрософт“ предупреди за глобална хакерска кампања насочена кон патниците. Оние што се поврзуваат на бесплатниот вај-фај во хотелите, становите и во конференциските центри се особено изложени на ризик. Кампањата, наречена „Кептив кранч“, е насочена кон корисниците на виндоус-компјутерите, а постојат индикации дека се засегнати и андроид-уредите. Напаѓачите ги нарушуваат мрежите каде што се најавуваат гостите. Наместо вообичаената страница ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, по повлекувањето од политиката, се појави на познатиот фестивал на труба во Гуча, Србија, каде што беше фотографиран опуштен и весел изглед. Орбан очигледно нашол време за порелаксиран живот откако се повлече од политиката, а неговото појавување на фестивалот на дувачки инструменти во Гуча, Србија, привлече големо внимание од посетителите. Според српските и унгарските медиуми, Орбан уживал во ракија ...

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, сè уште чека официјална понуда од ПСЖ за Феран Торес. Парискиот клуб веќе ги договорил личните услови со играчот, кој би му се приклучил на тимот на Луис Енрике, и затоа челниците на каталонскиот гигант очекуваат наскоро да пристигне понудата. Агентите на Торес постигнаа договор и сега само го чекаат почетокот на преговорите меѓу клубовите, пишува „Ас“. Откако ПСЖ ќе ја испрати понудата, ...

Македонската ракометна федерација (РФМ), заедно со федерациите на Србија и Словенија, интензивно работи на финализирање на деталите за заедничка кандидатура за организација на Европското првенство за мажи во 2034 година. Информацијата ја обелодени првиот човек на Српската ракометна федерација Божидар Ѓурковиќ, кој откри дека претставниците на трите федерации, досега одржале три состаноци и дека начелно е постигнат договор околу моделот според ...

– Иконостасот во црквата „Свето благовештение“ во Прилеп не е само извонредно резбарско дело туку и единствен духовен и уметнички ансамбл што ја раскажува христијанската порака преку јазикот на уметноста – вели Мимоза Христоска, директорка на Заводот и музеј Прилеп, институција што ја реализираше во изминатиов период најобемната фаза од конзерваторско-реставраторските работи, со која иконостасот доби заштита каква што заслужува Едно од ...

Украинските сили извршија серија напади врз цели во Русија и на окупираните територии на Украина во текот на ноќта на 10 август. Рафинерија за нафта во Руската Република Татарстан беше цел, додека експлозиите го прекинаа снабдувањето со електрична енергија во делови од градот Симферопол во окупираниот Крим. Украинските медиуми и канали што ја покриваат војната известуваа за нападите и нивните последици. Најмалку 12 лица се убиени во напад со ...

Шведската централна банка, Риксбанкен, препорача граѓаните да чуваат најмалку 1.000 шведски круни (нешто помалку од 100 евра) во готово по возрасен дома, наведувајќи ја моменталната „надворешна ситуација“ и можноста за прекини во системите за плаќање. Оваа сума треба да биде доволна за околу една недела основни потреби. Сепак, Риксбанк забележува дека индивидуалните домаќинства треба да ја прилагодат сумата на сопствените потреби. „Ова е ...

На патниот правец Гостивар – Стража утрово се случила сообраќајна несреќа во која според неофицијални информации учествувале четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва. Засега нема информации за повредени лица, ниту за причините за несреќата. Сообраќајот на овој патен правец се одвива отежнато. ИЗДВОЕНИ ЦРВЕН АЛАРМ ЗА ОГАН, СТРНИШТАТА ГО ПАЛАТ ЛЕТНОТО БУРЕ АРХИЕПИСКОП СТЕФАН: Ништо против другите не правиме правејќи за себе ЖИВОТНИ ...

Повозрасните граѓани се меѓу најризичните категории кога станува збор за високите температури и топлотните бранови, предупредува Институтот за јавно здравје. Лицата над 65 години потешко се приспособуваат на големите горештини, а ризикот е дополнително зголемен кај оние кои имаат хронични заболувања или користат редовна терапија. Од ИЈЗ посочуваат дека одредени лекови можат да влијаат врз начинот на кој организмот реагира на топлината, поради ...

Хорхе Меси, таткото на Лионел Меси и долгогодишен негов претставник, почина на 68-годишна возраст, по долго боледување. Почина во петокот вечерта, во клиника во својот роден град Росарио, откако ги помина последните месеци наизменично и со лекување дома, со сопругата Селија и семејството. Лионел остана со него некое време по Светското првенство пред да им се врати на своите должности во Интер Мајами. Хорхе ѝ беше познат на пошироката јавност ...

Германија се соочува со секојдневни напади од хибридна војна од странство, изјави министерот за внатрешни работи Александар Добриндт по сомнителниот обид за напад со дрон наполнет со експлозив на аеродромот Лајпциг/Хале. Добриндт изјави за „Билд ам Зонтаг“ дека странските сили сакаат политички и социјално да ја потчинат Германија со всадување страв. „Ние не сме во војна, но сме секојдневна цел на хибридна војна“, рече Добриндт. „Шпионажата, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц замина на летен одмор уверен дека политичките тензии ќе се намалат до есен. Но, во рамките на неговата Христијанско-демократска унија (ЦДУ) расте отворената дискусија за незамисливата можност за германската политика – замена на канцеларот по нешто повеќе од една година на власт. „Претпоставувам дека работите ќе се смират малку до септември“, рече тој минатата недела, по внатрешните несогласувања околу ...

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград претставува важен дипломатски сигнал, не само за односите меѓу Србија и Украина, туку и за Брисел и Москва. Иако престојот траеше помалку од 24 часа, двајцата претседатели испратија порака дека Белград и Киев сакаат да ги развиваат односите и да не се гледаат себеси како соперници. Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград и неговата средба со српскиот ...

Десетици пожари за само неколку дена, дел од нив на стрништа и сува вегетација. ЦУК предупредува за многу висок индекс на опасност од пожари во источниот, централниот и во јужниот дел од земјата, а дел од случаите на намерно палење го отвораат прашањето за одговорноста на потпалувачите – дали паричната е доволна казна Состојбата со пожарите во земјава повторно се влошува, а високите температури се голем ризик за брзо ширење на огнот. Центарот ...

Повеќе од две децении откако првпат влегла во Неверленд, пензионираната детективка Руби Волф повторно се вратила на имотот на Мајкл Џексон. Нејзиното враќање било исклучително емотивно, а таа се расплакала откако видела детски цртеж врежан во ѕидот. Волф првпат била во Неверленд во 2003 година, како дел од истрагата по обвинувањата на тогаш 13-годишниот Гевин Арвизо против Џексон. Таа се присетува дека имотот бил полн со статуи на деца, ...

Шкотска беше во шок откако беше откриена неверојатната приказна за Кира Казинс, 23-годишна девојка која помина месеци лажејќи го својот партнер, семејството и пријателите со лажирање на бременоста и на крајот претставувајќи ја својата новородена ќерка како пластична кукла. Во нејзиното прво големо интервју за „Сандеј меил“, таа објасни што стои зад бизарната измама што ја шокираше јавноста. Кира Казинс не запре пред ништо за да ги убеди оние ...

lегендарниот шпански кошаркар, Пау Гасол, смета дека Виктор Вембањама мора физички да зајакне доколку сака целосно да го искористи својот огромен потенцијал. Гасол верува дека најголемо влијание Вембањама може да има во рекетот, иако веќе поседува одличен шут од далечина. Тој е решителен кога е близу до обрачот, и во нападот и во одбраната. Со својот распон на рацете, може да им ја расипе работата на противниците и да доминира – вели Гасол. ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32