Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Основното државно обвинителство (ОДТ) во Подгорица им одреди мерка притвор на српскиот државјанин Е. Х. и македонскиот државјанин Б. С. во траење до 72 часа, поради основано сомнение дека во текот на ноември оваа година, на територијата на Подгорица, извршиле неколку тешки кражби со провала во угостителски, комерцијални и други деловни простории. „Постои сомнение дека Е. Х. влегол во просториите и зел пари, додека Б. С. ја обезбедувал околината, ...
Во Нови Сад се одбележаа 13 месеци од уривањето на натстрешницата на железничката станица и смртта на 16 лица. На железничката станица беа запалени свеќи, а беше одржано 16 минути молчење за да им се оддаде почит на жртвите. Граѓаните прво се собраа во 18 часот на Плоштадот Слобода, од каде што се упатија кон железничката станица. На плоштадот направија големо срце од фенери, со бројот 16, јавува Радио 021. View this post on Instagram A post ...
„Имам два сина, мене ВМРО-ДПМНЕ ми е, буквално, како трето дете. Но, да, ова е мојот последен мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доколку ја добијам поддршката од делегатите. И додека јас сум претседател, за тој услов за максимум број мандати што еден претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги има, немам намера да поддржам каква било иницијатива за промена на тој дел од Статутот“, вели актуелниот партиски лидер и премиер Христијан Мицкоски во интервју ...
Првата дама на САД Меланија Трамп, сопруга на претседателот Доналд Трамп, ги откри овогодишните божиќни декорации за Белата куќа. Во објава на X денеска таа ја откри темата на сезоната: „Домот е таму каде што е срцето“. „Овој Божиќ, да ја прославиме љубовта што ја носиме во нас и да ја споделиме со светот околу нас. На крајот на краиштата, каде и да сме, можеме да создадеме дом исполнет со бескрајни можности“, напиша првата дама. Празничните ...
Папата Лав XIV денес изјави дека светот гледа на Блискиот Исток со страв и нагласи дека Либан е пример што треба да служи како пример за надминување на конфликтите на Блискиот Исток. Тој на меѓуверски состанок во Бејрут рече дека понекогаш човештвото гледа на Блискиот Исток со чувство на страв и обесхрабрување, соочено со толку сложени и долготрајни конфликти, пренесува Анса. „Сепак, во средината на овие борби, можеме да најдеме надеж и ...
Светската здравствена организација (СЗО) препорача употреба на нови лекови за слабеење GLP-1 за борба против растечката инциденца на дебелина, апелирајќи до фармацевтските компании да ги намалат цените на таквите лекови и да го зголемат производството, така што помалку развиените земји исто така ќе можат да пристапат до овие лекови. Најновите упатства на СЗО вклучуваат условна препорака за лекови GLP-1, како што се Вегови, Оземпик и Мунџаро, ...
Во атарот на селото Речица, кумановско, во неделата вечерта полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции лишија од слобода двајца малолетници на возраст од 15 години од Кочани. Претходно, на автопатот од наплатна рампа Романовце кон Граничен премин Табановце, полициски службеници дале знак за запирање на возило „фолксваген пасат“ со делчевски регистарски ознаки, во кое се превезувале ...
Засега ќе нема промени кај министрите во редовите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски, во интервјуто за „360 степени“. Мицкоски рече дека за нов министер за животна средина и просторно планирање е предложен Мухамед Хоџа, а за нов министер за европски прашања и потпретседател на Владата е предложен Беким Сали. Според Мицкоски, кој денеска до Собранието ги испрати предлозите за нови министри од коалицискиот партнер ...
Големата награда на Катар во шампионатот во Формула 1 ја освои Макс Верстапен, кој сè уште има шанса да ја одбрани титулата. А кој ќе биде шампион дефинитивно ќе се знае следната недела, кога ќе заврши последната трка од сезоната, во Абу Даби. Сепак, по вчерашната трка на патеката Лусаил, возачот на Мерцедес, Кими Антонели, добивал смртни закани. Неговиот тим, исто така, објави дека 19-годишниот Италијанец ја сменил профилната фотографија на ...
Поранешниот фитнес тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Марко Паники, моментално се грижи за физичката подготвеност на Данецот, Холгер Руне, но најмногу научил додека соработувал со освојувачот на најмногу гренд – слем титули во сингл, во машка конкуренција. За Новак, сè што прави мора да има цел, а Италијанецот тврди дека токму поради оваа посветеност на секој детаљ стигнал до таму каде што е сега. „Со Новак научив дека секоја вежба мора ...
Една од најголемите ѕвезди во борбите со голи раце (без ракавици), Мајк Пери, би можел да ја заврши својата кариера поради големи долгови кон државата, иако имаше година за паметење. Пери сега се соочува со проблем, зашто по бројните победи и по големата заработка е принуден да исплати повеќе од 800.000 долари за даноци, што предизвика шок кај неговите обожаватели, пишува „Блади елбоу“. Пери имаше исклучително успешна 2024 година, крунисана со ...
Продавница која продава новогодишни елки одгледувани на кралскиот имот и привлекува стотици клиенти секоја година се наоѓа веднаш до новиот дом на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Купувањето новогодишна елка е една од најубавите празнични традиции за многумина, но оваа година може да се претвори во вистинска фрустрација за семејствата во Виндзор. Причината е новата вила на принцот и принцезата од Велс, Форест Лоџ, што ја направи популарната ...
Три лица се уапсени, а едно лице е во притвор во операција на шпанската полиција, чија цел беше разбивање на ќелија поврзана со екстремистичката група „База“, која Европската Унија ја означи како терористичка организација. Полицијата заплени две огнени оружја, седум оружја за вежбање, повеќе од 20 ножеви, тактичка опрема и неонацистички пропагандни материјали во операцијата во источната покраина Кастељон, објави Ројтерс. „Водачот на шпанската ...
Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека притисокот треба да се изврши врз Русија, а не врз Украина, жртвата на агресија, ако не сакаме уште една војна за неколку години. „Се плашам дека целиот притисок се врши врз послабата страна бидејќи предавањето на Украина е најлесниот начин да се заврши оваа војна. Но, ако сакаме оваа војна да заврши и да не избувне повторно за неколку години, тогаш ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес ќе одржи состанок во Белата куќа за следните чекори во врска со Венецуела, објави CNN, повикувајќи се на неименувани извори. Се очекува да присуствуваат клучни членови на кабинетот на Трамп и тимот за национална безбедност, вклучувајќи го министерот за одбрана Пит Хегсет, претседателот на Здружениот штаб на вооружените сили, генерал Ден Кејн и државниот секретар Марко Рубио, како и началникот на ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денес, по неколкучасовните разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Париз, изјави дека „е финализиран договор за безбедносни гаранции за Украина“. Тој додаде дека во наредните денови ќе се одржат разговори и со американски претставници за да се разјасни вмешаноста на официјален Вашингтон, пренесува Франс 24. Францускиот претседател рече дека притисокот од санкциите врз рускиот енергетски ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави денес дека не може да има „диктиран мир“ во Украина и дека е во интерес на Германија да има блиски и „рамноправни“ политички односи со Полска во време кога се соочуваат со „заканата од ревизионистичкиот режим на Русија“. Особено во овие времиња, кога европското единство е под таков притисок, не смееме да дозволиме да бидеме поделени – рече Мерц на заедничка конференција по средбата со полскиот премиер ...
Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави во Брисел дека протестите „Обединети против фашизмот“, кои се одржаа во неколку хрватски градови во недела, на 30 ноември, не беа антифашистички, туку пројугословенски и насочени против Хрватска. Како доказ, тој наведе пораки и транспаренти, вклучувајќи еден напишан на кирилица. „Ги следев пораките, симболите и можам да заклучам само едно – тоа не беше протест против фашизмот. Тоа беше чист ...
Денеска, 1 декември, според пресметките на метеоролозите, започна зимата, чиј почеток се разликува од календарскиот. Во метеорологијата и климатологијата, годишните времиња се поделени на четири квартали кои траат по три полни месеци. Оваа поделба се прави главно од статистички причини за полесно мерење и споредување на податоци. Според тоа, метеоролошкиот (климатскиот) почеток на зимата е 1 декември. Календарскиот или астрономскиот почеток на ...
Освен во „Димо Хаџи Димов“, во друго училиште во Карпош не се најдени патогени бактерии, соопштија вечерва од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). – На 27 ноември, Агенцијата за храна и ветеринарство заедно со службени лица од ИЈЗ направи вонредна контрола во девет основни училишта во рамките на општина Карпош. Од секое училиште беа земени мостри од храна, како и брисеви од работни површини од кујните во училиштата. По направените анализи во ...
Ново антитело против ХИВ е откриено во Келн. Во лабораторијата, тоа покажа способност да спречи инфекции и да неутрализира вируси, пишува „Дојче Веле“. Од 1981 година, кога болеста стана позната, СИДА-та одзеде 44 милиони животи низ целиот свет. Се смета за една од најтешките епидемии во човечката историја. Иако бројот на смртни случаи се намали со текот на времето благодарение на едукацијата и превентивните мерки, луѓето сè уште умираат од оваа ...
Рускиот вицепремиер Алексеј Оверчук и монголскиот вицепремиер и министер за економија на Монголија, Џадамбин Енхбајар, денес разговараа за изградба на гасовод низ двете земји до Кина, објави „Интерфакс“. „Русија е главен снабдувач на нафта и нафтени производи на монголскиот пазар. Во септември, трите земји, Русија, Кина и Монголија, се согласија да изградат гасовод низ територијата на Монголија. Денес се осврнавме на оваа тема“, рече Оверчук по ...
Биткоинот падна под 85.000 долари во еден момент денес, бидејќи распродажбата се забрзува по најстрмниот месечен пад од средината на 2021 година. Најголемата криптовалута во светот падна за повеќе од 5% и е на пат да го постигне својот најголем еднодневен пад за еден месец. Околу 14 часот по локално време, биткоинот вредеше 85.370 долари. Биткоинот изгуби повеќе од 18.000 долари во вредност во ноември. Тоа беше неговиот најголем номинален ...
Пензиите се чувствително прашање во речиси сите европски земји – поради стареењето на населението, станува сè потешко да се обезбеди приход што гарантира пристоен живот во старост. Германија неодамна направи важен чекор: владејачката коалиција постигна договор за пензиска реформа, по месеци спорови. Доцна синоќа, ЦДУ, ЦСУ и СПД успеаја да најдат компромис за нацрт-закон што треба да им се достави на пратениците во Бундестагот оваа година. Според ...
Вршителот на должноста директор на основното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ во Омољица утрово физички нападна наставник по физичко образование во училиштето, нанесувајќи му полесни повреди, објави Независниот синдикат на српски наставници (НСПРС), објави „Н1“. Тие исто така изјавија дека вршителот на должноста директор „турнал наставничка во тоа основно училиште за време на инцидентот“. „Повредите ги дијагностицирал лекар во клиниката, а ...
Починал учесник на 24-километарскиот зимски ултрамаратон Сент-Лион откако се струполил на два километри до целта, објавија француските медиуми. И покрај брзата интервенција на службите за итни случаи, маратонецот, кој имал 59 години, а чие име не е познато, починал непосредно пред крајот на трката. Починатиот тркач од Алзас бил редовен спортист, објави париски „Фигаро“. Делницата Сент-Лион од трката ги поврзува градовите Сент-Етјен и Лион и е ...
Го најавува новиот шести студиски албум! Во изведба на песната учествуваат и врвни инструменталисти, меѓу кои се издвојува маестралниот Џељо Дестановски. Тој со звуците на зурлата на песната ѝ дава автентичен патриотски дух и препознатливи емоции кога станува збор за љубовта кон Македонија. Нашата позната и воедно омилена фолк- пејачка, но и не само фолк, пее и друг тип на музика, а сепак секогаш распеаната Лени Партикова го промовираше деновиве ...
Шкотската полиција е под притисок повторно да отвори истрага за наводно силување против покојниот Мохамед ал Фајед, поранешниот сопственик на „Хародс“, кој почина во 2023 година. Иницијативата доаѓа откако бројот на обвинувања за сексуален напад против него се искачи на повеќе од 400, а најстарото датира од 1977 година, објави „Скај њуз“. Дотичната истрага се однесува на обвинување за силување на неговиот имот во Шкотските Висорамнини. ...
Зеленски пристигна во Париз со сопругата Олена. По билатералната средба, двајцата претседатели Зеленски и домаќинот Емануел Макрон ја чекаа заедно со првата дама на Франција Брижит Макрон. Пристигнувањето на Олена е поврзано со нејзиниот ангажман во, како што се нагласува, враќањето на украинските деца од Русија, како и со означувањето на почетокот на украинската културна сезона под покровителство на Кеј д’Орсеј. Претседателите на Франција и ...
Бразилскиот Институт за форензичка полиција идентификуваше 19-годишен младич кој во неделата почина откако го нападна лавица во зоолошка градина. Тој, според извештаите, преминал шестметарски ѕид, ги пробил сигурносните огради, искористил стебло како потпора и влегол во просторот на лавицата, пренесе бразилски „Глобо“. Видео-снимките од посетителите покажуваат како младичот се качива на страничната структура на кафезот, а потоа влегува во ...