Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Белград денеска повторно беше центар на европската маратонска сцена, а 39-от Белградски маратон донесе врвни резултати и нова спортска приказна за паметење. Во трката во која беше соборен рекордот на патеката, вниманието го привлече и одличниот настап на македонскиот атлетичар Дарио Ивановски, кој го освои второто место и уште еднаш го потврди својот квалитет на големата сцена. Ивановски ја заврши трката за 02:09:35, веднаш зад победничката ...
Со уникатниот 40-минутен сценско-визуелен перформанс на истакнатата македонска пијанистка Ема Попивода и Камерниот оркестар „Профундис“, во соработка со оркестарот на Албанската радио-телевизија, беше отворен еден од најголемите културни настани во регионот, „Мјуз-екс експо фестивал“, во Тирана. Овој проект понуди современ аудиовизуелен концепт што ги спојува класичната музика, електронските елементи и визуелната уметност, претставувајќи ...
Голема мудрост е да умееме да ја сочуваме својата енергија, да ја надополнуваме, да ја заштитиме и да ја насочиме кон позитивни цели. Ништо не е побитно од нашата виталност и способност за хармонизирање на својата психофизичка енергија. Кога се чувствуваме исцрпено поради разни притисоци, стресови и негативни влијанија, тогаш многу бавно ќе напредуваме во животот. Секогаш треба да внимаваме на сопствените мисли и емоции, но и да преиспитаме ...
На модната ревија што се одржа во петокот во Штип, се претставија седум студентки од Европскиот универзитет – Марија Роглева, Ивона Мицановска, Ларита Василова, Рената Илиева, Леона Давидовска, Благица Николова и Надица Николова. Пред бројната публика, тие презентираа свои атрактивни креативни визии инспирирани од електричниот автомобил „киа ЕВ4“ и се натпреварува заедно со студенти од други приватни и државни образовни институции ...
„Луција“ е насловот на дебитантскиот роман на Лилјана Грџо Дамовска, кој деновиве излезе од печат во издание на „Сакам книги“. Според рецензентката на книгата, новинар, филмски теоретичар и критичар, Ана Василевска, во еден поширок контекст, „Луција“ е важен роман затоа што отвора нова страница во македонската проза за жената по четириесеттата, лик кој досега ретко добивал комплексен книжевен третман. Во таа смисла, додава Василевска, романот ...
Министерство за внатрешни работи информира дека денеска (19.04.2026) на електронската адреса на институцијата била добиена порака со закана дека во Ист Гејт Мол и Дајмон Мол во Скопје се поставени експлозивни направи. Веднаш по приемот на пријавата, полициски службеници презеле соодветни мерки и активности во внатрешноста и околу двата објекта. По извршените проверки било утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби. Полицијата на ...
Истражителите на украинската безбедносна служба го окарактеризираа пукањето во саботата во Киев, во кое беа убиени најмалку шест лица, а најмалку 14 беа ранети, како терористички чин, истакнувајќи дека истрагата е сè уште во тек, пренесува Укринформ. Одделно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека бројот на повредени и убиени може да се зголеми, истакнувајќи дека меѓу повредените има и 12-годишно момче. Зборувајќи за напаѓачот ...
Преговорите меѓу САД и Иран најверојатно ќе се одржат пред петок, изјавија денеска два пакистански безбедносни извори. Извори за Ал Џезира, под услов да останат анонимни, истакнаа дека до овој заклучок дошле врз основа на „слетувањето на два американски тешки транспортни авиони, C-17 Глубмастерс, во воздухопловната база Нур Кан во Равалпинди“, во близина на пакистанскиот главен град Исламабад. Тие додадоа дека патиштата од аеродромот до ...
Во обид да се спречи метежот и потенцијалниот хаос на аеродромите со кои се соочуваат многу европски дестинации по стартот на новиот систем за влез и излез во ЕУ (EES), Грција донесе еднострана одлука за олеснување на процедурите за британските државјани. Според новите правила на Европската унија, сите патници кои доаѓаат од трети земји (надвор од ЕУ) се обврзани при влез да дадат отпечатоци од прсти и биометриски податоци за лицето, со што ...
Светот изгуби непроизведена сурова нафта во вредност од над 50 милијарди долари откако започна војната со Иран пред речиси 50 дена, а ефектите од кризата ќе се чувствуваат со месеци, па дури и со години, според аналитичарите и пресметките на Ројтерс. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во петокот изјави дека Ормутскиот теснец е отворен по постигнатиот договор за прекин на огнот во Либан, додека американскиот претседател ...
Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, по што веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен. Од МВР информираат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите. „На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во ...
За гласање на парламентарните избори во Бугарија, се пријавиле 210 лица од Македонија. Најмногу пријавени има во Струмица (62), потоа во Охрид (56), па следуваат Прилеп (52), Скопје (29) и Битола (11). Пријавувањето е можно и директно на избирачките места. Во 2022 година, пак, за гласање биле пријавени 461 лице, што значи дека интересот сега е речиси преполовен. ИЗДВОЕНИ Отворен 22. „Танц фест“: Роксан Стојанов и младите македонски балетски ...
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје, претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во текот на новата седмица ќе преовладува променливо облачно време. ...
Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување. – Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Литванија и Латвија му забраниле да лета над нивна територија за време на патувањето во Москва по повод одбележувањето на Денот на победата во мај. „Литванија и Латвија веќе објавија дека нема да ни дозволат да летаме над нивна територија на пат кон Москва. Зошто? Земјите-членки на Европската унија не му дозволуваат на премиерот на друга земја-членка на Европската унија да лета над нивна територија“, ...
Јеменските Хути се заканија дека ќе го затворат теснецот Баб ел-Мандеб, една од најважните бродски линии во светот, предупредувајќи дека таков потег би можел да следи доколку САД продолжат да ги блокираат мировните процеси, што, според нив, дополнително би ја загрозило глобалната трговија со стоки и енергија. Заменик-министерот за надворешни работи на проиранската јеменска група Хути, Хусеин ел-Ези, предупреди дека би можело да дојде до ...
Италијанската премиерка Џорџија Мелони беше пречекана од францускиот претседател Емануел Макрон пред Елисејската палата во Париз, каде што се одржува конференција за поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец. Теснецот беше отворен во петок, 17 април, но помалку од 24 часа подоцна, Ормуз беше затворен, што дополнително ги засили тензиите на Блискиот Исток, бидејќи Иран има два услови за сите бродови да поминат низ овој важен поморски пат. ...
Бугарите денес излегуваат на гласачките места на осмите парламентарни избори за пет години, а се очекува коалицијата на поранешниот претседател Румен Радев да победи со ветување за борба против корупцијата. Најсиромашната членка на Европската унија е во политичка криза од 2021 година, кога масовните антикорупциски протести ја соборија конзервативната влада на долгогодишниот лидер Бојко Борисов. Сите гласачки места се отворија во 7:00 часот и ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука за ново тримесечно ослободување од санкциите, кое привремено им овозможува на земјите да купуваат руска нафта и нафтени производи од море, откако претходното ослободување истече на 11 април. Мерката е продолжение на претходната политика на ублажување на санкциите и овозможува продолжување на трговијата со руска нафта за ограничен период, со цел стабилизирање на ...
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека претседателот Доналд Трамп бил „вовлечен“ во војна со Иран од одлуките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тој влезе во војна во која Биби Нетанјаху го вовлече, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна што американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност“, рече таа за време на говорот во Детроит. Таа го обвини Трамп дека ја користи ...
Поранешниот директор на ЦИА, Џон Бренан, се придружи на растечките повици претседателот да биде отстранет од функцијата врз основа на тоа дека е несоодветен за работата, тврдејќи дека 25-тиот амандман на Уставот на САД, кој предвидува присилно отстранување на претседателот од функцијата, е „напишан имајќи го предвид Доналд Трамп“. Бренан, кој беше шеф на разузнавачката агенција под Барак Обама, рече дека неодамнешните нестабилни изјави на ...
Комесарот за проширување во Европската комисија, Марта Кос, изјави дека Албанија има реална можност да стане дел од Европската Унија до 2030 година уште порано – доколку го одржи сегашното темпо на реформи, објави Албаниан пост. Зборувајќи во Атлантскиот совет, Кос нагласи дека на Западен Балкан, двете земји кои моментално го водат процесот се Црна Гора и Албанија „Црна Гора има за цел да ги затвори сите поглавја до крајот на оваа година, ...
САД ја прошируваат својата кампања за ограничување на пловидбата на иранските бродови низ целиот свет, таргетирајќи бродови што носат иранска нафта надвор од Персискиот Залив, како и бродови што носат оружје што би можеле да завршат во земјата, изјавија во саботата американски претставници. Претставниците изјавија за „Волстрит џурнал“ (WSJ) дека американската војска се подготвува во наредните денови да се качи на танкерите за нафта поврзани ...
Генералниот секретар на Хезболах, Наим Касем, наведе пет клучни услови за мирен развој на ситуацијата по прекинот на огнот меѓу Израел и Либан. Во изјава објавена од локалните медиуми, тој нагласи дека тие треба да бидат основа на секој иден мировен договор со Израел. Барањата вклучуваат траен прекин на сите форми на непријателства на либанска територија, вклучувајќи воздушни, копнени и поморски операции, повлекување на израелските сили од ...
Американскиот институт за проучување на војната (ISW) проценува дека Иранската револуционерна гарда ја презела контролата врз донесувањето одлуки од владини претставници вклучени во преговорите со САД. Непрофитната и непартиска тинк-тенк организација вели дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи е особено под лупа. Тој вчера објави дека Ормуз е целосно отворен за комерцијален сообраќај, а Револуционерната гарда остро реагираше на ...
Поддршката за повторно членство на Велика Британија во Европската Унија расте, покажува ново истражување, при што 53 проценти од гласачите се изјасниле за целосно враќање во блокот. Анкетата на организацијата „Бест фор Бритен“, објавена во „Гардијан“, покажува дека поддршката е особено висока кај гласачите на Лабуристичката партија (83 проценти), Либералните демократи (84 проценти) и Зелените (82 проценти). Иако 61 процент од испитаниците го ...
Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, повторно во саботата ја објави можноста за одвојување на ентитетот Република Српска од Босна и Херцеговина и обединување со Србија. Зборувајќи на конгресот на партнерската Социјалистичка партија, Додик изјави дека политичката борба за Србите ќе заврши „кога ќе бидеме слободни и кога ќе се обединиме со Србија на начинот на кој мислиме дека треба“. За прв пат по долго време, Додик ги повтори своите ...
Иран не е подготвен да одржи нова рунда разговори тет-а-тет со американски претставници, изјави вчера иранскиот заменик-министер за надворешни работи Саид Хатибзаде, велејќи дека Иран нема намера да го предаде сопствениот збогатен ураниум на САД. „Можам да ви кажам дека нема да биде испорачан никаков збогатен ураниум на САД. Тоа не е можно. Ве уверувам дека иако сме подготвени да се справиме со сè што е на маса, нема да прифатиме работи што ...
Партијата на Петер Маѓар, која победи на изборите во Унгарија, го зголеми своето парламентарно мнозинство на 141 од вкупно 199 места во парламентот откако беа пребројани поштенските гласови, странските гласови и телевизиските гласови, соопшти изборната канцеларија во саботата. Централнодесничарската партија Тиса (Почит и слобода) оствари убедлива победа на изборите во недела, со што заврши 16-годишното владеење на десничарскиот премиер Виктор ...
Украински беспилотни летала нападнаа неколку руски нафтени објекти во текот на ноќта, вклучувајќи две рафинерии за нафта во регионот Самара и едно балтичко пристаниште кое извезува нафтени производи, изјавија во саботата руските регионални гувернери и украински воен функционер. Војските на Киев ги засилија нападите врз руските нафтени складишта и рафинерии, клучни извори на приходи за воениот буџет на Москва, во последните недели, понекогаш ...