Најновата анализа на сателитските FIRMS детекции, со состојба до 21 август 2026 во 10:51 UTC, покажува дека Мариовскиот регион и понатаму се издвојува како најизразено активно жариште, со поголема концентрација на детектирани топлински точки, стои во објавата на проф. д-р Влатко Спиридонов. Дополнителни активни жаришта се регистрирани во северозападниот дел на земјата, поширокиот скопски регион, Пелагонија и југоисточна Македонија. На картата ...
Повеќе од 15 пожари на отворен простор се активни во земјава, а два од нив во текот на денот директно ги загрозиле населените места, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој оцени дека денешниот ден е еден од најтешките во досегашниот дел од сезоната. Пожарот кај Струмица стигнал до куќите Како еден од најсериозните пожари, Ангелов го посочи огнот во близина на селата Баница и Водоча, непосредно до ...
До 18:00 часот попладнево регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, еден е под контрола, а 10 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Делчево – м.в. Бигла, борова шума; Општина Пехчево – с. Црвник, борова шума; Општина Куманово – с. Винце, ниска вегетација, при што се зафатени и куќи; Општина Струга – с. Делгожда кон с. Долно Татеши; Општина Прилеп – с. Бонче, ...

