Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...
Џил Бајден (75) – сопругата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден потврди дека ракот на простата на поранешниот претседател се проширил на коските, дека е свесна оти тој ќе умре, но дека се обидува да ги отфрли негативните мисли и дека не може да си го замисли животот без него. „Секако дека се плашам. Како прво, тој е речиси 10 години постар од мене. А со таква болест, едноставно не смеете да дозволите мислите да ви тргнат во ...
Најголемиот целосно електричен авион во светот, X1 од шведската компанија Heart Aerospace, успешно го заврши својот прв тест лет. Авионот помина 27 минути во воздух, достигна надморска височина од околу 335 метри, а летот потроши електрична енергија, чија вредност беше проценета на само пет долари. X1 полета од Меѓународниот аеродром Платсбург во државата Њујорк. Опремен е со целосно електричен погонски систем со моќност од повеќе од еден ...
Поранешниот српски фудбалер Урош Милошевиќ (31) е уапсен во Португалија во рамки на истрага против меѓународна криминална мрежа, откако во комбето што го управувал биле откриени повеќе од 1,5 тон кокаин, како и две парчиња наполнето огнено оружје. Според информациите на португалските медиуми, возилото било запрено минатата среда на автопатот А6. При претресот, полицијата пронашла кокаин чија вредност се проценува на околу 70 милиони евра. ...
Хрватска воведува голема промена во наплатата на патарините. Класичните патарини треба да станат минато, а возачите ќе можат да возат по автопати без запирање. Новиот електронски систем ќе ја опфати целата мрежа на хрватски автопати, пишува „Пословни“. Возачите во Хрватска можат да очекуваат голема промена во системот за наплата на патарина. Наместо да запираат на патарините, возилата ќе возат преку систем со слободен проток, додека ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат ...
Русија е подготвена да разгледа нови предлози за мирно решавање на кризата во Украина, но тие мора да ја земат предвид „ситуацијата на терен“, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Рјабков во интервју за рускиот портал News.ru изјави дека САД покажале подготвеност за „конструктивен дијалог“, како и „разбирање на позицијата на Русија“, објави Ројтерс. Според него, клучното прашање сега е колку Вашингтон ...
Научниците предвидуваат дека врвот на Ел Нињо ќе биде во ноември, а неговите ефекти обично се чувствуваат до една година подоцна. Затоа, тие не ја исклучуваат можноста 2027 година да биде најтоплата година досега. Овогодинешниот Ел Нињо би можел да стане најсилниот досега забележан. Неговото влијание низ целиот свет би можело да се види само преку поекстремни временски услови. Експертите веруваат дека ова би можело да ја направи 2027 година ...
Златото и среброто забележаа силен раст овој август, поттикнати од послабиот долар, растечкиот јавен долг на САД и намалените очекувања дека Федералните резерви повторно ќе ги зголемат каматните стапки, бидејќи инвеститорите се свртуваат кон побезбедни инвестиции. Скапоцените метали беа една од најуспешните форми на инвестирање овој месец, надоместувајќи дел од загубите од почетокот на годината. Растот на среброто беше уште поизразен од оној ...
Површината на изгорени области во Европа ќе се зголеми за 39 проценти до крајот на векот, дури и во најдоброто климатско сценарио, освен ако не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите, според ново истражување што го пренесува „Гардијан“. Топлото, суво и ветровито време, кое ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе стане почесто низ поголемиот дел од Европа поради зголемувањето на температурите ...
Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да прикаже позитивна слика за лошите економски перформанси на Русија, бидејќи повеќе не може да ја крие штетата што повеќе од четири години војна и украински напади од далечина ѝ ја нанесоа на руската економија, според новиот извештај на американскиот Институт за проучување на војната. Путин рече дека растот на БДП на Русија во моментов е околу 1 процент, опишувајќи го растот како „скромен“, но ...
Германија, погодена како и остатокот од Западна Европа од невиден бран на високи температури, годинава го бележи најсмртоносното лето досега, со околу 14.000 смртни случаи поврзани со топлотните бранови, покажуваат привремените проценки објавени во четвртокот. Податоците на германскиот Институт „Роберт Кох“ (RKI) се однесуваат на периодот до 9 август, пренесува АФП. Климатските промени предизвикани од човековите активности ги прават ...
Италијански научници пуштаат илјадници млади октоподи во Јадранското Море во обид да ја контролираат популацијата на инвазивниот вид син рак, кој го уништува локалното одгледување школки. Тим од Универзитетот во Болоња верува дека обичниот октопод може да помогне во контролирањето на популацијата на раковите, пишува Phys.org. Синиот рак потекнува од атлантскиот брег на Северна Америка, а во Средоземното Море пристигнал пред неколку децении, ...
Целата територија на Македонија денеска влегува во портокалова алертна фаза поради екстремно високи температури. Метеоролозите предупредуваат на опасен бран горештини кој ќе донесе температури и над 40 степени Целзиусови. Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи денеска и утре не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Поради портокаловата фаза, избегнувајте престој на отворено во најтоплиот период од ...
Првата половина од септември ги става во движење работите кои долго време беа заглавени, а втората половина носи конкретни одговори, потписи и прилив на пари. За четири знаци овој месец се издвојува од остатокот од годината, а тоа се: Овен, Бик, Лав и Јарец. Овен Во септември, Овенот го наоѓа ритамот што му недостасуваше. Разговор со стар познаник, некаде околу средината на месецот, отвора врата на која дури и не планирале да тропнат. ...
Во тек е интервенција на пожарот во реонот на селото Никуштак, во Општина Липково, каде што во гаснењето се вклучени и воздухопловите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен дејствуваат „ер тракторите“ на ДЗС, кои од воздух интервенираат врз зафатеното подрачје. Во Никуштак се распоредени и пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, кои од земја учествуваат во справувањето со огнот. Видеоинсертите од терен ја ...
На ден петок 21 август, целата територија на Македонија ќе се наоѓа во портокалова предупредувачка фаза поради многу високите, до екстремно високите температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени, најави Славчо Попоски. Во Скопје и околината максималната температура на ден петок, 21 август ќе се искачи до околу 39 степени. Времето ќе биде претежно сончево со појава на мала до умерена локална облачност, а ќе ...
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) денес објави дека уапсило жена осомничена за планирање бомбашки напад врз владата на државата Њујорк и седиштето на законодавното тело во Олбани, каде што се наоѓа канцеларијата на гувернерката Кети Хочул. ФБИ во тужбата поднесена до федералниот суд изјави дека Џесика Боуви (35) се заколнала на верност кон терористичката организација (ИД) во онлајн комуникациите и почнала да го планира нападот во јули. ...
Силен земјотрес го погоди јужен Перу денес, 20 август, а според Американскиот геолошки завод (USGS), земјотресот бил со магнитуда од 6,7 степени. Засега нема извештаи за жртви или сериозни штети. Земјотресот е регистриран околу 13 часот по локално време, односно околу 20 часот по централноевропско време. Според USGS, епицентарот бил околу 38 километри северозападно од Упахуачо, во покраината Паринакочас, во регионот Ајакучо, на длабочина од ...
Кесичка сода бикарбона од чини многу малку и ја има во сечија кујна, а малкумина ја поврзуваат со овошје. Најотровното овошје крие пестициди и токму она што децата го јадат од кесата, неизмиено, во автомобилот на пат од пазарот. Најголемиот проблем не е увозот. Проблемот е кората што не ја лупите. Зошто јагодите се на врвот на листата Јагодите немаат заштита. Тие немаат кора што ја фрлате како банана, немаат кора како портокал, а нивната ...
Еден маж загинал при обид за гаснење пожар во општина Тешањ, потврдија за „Аваз“ од Оперативниот центар на Зеничко-добојскиот кантон. Точните околности околу смртниот случај сè уште не се познати. Надлежните служби се на терен, а дополнителни информации за инцидентот се очекуваат откако ќе завршат сите неопходни проверки и ќе се утврдат околностите на трагедијата. Во изминатите недели, подрачјето на Тешањ – како и поголемиот дел од Босна и ...
ФБИ го запре поранешниот американски конгресмен Ерик Сволвел на аеродром и му ги одзеде електронските уреди, а за време на викендот беше извршен и претрес во неговиот дом во Вашингтон, како дел од федералната истрага за наводи за сексуално недолично однесување. Откако на почетокот на годината се појавија наводите, Сволвел се повлече од трката за гувернер на Калифорнија – во која во тоа време важеше за водечки кандидат – и се повлече од ...
Многумина веруваат дека богатиот фил е единствената гаранција за добра пита – без разлика дали станува збор за гибаница, пита со спанаќ, или пита со месо. Колку пати сте ставиле обилно количество сирење или месо, а сепак сте извадиле од рерната пита со суви, кршливи и тврди кори? Вистинските мајстори на занаетот точно знаат во што е финтата. Не е сè во филот; големата тајна всушност лежи во посебниот прелив што се нанесува на питата пред таа ...
Француските Алпи, а особено масивот Мон Блан, ова лето се погодени од рекорден број одрони на карпи. Главните причини се екстремните топлотни бранови и топењето на вечниот мраз (пермафрост) – слој од трајно замрзната почва. Токму затоа летото, кое некогаш се сметаше за најбезбеден период за планинарење, во последниве години стана период со висок ризик, пишува Euronews. Последици од топлотните бранови и топењето на вечниот мраз Веќе е поставен ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека парламентарните избори ќе се одржат на 18 или 25 октомври и додаде дека конечната одлука ќе биде позната за неколку дена. „Парламентарните избори во Србија ќе се одржат, како што стојат сега работите, или на 18 или 25 октомври, а ќе знаеме на кој ден“, рече Вучиќ во гостувањето во „Дневник 2“ на Радио Телевизија Србија. Тој истакна дека претходно најавил дека изборите ќе се одржат кон ...
Владата на Србија донесе одлука за нивото на минималната плата за периодот јануари-декември 2027 година. „Минималната цена на работа, без даноци и придонеси за задолжително социјално осигурување, за периодот јануари-декември 2027 година изнесува 405 динари нето, по работен час“, се вели во одлуката на Владата на Србија. Предлогот на Владата беше да се зголеми вредноста на минималниот работен час од сегашните 371 динари на 405 динари, со што ...
Новак Ѓоковиќ повторно проговори за крајот на својата неверојатна кариера и откри дека има уште една голема цел пред да стави точка на професионалното играње. Најдобриот тенисер на сите времиња, во интервју за „Диарио“, порача дека сака да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година, а доколку телото му дозволи, токму таму би можел да ја заврши кариерата. Неколку пати во последните години кажав дека би сакал да стигнам до ...
САД планираат да го вратат дома носачот на авиони „Абрахам Линколн“ – кој е присутен во регионот уште од почетокот на операциите против Иран – како дел од планираната ротација. Ударната група предводена од американскиот носач на авиони „Џорџ Вашингтон“ пристигна на Блискиот Исток, соопшти Централната команда на САД (CENTCOM). „Ударната група на носачот на авиони ’Џорџ Вашингтон‘ е присутна на Блискиот Исток од вчера, како дел од планираното ...
Бројот на жртви од масовниот руски напад што во текот на ноќта ја погоди украинската престолнина Киев достигна 15 лица – соопшти градоначалникот Виталиј Кличко. Според Киевската градска воена администрација, во градот се повредени 39 лица, додека министерот за внатрешни работи, Иван Вигивски, изјави дека вкупниот број на повредени во Киев и Киевската област надминал 40. Сите надлежни служби интензивно работат на терен на погодените локации. ...
Многумина веруваат дека богатиот фил е единствената гаранција за добра пита – без разлика дали станува збор за гибаница, пита со спанаќ, или пита со месо. Колку пати сте ставиле обилно количество сирење или месо, а сепак сте извадиле од рерната пита со суви, кршливи и тврди кори? Вистинските мајстори на занаетот точно знаат во што е финтата. Не е сè во филот; големата тајна всушност лежи во посебниот прелив што се нанесува на питата пред таа ...