Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
На 20 километри западно од градот Гевгелија, на пониските падини на планината Кожуф, на Конска Река, изградена е браната „Конско“ – најголемиот водостопански проект реализиран во последниве 20 години, но и најголем инфрaструктурен проект во последниве 50 години во Гевгелискиот Регион. Проектот вреден 40 милиони евра беше финансиран од буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Изградбата на браната „Конско“ започна ...
Се очекува глобалните цени на храната да пораснат двоцифрено во 2026 година, бидејќи ескалацијата на војната во Украина од страна на Русија го влошува влијанието на другите ценовни удари на храната, наведува „Оксфорд економикс“. Се очекува пченицата да биде под најголем притисок, што веројатно ќе ги зголеми цените на лебот и тестенините. Се очекува глобалните цени на храната да пораснат за 11,8 проценти оваа година и за 4,8 проценти во 2027 ...
Во недела навечер во Малишево, Косово, се случила трагедија, во која животот го загуби 25-годишната Јетлира Фониќи, која беше бремена осми месец. Според информациите од косовските медиуми, младата жена починала од прострелни рани. Членовите на нејзиното семејство се огласија по трагедијата и се збогуваа со 25-годишната жена. Косовската полиција објави дека Јетлира и нејзиниот 26-годишен сопруг биле пронајдени повредени во нивната спална соба. ...
Голем дел од Скопје денеска е прекриен со густ сив чад, а граѓаните пријавуваат интензивен мирис на изгорено. Засега нема официјална информација од каде потекнува чадот, ниту каде точно има пожар. Граѓаните на социјалните мрежи споделуваат дека чадот се чувствува и во различни делови од градот. „Зачаденоста на градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега ...
Секогаш кога политичарите ќе го споменат зборот „реформа“ во правосудството, на секој што барем еднаш влегол во судница му се крева косата на главата бидејќи во македонскиот политички речник реформата никогаш не значела воспоставување систем, туку обична партиска чистка и наметнување нова контрола врз тогите. Меѓутоа, состојбата во која се наоѓа македонското правосудство денес, доверба која се мери во едвај забележливи проценти и со историски ...
Најуспешниот македонски шаховски колектив, ШК Алкалоид, со победа ја започна одбраната на двојната круна на екипните државни првенства, кои викендов стартуваа во Струга. На машкиот турнир се пријавени дури 21 велемајстор, но и уште 13 играчи со титула интернационален мајстор и 15 играчи со титула ФИДЕ-мајстор. Вкупно 49 играчи од пријавените 100 имаат шаховска титула, наспроти 36 во 2025 година. Просечниот рејтинг на машкиот турнир е 2119 ...
Ландо Норис ја освои трката за Големата награда на Холандија во Зандворт и му донесе важна победа на Мекларен, додека Мерцедес имаше двоен подиум со Кими Антонели и Џорџ Расел. Трката започна драматично уште во првиот круг. Норис го задржа водството, но Антонели го мина Расел, додека Шарл Леклер напредуваше до четвртото место. Најголемото разочарување беше Макс Верстапен. Домашниот возач ја загуби контролата на лизгавата патека, удри во ѕидот ...
Дресот на Мајкл Џордан од третата средба во финалето на НБА во 1998 година може да стане најскапиот спортски дрес во историјата. Чикаго Булс тогаш ја совлада Јута Џез со 4:2 и ја освои шестата титула, а Џордан беше прогласен за МВП на финалето. Во третиот натпревар, Булс славеше со неверојатни 96:54, односно со 42 поени разлика, што и денес е најубедливата победа во историјата на НБА-финалињата. Дресот пред четири години го купил инвеститорот ...
Артур Фис и Коко Гоф се победници на Мастерс турнирот во Синсинати, откако двајцата беа најдобри во финалните пресметки во машка и женска конкуренција. Францускиот тенисер го освои првиот Мастерс во кариерата, совладувајќи го Американецот Франсес Тиафо со 2-1, по сетови 6:3, 1:6, 6:0. Фис одлично го отвори мечот и веднаш направи брејк, кој успеа да го задржи до крајот на првиот сет. Тиафо, сепак, возврати во вториот сет и со два брејка стигна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп дополнително ги засили тензиите на Блискиот Исток откако на социјалните мрежи го прогласи Ормускиот теснец за нова територија на САД. Неговата објава дојде само еден ден откако тој тврдеше дека САД имаат „целосна контрола“ врз областа околу стратешки важниот теснец. Во исто време, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да преземе сите мерки против, како што рече, смртоносна закана од ...
Австриската полиција обвини 28-годишен пожарникар од Бургенланд за намерно предизвикување на неколку пожари во округот Оберпулендорф во јули и август. Она што е особено неверојатно е што откако ги запалил пожарите, тој учествувал во нивното гаснење, а во два случаи дури и лично ги повикал службите за итни случаи. Случајот предизвикал загриженост кај неговите колеги, особено затоа што источна Австрија доживува екстремна суша ова лето, што ...
Копретседателката на ултрадесничарската „Алтернатива за Германија“ (АфД), Алис Вајдел, изјави дека доколку партијата влезе во федералната Влада, ќе бара Германија да ја напушти еврозоната и Шенгенскиот договор, затворање на националните граници и значително заострување на миграциската политика. Вајдел тоа го изјави во интервјуто за германската телевизија „Зе-Де-Еф“ емитувано вчера. „На Германија и беше значително подобро пред воведувањето на ...
Сообраќајот на граничниот премин Табановце се одвива непречено и без задржувања, а возилата со странски регистарски ознаки кај кои е евидентиран сообраќаен прекршок за плаќање се задржуваат најмногу до пет минути за регулирање на обврската – информираат денеска од МВР. Нагласуваат дека благодарение на воведениот систем и можноста за електронско регулирање преку апликацијата „Безбеден град“ постапката е значително олеснета и забрзана. ...
Ромео Лавија конечно успеа да заврши еден натпревар за Челзи, што за белгискиот играч од средниот ред беше многу повеќе од само редовен настап. По серијата повреди, тој ги одигра сите 90 минути на теренот и направи важен чекор кон враќање во натпреварувачки ритам. Менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо, зборуваше за таа ситуација по натпреварот. Тренерот на Челзи призна дека Лавија има одредена ментална блокада кога станува збор за играње ...
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографии на Инстаграм од средбата со познатиот белгиски актер и мајстор на боречки вештини Жан-Клод Ван Дам, кој е во Србија за да учествува на Филмскиот фестивал во Ниш. Вучиќ и Ван Дам се сретнаа во Белград, а за време на вечерата разговарале за бројни теми, од филм и спорт до Србија. „Исто така, заклучивме дека успехот, без разлика дали е во филмот, во спортот или во животот, не доаѓа без ...
Професионалните возачи бараат да им се овозможи реално користење на 90-те дена престој во Шенген-зоната. Протестот во Скопје ќе се одржи еден ден пред состанокот на работната група во Брисел, на кој се очекува решение за нивниот статус. Доколку не биде постигнат договор, превозниците најавуваат можни протести на граничните премини од 14 септември. За евентуалните блокади ќе се бара согласност од превозниците и од надлежните институции. ...
Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, денес изјави дека Украина „врши извонредна работа удирајќи длабоко во Русија“ и удирајќи ја инфраструктурата што ги одржува воените напори на Русија во Украина. „Руската економија се бори да се справи со способноста на Украина да удира длабоко во нејзината територија“, изјави Мур за BBC Radio 4. Како што оцени, Украинците добро се држат на фронтовската линија, додека Русија ...
Вкупно 231 материјални и седум вербални докази најави Јавното обвинителство на почетокот на денешното судење на поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за случајот „Државна лотарија“. За увид во нив одбраната на Груби и на другите лица доби период од една недела по што ќе продолжат судските рочишта. Тие ќе се оддржуваат со забрзано темпо – по две рочишта неделно. Ова е епилогот по денешниот старт на судскиот процес кој ...
Килијан Мбапе ова лето не ги избира само копачките што ќе ги носи во следните неколку сезони. Францускиот репрезентативец би можел да донесе деловна одлука што би можела засекогаш да го промени начинот на кој најголемите фудбалски ѕвезди соработуваат со производителите на спортска опрема. Неговиот долгорочен договор со „Најк“ истече на на 31 јули 2026 година. Партнерството што трае речиси две децении го одбележа од неговите детски денови во ...
Необичен и добро испланиран грабеж се случил во една белградска населба, кога засега непознат крадец провалил во приватна куќа и зел сеф со огромна количина пари и вредни предмети, дознава „Телеграф.рс“. Сопственикот на куќата бил шокиран на 21 август кога се вратил на имотот и ја нашол вратата провалена. Веднаш ја повикал полицијата и пријавил дека сефот, во кој содржел околу 400.000 евра во готово, како и голема количина златен накит, ...
Скорпија скриена во јакна каснала 52-годишна патничка на аеродромот во Диселдорф, соопштија пожарникарите. Инцидентот се случил во петок, а жената пристигнала во Диселдорф од грчкиот остров Кос. Жената била хоспитализирана со возило на брза помош и била однесена во болница на лекување. Повикан е и експерт за влекачи од противпожарната служба на Диселдорф, кој ја фатил скорпијата. Вештакот утврдил дека станува збор за палестинска жолта ...
Солунската обиколница во понеделник, 24 август, ќе биде делумно затворена за сообраќај во периодот од 23:00 часот до 05:00 часот утрото наредниот ден, објавува групата Грција инфо на Фејсбук. Затворањето на овој патен правец директно ги засега возачите што патуваат од правецот на Македонија и граничниот премин Евзони кон Халкидики. За време на изведувањето на градежните активности, сообраќајот во спротивниот правец (од Халкидики кон Евзони) ...
Батеријата на проектилите „Патриот“ денеска се преместува од островот Карпатос, на крајниот исток од Грција, на Крит поради иранските закани кон американските бази во Европа, објавија грчките медиуми. Трансферот започна во недела наутро, објавија неколку грчки медиуми, со фотографии на кои се гледаат ракетни системи поставени на камиони во пристаништето, пред товарењето. Батеријата „Патриот“ ќе биде транспортирана на Крит, до воениот објект ...
На 23.08.2026 година во 00:40 часот, во Полициското одделение Петровец, 41-годишната Н.Т. од Скопје пријавила дека два дена претходно, на 21.08.2026 година околу 14:30 часот, во домот на нејзиниот партнер во скопскиот регион, била физички нападната од Н.К., исто така од Скопје. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. ИЗДВОЕНИ Почнува судењето против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица ...
ИЗДВОЕНИ Со силни емоции проследена македонската премиера на „Добри луѓе“ на Манчевски/ФОТОГАЛЕРИЈА Септемвриската пензија ќе биде повисока – кој ќе добие 600, а кој до 1.500 денари повеќе? За 20 години вакво нешто немаме видено, пламените јазици беа високи неколку метри! Словенецот во јуни зел повеќе од двојно од Македонецот ИЗДВОЕНИ Со силни емоции проследена македонската премиера на „Добри луѓе“ на Манчевски/ФОТОГАЛЕРИЈА Септемвриската ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска почна судењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум лица за наводните злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Предметот преку автоматска распределба ѝ е доделен на судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски. Основното јавно обвинителство Скопје на 13 август поднесе обвинение против осумте лица како соизвршители на кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувањето. Според ...
Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе донесе нова одлука за цените на горивата. По последното поскапување од 4,5 денари кај бензините и 6,5 денари кај дизелот, останува неизвесно дали ќе следи ново зголемување. Во пресметката веќе е вклучена намалената акциза – за два денари кај бензините и четири денари кај дизелот. Владата засега не планира намалување на ДДВ-то, но најавува дека ќе ги следи цените. Главната причина за ...
Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави во саботата дека Русија очекува да го надомести недостигот од гориво на домашниот пазар со зголемување на увозот и производство на гориво со пониски стандарди. „Да, ние постојано ја следиме ситуацијата. Главните начини за компензација на недостигот се увозот и производството на гориво К-2, К-3 и К-4“, рече Новак, објави ТАСС. Новак рече дека руската влада очекува зголемување на испораките на бензин ...
Жак Морети, сопственик на барот „Le Constellation“ во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети. Според информациите од швајцарската телевизија Léman Bleu, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале. Морети е уапсен по ...
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан го поканија Иран да се приклучи на новоформираниот пакт за одбрана од Мека, објави либанската телевизиска мрежа Ал-Мајадин, повикувајќи се на висок ирански функционер, Мехди Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат, поврзана со парламентот во Иран. Рахими рече дека Иран добил покана да се приклучи на договорот од Мека и дека прашањето се разгледува. Тој додаде дека земјите во регионот „се движат ...