Соопштение на ВЛЕН: Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од Влен сè уште ниту збор. Оние што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом ќе се побара да го измерат пред граѓаните. Влен знае дека ја немал и ја нема поддршката на Албанците. Знае дека неговата власт се потпира врз милоста на политичките падрони и врз газењето на слободниот глас. Ако добиле дозвола, нека ги прифатат предвремените избори. Нивниот ...

Четворицата музичари, композитори и долгогодишни пријатели, Џијан Емин, Георги Шарески, Оливер Јосифовски и Александар Петров утревечер во 21 часот во Јавна соба ќе го промовираат авторскиот проект Jazz Extravaganza. -Jazz Extravaganza е простор во кој авторската музика добива нов живот преку импровизацијата. Композициите се почетна точка, но не и конечна дестинација, велат организаторите на концертот. Според Емин, нотниот запис е „мапа“, но ...

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања. Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, ...

Украинскиот државјанин Владимир Ж. (46), кој беше уапсен во Пула во средата откако германските власти издадоа европска потерница за негово учество во нападот на балтичкиот Северен поток, од синоќа е во притвор по одлука на судија во Окружниот суд во Пула. Украинецот беше донесен во Окружниот суд на сослушување откако беше испрашуван од страна на Окружното обвинителство, кое предложи екстрадициски притвор, а одлуката на судијата им ја потврди ...

Во изминатото деноноќие (до 7:30 часот) регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати. Активни пожари: Општина Прилеп: с. Чаниште – крак кон с. Крушевица, кон с. Лопатица, кон с. Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација). Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума). Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица ...

Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над ...

Вкупно 757 американски војници се ранети од почетокот на војната со Иран кон крајот на февруари, покажуваат податоците на Пентагон. Од нив повеќе од 580 се припадници на армијата, 86 се од морнарицата, 64 од военото воздухопловство, а 19 се маринци. Пентагон и Централната команда на САД досега имаат објавено само штури информации за околностите во кои биле ранети војниците, како и за евентуалната штета на американските воени бази во ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Утре и во ...

Доволни се само неколку секунди чекање во ред, возење во лифт или кратка пауза за раката речиси автоматски да посегне по телефонот. Следува отворање на Instagram, TikTok или друга апликација, иако во тој момент можеби немаме ниту порака ниту известување. Истражувачите велат дека ваквото однесување сè почесто не е свесна одлука, туку навика. Адријан Вард, вонреден професор на Универзитетот во Тексас, го опишува проверувањето на паметниот ...

Периодите на тага, безволност и емоционална исцрпеност се дел од животот, особено по тешки или стресни настани. Но кога ваквите чувства траат подолго, стануваат поинтензивни и почнуваат да го нарушуваат секојдневното функционирање, тие може да бидат знак дека е потребно да се побара стручна помош. Депресијата и анксиозноста се меѓу најчестите проблеми поврзани со менталното здравје, а продолжениот стрес, неизвесноста, финансиските проблеми, ...

Идејата за набавка на нов владин авион останува актуелна, а една од главните причини се високите трошоци и честите дефекти на леталото што во моментов го користи државата. Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски, во гостување во „Вести плус“ на Канал 5 изјави дека за само две години за сервисирање на сегашниот авион биле потрошени околу два милиона евра. Станува збор за авион од 2004 година, кој, според ...

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странските државјани, односно за сопствениците и возачите на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските државјани ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат ...

Вкупно 22 пожара на отворен простор се регистрирани денеска до 18 часот низ Македонија, од кои осум сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Меѓу активните е пожарот на територијата на општина Прилеп, кај селото Чаниште, кој се шири на два крака – кон селата Крушевица и Лопатица и кон Црна Река. Зафатена е ниска вегетација. Во општина Крушево, во подрачјето на ...

My Dealer го проширува својот тим и бара искусен Менаџер на сервис за нашиот сервисен центар во Глумово, Скопје. Бараме професионалец со силно техничко искуство во областа на комерцијалните и специјалните возила, кој ќе биде одговорен за организација, координација и контрола на целокупното работење на сервисот и сервисниот тим. Клучни одговорности: организација и распределба на работата на механичарите планирање и следење на сервисните ...

ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека поранешниот министер за здравство, Венко Филипче, имал директна одговорност за поставувањето на модуларните болници за време на ковид кризата, дека не потпишал технички спецификации и не бил изработен елаборат за електричната инсталација, а тетовскиот објект бил поставен над резервоар на бензинска станица. „Ислам Абази го спаси Филипче“, изјави портпаролот Валентин Манасиевски, обвинувајќи дека предметот со години бил ...

Површината на опожарени подрачја во Европа до крајот на векот ќе се зголеми за 39 проценти, дури и во најдоброто климатско сценарио, доколку не се преземат конкретни мерки за поефикасно управување со пожарите. Ова го покажува новата студија објавена од Гардијан. Топлото, суво и ветровито време, што ги претвора малите пожарни линии во големи пожари, ќе зачести во поголемиот дел од Европа поради зголемените температури предизвикани од емисиите ...

На 19.08.2026 околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов” со ул.„Ленинова” во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено” со скопски регистарски ознаки, управувано од К.К.(39) од Скопје и мотоцикл „јамаха” со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен ...

Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира. Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции. Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на хартија, да им одговориме на ...

На 19.08.2026 во 22:20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.Ј.(29) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 81-годишна мајка дека околу 12:00 часот во семејниот дом ја нападнал со тврд предмет и искршил дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 19.08.2026 во 22:20 часот на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски ...

На 19.08.2026 околу 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев” со бул.„Киро Глигоров” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „џип” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(38) од Скопје и велосипед управуван од Н.Ј.(62) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” во Скопје. ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје се обрати на отворањето на Амбасадорскиот совет, на кој присуствуваа шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на државата. На отворањето се обрати и министерот за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка. Во своето обраќање, Муцунски нагласи дека брзите промени во меѓународното опкружување ја потврдуваат потребата од натамошно ...

Скандалозно е што ПЕТ центарот не работи веќе два и пол месеци, со што на стотици најтешко болни пациенти им е оневозможена потребната дијагностика и им е загрозен животот поради неспособноста на власта на Мицкоски и минстерот Клековски, обвини претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. „ПЕТ центарот е институција која што третира, дијагностицира најтешки пациенти заболени од рак. Дневно во ПЕТ центарот се ...

СДСМ е подготвен за избори кога и да бидат распишани, со тим, програма и нов Мастер план за Македонија, но нема да биде алиби на Христијан Мицкоски за избори, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одогор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. „Не, нема да бидеме алиби. Избори ќе има кога ќе им снема пари за коруптивни тендери. Тоа нив ги интересира, ништо друго”, рече Филипче. Претседателот на СДСМ потенцираше ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници. Предметот беше оформен на 10 ...

На 19.08.2026 во 17:40 часот во Берово, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода Љ.М.(62) од с.Русиново, беровско. Претходно, тој со патничко возило „форд“, кое го управувал, удрил во паркирано патничко возило и во ограда од двор на куќа. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,62 промили алкохол во крвта. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, Кристоф Ле Риголер, на која беа потврдени одличната соработка и заедничката посветеност кон унапредување на владеењето на правото и европската интеграција на земјата. Министерот Шасивари ја истакна целосната подготвеност на Министерството за правда за забрзано спроведување на реформите согласно препораките на Европската комисија и ...

Високите цени на металите носат дополнителни приходи за бугарското рударство. Во 2025 година Бугарија произвела руда вредна 2,2 милијарди евра, а приходите во секторот пораснале за 8%, иако производството се зголемило само 1%. Во Македонија, годишната вредност на рударското производство останува околу 250 милиони евра, а единствениот рудник за бакар – „Бучим-Боров Дол“ – произведува околу 8.000 тони годишно. Проектот „Иловица“, според ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Откако претседателот Мицкоски јасно кажа дека доколку СДС и Филипче побараат предвремени избори, истите ќе ги добијат, во СДС молк и повлекување. До вчера гласни со секојдневни прес-конференции, обвинувања и повици кон ВМРО-ДПМНЕ, денес одеднаш ги снема. Очигледно е дека едно е да се биде гласен пред камерите, а сосема друго да се излезе пред граѓаните и да се побара нивната доверба. Ако СДС е толку ...

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во активностите за поставување нов систем за полевање во Ново Лисиче, спроти паркот „Авионче“, околу Спортскиот терен „Никола Христовски – Кољо“. Овој простор за првпат добива современ систем, со кој се обезбедуваат подобри услови за одржување на тревниците и на зелените површини. Системот ќе биде во должина од околу 2,5 km и ќе опфаќа повеќе од 300 прскалки, со што ќе ...

Од 9 до 11 септември 2026 година, Охрид ќе биде домаќин на Ohrid 2026 Regional Conference, регионална конференција посветена на актуелните предизвици во еврозоната и нивното влијание врз фискалните политики на земјите од Западен Балкан кои се надвор од Европската Унија. Конференцијата, која ќе се одржи во хотелот Inex Olgica во Охрид, е во организација наBalkan Economic Forum (BEF), под покровителство наМинистерството за финансии на Република ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Цинк

3.76