Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Општина Центар почна со исплата на субвенциите за купен велосипед преку проектот „Цел Центар на точак”. На сметките на граѓаните веќе се исплатени првите 90 барања, а во следниот период ќе се реализираат и останатите 100. Преку оваа еколошка мерка, општината покрива 30 отсто од сумата, односно до 3.000 денари за купување нов велосипед. Истовремено, сè уште е отворен повикот за субвенционирање дополнителна опрема за велосипеди, каде ...
Во комбе со странски регистарски таблички, инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ), откриле над два тона небезбедни млечни производи со потекло од Бугарија, што се пренесувале нелегално и во несоодветни услови, без ладилник. Комбето било запрено на автопат во близина на североисточниот град Комотини, во близина на границата со Бугарија. Комбето беше исто така сериозно е преоптоварено. Откако утврдија дека ...
Бројот бродови што вчера поминале низ Ормуската Теснина опаднал на ниво најниско во последните неколку недели, покажуваат податоците за поморскиот сообраќај, во мигови кога новите напади меѓу САД и Иран и инцидентите со бродови во регионот ја зголемуваат загриженоста за безбедноста на тој стратешки пловен коридор. Според податоците од службите за следење на пловидбата, низ теснината вчера поминале само шест бродови, што е најмал број во ...
На локалитетот Аеродром, на Осоговските Планини, вчера неформална група граѓани од Кочани, љубители на автомобилизмот, организираа автомобилско шоу. На Пониква беа изложени околу 200 автомобили на сопственици од Македонија и Србија. Координаторот на настанот, Александар Митрев истакна дека се изложени спортски и уникатни возила, олдтајмери и специјално модифицирани проекти. Изложбата посветува внимание и на учеството на дамите во ...
Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и ќе донесат дополнителни права за семејствата што патуваат, патниците со ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, синоќа го прогласи за отворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето”. Според неа „Охридско лето” симболизира и бележи долга и богата меморија и историја, просветителска и просветлувачка мисија, новоотворени музички и театарски хоризонти, космополитизам, меѓудржавно, меѓунационално, интеркултурно и меѓучовечко разбирање. За претседателката, Охрид е оаза и прибежиште ...
Во Скопје денеска ќе биде основана Кинеско-македонската стопанска комора. На настанот, како што најавуваат организаторите предвидено е да се обратат Жаолонг Шао, претседател на Кинеско-македонската стопанска комора и заменик претседателот на Владата за политички систем, Љупчо Димовски. Исто така, на настанот на основање на Комората, ќе се обрати и Хе Бингхуа, економски и трговски советник во амбасадата на Народна Република Кина во ...
Најмалку 27 лица загинаа, а осум се во критична состојба откако пожар зафати бар во популарниот кварт Чатучак во Бангкок, ноќта кон понеделник. Повеќе од 60 лица се однесени во болница со повреди. Пожарникарите беа повикани на местото на настанот кратко по полноќ и затекнаа ужасна сцена, а посетителите бегаа низ влезната врата зафатена од пламен. Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како врескаат и бегаат од запалената ...
Собранието денеска се очекува да ја започне 112. седница на која треба да бидат разрешени и избрани нови членови на Владата. Собранието треба да го разреши Игор Филков, министер за правда (ЗНАМ), а на негово место да го избере Јетон Шасивари (Вреди). Иван Стоилковиќ (Коалиција ВМРО-ДПМНЕ), ќе биде разрешен од Министерството за односи меѓу заедниците, но треба да ја преземе министерската функција во локална самоуправа. Златко Перински, ...
САД и Иран денеска продолжија со меѓусебни напади, при што Вашингтон соопшти дека погодил десетици ирански воени цели, додека Техеран објави дека нападнал американски бази во Јордан, Бахреин и Кувајт. Американската Централна команда (CENTCOM) соопшти дека биле гаѓани ирански системи за противвоздушна одбрана, крајбрежни радари, ракетни и беспилотни системи, како и помали пловни објекти. Од друга страна, Иранската револуционерна гарда соопшти ...
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 км/ч. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...
Откако млада девојка од Куманово јавно ја сподели својата семејна драма и побара помош за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, надлежните институции презедоа конкретни чекори за решавање на случајот. Во видео-обраќање кое предизвика силни реакции во јавноста, таа раскажа дека со години живее во страв поради агресивното однесување на нејзиниот татко. Според нејзините тврдења, тој има проблеми со алкохол и дијагностицирани ...
Пратеничката Славјанка Петровска јавно понуди помош за Меланија од Куманово, која деновиве преку социјалните мрежи побара заштита за себе, својата мајка, баба и братот со церебрална парализа, тврдејќи дека со години се жртви на семејно насилство и закани. Во објава на Фејсбук, Петровска порача дека таа и нејзиниот тим стојат на располагање и најави конкретна поддршка за семејството. „Ќе помогнеме да се обезбеди привремено безбедно сместување ...
Пишува: Мирослав Трлин дипломиран економист во пензија „Дијаспората не се враќа со изборен закон, туку со држава во која повторно ќе поверува.“ Секое отворање на прашањето за гласањето на македонската дијаспора повторно ја разгорува политичката дебата. Едните предлагаат електронско гласање, другите гласање по пошта, трети предупредуваат на можни злоупотреби и безбедносни ризици. Секој изнесува свои аргументи, а јавноста повторно се дели околу ...
На 11.07.2026 околу 07:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир С.Д.(55) од Скопје додека го управувал неговото возило настанал пожар во движење. Истиот успеал да излезе, а од пожарот се здобил со изгореници во пределот на телото. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје, а тој бил пренесен во Јавната здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош. Излезено е на местото на ...
Украинската премиерка Јулија Свириденко денес поднесе оставка, а претседателот на земјата Володимир Зеленски најави дополнителни промени во украинската влада. Во изјава преку социјалните мрежи, Свириденко изјави дека е „горда што имала чест да ја води владата во еден од најтешките периоди во модерната украинска историја“. Таа, исто така, рече дека разговарала за следните чекори со Зеленски, но не даде дополнителни детали. „Останувам ...
Американската војска денес соопшти дека Ормутскиот теснец е „отворен“ и дека бродарството „функционира“ и покрај претходното иранско соопштение дека го затвора стратешки важниот воден пат по обновените непријателства со САД. „Ормутскиот теснец е отворен за сите бродови кои сакаат легално да го транзитираат овој меѓународен воден пат“, напиша Централната команда на САД (Centcom) на платформата X. „Иран не го контролира теснецот. Навигацијата ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 22 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 13 од кои по четири во Скопје, и Битола, две во Виница, по едно лице во Куманово, Кавадарци и Тетово управувале возило без положен возачки испит, а еден од нив и управувал возило под дејство на алкохол. Потоа под дејство на алкохол возеле по две лица во Скопје и Крива Паланка и по ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Вториот протест на ДУИ за имињата на улиците и плоштадите во Тетово не беше протест на граѓаните, туку манифестација на стравот на партијата на која ѝ истекува политичкото време. ДУИ повеќе од две децении ја држеше локалната и централната власт. Денес, наместо да се извинува за прекршените ветувања и проблемите што ги остави зад себе, излегува на улиците обидувајќи се да се претстави како жртва. Граѓаните не ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба”, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле”, ...
На 11.07.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во стан на подрачјето на општина Аеродром бил пронајден починат Ѓ.П.(40) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е предадено во судска медицина за обдукција На 11.07.2026 околу ...
Соопштение за јавност на Левица: Изборниот законик е еден од најважните закони во секоја демократија и токму затоа е несериозно владејачкото мнозинство да се повлекува од процесот и сопствената одговорност да ја префрли врз опозицијата. ДПМНЕ ја пушти змијата во процесот – постави црвени линии околу гласањето на дијаспората, го оптовари целиот процес со тема што не беше предмет за формирање на Работната група, а потоа се повлече на страна, ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Не можете да кажете дека СДСМ шири невистини, кога граѓаните сами гледаат. Не треба никој да ги убедува. За ова нема лаги – само вистина. Oрганизираната криминална група ВМРО повторно се обидува со суви бројки и пропаганда да го убеди народот дека живее подобро. Тврдат дека имаме најниска инфлација во регионот и дека СДСМ шири паника. Но народот не живее од статистички извештаи. Народот живее од тоа што го гледа ...
Пожар избувна вчеравечер во познатиот угостителски локал „Baking Bread“ на улицата „Димитрие Чуповски“, кај Рекорд во центарот на Скопје. Огнот зафатил дел од локалот, кој се наоѓа во приземјето на станбена зграда, но благодарение на брзата интервенција на Противпожарната бригада бил навреме локализиран и изгаснат, со што било спречено негово проширување. По инцидентот, сопственикот на локалот, Мише Цвејевски, се огласи на социјалните мрежи, ...
Шеснаесетгодишен малолетник од скопско Сарај е лишен од слобода откако, според информациите на полицијата, со остар предмет тешко повредил 14-годишен малолетник по претходна расправија. Од СВР Скопје информираат дека на 11 јули 2026 година било пријавено дека околу 15:00 часот, пред угостителски објект во село Сарај, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници. По кратко време, пред продажен објект, повторно ...
Тројца жители на Скопје се лишени од слобода откако, според сомнежите на полицијата, извршиле кражба во продажен објект во Велес. Благодарение на брзата реакција на полициските службеници, украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Од СВР Велес информираат дека на 11 јули 2026 година, околу 12:30 часот, биле приведени С.С. (32), М.Х. (22) и Б.Ј. (19), сите од Скопје. Настанот бил пријавен од 39-годишна вработена во ...
Романски државјанин беше успешно пронајден во раните утрински часови по ноќна спасувачка акција во кањонот Матка, откако преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 пријавил дека се изгубил во близина на пештерата Врело, на подрачјето на Општина Сарај. По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги активирал сите надлежни институции. За случајот биле известени Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за ...
Соопштение на СДСМ Христијан Мицкоски и неговата влада се подготвуваат за предвремени парламентарни избори Иако коалициониот партнер Фатмир Лимани најави 18 април 2027 година како можен термин, поради драматичниот пад на рејтингот и целосниот економски колапс, Мицкоски ќе се обиде да ги распише многу порано – најверојатно до крајот на оваа или на почетокот на следната година. Причината е јасна и не може да се прикрие: во буџетот нема пари, ...
Во последните години сведоци сме дека секоја јавна расправа за рударството, а особено за проектот „Иловица – Штука“, сè почесто се претвора во натпревар кој погласно ќе зборува, наместо кој ќе понуди повеќе факти. Веруваме дека е време оваа дебата да се врати таму каде што припаѓа – кај науката, експертите и институциите. Кога се носат одлуки што ќе имаат влијание врз животната средина, здравјето на луѓето, економијата и иднината на државата, ...
Тројца планинари беа успешно спасени од непристапен дел на планината Бистрица, откако еден од нив почувствувал сериозни здравствени тегоби за време на планинарењето. Благодарение на брзата координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и заедничката акција на повеќе институции, сите лица безбедно беа евакуирани и пренесени на лекарски преглед. Пријавата за помош била примена преку Единствениот повикувачки број 112 во 18:46 часот, кога ...