Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Иранската војска рано утрово соопшти дека спречила премин на нафтен танкер кој се обидел да мине низ Ормутски Теснец, откако Техеран претходно најави затворање на една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. Според иранските државни медиуми, во текот на ноќта биле регистрирани детонации во близина на Бандар Абас, најголемиот ирански пристанишен град на брегот на Персискиот Залив. Сепак, државната новинска агенција ИРНА ...
Во новата епизода на Внимание ги прашавме граѓаните која им е омилена игра од детство? Добивме различни одговори, на најголем дел од нив омилена игра од детството им е жмурка, ластик, крадци и полицаец. На прашањето – Дали децата киснат на телефони и гејмаат по дома затоа што нема каде да си игаат, повеќето од граѓаните ни одговорија потврдно: Доколку би имало повеќе паркови и повеќе безбидни места дефинитивно повеќе ги излегувале надвор. ...
Документарниот филм „Силјан“ на македонската режисерка Тамара Котевска продолжува да освојува признанија на меѓународната сцена. На 66. издание на Krakow Film Festival во Полска, филмот ја доби престижната FIPRESCI награда, која ја доделува Меѓународната федерација на филмски критичари. Станува збор за едно од најзначајните признанија во светот на филмската уметност, кое се доделува од страна на професионални филмски критичари од различни ...
Иранските власти соопштија дека Ормускиот теснец, еден од најважните поморски коридори за транспорт на нафта и гас во светот, ќе остане затворен до понатамошно известување по најновата ескалација на конфликтот со Соединетите Американски Држави. Одлуката ја потврди новоформираното тело задолжено за надзор на теснецот, откако претходно Револуционерната гарда најави ограничувања за пловидбата во областа. „Поради тензиите предизвикани од ...
Воениот конфликт на Блискиот Исток влезе во фаза на сериозна и континуирана ескалација, откако вооружените сили на Соединетите Американски Држави и Исламската Република Иран втор ден по ред разменија директни воени удари. Новата спирала на насилство и одмазднички акции сериозно ги загрозува претходно постигнатите кревки договори за прекин на огнот. Додека официјален Вашингтон соопштува дека воените операции се изведуваат во рамките на ...
По повеќе од една деценија континуиран раст на глобалното раселување, бројот на луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови поради војни и прогони во 2025 година бележи намалување. Сепак, Обединетите нации предупредуваат дека враќањето дома не значи и крај на страдањата за милиони луѓе. Според најновиот извештај на Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР), минатата година околу 14,7 милиони бегалци и внатрешно раселени лица се вратиле во ...
Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека САД ќе продолжат да ја водат својата политика кон Иран исклучиво според сопствените национални интереси, дури и ако тоа не се совпаѓа целосно со позициите на Израел. Во интервју за Fox News, Венс нагласи дека главниот приоритет на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп останува спречувањето на Иран да развие нуклеарно оружје, а не исполнувањето на политичките очекувања ...
Вашингтон и Техеран влегоа во директен воен конфликт по жестоките американски напади врз цели во Иран, на кои иранската војска возврати со ракетирање на 18 американски воени бази во регионот. Тензиите ескалираа откако Белата куќа соопшти дека ќе продолжи со бомбардирањето се додека Иран не го потпише договорот за нуклеарната програма, додека Техеран најави масовен отпор. Воените дејствија се закануваат целосно да го дестабилизираат Блискиот ...
Новинарите во Овалната соба го замолија американскиот претседател Доналд Трамп да разјасни претходна изјава дека Иран „ќе мора да плати цена“. „Па, ќе ги нападнеме, ќе ги нападнеме многу силно“, рече Трамп. На прашањето дали тоа значи продолжување на бомбардирањето, Трамп одговори: „Да, па, со оглед на хеликоптерот, претпоставувам дека имаме право да го сториме тоа“. Трамп претходно го обвини Иран дека со беспилотно летало соборил хеликоптер ...
Двајца членови на екипажот се водат како исчезнати откако избувна пожар на танкер што пловел во близина на брегот на Оман, соопшти организацијата за следење на бродови, Обединето Кралство Поморски Трговски Операции (UKMTO). Според агенцијата, пожарот избувнал во машинската просторија на танкерот, кој се наоѓал околу 37 километри североисточно од градот Сохар во Оман. Ескалација на тензијата UKMTO потврди дека во инцидентот е пријавена ...
Нова ескалација на Блискиот Исток ја зголеми загриженоста за поширок регионален конфликт, откако САД извршија напади врз цели во јужен Иран, а Техеран возврати со ракетни и дронски напади кон американски воени позиции во регионот. Според иранските државни медиуми, силни експлозии биле регистрирани на островот Кешм, во Бандар Абас и во округот Џаск, три стратешки локации долж Ормускиот теснец, еден од најважните светски поморски коридори за ...
Франција му забрани влез на израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич, со образложение дека тој активно поддржува анексија на Западниот Брег и политики кои се спротивни на решението за две држави. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека Смотрич промовира проширување на израелските населби и мерки кои би можеле да ја ослабат Палестинската управа. Според Париз, ваквите ставови се неприфатливи за поголемиот ...
Град Скопје најави дека утре, во раните утрински часови, ќе се спроведе авионска дезинсекција против ларви од комарци. Акцијата ќе се реализира доколку временските услови го дозволат тоа. Доколку прскањето не може да се изврши утре, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со поволни временски услови, во истиот термин. Од Град Скопје апелираат до пчеларите навреме да ги заштитат пчелите, бидејќи препаратите што се користат при прскање ...
Соединетите Американски Држави извршија нови напади врз цели во Иран, откако американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Техеран дека соборил воен хеликоптер од типот AH-64 „Апачи“ во близина на Ормускиот Теснец. Двајцата пилоти биле спасени и се неповредени. Американската Централна команда, надлежна за операциите на САД на Блискиот Исток, соопшти дека нападите биле изведени како „пропорционален одговор“ и како мерка на самоодбрана по, ...
Американскиот борбен хеликоптер AH-64 „Апачи“, кој се урна во близина на Ормускиот теснец, најверојатно бил погоден од ирански беспилотен леталник од типот „Шахид“, објави порталот „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван американски функционер. Според информациите, инцидентот се случил за време на патролна мисија во стратешки важниот поморски коридор. Од американската Централна команда (CENTCOM) соопштија дека двајцата членови на екипажот биле ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во последниот месец испратил повеќе писма до различни институции и држави со различни намери, и дека писмото до рускиот лидер Владимир Путин го донело резултатот на кој се надевал. Изјавата ја даде за време на заедничката прес-конференција со лидерите на нордиските и балтичките земји во Талин, пишува „Украинска правда“. Го постигнав тоа што ми беше потребно „Во последниот месец испратив ...
На регионалниот самит во Талин, на кој присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, лидерите на Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија порачаа дека ја поддржуваат Украина на нејзиниот „неповратен пат“ кон НАТО и ЕУ. Во заедничката декларација беше нагласено дека Украина денес претставува значаен стратешки партнер за Алијансата, благодарение на искуството стекнато на бојното поле, развојот на ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се наоѓа во најповолна позиција во последните две и пол години, оценувајќи дека Русија е сè поизолирана на меѓународната сцена. Во своето обраќање, Зеленски порача дека долготрајната воена, финансиска и дипломатска поддршка од западните партнери почнува да дава резултати, додека Москва се соочува со сè поголем притисок поради санкциите и намалената меѓународна поддршка. „Не сме ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе престојува во посета на Собранието, каде што ќе биде примен од претседателот на законодавниот дом, Африм Гаши. Средбата доаѓа во период кога евроинтеграциите, реформите и улогата на Собранието во европскиот процес остануваат меѓу клучните теми во политичкиот дијалог меѓу Македонија и Европската Унија. Двете средби се дел од редовната парламентарна и дипломатска комуникација на законодавниот дом со ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ги вложува „завршните напори“ за постигнување договор со Иран, во момент кога Блискиот Исток повторно е под силни тензии по новата размена на напади меѓу Израел и Иран. Трамп рече дека САД работат на договор кој, според него, би бил „многу, многу добар“ и најави дека исход може да има во рок од два до три дена. Тој нагласи дека секој договор мора да ја исклучи можноста Иран да ...
Американскиот претседател Доналд Трамп од крајот на март најмалку 37 пати изјавил дека договор со Иран е на повидок или дека Техеран е подготвен за спогодба, но досега таков договор не е постигнат, пренесува анализа на CNN. И покрај повторените најави дека преговорите се во завршна фаза, реален напредок сè уште нема, а претходните рокови што ги споменувал Трамп – од неколку дена до неколку недели – не се оствариле. Неговите изјави за ...
Четиринаесет лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во нов бран израелски воздушни напади врз јужен Либан, соопштија либанските власти и Црвениот крст. Според Министерството за здравство на Либан, во напад врз селото Зифта во регионот Набатије загинале седум лица, меѓу кои сириско дете и жена, додека осум се повредени. Во одделни напади, пет лица загинале во градот Тир, откако претходно израелската армија издаде наредба за евакуација на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека лично го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не презема чекори што би можеле да доведат до нова војна со Иран, порачувајќи му дека во таков случај Израел ризикува да остане без поддршката на САД. Во интервју за американскиот портал „Аксиос“, Трамп откри дека во директен разговор со Нетанјаху испратил јасна порака. „Му реков: ‘Биби, подобро внимавај, инаку многу брзо ќе ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека членството на Украина во НАТО повеќе не е само украински интерес, туку и прашање од стратешко значење за самата Алијанса. Во интервју за британскиот весник „Гардијан“, Зеленски нагласи дека Украина денес претставува важен безбедносен партнер за западните земји благодарение на искуството стекнато во повеќегодишната војна со Русија. „Земјите како Франција, Германија и Обединетото Кралство ...
Од полноќ стапија во сила нови малопродажни цени на горивата во земјава. Според последната одлука, бензините бележат намалување на цените, додека дизелот поскапува. Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 е намалена за два денари и сега изнесува 86 денари за литар. За два денари е поевтин и ЕУРОСУПЕР БС-98, кој од полноќ се продава по цена од 88 денари за литар. За разлика од бензините, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 1,50 денари по литар и од денеска ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да внимава со следните потези кон Иран, бидејќи Израел може брзо да се најде сам во евентуална поширока војна. Во изјава за израелскиот Channel 12, Трамп рече дека му порачал на Нетанјаху да не дозволи размената на напади со Иран да прерасне во целосен воен конфликт. „Му реков на Биби да внимава што прави, затоа што многу брзо може да ...
Силно невреме проследено со дожд и со силен ветер попладнево го зафати Охридско – струшкиот регион. Во Охрид поплавени се десеттици улици. И во двата града поради невремето снема струја, а МЕПСО информира дека дошло до дефект на далеководот кој ги поврзува Охрид и Струга. Според информациите голем дел од објектите и домаќинствата повторно се вратени на електричната мрежа а остануваат да се средат уште неколку помали дефекти. Инаку утрово ...
Американскиот претседател Donald Trump повика на итен прекин на огнот меѓу Israel и Iran, откако двете земји повторно разменија напади и дополнително ги зголемија стравувањата од поширока регионална ескалација. Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека Израел и Иран мора „веднаш да престанат да пукаат“, додавајќи дека се водат завршни мировни преговори и дека постои можност за брзо постигнување договор за примирје. ...
Стотици студенти и овој месец останаа без правото на субвенциониран студентски оброк, откако, според информациите што ги објави „Студентарија“, на дел од студентите им било прекинато правото поради административни пропусти во доставувањето и ажурирањето на податоците. Според „Студентарија“, најголем дел од погодените студенти овој месец се од Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во известувањата што ...
Две 15-годишни момчиња се удавија во неделата во Јужна Морава, во близина на селото Сталаќ, потврди Полициската управа Крушевац. Според информациите што ги пренесува Н1, момчињата се удавиле додека ловеле риба во близина на железничкиот мост над Јужна Морава во Сталаќ. Медиумите објавуваат дека момчињата, според првичните информации, биле повлечени од вртлог. Од Н1 пренесуваат дека нема елементи на кривично дело, а надлежните органи ги ...