Во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела загинаа повеќе од 900 луѓе, а повредени се 3.360, покажуваат владини бројки. Спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани, додека семејствата очајно чекаат вести за своите најблиски, јавува Би-Би-Си . Два силни земјотреси ја погодија Венецуела во среда, во рок од неколку секунди. Вториот земјотрес, со магнитуда од 7,5 степени, беше еден од најсилните што ја погодиле земјата во ...

На денешен ден во 1991 година, тогаш сојузните држави на СФРЈ, Словенија и Хрватска, прогласија отцепување и своја независност. Собранијата на Словенија и Хрватска прогласија еднострана независност на 25 јуни 1991 година. Истиот ден тогашната сојузна влада, тогаш официјално Федералниот совет на Собранието, ги прогласи одлуките за отцепување за нелегални. Словенија денес го слави Денот на државноста и 35-годишнината од прогласувањето на ...

Американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC) го подигнаа нивото на одговор на епидемијата на ебола во Демократска Република Конго на највисокото можно ниво, поради забрзаното ширење на болеста. И покрај тоа, американските здравствени власти нагласуваат дека ризикот од ширење на вирусот во САД засега останува низок. Според последните податоци, епидемијата на сојот Bundibugyo заразила повеќе од 1.200 лица во Конго, а 321 ...

Нов земјотрес со магнитуда од 4,9 степени ја погоди северната обала на Венецуела, само неколку дена по двата разорни потреси што предизвикаа огромни разурнувања и однесоа речиси 1.000 животи. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот бил почувствуван во Каракас и Маракај. Засега нема информации за нови жртви или материјална штета. Спасувачките операции продолжуваат Во меѓувреме, спасувачките тимови и натаму работат ...

Две лица загинаа, а уште 12 се повредени, меѓу кои и две деца, во руски напад со дрон врз минибус во градот Никопол, во украинската Дњепропетровска област, соопшти регионалниот гувернер Олександр Ханжа. Според објавата на гувернерот на Телеграм, дронот го погодил минибусот во петокот, при што животот го загубиле двајца патници. Повредените се пренесени во болница, а меѓу нив има и две деца. Никопол се наоѓа на спротивниот брег на реката ...

Американската војска изврши воздушни напади врз ирански складишта за дронови, ракети и радарски позиции, како одговор на неодамнешниот напад врз трговскиот брод Ever Lovely во Ормускиот Теснец. Нападите претставуваат прва директна воена ескалација меѓу САД и Иран по потпишувањето на привремениот меморандум за разбирање на 17 јуни. Американската Централна команда (CENTCOM) објави снимка од ноќните операции. На видеото, кое е означено како ...

Разорните земјотреси што ја погодија Венецуела во текот на ноќта меѓу среда и четврток продолжуваат да земаат човечки жртви, а меѓу загинатите има и голем број странски државјани. Според официјалните информации од повеќе амбасади и министерства за надворешни работи, најмногу жртви има од Португалија, Шпанија, Италија и Кина. Португалското Министерство за надворешни работи соопшти дека во катастрофалните земјотреси загинале девет португалски ...

До 18:00 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, информираа од Центарот за упрвавување со кризи. Од регистрираните пожари два се уште се активни, додека пет пожари се изгаснати, додаваат од ЦУК. Активни пожари има во Општина Прилеп – место викано Маркова Чешма (ниска вегетација) и во Општина Василево – с. Нова Мала каде гори ниска вегетација). Изгаснати пожари: Општина Струмица – с. Банско ...

Украинската Служба за безбедност (SBU) денес објави дека нејзини беспилотни летала нападнале руски воени бродови за поддршка кои се во изградба и систем за воздушна одбрана С-400 во окупираниот Керч, како дел од новата 40-дневна операција на Крим. Операцијата, која има за цел да ја намали способноста на Русија да го користи Крим како воен и логистички центар, беше одобрена од претседателот Володимир Зеленски. Според СБУ, нападот бил насочен ...

Македонскиот ракометен првак Вардар ги дозна противниците за новата сезона во Лигата на шампионите, по ждрепката што се одржа во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена. Вардар ќе игра во групата Б, заедно со Нант, Мелсунген и Висла Плок. Во оваа фаза македонскиот претставник ќе одигра шест натпревари, а новиот систем на натпреварување носи јасна цел — пласман меѓу првите два тима во групата. Екипите што ќе завршат на првото и ...

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја дозна противничката во првото коло од главниот турнир на гренд слем турнирот Вимблдон. Во главната фаза, Ѓорчевска ќе игра против Американката Анисимова. Анисимова е шеста на ВТА листата и тенисерка која минатата сезона играше во финалето на Вимблдон. Инаку, претходно, Ѓорчевска испиша историја откако победи во сите три квалификациски дуели од неофицијалното светско тениско првенство. Лина ги ...

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди североисточната јапонска префектура Чиба, во близина на Токио. Нема издадена закана од цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.Потресот на земјата се почувствувал и во главниот град Токио, предизвикувајќи вознемиреност кај населението. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 50 километри, според податоците на метеоролошката служба, пренесува Japan ...

Украинската противвоздушна одбрана вечерва одби нов руски ракетен напад врз Киев, а остатоци од пресретнатите ракети паднале во најмалку една градска населба. Според првичните информации од локалните власти, нема пријавени повредени, јавува „Ројтерс“. Остатоци од ракета предизвикале пожар Сведок на „Ројтерс“ изјавил дека видел како украинската ПВО пресретнала најмалку една руска ракета.Началникот на воената администрација на Киев, Тимур ...

Иран ги отфрли плановите, поддржани од Обединетите нации, за масовна евакуација и организирано движење на бродови низ Ормутскиот Теснец, што повторно ги зголеми стравувањата за безбедноста на една од најважните светски поморски рути, објави „Гардијан“. Предлогот, зад кој застана и Оман, требаше да биде првата фаза од поширока иницијатива за нов модел на управување со Ормутскиот Теснец. Планот предвидуваше доброволни надоместоци за користење ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека одобрил 40-дневна операција чија цел е да се зголеми притисокот врз Русија и да се поттикне Москва кон прекин на војната. Според неговата објава на Телеграм, одлуката е донесена по консултации со шефот на државната безбедност, а операцијата ќе биде насочена кон влијание врз руската држава како „агресор“. Украина веќе подолг период спроведува напади со среден и долг дострел врз цели во ...

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во историјата на македонскиот тенис откако за првпат во кариерата обезбеди пласман во главната фаза на најпрестижниот тениски турнир во светот – Вимблдон. Со овој успех, Ѓорческа стана првата македонска тенисерка која преку квалификациите успеала да се избори за место во главниот жреб на Вимблдон, остварувајќи еден од најголемите резултати во својата кариера. Патот до главниот турнир ...

Дел од корисниците во општина Карпош утре и во сабота ќе бидат без вода за пиење, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според известувањето од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради санација на два затворачи со профил Ф-400 и Ф-500 милиметри. Доколку постојат технички услови, интервенцијата ќе започне утре, во петок, од 18 часот и ќе трае до завршување на работите. Без вода ќе останат корисниците од ...

Морнарицата на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) предупреди дека безбедното минување низ Ормутскиот теснец е можно само преку патиштата одредени од иранските власти, наведувајќи дека секое движење надвор од официјално назначените коридори е „забрането и опасно“. Во соопштението на Гардата се наведува дека алтернативните транзитни правци се „неприфатливи и целосно опасни“ и дека секој сообраќај надвор од одобрените правци ќе биде предмет ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање изјави дека Украина продолжува жестоко да одговара на руските напади и дека Москва трпи огромни загуби на окупираните територии. Руската воена логистика и самото присуство на окупаторите се сериозно загрозени, што, според него, е јасен сигнал дека Русија нема да се извлече со кражба на украинска земја. Зеленски нагласи дека акциите на Украина, вклучително и оние на Крим, ...

Градот Скопје ги информира граѓаните дека претстојниот викенд, на 27 и 28 јуни 2026 година (сабота и недела), во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на територијата на градот. Доколку временските услови не дозволат реализација на активноста, прскањето ќе биде одложено за првиот следен ден со поволни услови, во истиот временски термин. Од надлежните апелираат пчеларите навреме да ги ...

Во галерија „Остен“ вечерва од 20 часот беше отворена изложбата „Дијалог на форми“, на која се претставени слики од уметникот Мице Јанкуловски и скулптури на Блаже Крстаноски. Како што соопштија од „Остен“, изложбата го истражува визуелниот дијалог меѓу двајца автори, две различни уметнички дисциплини и два креативни пристапи. Организаторите истакнуваат дека делата создаваат своеобразен разговор без зборови, во кој формите на платното и ...

Најмалку 32 лица загинаа, а околу 700 се повредени во разорните земјотреси што ја погодија Венецуела, соопшти привремената претседателка Делси Родригес. Таа истакна дека сè уште нема целосни податоци за состојбата во сојузната држава Гваира, која се наоѓа во близина на главниот град Каракас и која, според неа, е најтешко погодена. Ова се првите официјални бројки за жртвите од моментот кога земјата беше погодена од силен земјотрес со јачина ...

И покрај постигнатото примирје и прекинот на директните воени судири, Блискиот Исток и натаму останува регион со високи безбедносни ризици и дипломатски тензии. Американскиот претседател Donald Trump изјави дека Иран направил значајни отстапки во текот на преговорите со Вашингтон, додека двете страни продолжуваат да разговараат за деталите и спроведувањето на постигнатите договори. Во меѓувреме, американскиот државен секретар Marco Rubio ...

МВР информира дека денеска од Република Србија во Македонија екстрадиран е Саит Саитов (19) од Скопје. Тој беше баран со меѓународна потерница поради основано сомнение за сторени кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ која се случи во Скопје на 09.01.2026 година. Саитов во јануари оваа година возејќи автомобил без да има возачка прегази жена во ...

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниов викенд, односно на 27.06.2026 година (сабота) и на 28.06.2026 година (недела), во раните утрински часови ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат ...

Иницијативата што ја започна „МОЈ ПРИЛЕП“ за промена на состојбите во градот наиде на голема поддршка кај прилепчани, и кај младите, но и кај повозрасните граѓани. На повикот за помош околу уредувањето на некогаш култното игралиште кај интернатот се вклучија десетици доброволци, кои со заедничка работа придонесоа просторот повторно да изгледа уредно и чисто. Оваа работна акција е уште еден пример дека кога граѓаните се обединуваат околу ...

Рано утрово завшри второто коло од групната фаза на Светското првенство. Седум репрезентации победија и во двете кола и тоа им донесе математички пласман во следната фаза. Домаќините Мексико и САД, како и репрезентациите на Германија и Аргентина во следната фаза се квалификуваа како првопласирани во групата. Покрај нив, пласман во 1/16 финалето изборија и Франција, Норвешка и Колумбија, но нивниот конечен распоред на табелата ќе биде познат ...

Меѓународната поморска организација на Обединетите нации (ИМО) официјално го активираше долгоподготвуваниот план за евакуација на стотици трговски бродови и околу 11.000 поморци, кои со месеци беа заробени во Заливот поради воените тензии. Како што пренесува агенцијата „Ројтерс“, оваа масовна спасувачка акција доаѓа непосредно откако Иран и Соединетите Американски Држави постигнаа договор за регионален прекин на огнот и деескалација, со кој ...

Денес се комплетира второто коло на Мундијалот, а освен првите пласмани во втората фаза, веќе се одвоија и неколку играчи кои имаат по неколку погодоци по првите два натпревари. Лионел Меси вчера против Австрија постигна два гола и го задржа првото место на ранг листата на најдобар стрелец. Аргентинецот во два меча има пет погодици. Вчера, по два пати погодија и Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд со што сега и двајцата имаат по четири погодоци. ...

Американскиот претседател повторно ги нападна европските членки на НАТО, обвинувајќи ги дека не застанале зад САД во конфликтот со Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп повторно отвори фронт со европските сојузници од НАТО, само неколку часа пред пристигнувањето на генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, во Вашингтон. Говорејќи во Белата куќа, Трамп ги обвини неколку клучни европски држави дека со години се потпираат на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
0.93
57%
1019
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
78%
1018
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
0.71
72%
1018
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
1.87
48%
1020
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.02
68%
1017
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
0.19
80%
1018
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
1.79
59%
1014
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.55
46%
1016
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
48%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.13
74%
1016
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
63%
1018
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 21ᴼ
3.96
88%
1014
Currency

61.6317

Currency

53.9045

Currency

72.2733

Currency

37.4274

Currency

38.1691

Currency

66.6382

Currency

7.96221

Currency

0.70373

Currency

0.3328

Currency

0.5253

Currency

1.14813

Currency

0.56395

Алуминиум

3.16

Цинк

0.00

Родиум

262028.58

Платина

51216.14

Сребро

1844.33

Рутениум

49029.89

Бакар

12.60

Кобалт

56.29

Калај

52.80

Паладиум

39513.27

Злато

128281.48

Иридиум

247560.75