Qualcomm и MediaTek во септември треба да ги претстават своите нови премиум мобилни чипови, кои според неофицијалните информации ќе бидат произведени со новиот 2-нанометарски N2P процес на TSMC. Најмногу внимание привлекува Snapdragon 8 Elite Gen 6 Pro, за кој се очекува да донесе значително повисоки перформанси во однос на претходната генерација. Според информациите на кинескиот дојавувач Digital Chat Station, чипот со интерна ознака SM8975 ...

Факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска ќе ги објават конечните ранг-листи со примените кандидати за прва година во академската 2026/2027 година. Станува збор за кандидатите кои се пријавија на првиот уписен рок, одржан на 18 и 19 август. За примените студенти, запишувањето ќе се спроведува на 3 и 4 септември. На 23-те факултети на УКИМ годинава беа понудени вкупно 8.851 место за нови студенти. Од нив: 4.395 места ...

Поради планирани технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, денеска ќе има прекини во снабдувањето со електрична енергија во делови од Скопје. Во периодот од 05:00 до 07:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улиците „Беаз Куле“ и „Гостиварска“ и околината во општина Ѓорче Петров. Прекин е планиран и во Драчево, каде што од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на улицата „Сердарот“, во реонот на ...

Долга колона возила утрово е забележана на граничниот премин Богородица, на излез од Македонија кон Грција. Според снимката направена околу 6:45 часот, голем број автомобили се наредени во повеќе колони и чекаат за преминување на границата. Зголемена фреквенција се очекува во текот на продолжениот викенд, кога голем број граѓани патуваат кон грчкото крајбрежје. Дополнителен притисок врз граничниот премин создава и смената на туристите. ...

Мајмунските сипаници, познати како мпокс, повторно се шират и се појавуваат во земји каде што претходно не биле регистрирани, што ги враќа во фокус прашањата за контролата на инфекцијата и спречувањето на нови жаришта. Според најновите податоци на Светската здравствена организација, од почетокот на 2022 до крајот на мај 2026 година во 144 земји биле пријавени повеќе од 187.000 потврдени случаи и 510 смртни случаи. Само во мај годинава биле ...

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција, Џон Ретклиф, престојувал во Москва каде што се сретнал со претставници на руските разузнавачки служби, потврди Кремљ, додека американскиот претседател Доналд Трамп порача дека од посетата „можеби ќе произлезе нешто“. Посетата на Ретклиф се случила во вторникот и била ненадејно организирана. Таа е прва позната посета на шеф на ЦИА на Москва од 2021 година, кога тогашниот директор на ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија петрпе нов пораз на Медитеранските игри во Таранто. Попладнево, ракометарките убедливо загубија од репрезентацијата на Алжир со резулта 37:23, а на полувреме резултатот беше 20:11. Ова е трет пораз на ракометната репрезентација. Претходно, ракометарките загубија од Тунис со резултат 43:11, како и од Грција со резултат 25:31. Македонија е на последното место во групата, а во следното коло, на 28 ...

МВР информира дела вчера во 06:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во водите на реката Вардар на подрачјето на Гази Баба има човечко тело. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје телото е извлечено од реката. По извршеното препознавање од семејството било утврдено дека се работи за Т.Г.(83) од Скопје за кого на 24.08.2026 неговиот син Г.Г.(46) пријавил дека се оддалечил од домот. „Извршен е увид, а по наредба на јавен ...

Центарот за управување со кризи инфомира дека денеска, среда 26.08.2026 на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 14 пожари. Од вкупно регистрираните пожари на отворен простор, активни се пет пожари, три се под контрола, додека шест пожари се изгаснати. И по цела недела, се уште гори помеѓу селата Морани, Вртекица, Рамни Габер и кракот кон селото Палиград. Покрај овој голем пожар, активни пожари има и во општините Македонски брод, ...

Иран и Оман ги засилуваат разговорите за повторно воспоставување на пловидбата низ Ормускиот Теснец, со план за привремен поморски коридор и расчистување на мини. Двете земји истовремено разговараат за воспоставување постојана рута во следните 30 до 60 дена. Иницијативата би можела да биде важен чекор кон повторно отворање на еден од најзначајните поморски коридори во светот, но и кон обновување на пошироките разговори меѓу Иран и САД. Во ...

Утре, среда, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Поради посетата, од СВР Скопје информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје. ,,СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските ...

Денеска, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 11 пожари на отворен простор, информираат од Ценгтарот за управување со кризи. Од регистрираните пожари, шест се активни, еден пожар е под контрола, додека четири пожари се изгаснати. Се уште е активен пожарот помеѓу општините Студеничани и Зелениково односно меѓу селата Морани, Вртекица и Рамни Габер, како и кракот кон село Палиград, над село Вражале. Покрај овој, акривни се и пожарите во ...

Пред почетокот на новата учебна година министерката за образование и наука ги соопшти податоците за запишаните ученици во основно и средно образование. Согласно објавените податоци бројот на ученици оваа учебна година, драстично се намалува споредено со претходната. Министерката Весна Јаневска соошти дека оваа година ќе има стотици паралелки помалку во основните и средните училиште, но и дека 26 училишта во руралните средини ќе бидат ...

Најмалку 35.000 повеќе луѓе починале во Европа за време на четирите последователни и рекордни топлотни бранови ова лето, во споредба со бројот што би се очекувал во вообичаени услови. Станува збор за прелиминарни податоци кои опфаќаат помалку од половина од европските земји. Само во Германија, Франција и Шпанија веќе се регистрирани повеќе од 25.000 дополнителни смртни случаи. Експертите предупредуваат дека вкупниот број значително ќе се ...

Британскиот премиер Енди Бeрнам вети континуирана поддршка за Украина и покрај „скандалозните закани“ со кои се соочува неговата земја од Русија, пред состанокот на европските сојузници на Киев на кој ќе се разговара за нивната воена поддршка. Состанокот на земјите-членки на „Коалицијата на волјата“, кој се одржува на 35-годишнината од независноста на Украина, заеднички го водат Обединетото Кралство, Франција и Германија. Енди Бернам, на ...

Во земјава досега се потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, од кои 43 пациенти се хоспитализирани, соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Поголемиот дел од пациентите се со невроинвазивна форма на болеста, која може да предизвика сериозни невролошки симптоми. Клековски денеска ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде изврши увид во капацитетите за хоспитализација, кадровската ...

Службите на Град Скопје вечерва ќе спроведат редовна акција за дезинсекција во општина Кисела Вода и критичните локации за ширење на Западнонилска треска. Третманот ќе ги опфати критичните подрачја, со цел навремена заштита на граѓаните и спречување на масовното размножување на комарците. Прскањето ќе се реализира во периодот од 22:00 часот, па сè до целосното опфаќање на критичните места на општината, при што со специјализирано возило ќе се ...

Попладнево буквално цело Скопје е под чад од околните пожари. Граѓани на социјалните мрежи пријавуваат чад и непријатна миризба од Ново Лисиче па се до Ѓорче Петров. Од Центарот за управување со кризи информираат дека чадот над Скопје е од пожароте во општините Зелениково и Студеничани. ,,Зачаденоста на Градот е од ветерот кој го носи чадот од актуелниот пожар во Китка, Општина Студеничани и Општина Зелениково, На тој пожар до сега ...

По топлиот викенд, последната недела од август носи ново температурно засилување, но и можност за локална нестабилност. Според актуелните прогнози, периодот од 24 до 30 август ќе биде претежно топол и сув, со температури кои во најтоплите денови во Скопје може да се искачат до околу 40 степени. Уште во понеделник, 24 август, времето ќе биде топло, но во текот на денот ќе има услови за зголемена облачност и локални врнежи со грмежи. За Скопје ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја оцени најавата за нови американски санкции како „знак на очај“, тврдејќи дека дополнителниот притисок нема да го натера Техеран да попушти. Арагчи во видео објавено на Телеграм порача дека Вашингтон треба да разговара со Иран „со почит“ за да се најде решение засновано на „правда и чест“. Според него, американските досегашни мерки, вклучително и санкциите и воените потези, не успеале ...

Повеќе од половина од Германците очекуваат канцеларот Фридрих Мерц да ја напушти функцијата пред следните редовни сојузни избори, планирани за 2029 година, покажува ново истражување на YouGov. Според анкетата, 54 отсто од испитаниците сметаат дека Мерц нема да го дочека крајот на актуелниот мандат. Од нив, 36 отсто очекуваат тој да остане канцелар во текот на 2026 година, но да се повлече пред изборите во 2029 година. Дополнителни 18 отсто ...

Дури 149 луѓе останале заробени на вулканот Толбачик на рускиот полуостров Камчатка, откако невремето го уништило патот до туристичката маршрута. Локалните власти соопштија дека меѓу заглавените има 117 туристи, кои ќе бидат евакуирани со хеликоптери. Преостанатите 32 лица се возачи и засега ќе останат на местото. Според информациите, туристите и нивните водичи ќе бидат пренесени со хеликоптери до селото Есо, од каде што со автобуси ќе ...

Големиот пожар што избувна вчера околу пладне и се прошири кон Струмица, до месноста Софилар, е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница до Софилар, а активно горење има само на едно тешко пристапно место во Водоча. Во гаснењето учествуваа струмичките пожарникари, екипи од околните градови, како и еден „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и ...

Македонија денес ја очекува сончево и многу топло време, но попладне на места ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според најновата прогноза, во делови од земјата не е исклучено ниту изолирано невреме со силен ветер и град. Во текот на денот ќе има мала до умерена локална облачност, која попладне ќе се зголемува. Токму тогаш на места се очекува развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурите ...

Жителите од дел од улицата „Ѓорги Капчев“ во населбите Горно Лисиче и село Лисиче денеска од 11:00 часот се соочуваат со прекин во снабдувањето со вода. Причината за прекинот е уличен дефект на водоводна мрежа на самата улица. Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје соопштија дека нивните дежурни екипи се на терен за отстранување на уличниот дефект на водоводната линија лоцирана на оваа сообраќајница. Според известувањето ...

Бројот на загинати по рускиот напад врз трговски центар во Криви Рих се искачи на најмалку 16 лица, откако спасувачките екипи во текот на ноќта извлекоа уште едно тело од под урнатините. Локалните власти потврдија дека ранети се 130 луѓе, а деветмина сè уште се водат како исчезнати. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот во неговиот роден град, посочувајќи дека станува збор за смислен удар врз цивилни објекти. Нападот ...

Сериозен инцидент ја потресе денеска Шведска, откако лице вооружено со меч повреди неколку лица денес во средно училиште во Фагерста, соопштија локалните власти. Полицијата изјави дека едно лице е уапсено и им рекла на граѓаните да ги почитуваат блокадите на патот и да ги слушаат упатствата. Министерот за правда Гунар Стромер изјави за Ројтерс дека владата е во контакт со полицијата во врска со „сериозниот напад во Фагерста“. „Бевме ...

Ново нарушување на воздушниот простор повторно ги зголеми тензиите меѓу Финска и Русија, откако руски извидувачки авион во четвртокот навлегол во воздушниот простор на Финска. Финското Министерство за надворешни работи соопшти дека по инцидентот го повикало рускиот амбасадор и побарало објаснување за движењето на леталото. Станува збор за руски авион „Ил 20“, кој се користи за извидувачки и набљудувачки задачи. Според податоците што ги ...

Украина би можела да се соочи со исклучително сложена задача, организирање претседателски избори додека земјата сè уште е во војна со Русија. Претседателот Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за избори доколку САД и европските сојузници можат да гарантираат безбедност за гласањето. Но, патот до избори е полн со сериозни безбедносни, правни и логистички проблеми. Украина последен пат одржа претседателски избори во 2019 година. Откако ...

Конго ќе добие 70.000 дози од вакцината Ервебо, која претходно се користеше за борба против еболата, објави Светската здравствена организација. Вакцината Ервебо е одобрена за употреба против вирусот ебола, еден од вирусите што ја предизвикуваат болеста, но не и против вирусот Бундибугио, кој е причина за сегашната епидемија. СЗО во соопштението наведува дека иако не е познато дали вакцината Ервебо може да обезбеди заштита од вирусот ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42