Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Судскиот Совет и Здружението на судии сметаат дека за примената на одлуката на Уставниот суд, поврзана со насилството врз новинарите во Собранието на 27-ми април со која е утврдена повреда на уставно загарантираното право на слобода на изразување на мислата, конечниот збор треба да го каже второстепениот Апелационен суд каде има жалба откако судија во Граѓанскиот суд ја отфрлил одлуката како нов доказ во постапка. Уставниот судија соопшти ...
Партиите од албанскиот блок во нов политички судир – овојпат околу Охридскиот договор. Додека ДУИ ја обвинува Владата дека ги брише Албанците од приказната за државата, Вреди возвраќа дека договорот не е сопственост на ДУИ. Политичките разлики се продлабочуваат и со барањето на Али Ахмети за предвремени парламентарни избори. Одбележување 35 години независност, промотивен спот и пораки за заедништво – но, наспроти тоа, нов политички клинч на ...
Помош од внатре при кражбата која ја опустоши електровлечната потстаница Драчево, во сопственост на Македонски железници – Инфраструктура. Извори од компанијата велат дека е речиси невозможно кражбата да била извршена без помош од нивни колеги, затоа што крадците имале многу информации што ги знаеле само ограничен број вработени и технички знаења потребни за таков зафат. Направиле штета од 5 милиони евра за да ќарат околу 100 илјади евра од ...
Високи температури до 40-от степен, топлотен бран кој ги зголеми повиците во Итната медицинска помош. Различни возрасни групи со колапси, зголемен број на сообраќајни незгоди и итни интервенци кај хронично болни. На терен се и мобилните екипи на Црвен крст кои патролираат низ Скопје. „Беа ангажирани 51 волонтер, над 7.000 шишиња вода, 20 интервенции асистенции и еден транспорт. Волонтерите се мобилни тимови кои оперираат низ централно градско ...
Струмичките земјоделци ги прекинаа протестите, откако со откупувачите и преработувачите договорија повисоки откупни цени за ајварката. Од утре првата класа ќе се откупува по 40 денари, класата за индустриските капацитети, наместо досегашните 25, ќе се откупува за 30 денари, додека за втора класа цената ќе биде 15 денари. Договорот е постигнат на денешната средба на сите засегнати страни со министерот за земјоделство, Борче Серафимовски. „Овие ...
По набавката на 350 илјади тони јаглен за РЕК Битола, ЕСМ сега објави и нов годишен повик за нови 600 илјади тони. Иако, претходниот не е целосно исцрпен и се затвори порано, од ЕСМ тврдат дека некогаш се објавуваат кога има знаци дека на пазарот може да се склучат договори по поповолни услови. Стариот годишен повик за набавка на јаглен не е целосно исцрпен, останаа непотрошени 96000 тони. Бидејќи услов за да биде разгледувана понуда, меѓу ...
Не се знае кога ќе проработи единствениот државен ПЕТ-скен во земјава, а пациентите со канцер се оставени да чекаат на прегледот со кој се одредува место за биопсија, планирањето на терапијата и дали истата има ефект, а се утврдува и дали се проширил канцерот и како треба да се продолжи со лекувањето. Од универзитетскиот институт велат дека се работи за проблем во производството на радиоизотопи, а овластениот сервисер интензивно работи на ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ одржа прес – конференција по одржаниот состанок на Внатрешниот кабинет на Владата и парламентарното мнозинство преку видео врска во врска со скандалот со отпадот во Лика. Скандалот се однесува на нелегално фрлање огромни количини отпад на неколку локации во Лика, вклучувајќи ги Госпиќ, Штикада и Лички Осик. УСКОК започна истрага против Јосип и Моника Шинчек и други осомничени уште во 2025 година, а случајот ...
Фондот за здравствено осигурување соопшти дека состојбата со здравственото осигурување на вработените во Министерството за внатрешни работи не е резултат на технички проблем или застој во системот на Фондот. Според податоците евидентирани во системот, во Министерството за внатрешни работи се регистрирани вработени кои се вратени на работа врз основа на судски одлуки. За дел од овие лица во моментот не е евидентирана соодветна уплата на ...
Нуклеарна централа во северна Франција исклучи три реактори откако рој медузи ги затна пумпите што се користат за ладење на единиците, соопшти во вторникот енергетската група EDF. Три реактори беа исклучени во понеделникот, а производството на четвртиот беше намалено за половина, се вели во соопштението на ЕДФ, оставајќи само еден да работи со полн капацитет. Шестиот реактор веќе беше исклучен поради планираното одржување, објави France24. ...
Дел од мајките до редакцијата на Телма се жалат дека им доцнење на исплатите за породилно отсуство. Тврдат дека сеуште не е исплатен надоместокот за породилно за јуни 2026 година и бараат одговори на следните прашањата дали може надлежните од Фонд или Министерство за Здравство/Финансии, да дадат одговор зошто се касни секој месец со исплатите? Кој е одговорен? Како може мајки со новороденчиња и мали деца да бидат оставени без сигурен месечен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп бил тајно префрлен од „Ер Форс Уан“ во воен авион на аеродромот во Анкара минатиот месец, објавија „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на американски официјални лица. Според високи американски претставници, и покрај јавните тврдења дека Трамп се вратил од Анкара со „Ер Форс Уан“, тој на крајот од самитот на НАТО минатиот месец бил префрлен во друг авион поради закани по неговиот живот од ...
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за емисијата „Клик“ на РТВ21, рече дека на земјата ѝ се потребни предвремени избори како најсоодветен начин за промена на политичката ситуација. Според Ахмети, воспоставувањето нова политичка клима е од суштинско значење и мора да се избегне какво било понатамошно влошување на сегашната ситуација. Тој појасни дека предвремените избори не се очекуваат оваа година, но би можеле да се одржат следната ...
Џекпотот на Powerball се искачи на околу 975 милиони долари, откако никој не ја зема главната награда на извлекувањето во понеделникот вечерта, кое се искачи на осмата најголема награда во историјата. Извлечените победнички броеви беа 6, 37, 54, 55, 64 и црвено Powerball 10, со множител на Power Play од 3. Иако никој не го освои џекпотот од 905 милиони долари, некои играчи сепак освоија значителни награди, според веб-страницата Powerball. ...
Улично куче искасало дете на возраст од година и пол во дворот на семејниот дом во Шуто Оризари, информираат неговите родители, пренесува РомаПрес. Кучето влегло во дворот од семејната куќа каде што било и детето. Кога мајката се обидела да го избрка кучето, животното, според сведочењето на семејството го нападнало детето. Детето се здобило со повеќе каснувања и повреди по телото, меѓу кои и во пределот на лицето, увото и трупот. Веднаш било ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во секој момент ќе даде изјава за медиумите во Бански Двори откако денес преку видео врска свика состанок на внатрешниот кабинет на Владата и парламентарното мнозинство во врска со скандалот со отпадот во Лика. Скандалот се однесува на нелегално фрлање огромни количини отпад на неколку локации во Лика, вклучувајќи ги Госпиќ, Штикада и Лички Осик. УСКОК започна истрага против Јосип и Моника Шинчек и други ...
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување“. Апсењето следува по претходна пријава поднесена истиот ден во 14:35 часот во СВР Битола од страна на 21-годишна девојка, државјанка на Шведска. Според пријавата на оштетената, тешкото кривично дело било извршено во ноќта меѓу 8 и 9 август 2026 година во ноќен клуб во Охрид, каде ...
Сириски суд во вторник го осуди во отсуство соборениот сириски претседател Башар ал-Асад, заедно со неговиот помлад брат, на смрт за злосторства против човештвото и воени злосторства за време на 14-годишниот конфликт во Сирија, во кој загинаа околу половина милион луѓе. Во истиот случај, на смрт беше осуден и братучедот на Асад по мајчина линија, Атеф Наџиб, за водење на репресијата во јужната покраина Дара, што доведе до востанието, а ...
Бред Пит призна дека имал „самоубиствени мисли“ во еден од најтешките периоди од неговиот живот, обележан со семејни проблеми и неговата разделба од Анџелина Џоли. „Никогаш не сум имал самоубиствени тенденции, освен во еден краток период. Потоа едноставно мислев дека не гледам излез“, сподели ѕвездата на „Боречки клуб“ во искрено интервју за Esquire. Пит вели дека болката во тој момент била толку интензивна што дури и без вистинска намера да ...
Публиката на фестивалот „Охридско лето“ вчеравечер имаше ретка можност да ужива во богатата колористична и лирска звучност на харфата врз која совршено владееше младата но виртуозна руско-американска уметница Алиса Садикова. Садикова е редок пример на талентиран харфист, а нејзиниот уметнички раст е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Тоа го потврдија и присутните на синоќешниот концерт кои уживаа во ...
Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, реагират од ДУИ. Според опозицијата спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те ...
Владата го објави спотот со кој има намера да ја одбележи 35-годишнината од независноста на државата. Но, наместо овој јубилеј да ги претставува сите граѓани и заедничкиот пат на државата, Владата избра да прикаже исклучиво македонска верзија на нејзината историја, реагират од ДУИ. Според опозицијата спотот е само на македонски јазик. Уметниците се Македонци. Албанците практично не постојат во приказната што Владата ја подготвила за 35-те ...
Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. –Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување, вели д-р Лазов во својата реакција на социјалните мрежи по повод ...
Во Македонија, каде работничките права секојдневно се газат и каде само во 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, и оваа власт на ДПМНЕ како и претходно на СДСМ, очекува истите работодавачи самите да покажат совест при високи температури. Во таква држава да ја оставиш заштитата од екстремна жештина на ʼпрепоракиʼ не е наивност, туку политичка одлука газдата да не се вознемирува со задолжителни прекини, ...
Судскиoт совет на Република Северна Македонија и Здружение на судиите на Република Северна Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста, смета за потребно да укажат на неколку принципиелни прашања од значење за независноста на судската власт и владеењето на правото. Уставниот суд утврди повреда на слободите и правата на новинарка сторени од Основниот граѓански суд Скопје и од ...
Двајца малолетници на возраст од 15 и 13 години се приведени во Скопје поради сомнение дека се обиделе да ограбат 14-годишно момче. На 10 август околу 20:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода малолетниците на улицата „11 Октомври“ во општина Центар. Според пријавеното, околу 20:00 часот на булеварот „Кочо Рацин“, тие физички го нападнале 14-годишникот и се обиделе да му одземат пари. Откако не успеале во намерата, ...
Д-р Кирил Лазов, директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, инаку, специјалист по трансфузиона медицина, реагира по повод кривичната пријава од СДСМ за случајот во Гостивар, а во која е наведено и неговото име. –Уште една небулозна кривична пријава од СДСМ, уште еден обид со политички театар да се прикрие недостатокот на одговори за сопственото постапување, вели д-р Лазов во својата реакција на социјалните мрежи по повод ...
Напади со балистички ракети извршила Русија врз Киев, но и врз други поголеми украински градови, соопштија украински претставници. Во нападите во Запорожје загинале најмалку пет лица, а 20 се повредени. Началникот на регионалната воена управа, Иван Федоров, рано утринава на „Телеграм“ објави дека во Запорожје биле погодени индустриски објекти и инфраструктура. Во Киев, според првичните информации, едно лице е повредено. Градоначалникот ...
На денешен ден во 1992 година, Собранието на Република Македонија донесе одлука со која беа усвоени новото државно знаме и химната на државата „Денес над Македонија“. Со собраниската одлука беше утврдено знаме со црвена основа и златно-жолто сонце, составено од осум основни и осум споредни сончеви зраци. Овој симбол беше официјалното државно знаме на Република Македонија до октомври 1995 година. По политичките случувања и меѓународните ...
Во десетици градови и места во западна Колумбија во тек се операции за пребарување и спасување откако силен земјотрес го погоди регионот вчера при што загинаа најмалку 111 лица, а многумина останаа заробени под урнатините на оштетените и уништени згради. Земјотресот со јачина од 7,4 степени ги потресе Кали, Кибдо, Переира и бројни други градови и места. Пријавени се дека околу 1.600 згради се оштетени или срушени. Војниците, спасувачкиот ...