Барселона се врати на тронот на Европа. Шпанскиот тим ја освои 13-тата титула откако во финалето славеше против Фуксе Берлин со 37-34 . Сосема заслужена победа на каталонскиот тим, од првата до последната минута го имаше водството. Доминатно прво полувреме на Барселона, на крилата на одличниот Нилсен кој имаше седум одбрани, брзо го наметна своето темпо. Фуксе Берлин не поведе ниту еднаш во овој дел, на почетокот беше двапати израмнето и тоа ...

Холандија и Јапонија останаа со празни мрежи по првите 45 минути на вториот денешен меч на Мундијалот. Во Арлингтон, Тексас, „лалињата“ и „самураите“ создадоа по две шанси за гол, но не успеаја ниту една да ја претворат во гол за водство. Видовме цврсто прво полувреме, тактичка битка, без голем ризик. Куман и Моријасу подготвиле вистина „шаховска партија“ на теренот, па останува да очекуваме промена со барем еден постигнат гол во второто ...

некогашниот германски репрезентативец и фудбалер на Реал (М) се приклучи во тренерскиот штаб на Жозе Мурињо во редовите на „кралскиот клуб“. Според „Атлетик“, поранешниот играч од средниот ред на германската репрезентација, кој играше за Реал Мадрид од 2010 до 2015 година, ќе ја преземе позицијата помошник тренер. Ова ќе биде прво тренерско искуство за Кедира. Мурињо наводно сакал асистент во својот персонал кој би служел како врска меѓу ...

Португалската репрезентација направи трогателен гест за да му оддаде почит на поранешниот играч на Ливерпул и репрезентативец Диого Жота, кој трагично загина во сообраќајна несреќа минатата година. Кристијано Роналдо, сите негови соиграчи и целата репрезентација ќе носат специјални комеморативни нараквици за време на нивната кампања на Светското првенство, кое започнува следната недела со натпревар од Групата К против ДР Конго. Додатокот ...

Ете тоа е фудбалот. Утринава во Њу Џерси, фудбалерите на Мароко ремизираа со Бразил со 1:1 во првото коло од Групата Ц на Светското првенство. Иако за ривал имаа петкратен светски шампион, Мароканците се тие што жалат за двата бода, бидејќи беа значително подобри и го надиграа „Селесао“ во сите елементи на фудбалот. Натпреварот во Њујорк засекогаш ќе биде запишан во историјата на Светското првенство, а за тоа се погрижија Мароканците, кои ...

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз во новата сезона од Европската лига. Попладнево во Глифада, момците на Јошко Миленкоски загубија од домаќинот на турнирот Грција со максимален резултат, во меч во кој реално можевме и до сет. ГРЦИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (25:21, 25:20, 25:23) Во првиот сет, Грците прилично брзо успеаја да се одлепат и да не ни дозволат да се понадеваме на добар финиш. На средина на сетот ...

Германската фудбалска репрезентација стана рекордер по бројот на постигнати голови на Светското првенство. Составот на Јулијан Нагелсман вечерва во првиот меч на денот на шампионатот, славеше со високи 7:1 над Курасао на средбата во Хјустон. Со оваа висока победа, Германија сега има вкупно 239 гола на сите Светски првенства, надминувајќи го Бразил за еден гол. Германската фудбалска репрезентација стана рекордер по бројот на постигнати ...

Рутинска и убедлива победа на репрезентацијата на Германија во првиот свој настап на Светското првенство во САД. Вечерва во Хјустон, момците на Јулијан Нагелсман го „потопија“ Курасао со 7:1 и ги прокнижија првите очекувани три бода во групата „Е“. Момент за кој ќе се зборува многу повеќе отколку за очекуваната убедлива победа на „панцирите“ е 21. минута, кога фудбалерот на швајцарски Цирик, Коменесана, успеа да погоди за 1:1, за голема ...

Реал Мадрид постигна усмен договор за потпишување на договорот со левиот бек на Челзи, Марк Кукурела, објави новинарот Фабрицио Романо. Според информацијата, договорот е постигнат меѓу сите страни, вклучувајќи го и самиот играч. Играчот беше посакуван од новиот главен тренер на „Лос Бланкос“, Жозе Мурињо. Минатата сезона, Кукурела одигра 50 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и имајќи четири асистенции. Неговиот тековен ...

Неверојатна вест доаѓа од кампот на репрезентацијата на Катар. Буалем Куки предизвика целосен шок кога во четвртата минута од судиското продолжение против Швајцарија ја затресе мрежата на Грегор Кобел со глава. Тоа беше историски момент за фудбалот во Катар. Оваа арапска земја го доби својот прв бод на Светското првенство. Меѓутоа, ако Куки ја излуди нацијата, тогаш она што го направи Катарскиот јавен инвестициски фонд е уште полудо. Имено, ...

Вечерва во Хјустон, во меч од групата Е испишана е историја на Мундијалите. Имено дебитантот, селекцијата на Курасао, земја од околу 150.000 жители, го постигна својот прв гол на СП и тоа против една Германија. Се играше 21.минута кога Комененција успеа да израмни на 1:1 и го шокира некогашниот четирикратен светски шампион, туку и цел фудбалски свет. Следуваше невидена еуфорија кај играчите на Курасасо и кај фановите на таа селекција. Па ...

Луис Хамилтон уште еднаш покажа зошто е еден од најголемите возачи во историјата на Формула 1. Денеска на патеката на ГН на Каталуња, победи Хамилтон, ова е прва победа на Луис откако е во Ферари или вкупно 106 во кариерата. Интересно, Новак Ѓоковиќ со црно – белото знаме означи крај на трката, па така тој прв ја “поздрави“ оваа историска победа на Хамилтон. На патеката „Каталуња“, Хамилтон го забележа својот прв триумф по 685 дена и една ...

Македонската машка сениорска репрезентација во ракомет на плажа го заврши настапот на меѓународниот турнир во Плоцк, Полска, освојувајќи го четвртото место. Во натпреварот за третото место, македонските репрезентативци беа поразени од селекцијата на Чешка со 2:0 во сетови. Резултат по сетови: Македонија – Чешка 20:26 Македонија – Чешка 13:22 Со настапот во Плоцк, македонската репрезентација доби значајно меѓународно искуство и уште една ...

Викендов, 13-14 јуни 2026 година, Охрид беше домаќин на БТА Балканското триатлон првенство што се одржа во организација на Триатлон федерацијата на Македонија, со поддршка од Министерството за спорт. На Балканското првенство настапија над 350 натпреварувачи во повеќе категории. Во одлична спортска атмосфера, во Охрид се натпреваруваа најдобрите триатлонци од земјите од регионот, но и голем број рекреативци, штафетни тимови и млади триатлонци ...

Затоа фудбалот е чудо, секако и животот е чудо. Фудбалските фанови кои се разбудија рано утрово можеа да видат изненадување на Светското првенство и победа на Австралија од 2-0 над Турција во Ванкувер во првото коло од Групата Д. Тие можеа да ја видат „дефанзивната клиника“ на Австралијците, но и дрскоста на левото крило, „брз како куршум“, за кого Турците не можеа ништо да направат кога почна да трча. Тој човек има 20 години, се вика ...

Во првото коло од Групата Ц на Светското првенство, фудбалерите на Мароко ремизираа со Бразил (1:1), а во центарот на вниманието беше мароканскиот 18-годишен репрезентативец Ајуб Буади. Буади целосно доминираше против бразилскиот среден ред, а за тоа сведочи фактот дека Карло Анчелоти мораше да го замени Касемиро на полувремето, кој ги загуби сите дуели со Буади. Буади, кој на 18 години веќе има речиси 100 настапи за Лил, го заврши ...

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се пријави во квалификациите за Вимблдон, со што ќе направи обид да дојде до главниот турнир во женска конкуренција на најголемиот Гренслем во светот на тенисот. Ова е третпат оваа година македонската тенисерка со обид да дојде до главниот турнир откако не успеа на Австралија Опен и на Ролан Гарос претходно. Лина Ѓорческа во моментов е на 211 место на ВТА листата. Јасно е дека со добар резултат во ...

Бадијала одличната игра на нашиот Ненад Димитријевиќ во вториот меч од финалната серија во битката за титулата во кошаркарскиот шампионат на Германија. Имено дома, пред своите гледачи, Баерн беше поразен од Алба со 79:86 за израмнување на 1:1 во серијата. Да потсетиме дека шампион ќе биде тој тим кој што прв ќе дојде до три победи. За разлика од првиот меч, на која Македонецот беше скромен, попладнево просто “експлдира“. За 20 минути колку ...

Брера Струмица во последната 2025/26 сезона не успеа да го задржи прволигашкиот статус. Заедно со Работнички, Пелистер, Македонија ЃП и Шкупи, клубот од Струмица се пресели во понизок ранг. Во последните денови во фудбалските кулоари почнаа “приказните“ дека клубот нема намера, од повеќе причини, да се натпреварува во ВМФЛ. Токму затоа попладнево и официјално Брера, преку своите социјални мрежи испрати демант. Реакцијата на Брера ви ја ...

Њујорк Никс ги победија Сан Антонио Спарс на гости (94:90) и го освоија НБА прстенот по 53 години. Со уште еден пресврт, Њујорк го освои долгоочекуваниот трофеј, што го остави Сан Антонио во солзи. Спарс имаа предност во речиси секој натпревар од финалето, но на крајот очигледно искуството беше тоа што одлучи, па трофејот оди во најголемиот град во САД. По натпреварот, Виктор Вембањама, кој како и секогаш не беше премногу зборлест, им се ...

Во пресрет на големото финале на Ф4 во ЛШ, во “Ланксес Арената“ во Келн, меѓу Барселона и Фуске Белрин, се одигра мечот за 3.место меѓу досегашниот европски шампион, Магдебург и Алборг. Славеа Германците со 32:26 со што и до следниот Ф4 2027 и официјално ќе бидат трети во најелитното ракометно натпреварување во Европа. Во текот на целиот меч Магдебург беше подобар, како да имаа Германците повеќе мотиви на овој меч, на ова “утешно финале“. ...

Германија го отвора својот настап во Групата Е на Светското првенство во Хјустон со јасна цел да избегне едно од најголемите изненадувања во историјата на натпреварувањето. По разочарувачките настапи на претходните две првенства во 2018 и 2022 година, каде што завршија во групната фаза, четирикратните светски шампиони под водство на Јулијан Нагелсман бараат искупување и враќање на врвот. „Маншафт“ влегува на турнирот во одлична форма со ...

За време на тековното Светско првенство, шпанските фудбалери тренираат во специјални елеци исполнети со замрзнат гел, со цел подобро да се справат со жештините во Северна Америка. Шпанската фудбалска федерација објави дека шпанската репрезентација е една од 14-те екипи кои ја користат новата технологија, развиена од компанијата „Адидас“, на Светското првенство. Во соопштението се наведува дека елеците што ги носат нивните играчи можат да ја ...

Покрај спектаклите на тековниот Мундијал, секако дека стартуваа контраверзите, грешките и судиските одлуки кои се под знак прашалник. На синоќешниот дуел од групата Ц во кој што се сретнаа селекции на Хаити и Шкотска имаше спорна одлука. Шкотска победи со 1:0, но многу лесно можеше резултатот да оди во сосема спротивен правец. Зошто? Во финишот на мечот, Хаити имаше ситуација за пенал затоа што еден од дефанзивците на Шкотска очигледно ...

Дефинитивно на тековниот Мундијал ќе гледаме огромен број на екстра мечеви, кои што дел ќе бидат со предзнакот изненадувања. Прв од тие во серија секако беше оној синоќа во кој тимот на Катар со гол во четвртата минута од продолжението успеа да израмни на 1:1, против Швајцарија и да освои огромен, историски бод. Сепак, херојот на катарците е голманот, Махмуд Абу Нида кој што одбрани серија опасни ситуации, и го спаси тимот кога беше ...

Селекторот на Англија, Томас Тухел, ги предупреди своите играчи дека мора да бидат целосно подготвени да поминат низ изведување пенали во најмалку две нокаут рунди на патот до нивната сонувачка титула на Светското првенство. Според „Мирор“, аналитичарите на „Трите лава“ спроведоа студија во која зедоа предвид различни аспекти и статистички индикатори за да дојдат до такво предвидување. Тоа е во контекст на фактот дека постои дополнителна ...

Актуелниот македонски фудбалски шампион, екиппата на Вардар предмалку на базичните подоготвки во Норчиа, Италија, го одигра, первиот пријателски дуел, против локалниот нисколигаш Умбрија. Извојувана е победа од 2:1, со головите на Огнен Јаков и Иво Марковски. Двајцата мултиталентирани напаѓачи на „црвено – црните“ и воедно македонски младински репрезентативци. На овој дуел шанса добија поголемиот дел од младинците кои што тренерот Фабиани ги ...

Уште еден ден на СП 2026 е зад нас, се одиграа четири и тоа како интересни мечеви. Денеска во рубриката “Коментар на денот“, свое видување има Мирсад Јонуз кој ни откри и една пикентерија во врска со селекцијата на Катар. Познато е дека некогашниот селектор на Македонија, пред 5-6 години работеше успешно во Катар, како тренер на Лусаил. „Швајцарија е стабилна селекција, има квалитет, но ете, не успеа да победи. Од друга страна мило ми е за ...

Европа денеска ќе го добие новиот првак во Лигата на шампиони, откако актуелниот шампион Магдебург беше елиминиран во полуфиналето на фајнл-фор завршницата. Во битката за тронот силите ќе ги одмерат Барселона која е најтрофејна и Фуксе Берлин, мечот е закажан во 18 часот. Претходно ќе следи мечот за третото место помеѓу Магдебург и Алборг (15 часот). Ланксес Арена во Келн урна рекорд по посетеност кога станува збор за Ф4, а таму од лице ...

Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, изјави дека неговиот тим треба значително да ја подобри својата игра по ремито 1-1 со Мароко во првиот натпревар од Групата Ц на Светското првенство. Бразил имаше лошо прво полувреме и изгледаше неорганизирано, што Анчелоти го призна. „Не игравме добро: имавме неколку проблеми, тимот беше неурамнотежен, губевме многу топки и во таа смисла мора да бидеме подобри“, рече италијанскиот тренер. Мароко поведе ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.95
28%
1016
weather icon

Белград

31ᴼ / 30ᴼ
2.68
50%
1017
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.85
45%
1016
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
2.75
57%
1020
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
41%
1018
weather icon

Љубљана

24ᴼ / 24ᴼ
0.29
87%
1018
weather icon

Атина

28ᴼ / 26ᴼ
4.47
45%
1015
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
1.05
58%
1016
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.43
43%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
1.55
44%
1018
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 35ᴼ
0.45
33%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
6.68
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Платина

51923.46

Злато

131072.82

Калај

50.56

Паладиум

38195.09

Сребро

1902.84

Бакар

12.33

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89

Иридиум

233896.68

Алуминиум

3.20

Родиум

249168.29

Кобалт

56.29