Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Шпанец на клупата на Ц.Звезда, ама на Рафа Бенитез туку Алберт Риера. Ситуацијата околу изборот на нов тренер на Црвена Звезда е таа. Во текот на утрешниот ден или најдоцна во петок наутро, се очекува официјално да биде Алберт Ријера прогласен за шеф на стручниот штаб. Според медиумите во Србија, преговорите, оние завршните навројатно ќе се одржат во четврток во Белград со Шпанецот и неговиот менаџер Енди Бара. Риера ќе пристигне на ...
Така тоа го прават големите луѓе. Имено Кристијано Роналдо му се обрати на Лионел Меси по смртта на неговиот татко Хорхе, кој почина на 68-годишна возраст по долго боледување. Португалската ѕвезда му испрати порака на својот долгогодишен ривал откако Меси објави емотивно проштално писмо до неговиот татко. „Голема прегратка за тебе и твоите најблиски во ова тешко време, Лео. Остани силен“, му пишал Роналдо на Меси. Колку за потсетување ...
Сега е веќе официјално. Она што беше најавено пред неколку недели, денес е официјализирано. Златко Далиќ е новиот тренер на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати. Денес, фудбалската асоцијација на оваа земја ја официјализираше соработката со легендарниот хрватски тренер и го претстави на јавноста на задоволство на навивачите на овој тим. Далиќ со тоа ја презема селекцијата на Обединетите Арапски Емирати во нов ...
Неколку дена откако почина татко му Хорхе Меси, Лионел Меси конечно собра сила, и и се обрати на светката јавност по повод семејната загуба. Меси сениор, почина по долга и тешка болест, за која што очигледно малкумина знаеја. Лео Меси преку социјалните мрежи упати срцепарателна порака, до неговиот сега веќе починат татко. „Тато, сè уште не можам да поверувам дека си замина. Не паѓам, или подобро кажано, не сакам да паднам. Многу ми е тешко ...
Кошаркарскиот клуб Работнички предмалку објави дека е продолжена соработката со стандардниот негов член Виктор Ефремовски и искусниот кошаркар и во следниот период ќе го носи дресот на нашиот трофеен клуб. Тој веќе десет сезони е дел од овој клуб и прераснува во вистинска легенда на тимот од Градски парк. Ефремовски константно во изминатиот период е еден од најдобрите кошаркари на Работнички и логично е управата да направи се за да тој и ...
Македонската машка одбојкарска репрезентација во мир, тишина и ладовина што се вели, ги одработува своите подготовки за претстојниот ЕвроВолеј 2026 во својата база во Крушево. Селекторот Јошко Миленкоски во својата денешна изјава вели дека е задоволен од тоа како се одвиваат подготовките и дека се е во најдобар ред сега засега. „Сѐ оди според планот! Екипата, но и стручниот штаб се комплетирани, дел од младите одбојкари кои се на поширокиот ...
По традиција вистинската сезона во Европа стартува со УЕФА Суперкупот. Така ќе биде и сега. Победникот на Лигата на шампионите, ПСЖ и освојувачот на Лигата на Европа, Астон Вила, ја отвораат сезоната на европските натпреварувања со судир за Европскиот Суперкуп. Судирот ќе се одржи вечерва на „Ред Бул Арена“ во Салцбург од 21 часот. Двата тима го имаат освоено трофејот претходно. ПСЖ е актуелен носител на пехарот, откако драматично ...
Досегашниот играч на тимот на Рајо Ваљекано, Пеп Чаварија и официјално денеска е претставен како нов играч на тимот на Челзи. Левиот бек потпипа договор со траење до 2031 година, што ќе рече дека шпанецот го прави трансферот на кариерата. „Многу сум возбуден што ќе почнам. Ова е сон што ми се оствари, бидејќи Челзи е еден од најголемите клубови во светот. Тоа е голема можност, но јас сум подготвен и ќе работам напорно за да му помогнам на ...
Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски и официјално си замина од тимот на Сараево. Ова беше најавено пред извесен период, но секако поради активниот договор кој што искусниот дефанзивец го имаше со клубот беше потребен одреден период да се нивелираат некои детали. Со ова дефинитивно завршува уште една епизода од богатата кариера на еден од најдобрите македонски фудбалери во изминатата декада. Ристовски како што е добро познато во ...
Главниот тренер на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека не знае на кое ниво се неговите играчи. Некои од нив се приклучија на тренинзите на тимот минатата недела, додека други дури вчера. Утре, ПСЖ се соочува со Астон Вила во натпревар за Европскиот Суперкуп, кој ќе се одржи во Салцбург. „Одморав цело лето. Свежи сме и среќни што се вративме. Постепено играчите се враќаат. Ја започнуваме сезоната со финале, што значи дека направивме ...
Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, е решен да продолжи да го води клубот кон нови височини. Тимот од Бирмингем се подготвува за судир со европскиот шампион Пари Сен Жермен во Суперкупот на УЕФА, откако минатата сезона заврши 30-годишно чекање за голем трофеј. Вила го победи Фрајбург со 3-0 во финалето на Лигата на Европа во мај, освојувајќи ја рекордната петта титула во Лигата на Европа за Емери и првиот голем трофеј на клубот од Лига ...
Првиот дел од Европското првенство „Б“ Дивизија кое се одржува во Скопје и Гевгелија и официјално заврши. Денеска е слободен ден, а од утре, исто во двата града ќе се играат натпреварите за пласман. Пред продолжението на шампионатот од ФИБА подготвија листа на потецијални кандидати за МВП на ЕП Б Дивизија. На списокот се најде и македонскиот репрезентативец Дион Шабани, кој воедно е еден од најдобрите стрелци, не само во „црвено-жолтиот“ ...
Македонската кадетска репрезентација по завршување на групната фаза на Европското првенство „Б“ Дивизија ќе продолжи да разигрува за пласман од 9. до 16. место. Нашите кошаркари го добија патот во битката за подобра позиција на овој шампионат. Прв противник е селекцијата на Ирска, а натпреварот ќе се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18:30 часот. Македонија групната фаза ја играше во Гевгелија и ја заврши со скор од две победи ...
Менаџерот на Манчестер Сити, Енцо Мареска, изјави дека нема намера да му ја предаде капитенската лента на Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот постигнува премногу голови. Халанд се смета за нов капитен на тимот по заминувањето на Бернардо Силва и очекуваниот трансфер на Родри. Сепак, Мареска ја отфрли можноста да му ја предаде капитенската лента на својот водечки стрелец. „Во Лестер и Челзи имав правило: кога ќе постигнеме гол, капитенот доаѓа ...
Македонскиот репрезентативец Петар Бошалески (22 години, 197 см) е најновото засилување на МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, откако денеска официјално стави потпис на договорот со нашиот клуб. Станува збор за талентиран бек-шутер, кој откако ги мина сите младински национални селекции, летово ги одигра и првите два натпревари во дресот на сениорската репрезентација на Македонија, во првата фаза од претквалификациите за ЕП 2029. ...
Некогашниот македонски младински репрезенаттивец, а сега интернационалец, Стефан Јевтоски и официјално стана дел од тимот на ПСМ Макасар од Индонезија. Иако Јевтоски веќе извесен период е дел од овој клуб, денеска конечно е промовиран како нов член на прволигашот од Индонезија. Се работи за амбициозен фудбалски колектив, каде што условите се одлични и каде што може да се игра на навистина високо ниво. Јевтоски во Индонезија замина откако ...
Пожарот во ФК Вардар АД Скопје се разгоре по дерби-поразот на домашен терен во неделата од 0:2 против Шкендија, по кој на виделина излегоа сите глупости и нефудбалски работи кои се случуваа во таборот на првакот на Македонија изминатите месеци. Хаваријата на резултатски и играчки план прво се одрази врз тренерот Кристијан Фабијани, кој доби експресен отказ и веќе е на пат за Аргентина, иако неколку дена претходно, од нејасни причини, но како ...
Претседателот на медицинската комисија на Италијанската тениска федерација, Џани Даниеле, изрази прилично контроверзно мислење за повредата на Карлос Алкараз, кое не беше прифатено со одобрување во Шпанија. Мадридските дневни весници „Ас“ и „Марка“, цитирајќи го интервјуто на Даниеле за римската „Ла Република“, наведуваат дека Италијанецот си дозволил премногу, „особено кога станува збор за личност чии медицински проблеми се тесна ...
По поразот од Хапоел Бер Шева, никој од тренерскиот штаб на Црвена Звезда не зборуваше на официјалната прес-конференција. Црвено-белите го завршија учеството во квалификациите за Лигата на шампионите со пораз од 2:0. Дејан Станковиќ беше исклучен во средината на второто полувреме, па на конференцијата се очекуваше Ненад Сакиќ, неговиот помошник. Потоа, по речиси еден час, се појави ПР-от на клубот и рече дека нема да има конференција. ...
Дали навистина Енцо е (не)возможна мисија за Енцо?! Енцо Мареска сака бомбастична замена за Родри, а неговата најголема желба е – Енцо Фернандез. Англиските медиуми потврдија дека Енцо Мареска е во контакт со поранешниот играч, кој беше неговиот мотор во Челзи, но дека шансите тој да му се придружи на „Етихад“ се минимални. Челзи постави цена од 120.000.000 фунти, на крајот на краиштата, платија речиси толку кога го доведоа во зимата 2023 ...
Претседателот на европската зона на ФИБА, Хорхе Гарбахоса, повторно е во Македонија, овојпат во посета на Гевгелија, каде ја проследи средбата меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина. Откако пред извесен период беше гостин на Младинската кошаркарска конвенција во Скопје, првиот човек на ФИБА Европа повторно допатува во нашата земја, овојпат на покана на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија и градоначалникот ...
Откако видоа дека работите не им одат во посакувана насока, два убедливи порази на првите два меча во новата сезона во ПМФЛ, раководството на Арсими денеска и тоа како беше активно на фудбалскиот пазар. Претходно беше промовиран голманот Ристо Јанков, а и уште неколку имиња, за да предмалку тимот од Чегране се пофали со дефанцзивец од Сенегал. Тоа е Ел Хаџи Арфанг Гаје, инаку некогашен стопер на Шкупи. Гаје доаѓа од тимот на косовски ...
Како Вардар, така и Башкими. По само две кола во новата сезона во ПМФЛ, веќе имаме две тренерски смени. Прво Вардар по поразот во дербито од Шкендија, му врачи отказ на Кристијан Фабиани, денеска и Башкими му врачи отказ на Гајур Реџепи, а на негово место е назначен Шабан Сулејмани. “ФК Башкими 1947 постигна договор со тренерот Шабан Сулејмани, кој неодамна беше заменик-тренер во Работнички. Тој има искуство во Лирија е Призрен, каде што ...
Македонската кадетска машка репрезентација со пораз ја заврши групната фаза на Европското првенство Б Дивизија. Нашите кошаркари беа совладани од Украина со 84-70 во битката за третото место . Веќе однпред беше познато дека Македонија ќе се бори за пласман од 9-то до 16-то место во продолжение во шампионатот. Победникот на мечот беше решен во третата четвртина во која противникот беше подобар со 24-10. Нашите момци се обидоа да се вратат во ...
Претстојниот викенд со мечевите од 1.коло, стартува новата сезона во ВМФЛ. Интересно ќе биде со оглед на тоа дека тука се и гиганти како Работнички и Пелистер, потоа некогашни шампиони Македонија ЃП и Шкупи. Познат е и распоредот и сатницата на сите седум мечеви кои се играат во сабота од 17 часот, само Пелистер игра дома во недела со Камјани и тоа од 20 часот под светлоста на рефлекторите. Интересно е тоа што во Струмица во исто време се ...
Многу врева дигна газдата на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос кој најави дека следната година Никола Јокиќ ќе дојде во Атина и дека понудата веќе е испратена. Тој потоа истакна ако не се верува на неговите зборови тогаш треба да се праша Мишко Ражњатовиќ. Познатиот српски кошаркарски менаџер потврди дека 31-годишниот српски центар навистина добил неочекувана понуда од Атина, а потоа малку се „влезе“ во деталите. „Сè што Димитрис кажа во ...
Вечерва се одиграа неколку реванш мечеви од 3.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, па така се познати и дел од учесниците во плеј-офот во натпреварување. Како што веќе пренесовме, Никола Серафимов со својот Левски успеа да слави против Каират и да се пласира во пклеј – офот. Таму се и Динамо Загреб, Цеље… но не и Ц.Звезда која просто се избламира во двомечот со Хапоел Бер Шева. РЕЗУЛТАТИ – ЛШ Каират – Левски 0:1 Бодо/Глимт – Ројал ...
Селекторот на македонската кадетска репрезентација Дејан Стојановски ја анализираше играта по поразот од Украина (70:84). И покрај поразот, тој ги истакна борбеноста и енергијата на тимот, но посочи и на сегментите во кои Македонија мора да направи чекор напред. „Имавме перфектен старт, токму онака како што беше нашиот план. Но, веднаш штом противникот почна да нè притиска, повторно влеговме во лоши одлуки. Особено против зонската одбрана ...
Тиквеш и дефинитивно не знае за доста, кога станува збор за летниот преоден рок. Имено вечерва кавадарчани се пофалија дека успеале да го ангажираат некогаш големиот талент – Бесар Гуџуфи (22). Младиот напаѓач и некогашен член на Вардар, Беласица, Шкупи, Партизани и член на младинскиот тим на Бешикташ, ќе се обиде во Тиквеп да ја ревитализира својата кариера. Се разбира ако успее во тоа тогаш стратегот Оливер Богатинов и тоа како ќе има ...
Уф, каква катастрофа за Црвена Звезда? И не толку поради фактот што и вечерва српскиот шампион во реваншот во Белград беше поразен од Хаопоел Бер Шева со 0:2 (вкупни 0:3), и елиминацијата во 3.квалификациско коло во ЛШ, туку поради начинот на кој дојде до ова. Ц.Звезда имаше 0:1 од првиот меч, и се најавуваше лесно минување против тимот од Израел, така најавуваа барем оние фанови на овој клуб кој не ја гледаат вистинската слика во тој клуб. ...