Вардар ќе игра против ГРК Охрид во финалето на традиционалниот Струшки ракометен турнир, откако славеше против Бутел (36-23). Избраниците на Иван Чушиќ без многу мака славеа над градскиот ривал Бутел предводен од вардаровата легенда Стојанче Стоилов. Победникот беше решен уште во првото полувреме (21-13). Домаќинот Струга го освои второто место во својата група откако славеше во пресметката со Дубочица од Србија со минимални 28-27. Стружани ...
Бранителот на трофејот ГРК Охрид и актуелниот македонски шампион и освојувач на Купот, Вардар 1961, вечерва ќе се борат за победничкиот пехар на 54. издание на Меѓународниот ракометен турнир во Струга. Финалната пресметка е закажана за 20:30 часот и ќе биде кулминација на четиридневните возбудувања на традиционалниот турнир. Охрид ќе се обиде да го одбрани трофејот освоен минатата година, додека Вардар 1961 ќе атакува на уште една титула ...

