И дефинитивно Џани Инфантино е во проблем. Не само што страстите не се смируваат туку напротив, се чини дека војната на релација УЕФА – ФИФА допрва почнува. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, треба да се сретне со претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, на финалето на Суперкупот на 12 август. Ал-Келаифи е еден од клучните сојузници на Чеферин, а претседателот на УЕФА наводно ја повикува Европската асоцијација на фудбалски клубови ...

Уф, каква “бомба“ денеска лансираат медиумите во Шпанија, поточно во Каталонија! Апсолутно сите релевантни инсајдери од фудбалскиот пазар се убедени дека Родри ќе стане нов член на Реал Мадрид, но сега доаѓа веста дека Барселона контактирала со Манчестер Сити. Каталонските медиуми тврдат дека Ханси Флик и спортскиот директор Деко воделе важни разговори и се согласиле дека треба да доведат уште еден централен играч од средниот ред по уште ...

Шпанската фудбалска репрезентација неодамна го освои Светското првенство против Аргентина со победа од 1:0 по продолженија, а најдобриот играч на турнирот – Родри, реши да оди на одмор на неочекувана дестинација. Најдобриот играч на планетата пристигна во Црна Гора. Да, добро прочитавте, најдобриот играч на овогодинешното Светско првенство реши да го помине одморот со посета на Црна Гора, беше во Еко Вилиџ Невидио, беше и во Ловќенац, а сега ...

Нашата одбојкарска репрезентативка, Ерјона Јонузи потпиша за словачкиот шампион, тимот на Слован Братислава. Тоа значи дека Јонузи направи трансфер од Ново Место во најдобриот клуб во Словачка. Да потсетиме дека во Ново Место, една од нашите најдобри одбојкарки мина и тоа како две успешни сезони, но сега е време за нови предизвици во својата кариера. Инаку Јонузи својата успешна кариера ја започна во Шкендија, следуваше интернацинална ...

Един Џеко потпиша нов договор со Шалке 04, се пофали клубот, кој се враќа во Бундеслигата во новата сезона. 40-годишниот Босанец потпиша договор на една сезона со „сините“, за кои играше како позајмен од Фиорентина во пролетта минатата сезона и постигна 6 гола и додаде 3 асистенции во 11 натпревари. Џеко се врати во Гелзенкирхен откако беше дел од репрезентацијата на Босна и Херцеговина на Светското првенство во САД, Мексико и Канада. „Един ...

Дарко Чурлинов може да биде задоволен. Имено вечерва во меч од 2.коло во елитната лига во Полска, тој беше стартер за својот нов тим, Погон Шчечин, тоа беше негово деби кое беше одбележано со победа и тоа на гости со 0:2 кај Краковија. Да потсетиме дека македонскиот репрезентативец пред само неколку дена направи трансфер од Коџаели во Погон Шшечин, при што во својот нов клуб беше претставен како големо засилување. Инаку Чурлинов вечерва на ...

Со оглед на фактот што четири имиња на фудбалери се избришани од официјалната веб страница на тимот на Баерн Минхен тоа дефинитивно значи дека „Баварците“ од овој момент повеќе не сметаат на нивните услуги. Тоа се Жоао Палиња, кој што беше платен десетици милиони евра, а си заминува на мала врата, потоа, французинот Сача Боеј, шпанецот Брајан Зарагоса кој што се врати од позајмицата од Рома, но не останува во Минхен, и конечно, Армандо Зиеб ...

Македонија остана со само уште еден претставник во европските купови, екипата на Шкендија. Двата тима кои веќе ги завршија настапите, Вардар и Силекс, за своите натпревари ова лето веќе инкасираа одредена сума на средба од програмата за награди на УЕФА за настап во европските купови. Вардар по двете елиминации во Лигата на шампините и Конференциската лига, во касата ќе добие 960.000 евра. Оваа сума е поприлично висока и покрај елиминацијата, ...

Најавите се остварија, Џордан Хендерсон и официјално е нов член на Челзи, со кого потпиша двегодишен договор, откако ја прекина соработката со Брентфорд по меѓусебен договор, соопшти клубот денес. Искусниот 36-годишен играч од средниот ред се приклучува во редовите на лондонскиот клуб по една сезона во Брентфорд, за која одигра 32 натпревари во Премиер лигата. „Со оглед на големината на клубот, менаџерот Чаби Алонсо, кого многу го почитувам, ...

Од денеска и официјално екипата на ТФТ е посилна за Тејшон Комер. Раководството на еден од нашите најдобри клубови потврди дека Американецот е нивни нов член. Според ТФТ, Комер е динамичен бек кој носи цврстина, лидерски квалитети и вистински натпреварувачки дух. Комер има одличен преглед на играта, игра во високо темпо и знае како да го контролира натпреварот. Зад себе има значајно искуство, а во ТФТ веруваат дека неговата енергија и ...

И дефинитивно Маурицио Покетино ќе остане селектор на САД во следните четири години. Ова значи дека Аргентинецот ќе ја предоводи оваа селекција и на следното СП 2030. Имено денеска раководството на Фудбалската Асоцијација на САД официјално објави дека со Покетино е продолжен договорот па така тој останува на селекторската функција и во наредниот период. Оваа вест е по малку изненадувачка ако се знае дека некогашниот стратег на Тотенхем, ...

Зарем навистина Џани Инфантино мислеше дека со Доналд Трамп може да се прави договор и истиот да се почитува? А што мислеше кога “влезе“ во “дил“ со првиот човек на САД? И ете, сега го моли по секоја цена да го „спаси“, ама Трамп не му дига телефон, едноставно го откачи. Имено претседателот на ФИФАпобарал помош од администрацијата на Доналд Трамп за да ја зачува својата позиција, тврди „Њујорк пост“. „Пост“ објави дека Инфантино договорил ...

Со конечни 33-23, кадетската репрезентација на Македонија успеа да ја забележи првата победа на Европското пренство во Србија, и тоа против соодветната селекција на Италија. Селекторот Горан Кузманоски има повод да биде задоволен по денешната изведба на неговите избраници, затоа што нашите млади ракометари уште од самиот почеток на мечот дадоа до знаење дека сакаат да исвојуваат победа, и така се однесуваа на терен. Денешната победа е од ...

Екипата на Тиквеш за тековната сезона во ПМФЛ шампионатот ќе биде посилна за Окта Ракипи. Кавадарчани предмалку го промовираа своето најново засилување, кое што веќе е дел од екипиата и ќе конкурира за следното коло во домашниот шампионат. Македонскиот младински репрезентативец во минатото беше дел од екипите на Шкендија, Борец, Беса Добри Дол, а прави кам бек од Словенија каде што беше дел од тимот на Јесенице. Екипата на Тиквеш за ...

Ветеранот Возиња, едно од „заштитните лица“ на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, инаку репрезентативец на Зеленортските острови, конечно се појави во Чиле за да се приклучи на неговиот нов тим Коло Коло. На аеродромот каде што пристигна Возиња предизвика ерупција од воодушевување, и илјадници навивачи и внимание кое ретко кој го доживеал. Голманот предизвика огромно внимание последните неколку дена кога одложуваше да се ...

Екипата на Борусија Дортмунд направи голема работа со потпишувањето на еден од најквалитетните млади играчи во Европа, грчкото чудо од дете, 18. годишниот Константинос Карецас. Момчето кое што е родено во Белгија, во Генк, во Дортмунд пристигнува токму од оваа екипа. Тој чини цели 33 милиони евра, плус проценти од следниот трансфер но реално гледано, тоа со оглед на неговиот квалитет и не е така скапа цена. Имено, тој минатата сезона вкупно ...

Во насока на што подобро да го изгради тимот за следната сезона, Динамо Загреб донесе засилување од ни помалку ни повеќе ПСЖ. Ноа Нсоки е младиот играч кој што има во моменгов 19. години и кој што од Париз си заминува без обештетување. Секако, договорен е процент од следниот трансфер на младиот играч, кој што е многу веројатен со оглед на политиката на клубот од Максимир и како тој ги продава играчите. Нсоки во жестоката конкуренција во ПСЖ ...

Некогашниот македонски младински репрезентативец Албан Таипи следнава сезона ќе ја одигра во шампионатот на Црна Гора, каде што ќе биде дел од тимот на Ортрант Олимпик Улцињ. Напаѓачот кој што веќе има полни 23. години има интернационално искуство од екипите на Кудривка во Украина, како и со неколку клубови во Унгарија. На домашна сцена пак беше дел од екипите на Ренова, Беса, Детонит, Арсими…. беше дел од У17 и У18 репрезентациите на ...

Англија и Велс се првите две земји кои што ги повлекоа писмата за поддршка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, објави новинарот и инсајдер на „Скај њуз“, Роб Харис. Според него и други европски асоцијации имаат намера да го отфрлат реизборот на Инфантино. Претходно беше објавено дека неколку високи функционери на ФИФА, вклучувајќи го и генералниот секретар Матијас Графстром, вршат притисок за оставка на Инфантино, знаејќи дека ако тоа ...

Шкендија против победникот од двомечот Гетеборг – Гент во плеј – офот во ЛК. Ова е резултатот на ждрепката која се одржа пред малку во Нион. Јасно беше уште утринава, откако УЕФА го скрати списокот и ги одреди групите за ждрепката во плеј – офот во Лигата на Конференции, дека Шкендија ќе има можен екстра силен противник, и тоа и се оствари. Па така тетовци, во случај да го минат Хиберниан во третата квалификациска рунда во ова ...

Македонскиот репрезентативец, Стефан Ашковски својата кариера и официјално ја продолжи на Индонезија. Левиот бек ќе игра во тимот на ПСС Слеман, нов член на најсилната фудбалска конкуренција во оваа земја. Со тоа, се решава уште една дилема на македонската фудбалска сцена летово, затоа што Ашковски беше еден од последните наши интернационалци кои што до денеска немаше ангажман. Ашковски е веќе сериозно искусен играч со полни 34. години и има ...

Луис Хол, младиот и ултра квалитетен лев бек на тимот на Њукасл, ќе биде следното засилување за екипата на Манчестер Јунајтед ова лето. Тој во моментов има само 21. година и е изборот на Јунајтед како замена за Лук Шо, кој што со години е дел од тимот од Олд Трафорд. Договорот на Шо истекува за година и пол и Луис Хол би требало до тогаш веќе да се етаблира како сериозна опција за првите единаесет. Самиот играч според медиумите ја отфрлил ...

Дека Елиф Елмас има проблем со клупскиот статус и договорот со тимот на Ред Бул Лајпциг каде што воопшто не доби шанса, тоа и не е тајна. Нашиот најдобар фудбалер одработи изминатата полусезона позајмица во Наполи, а летово се врати во Германија. На големо се пишува за неговата преселба во Италија, односно во Јувентус каде што тренерот Спалети отворено го посакува, а исто така и негово враќање во Турција не е исклучено. Тамошните медиуми ...

Белградска Црвена звезда ќе има отворен пат кон завршниот дел од Лигата на шампионите. Имено, по денешната ждрепка за плеј-оф колото, „црвено-белите“ имаат реални шанси да сметаат на сезона во главната фаза од најсилното европско натпреварување. Црвена звезда во третото квалификациско коло ќе игра против Хапоел Бер Шева од Израел, додека ако успеат да го елиминираат Хапоел, во плеј-офт ќе се сретнат со подобриот од двомечот меѓу Архус од ...

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија направи пад од едно место на најновата ФИВБ ранг листа на најдобрите светски одбојкарски репрезентации. По завршницата на Лигата на нации беа направени неколку корекции на позициите на репрезентациите, на македонската репрезентација се најде на 54. позиција, во пад за една позиција за разлика од последниот ранкинг. Причина за падот на Македонија на августовското рангирање е скокот на ...

Пари Сен Жермен ова лето докажа дека не е само клуб познат по големите трошоци на трансфер пазарот, туку и по способноста да управува и да ја максимизира вредноста на своите играчи. Француските шампиони успеаја да обезбедат до 170 милиони евра од заминувањето на само тројца играчи, извршувајќи низа важни финансиски операции и создавајќи простор за нови инвестиции. Според француските медиуми, една од најголемите продажби беше онаа на Гонсало ...

Иднината на Кертис Џонс во Ливерпул е под знак прашалник бидејќи тој е силно поврзуван со трансфер во Интер ова лето. Италијанскиот клуб понуди околу 35 милиони евра, додека Ливерпул бара најмалку 40 милиони евра, плус бонуси. Џонс неодамна се најде во насловните страници откако се судри со Доминик Собослај и Костас Цимикас по пријателскиот натпревар на тимот против Рексам. Не е јасно што ја предизвикало расправијата, но се чини дека Џонс ...

74-годишниот Луј ван Гал е отворен за разговори со Холандската федерација за сензационално враќање како селектор на холандската репрезентација. Сега кога неколку главни кандидати се откажаа од различни причини, искусниот тренер е подготвен повторно да седне на разговори со фудбалската асоцијација. Потрагата по наследник на Роналд Куман во моментов се покажа како исклучително тешка. Куман се повлече на почетокот на јули откако Холандија беше ...

Вчера во Охрид се одржа 47. издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, на кој настапија 83 пливачи од Македонија и странство, поделени во две возрасни категории, од 8 до 15 години и 16 години и постари. Во конкуренција на пливачи од 16 години и постари, во машка конкуренција најбрз беше Никола Велковски (16) од ПК „Вардар 2018“, кој патеката ја исплива за 27:56.53 минути. Второто место му припадна на неговиот клупски колега Андреј ...

Тренерот на Барселона, Ханси Флик го информирал раководството на Каталонците дека Феран Торес нема да биде продаден за време на овој летен преоден рок. Според „Мундо Депортиво“, германскиот тренер го смета шпанскиот напаѓач за важен елемент од неговиот проект и сака тој да продолжи да биде дел од тимот, и покрај наводниот интерес од Пари Сен Жермен. Барселона исто така има намера да го обнови договорот на Торес по завршувањето на преодниот ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.06
34%
1012
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
4.21
39%
1012
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
2.57
29%
1012
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
3.09
33%
1015
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
3.55
30%
1013
weather icon

Љубљана

30ᴼ / 30ᴼ
3.09
32%
1013
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
7.72
38%
1013
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.54
65%
1013
weather icon

Подгорица

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
58%
1013
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
4.02
46%
1015
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 28ᴼ
0.13
29%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
7.2
91%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1364

Currency

72.0206

Currency

37.6482

Currency

38.3228

Currency

65.492

Currency

7.88626

Currency

0.63317

Currency

0.33382

Currency

0.52479

Currency

1.11095

Currency

0.55713

Сребро

2080.30

Платина

56103.05

Кобалт

56.29

Калај

56.34

Злато

140678.81

Родиум

282926.57

Бакар

13.28

Алуминиум

3.25

Цинк

0.00

Паладиум

41731.67

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36