Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Од скујачката федерација на Македонија свечено објавија дека се е подготвено за викендов во Крушево да се одржи меѓународниот Ролерски куп „Тоше Проески“. Настанот годинава го има јубилејното десетто издание. Церемонијалното отворање е предвидено за петок, пред спомен-куќата на македонската музичка легенда Тоше Проески. Купот традиционално ќе помине во знакот на спортски трки, дружење меѓу натпреварувачите и промоција на спортските ...
Иако неговиот договор со Реал Мадрид, беше објавен уште на 18 јуни, сепак, „Кралевите“ дури денеска го официјализираа трансферот на еден од своите најголеми засилувања ова лето. Ибрахима Конате и официјално е играч на Реал Мадрид до 2030 година, а ќе го носи дресот со број 16 оној што фосега му припаѓаше на Гонзало Гарсија до сега. Конате секако пристигнува од Ливерпул каде што со импресивните игри досега заслужи и трансфер во најголемиот ...
Екипата на КК Соколи од Штип и натаму продолжува да го пополнува својот ростер за следната натпреварувачка сезона. Овојпат во прашање е странско засилување од САД, во името на Кам Хамилтон. Се работи за плејмејкер кој што има искуство со играње во САД, Албанија, Кипар, и Полска. Се работи за одличен поентер и разигрувач, кој што во изминатата сезона одиграна во Полска имал просек од речиси 20 поени по меч. Екипата на КК Соколи од Штип и ...
И тоа го има во светот на фудбалот, посебно ако е знае дека во овој спорт се “вртат“ милијарди. Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо наводно добил закани од саудискиот клуб Ал-Ахли и бил принуден да ја избрише објавата во која ги објави деталите за трансферот на Украинецот Артем Бондаренко во овој клуб. Раководството на Ал-Ахли од Саудиска Арабија не било задоволно од фактот што угледниот италијански новинар Фабрицио Романо ги ...
КК Кожув го претстави своето ново засилување – 21-годишниот македонски бек Михаил Стојанов. Михаил е висок 185 сантиметри и во изминатите сезони беше дел од ТФТ Моцарт Скопје, каде што го стекна своето искуство во македонската кошарка, но и на меѓународна сцена. Зад себе има настапи во АБА 2 лигата, каде што се соочил со силна регионална конкуренција и стекнал драгоцено искуство. Во сезоната 2025/26 имаше и одличен индивидуален настап против ...
М.Т. од Прилеп освои Супер милионер џекпот вреден 7.687.144 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Спорлајф Трејд на 10.08.2026 година во Прилеп. Среќната игра е Фламинг хот. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 10.08.2026 до 16.08.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 15.848.750 денари кон играчите на ВЛТ ...
Документарниот филм за животот и кариерата на Новак Ѓоковиќ насловен како „Новак Ѓоковиќ: Зимски волк“ ќе пристигне на платформата „Prime“ на Амазон на 20 август. Ноле со години најавуваше документарец, но коцките не се совпаднаа сè до сега кога успеа да постигне договор со американската стриминг компанија. Филмот веќе имаше премиера во Соединетите Држави, каде што Ѓоковиќ собра пријатели и бројни познати личности како Мајк Тајсон, Џон ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е елиминирана од турнирот во Синсинати и нејзиното прво место на ВТА листата е загрозено. Најдобрата тенисерка во светот лесно може да го изгуби ова ласкаво признание откако беше елиминирана во осминафиналето на турнирот ВТА 1000 во Синсинати од Сара Бејлек. Чешката тенисерка, 35-та тенисерка на планетата, ја победи Белорусинката со 2-0 во сетови, со резултат 7:6, 6:4. Натпреварот траеше еден час и 55 ...
Иако е во Мадрид веќе неколку недели, Жозе Мурињо конечно официјално беше претставен како тренер на Реал Мадрид, по втор пат во својата кариера. Во таа прилика, тој особено ги пофали двете најголеми ѕвезди на тимот, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор. Многу се зборуваше за Мбапе во текот на минатата сезона, честопати во негативен контекст, но искусниот португалски стручњак нема дилема кога станува збор за квалитетот на францускиот напаѓач. ...
КК Пелистер официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27. Клубот влегува во овој циклус со целосно нова структура и визија за развој на тимот. Екипата сезонава ја предводи искусниот стратег Тане Спасев, кој потпиша едногодишен договор. Негов асистент ќе биде Владимир Николовски, со што се обезбедува континуитет во работата со кошаркарите. На прозивката беа присутните сите новајлии, со исклучок на Американците ...
И повторно нема да има прволигашки фудбал на Автокоманда, на голема жал на фановите на Скопје – „Пиратите“. Имено ФФМ потврди дека натпреварот меѓу Скопје и Тиквеш, сепак ќе се игра на тренинг центарот “Петар Милошевски“ на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје. Иако беше планирано повратникот во елитата на овој меч да го игра на својот стадион, очигледно е дека истиот сеуште не е подготвен за мечеви од овој ранг на натпреварување. ...
Поранешниот напаѓач на Наполи, Ромелу Лукаку, кој му се придружи на турскиот гигант Фенербахче, беше жестоко критичен кон својот поранешен клуб. „Минатата сезона беше најлошата година во мојата кариера“, призна белгискиот репрезентативец. Минатата сезона, напаѓачот одигра само 102 минути во трите натпреварувања на Наполи и постигна само еден победнички гол во натпреварот против Верона. Лукаку ја издржа смртта на својот татко оваа година, ...
Крај на сагата, ако и ја имаше. Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, потпиша нов договор со Ред Бул до крајот на 2030 година, со што завршија месеците шпекулации за неговата иднина. Иако претходниот договор на Макс Верстапен со Ред Бул траеше до крајот на 2028 година, клаузулите за отпуштање ги поттикнаа гласините за можен трансфер во ривалски тимови како што е Мерцедес. Сепак, Холанѓанецот останува лојален на тимот ...
Во меч меѓу Лео Меси против Милан Илоски, или Мајами против Филаделфија беше супер интересно, но на крајот заврши со резултат 2:2. “Македонецот“ имаше асистенција за 2:2, а можеше да биде и херој ако се знае дека во 6:2 минута постигна гол за 3:2, но истиот му беше поништен. Меси погоди за 2:1 во 26.минута и тоа беше негов прв гол после Мундијалот. Секако дека го посвети на својот неодамна починат татко. Leo Messi scores his first league ...
Атлетико Мадрид на “Метрополитано“ со 2:0 славеше против Малага и со тоа победнички ја стартуваше новата сезона во Ла Лига. Сепак тренерот Диего Симеоне се најде во центарот на вниманието откако на натпреварот против Атлетико Мадрид можеа да се слушнат навредливи извици упатени кон Хулијан Алварез. Како што беше истакнато по натпреварот, станува збор за изолирани извици од еден специфичен дел од трибините, а целта беше аргентинскиот напаѓач. ...
Вечерва се одиграа уште четири први средби од плеј-офот во Лигата на Шампионите. Се чини дека веќе нема дилеми дека Бодо/Глимт, кој во изминатите две сезони испиша историја во Европа, дека и во претстојната ќе игра во групната или по ново лигашка фаза во ЛШ. Имено тимот од Норвешка вечерна на гостувањето кај НЕК Нијменген победи со 1:3 и веројатно реваншот на свој терен го направи само да биде формалност. Селтик со 3:0 на свој терен во ...
И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на секоја сезона. Каталонската гордост вечерва славеше против Ал Ахли, тим од Египет, со 2:1. Стрелци на головите за Барса беа Абделкарим и Рафиња. Сепак поинтересно беше пред почетокот на мечот. Имено на гледачите на “Камш Ноу“ и секако на фановите на Барса им беше претставен ...
Гигантот од „Енфилд“ сака дополнително да го засили нападот пред почетокот на новата сезона и покрај речиси завршениот договор со Бредли Баркола од ПСЖ, „Црвените“ тргнуваат и по младата ѕвезда на Реал Мадрид, Ендрик. Ливерпул ќе преземе конкретни чекори во наредните денови за да го доведе бразилскиот напаѓач. Понудата ќе изнесува 65 милиони евра и таа бројка би требало да биде доволна за „Кралевите“ да кажат „да“. Ливерпул го гледа Ендрик ...
Не било баш секогаш идеално во Манчестер Сити. Неверојатни детали од соблекувалната на “граѓаните“ повторно го привлекоа вниманието на јавноста, а во центарот на приказната беа Пеп Гвардиола и Кајл Вокер по поразот од Ливерпул на „Енфилд“ во декември 2024 година. Според информациите што беа објавени, по натпреварот дошло до жесток конфликт помеѓу тогашниот тренер на Сити и искусниот англиски дефанзивец. Вокер бил особено лут откако бил ...
Атлетико Мадрид – Малага 2:0 е исходот од вечерашниот меч во рамките на 1.коло во Ла Лига.Ова значи дека четата на Диего Симеоне имаше победнички старт во новата сезона 2026/27 и тоа пред своите фанови. Иако без своите главни напаѓачи, Алварез и Серлот, “Јорганџиите“ победија во нивни стил на “Метропилитано“ во Мадрид. Им дозволија на гостите да одиграат добро, да создадат неколку опасни шанси, Облак спасуваше за да со головите на Ли Канг – ...
Неверојатно. Она што му се случува на Пелистер, истото му се случува и на европскиот шампион. ПСЖ нема да ја започне новата сезона во Лига 1 на “Паркот на Принцовите“ како што беше планирано. Натпреварот од првото коло против Рен е преместен на “Паркот Роасон“ откако инспекцијата покажа дека состојбата на теренот во Париз не дозволува да се гарантира безбедноста на играчите. Натпреварот требаше да се одржи во недела, 23 август, во 20:45 ...
Нови информации вечерва од трансфер – пазарот во Европа. Она што се најавуваше во минатите денови, но без некоја посебна помпа ако се знае дека во преден план беше ангажманот на Хулијан Алварез, сега и дефинитивно е јасно. Барселона и официјално тргн по капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез. Сумата би требало да биде околу 85 милиони евра, иако Интер сеуште не се изјаснил. Тотенхем не знае за доста кога станува збор за овој летен преоден рок. ...
Како што попладнево потврдија од РК Вардар, на првиот меч во новата сезоната во Лигата на Шампионите, на гостувањето на Мелсунген тимот на Иван Чупиќ ќе ја има поддршката од фановите и дека за нив е обезбеден бил БЛОК 1. Еве што соопштуваат од РК Вардар: Почитувани, По минатогодишната одлична соработка со МТ Мелсунген, така и оваа сезона, обезбеден е посебен блок за нашите навивачи. Сите вие кои сакате да бидете дел од првиот настап на ...
Тиџани Рејндерс дефинитивно се пресели од Манчестер Сити во Сауди Ал Кадсија, објавија денес овие клубови. Како што објави Ал Кадсија, 28-годишниот играч од средниот ред на холандската репрезентација потпиша договор до јуни 2031 година. Англиските медиуми објавија дека цената на трансферот е околу 61 милион евра. Ова е втората најскапа продажба на Сити во историјата, по Хулијан Алварез, кој замина во Атлетико Мадрид пред две години за 75 ...
И дефинитивно Џамал Мусијала ги загрижи сите во Минхен. Тој се струполи на теренот двапати за три дена, а веќе се шпекулира дека би можел да земе подолга пауза за да избегне посериозен здравствен проблем. Ули Хенес, првиот човек на клубот, во разговор со германските медиуми, истакна дека лично е без зборови. Тој стана сериозен проблем за клубот и ќе му обрнат многу поголемо внимание. „Вистинска драма е, особено за Џамал“, почна Хенес и ...
Вечерва во меч од 2.коло на турнирот „Крсте Андоновски – Охрид 2026“, кој беше и меч од регионалната лига, ГРК Охрид со 29:19 успеа да слави убедлива победа над Војводина. За разлика од првиот меч против У-20 селекцијата на Египет, вечерва составот на Борис Ројевиќ беше некое сосема друго ниво. Интересно, Ројевиќ славеше против својот некогашен клуб, Војводина. Охрид подобро го “отвори“ мечот кој на стартот беше крајно неефикасен, па затоа ...
Ете, и тоа го има во фудбалот, и тоа во Серија А. Екипата на Лучијано Спалети го започнува своето патување во новата сезона во Серија А со гостување во Фрозиноне, каде што Старата Дама сигурно ќе ја игра улогата на фаворит. По неколку незаборавни сезони, навивачите на Јувентус се надеваат дека овој клуб конечно ќе се врати на врвот и ќе се бори за Скудетото. Сепак, неколку дена пред почетокот на новата сезона, Спалети се најде во неочекуван ...
Вечерва во Битола, во пријателски натпревар, РК Пелистер со убедливи 39:17 успеа да го победи составот на Пелистер 2. Овој меч е традицинален, се игра пред сртартот на секоја сезона, па така беше и оваа сезона. Ова значи дека составот на Лино Червар имаше успешна “генералка“ во пресрет на првиот официјален меч кој се игра во недела во рамките на регионалната лига и тоа против Партизан. Тоа ќе биде деби и за легендарниот хрватски стратег на ...
Денвер Нагетс разгледуваат опции на пазарот во случај на заминување на Пејтон Вотсон, а едно од имињата поврзани со тимот на Никола Јокиќ е Демар Дерозан. Инсајдерот од НБА, Марк Штајн, наведува дека Денвер, заедно со Мајами и Вашингтон, покажале интерес за 37-годишниот ветеран, кој зад себе остави 17 сезони во најсилната лига во светот. „Визардс, во меѓувреме, ги променија своите намери да доведат уште еден ветеран ова лето, покажувајќи ...
Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дел од Медитеранските игри кои што ќе се одржат од Таранто, Италија. Нашиот национален состав ќе биде предводен од селекторот Александар Таневски, што ќе рече дека одиме со У20 составот на овие игри. Ние сме во групата со репрезентациите на Мароко, Тунис и Турција. Мечевите се пак закажани со следниот распоред, Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08). Селекорот Александар Таневски за ...