Македонската фудбалска репрезентација ќе биде дел од Медитеранските игри кои што ќе се одржат од Таранто, Италија. Нашиот национален состав ќе биде предводен од селекторот Александар Таневски, што ќе рече дека одиме со У20 составот на овие игри. Ние сме во групата со репрезентациите на Мароко, Тунис и Турција. Мечевите се пак закажани со следниот распоред, Мароко (26.08), Тунис (22.08) и Турција (24.08). Селекорот Александар Таневски за ...

Уште еден репрезентативец на Англија во следната сезона ќе игра во Интер. По Соунс и Спенс, во градот на модата пристигнува и Кертис Џонс, инаку досегашен член на Ливерпул. Малку е чудно како “црвените“ не успеаја да го заржат Џонс, но сега е веќе готово. Од друга страна Арсенал и натаму се засилува. Иако има екстра тим, Микел Артета успеа да го договори репрезентативниот дефанзивец на Англија и сега веќе досегашен член на Астон Вила, Езра ...

Откако на стартот на новата сезона во ПМФЛ, тимот на Башкими на сите три меча беше убедливо поразен, денеска раководството на клубот објави дека успеало да се засили со две нови имиња. Првото е младиот Стефан Ристовски кој доаѓа од таборот на Детинит. Ристовски е напаѓач и има одлична сезона зад себе. Фати Исмали е искусен дефанзивец, кој во минатото бил дел од екипите на Шкупи, Гостивар, Работнички, а играл и во шампионатот на Косово во ...

Иако не успеа да го однесе својот Алтаи во финалето на Купот на Казахстан, сепак нашиот Дарко Додев одигра одличен меч против Ордабаси во реваншот од 1/2 финалето на кој постигна и гол уште во 3.минута за 1:0. Сепак до крајот на средбата гостите славеа со 1:2 и со вкупни 2:5 се пласираа во финалето. Колку за потсетување, Додев кој ова лето направи трансфер од Силекс во Казахстан, на последните три меча за Алтаи има еден гол и две асистенции. ...

Досегашниот играч на кумановски Башкими, интернационалецот од Гана, Емануел Аворнио ја продолжи својата кариера во Саудиска Арабија. Поточно во тимот на Ал Адалах, кој што се натпреварува во втората по ранг лига на оваа земја. Аворнио се прокламираше изминатиот период за еден од најдобрите напаѓачи во нашата лига, и беше мета на повеќе екипи како кај нас така и во соседството. Сепак, се одлучи за трансфер на Блискиот исток, каде што ...

Екипата на Соколи од Штип додека чека и официјална потврда од Кошаркарската федерација на Македонија за настап во Супер-лигата во брз ритам го создава тимот за следната сезона. После Александар Костоски и Ивица Димечвски, во својот ростер Марјан Србиновски го додаде и младиот Хусеин Бајрам, кој доаѓа од тимот на Вардар. „Нашиот тим добива нова енергија со доаѓањето на Хусеин Бајрам! Младиот поранешен капитен на Вардар носи борбеност, брзина ...

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони евра плус бонуси, додека пак, додека пак Сузуки пристигнува од Парма за сума од 30 милиони плус пет евентуални. Како што е добро познато Сузуки беше на работ да потпише за ПСЖ но дилот пропадна па тој пристигна во Бигмингем. Од друга страна пак, ваквиот развој ...

Македонската младинска женска репрезентација ќе настапи на Медитеранските игри во Таранто. Селекторот на оваа генерација, Даниела Новеска Вељановска го објави конечниот список на кој се наоѓаат 14 ракометарки. Новеска нема да може да смета на целиот потенцијал, но сите кои се најдоа во планот на нашиот национален тим ќе имаат квалитетни мечеви и секако големо искуство. Македонија ќе го започне својот настап на Медитеранските игри со дуелот ...

Женската репрезентација на Македонија до 20 години загуби со 0:3 (17:25, 20:25, 16:25) од Романија во рамките од групата А, на отворањето на БВА Зонските квалификации за ЕП 2027 кои се играат во Мостар, БиХ. Одбојкарките имаа убаво отворање на мечот и се држеа егал до 9:9, но потоа следуваше серија од 0-5 (9:14) на противникот на која во прилог и одеа и техничките грешки и проблемите со приемот во нашата игра. Романија се одлепи на 13:20 и ...

Од канцеларијата на европската куќа на фудбалот (УЕФА) до сите свои членки, меѓу кои е и Македонија, е испратен циркуларен допис со кој се појаснуваат новите правила за судиите, а поврзани со моментите на натпреварите кога еден или повеќе фудбалери се жалат на повреди. Во дописот се наведува дека правилата мора да се спроведуваат и на домашните натпреварувања кои се во организација на секоја од федерациите. Следуваат трите препораки од УЕФА: ...

Екипата на Рома заврши голема работа со доведувањето на супер талентот на тимот на Порто, 19. годишниот Родриго Мора. Преговорите помеѓу двата клуба траеја со недели, а финалниот момент во договорот е што Порто го задржува правото да го откупи за 50% од сумата која што ја плаќа Рома во моментов. Истата според медиумите е 15 милиони евра. Мора постигна 16 гола и имаше 6 асистенции на 80 натпревари во сите натпреварувања за португалскиот ...

СпортСпорт најави, а Дарко Велковски денеска се одјави од ФК Вардар АД. Искусниот стопер денеска не се појави на тренингот со екипата, а вчера се поздравил со играчите со што стана јасно дека е прифатена понудата од Бахреин. Вице-првакот на оваа земја Ал Халидија е новиот клуб на дефанзивецот кој одлучи да си замине од Вардар по тоталниот колапс на екипата на евро-сцената и по двата дерби порази на стартот од новата сезона. Заминувањето на ...

Искусниот македонски кошаркар, поранешен репрезентативец и трофеен спортист, Ивица Димчевски официјално го засили тимот на КК Соколи од Штип. Екипата која што ќе биде дел од Суперлигата следнава сезона се засилува најдобро што може, а од денеска официјално Димчевски е во ростерот. Се работи за искусен играч, кој што во своето портфолио има титули од Купот на Македонија и има стотици мечеви од домашниот шампионат во нозете. Искусниот ...

Екипата на КК Работнички доведе уште едно екстра засилување. Нов член на тимот од Градски Парк, е Кристијан Николов, кој што пристигнува од турскиот тим на Газиантеп. Во Турција беше дел и од Галата, Трабзон и Коњаспор…. Во Равботнички се враќа по 2023 година, а од македонските тимови настапуваше уште и за МЗТ Скопје Аеродром, во периодот од 2019/2022. Николов е искусен кошаркар со богато меѓународно искуство, кој во текот на својата кариера ...

Брендон Накашима направи голем пресврт во Синсинати. Американецот спаси три меч-топки и го совлада Данил Медведев со 6:7 (3), 7:6 (4), 6:1. Медведев при резултат 5:4 во вториот сет имаше три врзани меч-топки на сервис на Накашима, но Американецот успеа да се извлече и целосно да го сврти текот на мечот. Третиот сет го доби убедливо, по два часа и 51 минута игра. Накашима така продолжи со одличната серија на северноамериканската турнеја. ...

Фудбалската федетација на Македонија нема да ја поддржи новата кандидатура на Џани Инфатино за прв човек на ФИФА за периодот од 2027 до 2031 година. Овој став од ФФМ го пренесоа јавно. „По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за ...

Добро познато име повторно ќе го облече дресот на КК Пелистер. Американскиот Си-Џеј Вилсон, 32-годишен поентер, кој минатата сезона ги бранеше боите на битолскиот прволигаш, се врати во редовите на „пелистерци“. По шест месеци минати во Шведска, Вилсон пак ќе го облече зелено-белиот дрес. Во половина сезона во дресот на Содертајле, Вилсон бележеше 11.8 поени, 5.4 aсистенции и 4.9 скокови по натпревар. Вилсон е добро познато име во ...

По сезоната од соништата во дресот на Баерн, германскиот шампион одлучи да соработува со Англичанецот и во следната сезона. Сепак, Баварците се плашат дека англискиот напаѓач би можел да замине во наредните денови. Богатиот саудиски клуб Ал Хилал се одлучи за Хари Кејн. Според TEAMtalk, саудискиот гигант веќе контактирал со претставниците на англискиот напаѓач и разговарал за можен трансфер во Саудиската професионална лига. Кејн, според ...

Екипата на Струга ТЛ и покрај тоа што има сосема солиден старт на сезоната сепак се одлучи да доведе уште едно засилување. И тоа во нападот. Се работи за интернационалецот од Нигерија, Даниел Акинлосоту, кој што последно има настапувано во Кипар. Во тимот на Монмерексе, а претходно имал договор со турскиот тим на Аланијаспор. Со него Струга ТЛ добива на екстра квалитет на напаѓачката односно крилната позиција. Нигериецот е и левак, што ...

Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор кој важи до средината на 2030 година. „Секако, тоа беше голема можност за нас да го потпишеме и сите беа 100% убедени во тоа бидејќи тој е фантастичен играч. Тој исто така носи нешто посебно во секој тим и за мене беше одлично да го потпишам, ...

Многу голема е веројатноста дека хрватскиот стратег Марио Цвитановиќ ќе биде новиот тренер на ФК Вардар. „СпортСпорт“ од сигурни извори дознава дека во завршна фаза е акцијата за ангажирање на познатиот тренер на клупата на првакот на Македонија, откако истата остана празна по заминувањето на очајно лошиот Аргентинец Кристијан Фабијани. Новиот тренер на клупата на „црвено-црните“ би требало да биде потврден до крајот на оваа недела, а во ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета изјави дека неговата амбиција е да продолжи да ја гради титулата во Премиер-лигата, ветувајќи дека ќе ги претвори „топчиите“ во „најдобриот клуб во светот“. Арсенал ја започнува одбраната на титулата против Ковентри во петок навечер. „Топчиите“ го кренаа трофејот минатата сезона за прв пат по 22 години и веќе презедоа чекори за засилување на својот тим со клучни засилувања како што се Христос Цолис и Бруно ...

Австралискиот тенисер Ник Кирјос е привремено суспендиран поради позитивен тест на кокаин. Меѓународната агенција за интегритет во тенисот (ITIA) потврди дека примерокот кој Кирјос го дал на 22 јуни, за време на турнирот на Мајорка, содржел бензоилекгонин, метаболит на кокаин. Поранешниот 13-ти тенисер во светот е под привремена суспензија од 4 август. Кирјос се огласи на Инстаграм, каде призна дека направил „огромна грешка“ за која презема ...

За време на дружењето меѓу играчите и навивачите, играчите на Хофенхајм потпишуваа дресови, се фотографираа и ги исполнија желбите на најмладите навивачи на клубот. Една млада навивачка беше особено среќна кога германскиот напаѓач Тим Лемперле ѝ се приближи и го потпиша дресот што го донесе. Сè изгледаше сосема нормално, но ситуацијата се промени само неколку секунди подоцна кога друг играч од првиот тим стигна до девојчето. Чешкиот ...

Шефилд Јунајтед се соочува со сериозна криза надвор од теренот и закана да му бидат одземени дури 12 бода во Чемпионшип, бидејќи оваа среда во Врховниот суд започнува постапка за ликвидација поради неплатени долгови од над 41 милион евра. Приказната датира од декември 2024 година, кога американскиот конзорциум „COH Sports Bidco Limited“ го презеде англискиот клуб за нешто повеќе од 100 милиони евра. Поранешните сопственици, компанијата ...

Во своето прво големо интервју откако се врати во Реал Мадрид, Жозе Мурињо зборуваше за тоа колку се променил, правилата што ги вовел во соблекувалната, квалитетот на Килијан Мбапе, неговиот однос со Винисиус и неуспешниот обид да го доведе Родри. Жозе Мурињо го даде своето прво големо интервју откако се врати на клупата на Реал Мадрид. Во интервју со Жозеп Педрерол за „Ел Чирингито“, португалскиот стручњак отворено зборуваше за плановите, ...

Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот со Бруно Фернандеш, играчот од средниот ред и капитен на тимот, објави „Атлетик“. Различни извори тврдат дека Португалецот ја одбил моменталната понуда на тимот. Од „Олд Трафорд“ му понудиле на Фернандес само 500 илјади фунти повеќе од неговата моментална плата, што е 19,5 милиони во англиската валута. Сепак, не е јасно дали причината за одбивањето е самата награда или играчот од средниот ред ...

Вечерва се одиграа првите три меча од плеј – офот во Лигата на Шампионите. За нас секако најинтересни беа случувањата во Софија каде во првиот дуел силите ги одмерија Левски и АЕК, поради фактот дека за бугарскиот шампион целиот натпревар го одигра нашиот репрезентативен стопер, Никола Серафимов. Овој натпревар заврши без победник 0:0, а Македонецот беше еден од подобро оценетите играчи во домашниот табор. Ова значи дека патникот во групната ...

Од денеска и официјално Патрик Вијера е нов селектор на Сенегал. Интересно е што многумина дури и не знаеле дека Патрик Вијера е роден во Сенегал, поточно во Дакар. Значи, постои врска помеѓу поранешниот француски репрезентативец и неговата родна земја, сигурно ќе биде посебно и за него и за играчите кога ќе ја преземе тренерската палка. Тој е без работа од минатиот ноември, кога беше отпуштен од Џенова по 11 месеци на чело на италијанскиот ...

Баерн го доби пријателскиот натпревар со Хајденхајм со 4:2, но тоа не е она што го интересира тимот од Минхен, туку повторното колабирање на Џамал Мусијала. Мусијала се струполи пред само три дена на натпреварот против Лајпциг. Тој помина неколку минути на теренот на денешниот натпревар кога повторно се струполи. Влезе во игра во 61-та минута и повторно се струполи по само четири минути, за среќа успеа сам да го напушти теренот со помош на ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
73%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
61%
1028
weather icon

Софија

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
82%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
83%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
84%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
60%
1022
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
69%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
58%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Сребро

1670.34

Цинк

3.76