Вистинска драма во СЦ “Билјанини извори“ во битката за финале на турнирот „Крсте Андоновски“. Загреб водеше и со пет гола разлика, но ГКР Охрид успеа да се врати и да дојде до само еден гол негатива во последните две минути, а потоа на крилата на Славиќ и Ѓукиќ конечно и да се избори за реми 30-30 кое значеше последен чекор до обрана на трофејот. Неверојатен на голот на Славиќ кој запиша 13 одбрани, девет во второто полувреме. Прв стрелец ...

Вечерната програма на Плазма Спортските игри за млади беше резервирана за Ол-стар мечот. Традиционално, на меѓународното финале, младите „симовци“ добиваат можност да заиграат фудбал рамо до рамо со познати спортски имиња од целиот свет. Оваа година оваа посебна привилегија ја имаа и четири македонски деца – Енис Ферати, Енес Ферати, Фета Ферати и Ања Милеска. Тие беа дел од тимот на младите ѕвезди, составен од деца од Македонија, Хрватска, ...

Со голот на Глигоров во 23.минута, Брегалница по првите 45.минути има водство од 1:0 против Башкими, во меч од 4.коло во нашата елитна лига кој се игра во Штип под светлоста на рефлекторите. “Сините“ беа подобри, имаа шанси и за поубедливо водство, но треба да се каже дека и кумановц “покажаа заби“ и тоа во 20.минута кога Саити ја погоди пречката на домашните. Во 43.минута бараа и пенал, ама не добија. Овој Башкими од вечерва во Штип е ...

Македонија настапува со 88 спортисти во 19 од вкупно 33 спортови на програмата. Вечерва во 20 часот е свеченото отворање, кое гледачите ќе можат да го следат во живо на МРТ 1, а на МРТ 3 ќе бидат пренесувани и дел од натпреварите Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на ...

И официјално. Ракометниот Суперкуп ќе се игра во Гевгелија на 2 септември (среда) со почеток од 19 часот во салата “26 април“.Познато е дека во битка за пехарот силите ќе ги одмерат екипите на Вардар и ГРК Охрид. Ова официјално беше соопштено од Ракометната федерација на Македонија попладнево. Јасно е дека ова ќе биде уште еден спектакл, а ракометните фанови во Гевгелија, како и во цела Македонија ќе може да прослесат уште една голема битка ...

За првпат во историјата на македонскиот фудбал се случува наш играч да направи директен трансфер во Англија. Од вчера Дитмир Хоџа е нов фудбалер на англискиот тим Лидс, трансфер од соништата за младиот и робусен голгетер од Струга, кој настапува за нашата селекција до 19 години. Големиот талент, само 10 дена по својот 18-ти роденден, а благодарение на своите агенти Албан Сулејмани и Дени Бара, стави потпис на договор на четири години со ...

Актуелниот македонски првак одигра доста неизвесен натпревар против Тримо Требње за пласман во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, кој се одржува во Охрид. Избраниците на Иван Чупиќ беа подобри со 28-26 и за противник во битката за трофејот ќе го имаат подобриот од мечот помеѓу ГРК Охрид и Загреб, кој стартува во 21 часот. Гогов запиша 13 одбрани, додека Да Силва имаше шест погодоци, еден помалку постигна Љевар. Противникот се покажа ...

Тимот кој треба да биде промовиран во нов Супер-лигаш – Соколи Штип продолжува со создавање на ростерот. Во својот состав тренерот Марјан Србиновски го додаде и Никола Караколев, кој ќе ја има улогата на капитен. „Со своето огромно искуство, лидерски дух и безрезервна борбеност, капитенот Никола Караколев ќе го предводи нашиот нов тим и во претстојната сезона! Подготвен за новите предизвици и максимално мотивиран, тој ветува дека екипата ќе ...

Јаник Синер, италијанскиот тенисер, дефинитивно нема да игра на Отвореното првенство на САД, како што потврди на социјалните мрежи. „Иако напорно работев со мојот тим и медицинскиот персонал, моравме да донесеме тешка одлука дека нема да можам да играм на Отвореното првенство на САД оваа година. Во последните неколку дена се вративме на теренот во Монте Карло и сфативме дека сè уште ми треба повеќе време за да се опоравам од повредата на ...

Дисциплинската комисија на Фудбалската Федерација на Македонија и официјално ги објави своите одлуки за мечевите од 3.коло во ПМФЛ и 1.коло во ВМФЛ: -Се поведува дисциплинска постапка против ФК Струга Трим Лум поради занемарување на обврските, односно необезбедување паркинг-простор за гостинскиот автобус и несоодветно обележување на теренот. -Се поведува дисциплинска постапка против ГФК Тиквеш 1930 поради слаба организација на натпреварот, ...

Лоши вести за стратегот на Шкендија, Артим Положани во пресрет на дербито со Струга ТЛ кое се игра во понеделник на ФФМ во последниот меч од 4.коло. Имено Положани и на овој меч не ќе може да смета на напаѓачот Марко Ѓорѓиевски и тоа поради повреда, најновата е истегнување на мускулот. Да се потсетиме дека Марко имаше одлични настапи во Европа, на два меча постигна два гола.Сепак тој прво се повреди на загревање пред дербито со Вардар, па не ...

Ништо ново, ништо невообичаено кога станува збор за фудбалски меч а посебно во Македонија. Имено во еден момент во првото полувреме на средбата во Штип, куче го прекина натпреварот, кое сакаше малку да се “прави важно“, ама тоа траеше кусо, по што откако беше отстрането од теренот, натпреварот продолжи. Со оглед на тоа дека се игра под светлоста на рефлекторите, има и доста публика. Новата трибина на Градскиот стадион е преполна. Ништо ...

Сега е готово. Фенербахче кажа ДА, тоа значи дека Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Оваа информација ја пренесоа најрелевантните медиуми што ги следат настаните на фудбалскиот пазар, како и Фабрицио Романо и познатиот инсајдер од Турција Јагиз Сабунџуоглу. Каталонскиот „Спорт“ беше убедливо најпрецизен во презентирањето на деталите за трансферот, откривајќи дека Барселона сега бара клуб каде Ливаковиќ ќе ја помине сезоната што е ...

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави списокот на кошаркари на кои ќе смета за претстојниот августовски ФИБА „прозорец“, со кој ќе започне втората рунда од претквалификациите за пласман на Европското првенство во 2029 година. Според календарот на натпреварување, нашата најдобра селекција во овој циклус ќе одигра еден натпревар. Македонија ќе гостува кај Австрија на 30 август во Виена, ...

Нема што, потег за респект на ѕвездата на Барселона и репрезентативец на Шпанија, светскиот првак. Едноставно браво за Гави. Гави не е само поинаков фудбалер на теренот. Играчот од средниот ред на Барселона ги помина последните неколку месеци повторно уживајќи во фудбалот на најдобар можен начин – освојувајќи ја шпанската титула со клубот на своето срце и станувајќи светски шампион со шпанската репрезентација. По завршувањето на сезоната, ...

ФИФА ја донесе конечната одлука по големиот хаос што следеше по завршувањето на финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Шпанија и Аргентина, а најстрого казнет е аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес. Дисциплинската комисија на ФИФА го суспендираше аргентинскиот играч од средниот ред за дури десет натпревари во репрезентацијата поради инцидентите што се случија по последниот свиреж во Њујорк, каде што Шпанија славеше ...

Скопје – Тиквеш 1:0 по првото полувреме од првиот меч кој се игра на тренинг центарот на ФФМ во Скопје. Домашните имаат водство со голот на Божиновски и тоа во 34.минута откако убаво беше проигран од Цветковски. Се игра како што и се очекуваше во невозможни услови на +40 степени Целзиусови колку што е на самиот терен на ФФМ. Тиквеш бепше блиску до водство кога уште во 4.минута Сила и тоа како опасни се закани, но домашниот голман Наумовски ...

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ во ист дрес? НБА инсајдерот Ентони Ирвин презентираше интересна теорија според која Лос Анџелес Лејкерс би можеле да се обидат да спојат две европски суперѕвезди во 2028 година. За време на гостувањето во подкастот „Лејкерс Лаунџ Мејлбег“, Ирвин зборуваше за иднината на Јокиќ во Денвер Нагетс, а како една од причините зошто српскиот центар би можел да почне да размислува за заминување, ги наведе потезите на ...

Напаѓачот на англискиот второлигаш Вест Бромвич, Ауне Хегебо, доби контроверзна суспензија од два натпревари поради „успешна измама на судија“ за време на победата на неговиот тим од 2-1 над Норич Сити во саботата. Во 75 минута Хегебо го отвори резултатот откако постигна гол од непосредна близина. Сепак, снимките покажаа дека норвешкиот напаѓач го реализираше центаршутот на Џими-Џеј Морган со рака, а судијата Тим Робинсон и покрај протестите ...

По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, веќе може да ја даде првичната оценка и проценка на тоа што навивачите можат да очекуваат од новата сезона. „Подготовките се одвиваат според планот. Тимот е заедно, сите се здрави и работиме добро на адаптацијата и вклопувањето во нашиот систем. Успеавме да ангажираме играчи за кои сметаме дека добро ќе се вклопат во нашите идеи за игра. Сезонава имаме ростер кој е ...

За денеска се закажани два меча од 4.коло во новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Скопје на теренот на тренинг центарот на Фудбалската федерација на Македонија го пречекува Тиквеш, а во Штип, под светлоста рефлекторите играат Брегалница и Башкими. Штипските “сини“ сакаат нови три бода во меч во кој се големи фаворити, кој се игра во Штип од 19 часот. Играат против Башкими кој не само што има три убедливи порази туку и негативна гол – разлика 0:12. ...

Така прави голем клуб.Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, објави дека двете централни трибини во Белградската арена за време на натпреварите на “црно – белите“ трајно ќе ги носат имињата на Душко Вујошевиќ и Дражен Далипагиќ. „Постојат луѓе чии имиња не се само дел од историјата на Партизан, тие ја создадоа таа историја. Затоа донесов одлука двете централни трибини на натпреварите на КК Партизан во Белградската арена трајно да ги ...

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, отворено призна дека трансферот на 30-годишниот Родри Ернандез би бил „шлаг на тортата“ за изборот на ѕвезди на „кралевите“. Во изјава пред првиот натпревар од новата сезона во Ла Лига против Еспањол, португалскиот стратег коментираше за темата за можни нови засилувања во средниот ред и не криеше дека би бил среќен да го имал новиот играч од средниот ред на Барселона. На директно прашање дали има ...

Фудбалската федерација на Македонија во Струмица е организатор и ќе биде домаќин на развоен турнир за репрезентации до 15 години, на кој ќе настапи репрезентацијата на Македонија составена од фудбалери од генерацијата 2012 година. Турнирот е одлична можност за младите репрезентативци да стекнат меѓународно искуство и да ги одмерат силите со квалитетни селекции. Македонија ќе одигра три натпревари: 21 август, Македонија- Босна и Херцеговина, ...

Хулијан Алварез се најде во центарот на вниманието откако се појавија нови информации за неговата иднина во Атлетико Мадрид, а ситуацијата меѓу аргентинскиот напаѓач и клубот очигледно станува е сè потензична. Пред тренинг центарот на мадридскиот клуб утрово беше поставен знак за Алварез. Пораката не оставаше многу простор за толкување, а содржината беше кратка и многу јасна. Пораката гласеше: 🚨 𝗕𝗥𝗘𝗔𝗞𝗜𝗡𝗚: A sign was placed outside ...

За младинскиот репрезентативен шпиц повеќе нема дилеми. Михаил Талевски е нов фудбалер на екипата на БСК Бања Лука од Босна и Херцеговина. Робусниот голгетер кој ќе остане запаметен по двата финални голови за Вардар во Купот на Македонија пред една година против Струга Трим Љум (2:0), денеска го очекува своето деби за новиот клуб. Екипата од Бања Лука која е нов прволигаш му гостува на Сараево. „Потпишав тука на една година и сега дури добив ...

✍Марија Ковачева Навидум млади и мали, но на терените изгледаат големи и храбри. Таму годините не се важни, противничката може да биде и постара и поискусна, но борбеноста, самодовербата и желбата за победа се тие што ја прават разликата. Полека, но сигурно чекорат по патот кон остварување на своите соништа. Најважно од сѐ, не се откажуваат. Максимално се посветени на она што го одбрале и со својата упорност и труд веќе бележат врвни ...

Од денеска па до понеделник се играат сите мечеви од 4.коло во нашата елитна фудбалска лига. Познати се и судиите за овие натпревари. Во понеделник се играат двете дербија во ова коло. Игор Стојчевски е одреден да ја дели правдата на дуелот Вардар – Силекс, додека Стојаче Трпчевски ќе биде “главен“ на дербито меѓу Шкендија – Струга ТЛ кое се игра на ФФМ. Во продолжение можете да ги видите двојките и судиите за сите мечеви од 4.коло. ДВОЈКИ И ...

Амелиа Николов и Кристијан Станојковски ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство во Љубљана, Словенија кое ќе се одржи од 11 до 18 октомври. На најпрестижното континентално првенство ќе настапат учесници од 40 земји, а пред ЕП, Николов и Станојковски ќе поминат низ подготовки предводени од четирикратната светска шампионка Шанг Јининг од Кина. Ова ќе биде одлична можност за нашите најдобри пингпонгари да се престават на ...

Откако двапати колабираше во период од само неколку дена, германската ѕвезда од екипата на Баерн (М), Џамал Мусијала нема да биде вклучен во составот на баварците за натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд. Двата тима ќе се натпреваруваат за првиот трофеј оваа сезона во сабота. 23-годишниот фудбалер претходно на двата последни натпревари на Баерн Минхен против Лајпциг и Хајденхајм колабираше, поради што му беше ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
65%
1025
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
60%
1027
weather icon

Софија

4ᴼ / 1ᴼ
0.0
82%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
83%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
62%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 15ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
66%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
3.6
71%
1029
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
57%
1028
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
8.75
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35