Македонските Дејвис куп тениски репрезентативци денеска постигнаа победи во мечевите од второто коло на М25 турнирот што се игра во Загреб, Хрватска. Калин Ивановски со 2:0 во сетови 7:6 (8) и 7:5 за два часа и 13 минути го совлада Павлос Циципас од Грција, братот на Стефанос Циципас, додека Олег Приходко го победи Хлиб Секачов со 6:0, 4:6, 6:4 за два часа и 11 минути. Ивановски одигра изедначен меч со тенисерот од Грција, пред сè првиот сет ...

Последното коло од групната фаза на Светското првенство носи можност за една од најконтроверзните ситуации на турнирот. Во центарот на вниманието е дуелот меѓу Алжир и Австрија, натпревар кој според актуелните пресметки може да донесе необична дилема – дали победата навистина е најпосакуваниот исход. Причината лежи во можниот расплет во нокаут-фазата. Победникот од овој натпревар најверојатно ќе се соочи со европскиот шампион Шпанија во ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека проектот „Чебрен и Галиште“ има стратешко значење за државата, не само од аспект на производството на електрична енергија, туку и за обезбедување дополнителни водни ресурси, развој на туризмот и јакнење на националната економија. Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, Мицкоски нагласи дека овој проект може значително да ја подобри позицијата на земјата во услови на климатски промени ...

Британец ја убил својата сопруга нанесувајќи ѝ најмалку 78 убоди со нож, а според обвинителите бил воден од својата опсесија со пари и желбата да ја спречи да го напушти, јавува Би-би-си. Роберт Александер бил во брак со медицинската сестра Кристина Александер (60) околу шест години пред да ја убие во нивниот дом во Тамворт, во раните утрински часови на 23 јуни 2025 година. Двојката се запознала преку онлајн платформа за запознавање, а од ...

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од собраниската говорница, одговарајќи на пратенички прашања, најави почеток на преговори за нов колективен договор и зголемување на платите во Армијата. – Од понеделник ќе започнеме со нов колективен договор, од следна година ќе се зголемат платите од Армијата, ќе се зголеми бодот и од наредните години со буџетот ќе има процентуално зголемување за Армијата. Од понеделник ќе седнеме заедно со ...

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска ќе го одигра најважниот меч во својата кариера во квалификациите за Вимблдон, со шанса да се најде на чекор до историски настап во главната жрепка на најпрестижниот гренслем турнир во светот. По две сигурни победи во квалификацискиот дел, Ѓорческа е само на еден чекор од успех што би претставувал пресвртница за македонскиот женски тенис. Противничка во финалната рунда е италијанската ...

На булеварот „Киро Глигоров“ во правец од Автокоманда кон Аеродром, пред семафорите кај ритејл паркот „Годи“, камион натоварен со големо градежно возило се заглави под подвозникот. Според видеото кое може да го видите подолу, камионот застанал веднаш штом влегол под мостот, по што застанал поради висината на градежното возило кое очигледно е повисоко од пропишаните димензии кои се предвидени за влез во овој подвозен булевар. На булеварот ...

Премиерот Христијан Мицкоски на собраниската седница за пратенички прашања му се закани на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека ќе заврши зад решетки откако опозицискиот лидер го праша кој е виновен бидејќи за две години владеење ниту едно ветување не е исполнето. Филипче критикуваше дека Мицкоски ги излажал граѓаните, бидејќи кога барале власт, ветувале сè и сешто, а граѓаните по две години добиле ништо. Премиерот призна вина само дека ...

Британската инфлуенсерка Брук Џорџ е обвинета за убиство на Британец во нејзиниот стан во Обединетите Арапски Емирати, откако наводно била злоупотребена од него. Таа е обвинета за убиство со предумисла и, доколку биде осудена, се соочува со смртна казна, објави „Телеграф“. Џорџ тврди дека дејствувала во самоодбрана откако човекот, кого го запознала на Фејсбук, станал насилен и постојано ја напаѓал. Нејзиното семејство вели дека таа ги ...

Цените на нафтата паднаа на нивоата забележани пред почетокот на војната со Иран на крајот на февруари, додека во исто време бројот на танкери што минуваат низ Ормускиот Теснец, еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на енергија, се зголемува. Цената на нафтата Брент, глобалниот репер, падна на 72,24 долари за барел во четврток, малку под нивото забележано еден ден пред американските и израелските ракетни напади врз ...

Среда и сабота во периодот од 08:30 до 12:00 часот, градскиот базен ќе биде резервиран само за жени и девојки, пишува порталот Сдк.мк. Во овие термини, на мажи нема да им биде дозволено да се капат. Во врска со ваквата контроверзна одлука за полова сегрегација, која е карактеристична за некои конзервативни муслимански земји, Назми Даути, раководител на секторот за Јавни дејности на Општина Тетово, вели дека истата била донесена по барање на ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со заменик-потсекретарот за внатрешни работи на Соединетите Американски Држави, Џон Гоунтанис. Како што соопштија од МНР, на средбата се разговарало за спроведувањето на билатералните приоритети и цели договорени во рамки на Втората сесија на Стратешкиот дијалог меѓу владите на Македонија и Соединетите Американски Држави, која се одржа во април ...

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски е нов играч на Наполи. Италијанскиот клуб денеска го потврди потписот на двегодишен договор со 24-годишниот крилен кошаркар. Јакимовски минатата сезона настапуваше за Тренто, каде остави одличен впечаток и во италијанскиот шампионат и во Еврокупот. Во лигата имаше просек од 9,3 поени и 4,6 скока, додека во Еврокупот бележеше 10,8 поени и 6,1 скок по натпревар. Првата мисија на ...

Хрватска внимателно го следи расплетот во другите групи на Светското првенство, каде се води тесна битка за пласман на листата на најдобри третопласирани селекции кои продолжуваат во нокаут-фазата. Во новиот формат на турнирот, дури осум третопласирани репрезентации обезбедуваат место во рундата од 32, што значи дека секој бод и секој резултат може директно да влијае врз шансите на Хрватска. Избраниците на Златко Далиќ сè уште имаат можност ...

Публиката на фестивалот „Белградска пролет“ уште ја памети емотивната изведба на песната „Балада за ангелот“ која ја испеа Ана Петановска во 2024 година. Оваа песна има уште поголема вредност затоа што му е посветена на Тоше Проески. Сега, пејачката со моќен вокал која добива најголем аплауз на сите нејзини концертни настапи, сними македонска верзија на оваа песна. Реномирниот композитор Григор Корпов, кој е автор на музиката за песната ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето вечерно обраќање изјави дека Украина продолжува жестоко да одговара на руските напади и дека Москва трпи огромни загуби на окупираните територии. Руската воена логистика и самото присуство на окупаторите се сериозно загрозени, што, според него, е јасен сигнал дека Русија нема да се извлече со кражба на украинска земја. Зеленски нагласи дека акциите на Украина, вклучително и оние на Крим, ...

Долниот дом на парламентот на Романија вчера го унапреди предлог-законот со кој се прогласува дека треба да отпочнат преговори за обединување со соседна Молдавија, објави „Романија инсајдер“. Предлогот беше автоматски усвоен, откако пратениците не успеале да го разгледаат пред истекот на законскиот рок. Оваа постапка, позната како „тивко усвојување“, значи дека предлог-законот се смета за одобрен од една од собите доколку парламентот не ...

Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази обезбедени од Министерството за економија и труд, сектор за туризам и угостителство, а за кои рече дека се однесуваат на релевантни околности како започнала работата на објектот, иако притоа во континуитет ...

Ракометниот клуб Бутел Скопје го врати во своите редови искусниот голман Градимир Чаневски. Македонскиот чувар на мрежата веќе го носеше дресот на Бутел во сезоната 2021/22, а сега повторно ќе биде дел од тимот кој од ова лето ќе го предводи легендата на македонскиот ракомет, Стојанче Стоилов. Чаневски во Бутел доаѓа од екипата на Охрид каде престојуваше две години и ја освои титулата во ЕХФ Купот. Стојанче Стоилов е нов тренер на РК Бутел ...

На денешен ден, 25 јуни 1934 година, во демирхисарското село Слоештица е роден Петре М. Андреевски – еден од најзначајните македонски поети, романописци, раскажувачи и драмски автори. Неговото творештво опфаќа поезија, романи, раскази, драми, есеи и литература за деца, а делата му се преведени на повеќе светски јазици. Во 2000 година беше избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Основното образование ...

Американецот Крис Џонс е првото засилување за тимот на Црвена звезда за новата сезона. Џонс во Црвена звезда доаѓа од екипата на Хапоел, а со белградските „црвено-бели“ потпиша двегодишен договор и треба да претставува огромно засилување за тимот. „Искусниот американски плејмејкер Крис Џонс е првото засилување на КК Црвена Звезда во летниот преоден рок! Крис Џонс носи одличен квалитет и искуство на позицијата организатор на натпревари во ...

Јапонија во натпреварот од третото последно коло во групата Ф влегува со четири освоени бода и стабилни настапи досега на Светското фудбалско првенство. Шведска заостанува еден бод и ситуацијата е јасна – победата на теренот во Арлингтон е речиси задолжителна за продолжување во нокаут фазата. Дуелот што ќе се игра на 26 јуни (01.00 часот) носи и судир на различни стилови на играње, каде што јапонската брзина и техничка дисциплина ќе бидат ...

Можна ревизија на блок тарифите за електрична енергија воведени за време на енергетската криза во 2022 година, со цел тие да се прилагодат на новите пазарни услови и растот на обновливите извори најавува Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ), Ацо Ристов, во интервју за МИА. Ристов објаснува дека основната идеја е граѓаните да плаќаат пониски сметки, преку ново ...

Дисциплинската комисија на ФИФА на репрезентативецот на Катар, Асим Мадибо, му изрече суспензија од пет натпревари, поради прекршок што сериозно го повреди канадскиот играч од средниот ред Исмаел Коне на Светското фудбалско првенство. Мадибо доби директен црвен картон за време на победата на Канада од 6:0 над Катар во групата Б. ФИФА соопшти дека казната е за сериозен неспортски прекршок, со можност за жалба на одлуката. Натпреварот во ...

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една година, оценувајќи дека активностите што го загрозуваат мирот, стабилноста и демократското управување во регионот продолжуваат да претставуваат закана за националната безбедност и надворешната политика на САД, јавува Н1. Во претседателски документ објавен на 24 јуни, се наведува дека дејствијата на поединци и групи што го ...

Фестивалот „Зрно“, во соработка со „Скопско лето“ и со поддршка на Министерството за култура и туризам, на 26 јуни, во 19 часот, во КИЦ – Скопје ќе ја претстави изложбата „Малите нешта“ на данската фотографка и визуелна уметница Анне-Мет С. Сомер, авторка зад „Келтер фотографи“ (Kelter Photography). По пресвртниот момент во 2017 година, кога во „The Photographers’ Gallery“ во Лондон ја посетила полароид-изложбата „In an Instant“ на Вим ...

Светскиот крипто-пазар повторно е во центарот на вниманието откако цената на биткоин се спушти на 60.000 долари, бришејќи милијарди долари од вредноста на дигиталните средства. Падот предизвика загриженост кај инвеститорите, но и отвори дилема дали станува збор за краткорочна корекција или почеток на подлабок негативен тренд. Според пазарните аналитичари, зад падот стојат повеќе фактори. Дел од инвеститорите остварија високи профити по ...

На Универзитетската клиника за урологија денес беше преставен нов дијагностички пристап кој овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта, изјавија од Клиниката. Методата, наречена цтДНК (циркулирачка туморска ДНК), овозможува откривање на микроскопски траги од тумор во крвта, дури и во случаи кога компјутеризираната томографија и магнетната резонанца не покажуваат промени, се вели во „Фејсбук“ објавата на здравствената ...

Една од најголемите мистерии ова лето е кога и каде ќе се венчаат поп-ѕвездата Тејлор Свифт и играчот на американски фудбал Тревис Келси. Нови информации до кои дошол „Њујорк тајмс“ укажуваат дека двојката подготвува повеќедневна свадбена прослава во арената „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк. Според весникот, повикувајќи се на извори запознаени со организацијата, на 2 јули е планирана интимна прослава за околу 100 гости, додека главната ...

Земјиното тло се тресеше во различни делови од светот на 24 и 25 јуни. Земјотресите се случија во рок од само неколку часа, а во некои случаи и во разлика од само неколку минути, пренесува Си-ен-ен. Два силни земјотреси ја погодија Венецуела во краток временски интервал, а набргу потоа следуваше и силен потрес во близина на Јапонија. Истиот ден, умерен земјотрес го погоди и северниот дел на Калифорнија, при што потреси беа почувствувани на ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
2.7
29%
1019
weather icon

Белград

34ᴼ / 34ᴼ
2.68
49%
1019
weather icon

Загреб

35ᴼ / 35ᴼ
2.27
41%
1019
weather icon

Софија

32ᴼ / 27ᴼ
4.8
34%
1021
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
4.18
36%
1021
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 32ᴼ
0.45
55%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
8.94
36%
1016
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
2.83
33%
1017
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.14
30%
1017
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
2.68
39%
1021
weather icon

Будимпешта

38ᴼ / 37ᴼ
2.68
31%
1018
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 25ᴼ
8.39
100%
1019
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4463

Currency

37.2964

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Рутениум

49029.89

Алуминиум

3.20

Бакар

12.33

Сребро

1902.84

Родиум

249168.29

Цинк

0.00

Злато

131072.82

Иридиум

233896.68

Калај

50.56

Паладиум

38195.09

Кобалт

56.29

Платина

51923.46