Праксата учениците да носат униформи во училиштата за многумина значи рамноправност, но разочарани родители од општините Центар, Аеродром и Гази Баба, кои им даваат бесплатни униформи на учениците, се обратија до нашата редакција и се пожалија дека минатата година нивните деца добиле униформи со лош квалитет, изработени од 45 отсто полиестер и 55 отсто памук. Ниеден родител не сака детето да му биде изложено на ризик, вели мајка од општина ...

Темата на „Слободен печат“ за униформите за ученици, кои се покажа дека во голем дел се изработени од полиестер, а не од памук како што ветуваат општините, предизвика големи реакции во јавноста. Родители на деца од општинските училишта во Аеродром, Гази Баба и Центар се пожалија во нашата редакција приложувајќи фотографии од ланските униформи на кои се гледа несоодветниот состав од 45 отсто полиестер и 55 отсто памук (годинашните не се ...