Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Франција денес прогласи „црвен аларм“ поради топлотниот бран во 72 департмани, додека во други 17 е активиран „портокалов аларм“, со оглед на тоа што екстремните температури продолжија низ поголемиот дел од земјата, јавува Анадолу. Француската национална метеоролошка служба „Метео-Франс“ соопшти дека високите температури ќе се задржат уште еден ден, откако вчерашниот ден беше регистриран како најтоплиот ден во земјата од 1947 година, со ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа запиша уште еден триумф во квалификациите за Вимблдон и сега е на само една победа од пласман во главната жрепка на најпрестижниот турнир на тревна подлога. Тетовчанката успешно ја мина и втората квалификациска рунда, откако по пресврт ја совлада Франсиска Жорге со 2-1 во сетови (5-7, 6-2, 6-1). Иако го загуби првиот сет, Ѓорческа во продолжението целосно ја презеде контролата на теренот и со ...
Слушај ја веста Далноводи без имотни листови, трафостаници со двојна сопственост, инвестирање без сметководствена евиденција, проблеми со вработувањата и користењето на јавните средства, кои директно влијаат врз развојот и ефикасноста на електропреносниот систем во државата се само дел од проблемите кои ги утврдил Државниот завод за ревизија за работењето на АД МЕПСО за 2024 година. Во извештајот стои дека откриени се сериозни слабости во ...
Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија денеска од 18.00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар во подготвителниот период, а противник повторно ќе биде селекцијата на Бугарија. По првата проверка во Самоков, каде домашната селекција славеше победа, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал ќе имаат можност за ново мерење на силите со добро познатиот ривал, сега пред домашната ...
Селекторот на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина, Сергеј Барбарез беше многу емотив по победата на својата селекција над Катар и пласманот во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство. „Дојдовме како целосни аутсајдери за да се обидеме да направиме нешто големо и успеавме. Секогаш има работи што не се онакви какви што очекувавме. Секако, ќе беше идеално да одигравме совршен натпревар со Катар и да победиме со четири или ...
Поранешните натпреварувачи од хрватското издание на кулинарското шоу „Мастер шеф“, Сања Цукон и Сеад Бојиќ, ги воодушевија следбениците на социјалните мрежи со заедничка објава во која позираат во дресовите на своите национални репрезентации. Сања, која е од Хрватска, носеше дрес на хрватската репрезентација, додека Сеад, кој потекнува од Босна и Херцеговина, беше облечен во дресот на својата земја. Со фотографиите испратија порака дека ...
Иран вчера ги предупреди сопствениците на бродови дека секоја нова рута низ Ормускиот Теснец без координација со Техеран е „неприфатлива и опасна“ и се закани со мерки против пловила што не ги почитуваат условите, објави „ЦНБЦ“. Острата порака ја нагласува решеноста на Техеран да ја задржи контролата врз Ормускиот Теснец и да се спротивстави на транзити што ја заобиколуваат неговата дозвола. Таа, исто така, ја истакнува продолжената ...
Лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари категорично ја отфрла можноста за повторно учество во оваа Влада од која еднаш веќе излегоа. – Воопшто не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада, која е еден раштиман оркестар, Влада без визија, без јасни цели. Кога како Влен влеговме во Владата, имавме договор од четири точки. Прва точка беше евроинтеграцијата. Ако се споредуваме со 2024 година, сега сме многу подалеку отколку што ...
„Слободен печат“ минатата недела спроведе анкета меѓу своите читатели на прашањето „Дали во Македонија ѝ се потребни страски дата центри?“ Според последните резултати од 25 јуни, скоро 60 отсто од анкетираните граѓани одговориле „да“, 38,54 проценти се изјасниле негативно по прашањето, додека само 1,48 отсто кликнале „не знам“. Прашањето со дата-центрите отвори голема дискусија низ земјата, особено откако премиерот Христијан Мицкоски рече ...
Клима-уредот може да биде спас во жешките летни денови, го одржува воздухот ладен и ја контролира неподносливата влажност, правејќи го престојот во затворен простор многу попријатен отколку на отворено на високи температури. Но, понекогаш, клима-уредот може да ве разболи, предупреди еден микробиолог. – Ако системот за климатизација не работи или не се одржува правилно, може да се контаминира со заразни микроби – предупредува д-р Примроуз ...
Академијата за филмски уметности и науки покани 529 нови членови, со што дополнително се проширува гласачкото тело кое ги одлучува добитниците на Оскар. Меѓу поканетите се познати имиња од филмската индустрија, вклучувајќи ги Џена Ортега, Џејкоб Елорди, Тејана Тејлор, Џош О’Конор, Сима Лиу, како и режисерите и авторите Џош и Бени Сафди, пренесуваат странските медиуми. Доколку сите поканети го прифатат членството, Академијата ќе има вкупно ...
Пред околу пет месеци Градот Скопје и Министерството за здравство соопштија дека проблемот со паркирањето на комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе се решава со изградба на неколку монтажни гаражи сместени на постојните паркиралишта, за кои, како што ни соопштија од Градот, ќе биде распишан тендер за нивно проектирање, набавка и монтирање. Столпчиња има, но голем дел се уништени Проблемот со паркингот на Клинички постои со години, но во ...
Холандската поетеса Анеке Брасинга, добитничка на највисокото признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата на прес-конференција во Струга изрази задоволство што се вброи во редот на најзначајните светски творци, добитници на наградата. „Бев многу трогната од тоа внимание. Јас сум првиот холандски поет што ја добива оваа награда и тоа ми претставува голема чест. Со тоа се оддава почит на холандската поезија. Холандскиот јазик се ...
Иран денес го обвини НАТО за „соучество“ во војната на САД и на Израел против Техеран, откако генералниот секретар на алијансата изјави дека земјите членки обезбедиле поддршка за американските воени операции за време на конфликтот, пренесува „Туркије тудеј“. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги даде изјавите како одговор на критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон сојузниците за, како што рече, недоволната поддршка за ...
Октоподите се паметни и често пријателски расположени суштества. Познато е како се зближуваат со научници, грабаат камери, па дури и како се „возат“ на грбот на други морски животни. Сепак, маж по име Мет Хајат изгледа имал среќа да се запознае со еден од најслатките октоподи на светот. View this post on Instagram A post shared by Matt Hyatt🗿🚐 (@mattintransit) За време на едно патување во Кипар, Хајат отишол да нурка во близина на ...
Шеесет и шестгодишна адвокатка од Куманово вчера попладне била пронајдена почината во својата канцеларија, соопшти полицијата. „На 23.06.2026 во 12:23 часот во СВР Куманово било пријавено дека во сопствената адвокатска канцеларија во Куманово е пронајдена почината С.З.П.(66) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи, а пренесува локалниот сајт Кумановскимуабети. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на ...
Продажбата на нови семејни домови во Соединетите Американски Држави падна за 7,3 проценти во мај во споредба со претходниот месец и падна на најниско ниво во последните четири месеци, објави денес Бирото за попис на САД. Продажбата дојде со сезонски прилагодена годишна стапка од 580.000 единици, што е далеку под пазарните очекувања од 640.000 домови и е пониска од ревидираните 626.000 единици во април, објави „Трејдинг економикс“. ...
Од петок, 26 јуни во 23 часот до недела, 28 јуни во 23 часот, сообраќајот ќе биде целосно прекинат во двата правци на дел од обиколницата Солун, поради работи на проектот за надвозникот, пренесуваат грчките медиуми. Детални информации за прекинот: – Западен правец (кон центарот на градот Солун) • Затворено од 26.06.2026 во 23:00 часот до 28.06.2026 во 23:00 часот. – Источен правец (кон аеродромот и Халкидики) • Затворено од 26.06.2026 во ...
Остин Ривс ќе остане дел од Лос Анџелес Лејкерс, откако постигна договор за нова четиригодишна соработка со славниот клуб вредна дури 185 милиони долари. Според информациите на познатиот НБА-инсајдер Шемс Чаранија, со овој договор Ривс стана најплатениот кошаркар во историјата на лигата кој не бил избран на НБА-драфтот. Очекувано, ѕвездата на Лејкерс ја одби играчката опција за следната сезона, која му гарантираше заработка од 14,5 милиони ...
Денвер нагетс работи на обезбедување нов супермакс договор за нивниот центар Никола Јокиќ, кој би можел да стане најплатен кошаркар во историјата на НБА. Се очекува преговорите да бидат финализирани ова лето, по сезоната обележана со рана елиминација во плејофот, според бројни светски медиуми. Управата на Денвер се соочува со сложена задача да го обезбеди останувањето на нивната најголема ѕвезда, и покрај строгите ограничувања за ограничување ...
Во првиот натпревар од воведната рунда во нокаут фазата на Светското фудбалско првенство ќе се сретнат репрезентациите на Јужна Африка и Канада. Ова е моментално единствениот математички потврден пар во 1/16 финалето, а нивниот меч е закажан за недела, 28 јуни, со почеток од 21.00 часот по средноевропско време. Веднаш зад овој пар, практично е извесен дуелот помеѓу САД и Босна и Херцеговина, кој би требало да се игра на 1 јули во 03.00 часот ...
Гиљермо Очоа повторно се најде во центарот на вниманието на Светското првенство. Искусниот 40-годишен голман доби шанса во завршницата на натпреварот против Чешка, со што стана еден од ретките фудбалери во историјата кои настапиле на шест Светски првенства. Со неговото влегување во игра, Очоа уште еднаш го потврди статусот на вистинска легенда на мексиканскиот фудбал и симбол на континуитет на репрезентацијата низ повеќе генерации. Мексико ...
Холивудската ѕвезда Робер де Ниро моментално е на одмор на Француската ривиера со својата долгогодишна партнерка Тифани Чен, каде што беа „уловени“ во опуштена атмосфера. Тие беа фотографирани пред познат хотел во Антиб, држејќи се за раце и одејќи кон бродот што ги чекаше. Де Ниро избра лежерна комбинација за излегувањето – бела поло маица, беж карго панталони, капа и црни апостолки, додека Чен носеше лелеав макси фустан во сиво-кафеава ...
Претпладне сончево и доста топло, а попладне изолирана појава на дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). УХМР вели дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени. Во делови од Скопската котлина се најавува краткотрајно невреме. ...
Силен земјотрес денеска го погоди подрачјето во близина на северниот брег на Јапонија, но јапонската метеоролошка агенција соопшти дека нема опасност од цунами, објави „Вашингтон пост“. Земјотресот бил со јачина од 7,2 степени и се случил во близина на источниот брег на Ивате, соопшти Јапонската метеоролошка агенција, која ја зголеми првичната процена од 6,9 степени. Земјотресот бил на длабочина од околу 50 километри, наведоа од агенцијата. ...
Венецуела ја погодија едни од најсилните земјотреси во нејзината историја, а на снимки објавени на социјалните мрежи се гледаат облаци од прашина, испаничени патници и парчиња бетон што паѓаат за време на потресот. Првиот земјотрес, со јачина од 7,1 степени, го погоди крајбрежниот град Морон на Карибите во среда во 18:05 часот по локално време, околу 168 километри западно од Каракас, според Геолошкиот завод на САД. Помалку од една минута ...
Доналд Трамп вети брза американска помош за Венецуела, откако два разорни земјотреси со магнитуда од 7,2 и 7,5 степени синоќа ја погодија земјата и урнаа згради во главниот град Каракас, пренесува „ЦНБС“. „САД се подготвени, имаат волја и можност да помогнат. Ќе бидеме тука за нашите нови пријатели“ напиша Трамп на социјалната мрежа „Трут сошл“. Тој додаде дека им наредил на сите владини агенции да се подготват за брзо дејствување. ...
Во моментов нема договор за продолжување на мировните преговори со Украина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Украинса правда. „Не, нема договор“, изјави Песков, повторувајќи дека ова е „конзистентна позиција“ на рускиот претседател Владимир Путин. „Тој тоа го кажува постојано. Тој го кажа тоа пред две години во Министерството за надворешни работи, каде што ги презентираше главните точки на нашата позиција, кои ...
Комуникациската опрема за која Украина тврди дека помагала во поддршката на руските напади со дронови од територијата на Белорусија престанала да работи, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, неколку дена откако му постави ултиматум на белорускиот лидер Александар Лукашенко, пренесува Киев индепендент. Овој развој на настаните следува откако Зеленски го предупреди Минск дека Белорусија има една недела да ја отстрани опремата, во ...
Во последните натпревари од групата Ц на Светското фудбалско првенство, Бразил убедливо ја победи Шкотска со 3:0, додека репрезентацијата на Мароко го победи Хаити со 4:2 во натпревар полн со пресврти. Мароко и Бразил на тој начин го обезбедија своето место во нокаут фазата, додека Шкотска има мали шанси да се квалификува како една од осумте најдобри третопласирани репрезентации, со оглед на нивните три бода и -3 гол разлика. Бразилците ...