Изјавата на австрискиот канцелар и лидер на Народната партија, Кристијан Штокер, дека грижата за децата не е неплатена работа, продолжи да предизвикува реакции и во текот на викендот. Иако шефот на владата подоцна јавно се извини и ја нарече својата формулација погрешна, политичката дебата не стивна. Опозицијата го обвини за потценување на трудот што најчесто го преземаат жените, додека дел од неговите сопартијци се обидоа да ја смират ...

Хутите синоќа извршија нов бран ракетни и дронски напади врз пристанишниот град Мока на јеменскиот брег на Црвеното Море, при што загинаа најмалку седум луѓе, а 30 беа повредени, објави „Ал џезира“. Нападите се случија помалку од 24 часа откако во претходниот бран врз градот загинаа најмалку 11 луѓе – осум припадници на војската и тројца цивили – а 32 биле повредени. Претходните напади предизвикале и голема материјална штета на пристаништето ...

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 24, а максималната ќе достигне од 32 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...

Македонскиот интернационалец Илија Несторовски беше стрелец за Славен Белупо, но неговиот тим претрпе убедлив пораз од Вараждин со 1-4 на домашен терен во второто коло од хрватското првенство. Прилепчанецот го постигна единствениот погодок за домаќините во момент кога резултатот беше 0-3. Несторовски одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и по асистенцијата од Дабро ја затресе мрежата за 1-3. Иако неговиот гол даде надеж дека ...

Овен На работа ќе имате можност да покажете колку добро се снаоѓате под притисок, но избегнувајте непотребни расправии со колегите. Во љубовта, некои зборови на партнерот може да ги сфатите премногу лично, затоа побарајте објаснување пред да донесете заклучок. Внимавајте на заморот и најдете време за одмор. Бик Практичниот пристап ќе ви помогне да решите финансиско или деловно прашање што ве оптоварува веќе некое време. Партнерот ќе очекува ...

Полската економија станува се позначајна во Европската Унија. Според податоците од европската статистичка служба Евростат, во 2025 година Полска стана шеста најголема економија на ЕУ во однос на номиналниот бруто домашен производ (БДП), со учество од речиси пет проценти во вкупната економија на Унијата. Вредноста на полскиот БДП по тековни цени минатата година достигна 922,9 милијарди евра, што претставува 4,9 проценти од вкупното економско ...

Американскиот претседател Доналд Трамп ја намалува важноста на повторното отворање на Ормутскиот теснец додека изостанува дипломатски договор со Иран, објави американскиот портал „Аксиос“. Трамп рекол дека САД нема целосно да се обврзат на преговори со Иран. „Само делумно преговараме со нив. Само го набљудуваме Иран со неговата огромна инфлација и фактот дека нема пари“, изјави Трамп за порталот, тврдејќи дека американската поморска блокада ...

По повеќе од 20 часа непрекината борба, пожарот на депонијата за комунален отпад кај Крива Паланка е делумно локализиран и состојбата постепено се става под контрола, соопшти градоначалникот на Општината Сашко Митовски. Борбата не е завршена. Екипите на ТППЕ Крива Паланка, механизацијата на ЈП „Комуналец“ остануваат на терен, и во текот и на утрешниот ден ќе продолжи активноста за затрупувањето со земјен материјал и ќе работиме сè до целосно ...

Честопати во нашата потрага по „суперхрана“ и скапи додатоци во исхраната, забораваме на природните ресурси кои буквално ни растат пред носот. Современата наука неодамна му даде посебно место на еден од нашите омилени медитерански зачини, потврдувајќи дека прави чуда за нашиот мозок. Ако некогаш сте печеле компири или сте маринирале месо за неделен ручек, постои голема веројатност дека сте користеле рузмарин. Но, ова неверојатно издржливо, ...

Јајцата на око се едни од наједноставните рецепти за кои е потребно минимално кулинарско знаење, но постигнувањето совршен резултат може да биде предизвик за време на динамичното утро. Вил Мареј, еден од двајцата шеф-готвачи кои водат познат лондонски ресторан, откри како во својата кујна подготвуваат меѓу 50 и 100 јајца дневно, користејќи метода која би можела засекогаш да ја промени вашата утринска рутина. Наместо тава, користете плех за ...

Летниот период, освен што носи можности за одмор, носи и специфични предизвици за водоводните инсталации во домаќинствата. Зголемената потрошувачка на вода, високите температури и летните бури создаваат дополнителен притисок врз целиот систем, што може да резултира со непријатни и скапи дефекти. Според искусните водоинсталатери, многу од овие проблеми можат да се предвидат и, со соодветна превенција, да се избегнат без потреба од итни ...

Американскиот астролог Џорџина Истербрук, попозната како Атина Кристалс, ги издвои четирите „најлуди“ хороскопски знаци во кревет, пишува „Њујорк пост“. Овните се нетрпеливи, сакаат да експериментираат, љубопитни се и често се расположени за интимни односи. Речиси и нема нешто што не сакаат да го пробаат во кревет. На второ место се Лавовите, кои се мотивирани од длабоката потреба да бидат видени и прославени. За Лавовите тоа не е само секс, ...

Многумина ја доживуваат терапијата за парови како последен обид за спас на врската кога проблемите веќе станале сериозни. Сепак, исто како и индивидуалната терапија, таа може да служи и како начин за одржување на здрав и стабилен однос, пишува „Вајс“. Постојат многу причини поради кои партнерите бараат стручна помош – од неверство и предавство до чувство на осаменост и емоционална оддалеченост. Стивен Бухвалд од „Менхетен ментал хелт ...

Германија се соочува со хибридни напади од странство на дневна основа, изјави денес германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринт, откако два дрона беа забележани над воена база во западна Германија, само неколку дена откако на аеродромот во Лајпциг беше пронајден дрон со експлозив. Добринт за весникот „Билд ам Зонтаг“ изјави дека странските сили сакаат политички и социјално да ја потчинат Германија со всадување страв, објави ...

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав 14, повторно повика на прекин на војната во Украина и изјави дека невини луѓе се убиваат и рануваат во таа земја и во Русија. За време на неделната служба, папата им рече на верниците дека „бројот на трагични инциденти се зголемува, предизвикувајќи зголемен број цивилни жртви, вклучително и деца“, пренесува Ројтерс. „Го повторувам мојот искрен апел да се почитува меѓународното хуманитарно право ...

Бруно Гимараеш направи голем чекор во кариерата, потпишувајќи за актуелниот англиски шампион Арсенал, каде ќе го носи бројот 39. Бразилецот пристигнува од Њукасл во трансфер вреден 87,5 милиони евра, а изборот на бројот има посебно значење. Бројот 39 е посветен на неговиот татко Дик, кој 20 години работел како таксист. Токму 39 бил бројот на неговото такси, со кое го издржувал семејството додека Бруно растел. „Татко ми беше таксист 20 ...

Многумина барем еднаш во животот си замислиле како би изгледало да се разбудат покрај море, деновите да ги поминуваат на плажа, а работата да ја завршуваат од некое мало кафуле со поглед на синото грчко крајбрежје. За Британката Алис оваа замисла не останала само сон. По едно летување во Грција таа посакала да остане таму, а неколку години подоцна навистина се преселила на грчки остров, пренесува „Н1“. По речиси пет години живот во оваа ...

Големото знаме на Украина што беше поставено во центарот на Приштина од почетокот на конфликтот меѓу Русија и Украина како знак на поддршка за Украина, беше отстрането денес. Знамето беше отстрането еден ден по посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград, каде што тој нагласи дека ставот на Украина за непризнавање на независноста на таканареченото Косово останува непроменет. Видеото од отстранувањето на големото знаме ...

Маркус Рашфорд добива нова шанса во Манчестер Јунајтед. По разговорите со менаџерот Мајкл Карик, англискиот репрезентативец добил уверување дека е дел од плановите на клубот за новата сезона. Рашфорд ги одбил понудите од Фенербахче и Саудиска Арабија, откако не успеа да остане во Барселона, каде минатата сезона постигна 14 гола на позајмица. 28-годишниот напаѓач за Јунајтед има 426 настапи, 138 голови и 79 асистенции, а договорот му важи до ...

Поразот од Шкендија донесе нов бран незадоволство кај навивачите на Вардар, а во центарот на критиките повторно се најде претседателот Миленко Неделковски. „Црвено-црните“ загубија со 0-2 во големото дерби, а по вториот гол на Франсис Тамба од јужната трибина одекна „Оди си Миленко“, додека се слушаше и „Ова не е Вардар“. View this post on Instagram A post shared by @vardar.info Вардар по неуспесите во Европа претрпе нов удар и на домашната ...

Европската вселенска агенција (European Space Agency – ESA) на 12 август ќе организира директен пренос на едно од највпечатливите астрономски случувања во последните години – целосното затемнување на Сонцето. Преносот ќе започне во 19:30 часот според средноевропско летно време и ќе им овозможи на гледачите ширум светот да го проследат овој редок природен феномен без разлика каде се наоѓаат. Во рамките на настанот ќе биде достапна и богата ...

На помалку од еден месец пред важните избори во источногерманската федерална покраина Саксонија-Анхалт, копретседателот на Левичарската партија изјави дека ќе стори сè за да ја спречи крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АФД) да дојде на власт. „Ние, Левицата, покажавме во последните години дека преземаме одговорност за оваа земја“, изјави Луиџи Пантисано за јавната телевизиска станица ЗДФ. Меѓу мерките што би ги разгледал е давање ...

Oдлуката на Шпанија да воведе повратни проверки за патниците од Италија ги зголеми тензиите меѓу двете членки на Европската Унија, а последиците од спорот веќе ги чувствуваат патниците што патуваат меѓу тие земји, пишува „Гардијан“. На полноќ минатата ноќ, Шпанија започна случајни проверки на патниците што пристигнуваат од Италија. Овој потег дојде како одговор на одлуката на Рим да воведе контроли за патниците од Шпанија од 1 август. ...

Црвена звезда официјално го потврди ангажманот на Ник Вајлер-Беб, кој пристигнува во Белград како едно од најзвучните засилувања на тимот за новата сезона. Германскиот репрезентативец минатата сезона го носеше дресот на Анадолу Ефес, а во Евролигата бележеше просек од 7,7 поени, 4,8 асистенции и 3,4 скока по натпревар. Сепак, неговата најголема сила е одбраната, за која беше прогласен за најдобар дефанзивец во Евролигата за сезоната 2024/25. ...

Тајфунот Долфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Еуроњуз. Тајфунот стигна до копното во близина на градот Јухуан во источната кинеска покраина Џеџијанг околу 17:30 часот по локално време, соопшти Националниот метеоролошки центар (NMC) на Кина. Во моментот на ударот, според НМЦ, ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денеска изјави дека засега е подготвен да го зголеми економскиот притисок врз Иран, наместо да нареди нова голема воена офанзива, нагласувајќи дека преговорите меѓу Вашингтон и Техеран се одвиваат „половично“. Според „Аксиос“, во денешното интервју Трамп не презентирал нови воени закани „ниту изразил гнев“ затоа што Иран го одложува објавувањето на договорот со Оман за повторно ...

Во Бирмингем утре стартува 27. Европско првенство во атлетика, на кое Македонија ќе има еден претставник – маратонецот Дарио Ивановски. Маратонската трка е закажана за 16 август од 8:10 часот по македонско време, а на стартот ќе се појават 64 натпреварувачи. Ивановски е рангиран на 36. место, откако со одличните резултати ја обезбеди нормата за настап. Македонскиот маратонец во февруари 2024 година во Севиља го постави националниот рекорд со ...

На нивниот имот кој го наследиле, во селото Ѓурисело, во близина на Крагуевац, Србија, Милан и Јелена Митровиќ решиле да направат нешто различно пред повеќе од една деценија. Наместо вообичаените земјоделски култури, тие засадиле лаванда – растение препознатливо по својот мирис, убавина и лековити својства. Така се родил „Рајот на лавандата“, семејна приказна што расте од година во година, пишува „РТС“. Сè започнало во 2013 година со само ...

Скопје го освои првиот бод по враќањето во македонската фудбалска елита, откако на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ одигра 1-1 против фаворизираната Струга Трим Лум во второто коло од ПМФЛ. Стружани во најголем дел од натпреварот имаа иницијатива и создадоа повеќе шанси, но одличниот Кристијан Наумовски беше најзаслужен што домаќинот остана во игра. Ветеранот на голот на Скопје имаше неколку одлични интервенции, особено во првото ...

Неверојатен случај поврзан со екстремно високо ниво на алкохол во крвта повторно го привлече вниманието на јавноста. Според достапните податоци, во Србија е регистриран случај на човек кој преживеал со повеќе од 13 промили алкохол во крвта. Лекарите објасниле дека станувало збор за човек кој редовно и во големи количини консумирал алкохол, што можело да придонесе неговиот организам да издржи количина која за повеќето луѓе би била фатална. ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
1.9
26%
1015
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
2.3
36%
1016
weather icon

Загреб

32ᴼ / 32ᴼ
2.08
42%
1017
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
1.45
32%
1017
weather icon

Сараево

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
28%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 30ᴼ
0.57
56%
1018
weather icon

Атина

34ᴼ / 32ᴼ
6.26
28%
1012
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
3.18
22%
1014
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
1.04
26%
1014
weather icon

Букурешт

31ᴼ / 30ᴼ
2.24
44%
1015
weather icon

Будимпешта

35ᴼ / 32ᴼ
2.68
30%
1016
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 27ᴼ
4.49
56%
1014
Currency

61.5217

Currency

53.2555

Currency

71.8889

Currency

37.5912

Currency

38.2403

Currency

65.7872

Currency

7.89886

Currency

0.64604

Currency

0.33463

Currency

0.52413

Currency

1.11649

Currency

0.55857

Рутениум

53852.50

Паладиум

43853.62

Иридиум

252383.36

Сребро

2102.98

Цинк

0.00

Кобалт

56.29

Платина

56328.11

Злато

141498.65

Бакар

13.36

Алуминиум

3.34

Калај

56.16

Родиум

278103.96