Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Израелските одбранбени сили (ИДФ) за прв пат издадоа наредба за евакуација на целиот град Газа, во пресрет на голема копнена операција против Хамас, пренесе „Тајмс оф Израел“. Претходните предупредувања од израелската армија се однесуваа само на одделни делови и објекти, но сега се бара палестинските жители во сите региони на градот да се упатат кон хуманитарна зона во јужниот дел на Појасот Газа преку приобалниот пат. „ИДФ е решена да го ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос жестоко одговори на изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој на протестот во Нови Сад ги нарече европратениците „олош“. Таа предупреди дека ваквиот речник покажува „сомнителен однос кон демократијата“ и дека Србија со тоа дополнително го нарушува сопствениот меѓународен углед. „Имаме проблем во Белград“, изјави Кос по средбата со австриската министерка за надворешни работи Беате ...
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека судско-обвинителскиот систем продолжува да го прикрива криминалот на СДС и ДУИ, а Основното јавно обвинителство намерно го чува предметот „Рекет 2“ во фиока. „Судството со доверба на ниво на статистичка грешка од два отсто продолжува да тоне, а Љупчо Коцевски на чело на ОЈО верно им служи на оние кои го изгласаа – СДС и ДУИ,“ се наведува во партиското соопштение. Според информациите, постои предмет ...
Силен земјотрес со прелиминарна јачина од 5.5 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Егејското Море во Грција, доцна вечерва во 00:27 часот по локално време (23:27 часот по македонско време). Според првичните податоци на сеизмолошките центри, епицентарот на потресот бил лоциран во морето, на околу 45 километри североисточно од главниот град Атина. Она што особено загрижува е што земјотресот се случил на многу мала длабочина ...
Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила. До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај ...
Попладнево на магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале вкупно осум возила – четири мотоцикли и четири автомобили. Според првичните информации од полицијата, во несреќата се повредени најмалку пет лица. Настанот бил пријавен во ОВР Гостивар нешто пред 16 часот, во услови на засилен сообраќај поради празничниот ден. Поради увидот што е во тек, сообраќајот на оваа делница ...
Шпанија воведе трајна забрана за продажба на оружје и муниција на Израел, соопшти денеска премиерот Педро Санчез. Одлуката е дел од пакет мерки со кои, како што рече, треба да се стави крај на „геноцидот во Газа“. Во рамките на мерките, на бродови што пренесуваат нафта за израелската војска нема да им биде дозволено да влегуваат во шпанските пристаништа, а авионите со воен материјал за Израел ќе имаат забрана за користење на воздушниот ...
„Во текот на три децении изградивме силно партнерство – работејќи заедно во дипломатијата, безбедноста, образованието и културата“, порача Амбасадата на САД во честитката по повод Денот на независноста. Американскиот државен секретар Марко Рубио ја нагласи посветеноста на Вашингтон за продлабочување на соработката со Северна Македонија. „Како сојузник на НАТО, вашето ветување за зголемени трошоци за одбрана ја потврдува вашата посветеност ...
По три дена исполнети со рекордна посетеност, одлична атмосфера и незаборавни гастрономски искуства, денеска во парк „Авионче“ – Општина Аеродром ќе се одржи последниот ден од првото издание на AERO Street Food Festival. Во изминатите три дена, илјадници посетители уживаа во специјалитети од најпознатите брендови за улична храна, во музички настапи и забавни предизвици кои го раздвижија Скопје. Фестивалот се покажа како вистинска атракција ...
Дете на возраст од една и пол година заврши во болница откако, според пријавата на неговиот татко, во семејната куќа во Радовиш најверојатно испило таблета. По укажаната итна медицинска помош, детето е пренесено во Клиничката болница во Штип. -На 07.09.2025 во 18:22 часот во Полициската станица Радовиш од Итната медицинска помош Радовиш е пријавено дека кај нив бил донесено едноипол годишно дете од Радовиш, кое, според пријавеното од страна ...
Се степале за паркинг – инцидент во скопската општина Ѓорче Петров заврши со физичка пресметка меѓу двајца мажи, поради недоразбирање околу место за паркирање. -На 07.09.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во ходник од зграда на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Ј.(57) од Скопје и А.П.(34) од Прилеп, со престој во Скопје. ...
Изгорела помошна просторија од викенд-куќа, пет објекти за живина, разновиден алат и нискостеблеста шума во пожар што вчера попладне избувнал кај селата Раштак и Страчинци во скопско. За среќа, повредени лица нема, а огнот е изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. На 07.09.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека кај с.Раштак и кај с.Страчинци, скопско, настанал пожар и горела сува трева и нискостеблеста шума. ...
Синоќа во штипското село Криви Дол се запалил трансформатор во сопственост на ЕВН Македонија. Пожарот избувнал околу 21:50 часот, а благодарение на брзата интервенција на Територијалната противпожарна единица од Штип, огнот бил изгаснат. Повредени лица нема. -На 07.09.2025 во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во с.Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија,. Повредени лица нема. Екипа од ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска преку видео објава на социјалните мрежи го најави носителот на советничката листа за општината. Станува збор за д-р Алек Савески, за кого Герасимовски истакна дека е негов пријател и дека заедно ја составувале листата на која се наоѓаат професионалци и стручни лица кои придонеле за развојот на Центар. „Утро без кафе? Нема шанси. За нови идеи и победа, заедно со д-р Алек Савески ...
Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод Денот на независноста порача дека правдата е неизбежна и ќе стигне до сите кои нечесно се стекнале со богатство. „Народот има впечаток дека тие кои нечесно заработуваат, не одговараат, но јас ви ветувам – нема милост за никој. Сега или малку подоцна, правдата е неизбежна и ќе ги стигне“, рече Мицкоски. Тој истакна дека граѓаните со години се разочарани од системот поради примери што ги ...
Премиерот Христијан Мицкоски, се осврна и на скандалот со прислушувањето, нагласувајќи дека од 90-тите години постои иста структура и исти луѓе блиски до мината власт кои го злоупотребуваат системот. „Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, по уставниот поредок, а последиците не само што уништуваат генерации луѓе, туку ја доведуваат во опасност целата држава“, рече Мицкоски, додавајќи дека ваквите практики уништуваат ...
Во вооружен напад на автобуска станица во Ерусалим беа убиени пет лица, а најмалку 11 се повредени, соопшти израелската полиција, пренесува „Гардијан“. Нападот се случил во населбата Рамот, на северната периферија на градот, кога двајца вооружени напаѓачи пукале кон луѓето кои чекале автобус. Според полицијата, на местото реагирале полициски службеник и вооружен цивил кои ги застрелале и ги „неутрализирале“ напаѓачите. Меѓу жртвите се ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани денеска го започна увидот по големиот пожар во фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница. Од Обвинителството соопштуваат дека увидните активности ќе продолжат и во наредните денови, затоа што во дел од магацините за суровини и готови производи сè уште има жаришта кои тлеат. Во близина на плинската станица, која не беше зафатена од огнот, поставени се противпожарни возила за превентивна ...
Лидерот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во видео обраќање по повод Денот на независноста – 8 Септември, порача дека државата е дом на сите граѓани и борбата за нејзината иднина е заедничка обврска. Филипче нагласи дека државата не е ничија сопственост, туку припаѓа на граѓаните. „Државата е на граѓаните. Таа е нашиот дом. За нашиот дом мора да се бориме сите. Македонија е и на тие што останаа овде, и на тие што заминаа, ама не заборавија. ...
Претседателката Гордана Силјановска Давкова доби посебен подарок – куче од автохтоната раса Караман, кое ќе стане нејзин миленик и симбол на верноста и македонскиот дух. -Денеска остварив средба со претставниците на Светската кинолошка федерација (FCI) и со македонските кинолошки експерти кои повеќе од две децении посветено работеа за афирмација на нашата автохтона раса. Очекувам македонското овчарско куче Караман наскоро да биде официјално ...
Министерството за здравство информира дека по пожарот кој вчера попладне избувна во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница, медицинска помош им е укажана на 13 лица. Во ЈЗУ Клиничка болница – Штип е згрижена една пожарникарка, четири пожарникари се хоспитализирани во Општата болница во Кочани, додека осум вработени од фабриката се лекуваат на Клиниката за токсикологија во Скопје. Од Министерството нагласуваат дека сите се ...
Либерално-демократската партија (ЛДП) ќе учествува на претстојните локални избори во Скопје во партнерство со ГРОМ, партијата на градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, информираше поранешниот министер за локална самоуправа и ексградоначалник на главниот град, Ристо Пенов. Тој нагласи дека заедно со доктор Никола Пановски ќе бидат носители на советничката листа. Според договорот, ЛДП ќе излезе самостојно на изборите, но ќе ги ...
Пo речиси четиригодишна потрага низ Нов Зеланд, бегалецот Томас Филипс, кој се криел во дивината со своите три деца, бил смртно застрелан во престрелка со полицијата. Неговите деца, за кои се верува дека имаат 9, 10 и 12 години, се пронајдени и сега се безбедни, со што се стави крај на долгогодишната драма, објавува CNN. Драматична потера и пукање Бегството на Филипс заврши во раните утрински часови денеска откако полицијата одговори на ...
Пожарот во атарот на село Никуштак, Општина Липково, е сеуште активен и се шири кон селата Никуштак–Орланци, кон Скопска Црна Гора, како и од местото викано Влаин Гроб кон село Матејче и Манастирот Пресвета Богородица. Екипи од ЈП НШ, подружница Куманово, се веќе на терен и интервенираат во негово гаснење. Од 10:00 часот се вклучени и два Ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои ќе ја поддржат акцијата од земја. Поврзани ...
Јавноста трет ден говори за пожарот што целосно зафати дел од производствените погони на фабриката „Макпрогрес“ во Виница. На видеата објавени од локалната телевизија ТВ Стар може да се види интензитетот на пламените јазици и големите облаци чад кои се издигаа над градот, додека пожарникарите се бореа со огнената стихија. Според информациите, во пожарот изгоре еден производствен погон со три линии за наполитанки, вафел барови и тортички, ...
На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија со убедливо мнозинство ја запишаа најважната страница во современата историја на земјата. На референдумот организиран во предвечерјето на распадот на поранешна Југославија, 95 отсто од излезените граѓани одговорија „за“ на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“ Од вкупно 1.495.626 запишани избирачи, на гласање ...
Студентите во блокадата најавија нов голем студентски протест за понеделник во Белград поради, според организаторите, полициската репресија во Нови Сад. Протестот ќе започне во 14 часот пред Владата на Србија под слоганот „Индексот е посилен од пендрек“. Студентите во блокадата, кои го координираат собирот преку социјалните медиуми, најавија дека по Владата, колоната ќе се движи низ градот до Секторот за внатрешна контрола на Министерството ...
Увидот во фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес“ во Виница сè уште не може да започне, бидејќи пожарот што избувна вчеравечер не е целосно изгаснат. Според информациите од Државното јавно обвинителство, на терен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кочани, кој издава наредби и насоки за преземање на други дејствија со цел целосно испитување на настанот. Повредени 18 лица, меѓу нив и пожарникари. Пожарот избувна ...
Изгорените производствени линии на фабриката за кондиторски производи „Макпрогрес Винчини“ од Виница експресно ќе бидат обновени, а сите вработени ќе се вратат на работа, соопшти менаџментот на компанијата. „Стихијата беше огромна и направи уште поголеми штети, но уште од денес работиме производството да се обнови итно. Дел од вработените ќе бидат ангажирани во преостанатите погони“, изјавија од „Макпрогрес Винчини“ за штипската ТВ Стар. Во ...
Бројот на повредени во големиот пожар што од вчера беснее во фабриката „Макпрогрес“ во Виница се искачи на вкупно 18 лица, покажуваат последните официјални информации. Поради сериозноста на повредите, 16 лица се хоспитализирани, а шестмина од нив се итно пренесени на Клиниката за токсикологија во Скопје. Според последниот извештај за состојбата на повредените, најголем дел од хоспитализираните се борат со последиците од вдишување на густиот ...