
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Белата куќа разгледува можност украинскиот претседател Володимир Зеленски да биде поканет на планираниот состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска, јави NBC News. Иако поканата сè уште не е официјално испратена, висок претставник на американската администрација изјавил дека ваков троен состанок е „апсолутно можен“ и дека во Вашингтон се надеваат дека ќе се реализира. Трамп претходно тврдеше ...
Шведскиот премиер Улф Кристерсон предизвика лавина реакции откако во интервју призна дека повремено се консултира со ChatGPT за стратегии за водење на државата, пишува Gizmodo. „Го користам прилично често. Ако не за ништо друго, тогаш за второ мислење – што направиле другите? Дали треба да мислиме спротивно? Такви прашања“, изјави Кристерсон. Изјавата наиде на остри критики од експерти и медиуми. Вирџинија Дигнум, професорка за одговорна ...
До утрово во 09:00 часот, на територијата на Република Македонија се регистрирани вкупно 22 пожари на отворен простор, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, активен е само еден пожар. Според информациите, активниот пожар е на подрачјето на општина Македонски Брод, во Националниот парк „Јасен“, каде гори мешана шума. Изгаснати пожари се евидентирани во повеќе региони, меѓу кои Тетово, Струмица, Новаци, Велес, Гостивар, ...
Петнаесетгодишниот Муханад Закарија Еид од Газа загина откако врз него паднала палета со храна и помош за време на воздушно доставување хуманитарни пакети, јавува „Ал Џезира“. Несреќата се случила во близина на коридорот Нетзарим, во момент кога расте меѓународната осуда на израелскиот план за преземање на најголемиот град во разурнатата енклава, каде засолниште имаат најмалку еден милион луѓе. Снимките од местото, чии автентичност е потврдена ...
На претстојните локални избори, кои спикерот Гаши ги закажа за 19 октомври и втор круг за градоначалници за 2 ноември, ќе може да учествуваат и независни кандидати. Ова произлегува од изјавата на претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко. Тој го цитираше членот 60 од Изборниот законик, според кој ДИК нема право никому да му го ускрати уставно загарантираното право да учествува на избори, да бира и да биде биран. Според првиот ...
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин уште во 2023 година, но тоа нема да го спречи да патува во САД, каде што треба да се одржи средба со Доналд Трамп за прекин на војната во Украина. Путин е обвинет за воено злосторство – нелегално депортирање деца од окупираните украински територии во Русија. Кремљ ги отфрли обвинувањата како „скандалозни и неприфатливи“. Иако Русија не е потписничка ...
Скопското Обвинителство отвори постапка против 57-годишен жител на селото Трубарево за кривично дело „Загрозување на безбедноста во сообраќајот“ според член 297 став 1 од Кривичниот законик. Инцидентот се случил на 8 август на локалниот пат меѓу селата Петровец и Долно Коњари. Осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со истечена сообраќајна дозвола и под дејство на алкохол. Брзината не ја приспособил на условите на патот, поради што изгубил ...
По една недела пауза, родителите, роднините и пријателите на загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани повторно излегоа на улиците за да укажат дека и натаму чекаат правда, како и да испратат пораки до системот. Тие преку транспаренти го искажаа својот револт, гнев и тага уште од самиот старт. „Престанете со тортура на нашите семејства“, „Ние изгубивме, вие уште имате за што да се борите“, „Колку детски животи треба да згаснат за да се ...
Денеска околу 13:15 часот во СВР Охрид и езерската полција е пријавено дека бугарски турист додека нуркал исчезнал во водите на Охридското езеро. “На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското езеро, над селото Трпејца. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање кои ги спроведуваа тимови од Езерската ...
Израелската армија се подготвува за масовна копнена офанзива против борците на Хамас во градот Газа – административното, политичко и економско срце на појасот Газа. Премиерот Бенјамин Нетанјаху одреди симболичен датум за почеток на операцијата – 7 октомври, втората годишнина од најкрвавиот терористички напад врз Израел, кога беа убиени 1.100 луѓе, најмногу цивили, и почетокот на војната во која загинаа околу 60.000 Палестинци. Според ...
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, во интервју за магазинот Time изјави дека не планира да се кандидира за нов претседателски мандат. Лукашенко, близок сојузник на рускиот лидер Владимир Путин, ја води државата повеќе од три децении и во јануари годинава беше реизбран за седми петгодишен мандат. „Не планирам повторно да се кандидирам“, изјави 70-годишниот Лукашенко, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп „изгледа ...
По острите критики и снимката каде се слуша како полицаец инсистира да се приведе директорка на средно училиште во Демир Хисар, ќе постапува Секторот за внатрешна контрола при МВР. Истовремено, правната фела, но и граѓани реагираат на односот на полицаецот кој и покрај укажувањата на медицинскиот тим дека здравствената состојба на директорката Маја Лозановска не дозволува таа да биде спроведена на сослушување, тој вели „ако треба ќе оди со ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска (9 август) ги распиша локалните избори во Македонија, на кои ќе се избираат градоначалници и членови на советите во сите 80 општини и во Градот Скопје. Денот на гласање во првиот круг е закажан за 19 октомври 2025 година, а вториот круг ќе се одржи на 2 ноември. Кампањата официјално ќе започне 20 дена пред првиот круг. Според Изборниот законик, за градоначалник е избран кандидатот кој ќе добие ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска во Штип, малолетна девојка е тешко повредена, а 18-годишен возач ќе заработи кривична пријава поради возење под дејство на алкохол. Според информациите на МВР, на 9 август 2025 година, околу 00:20 часот, на улицата „Кеј Димитар Влахов“, М.С. (18) од Штип, управувајќи мопед со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркирано возило „Ауди“ сопственост на И.Г. (47) од Штип. Од ...
Во скопската населба Чаир, на 8 август 2025 година, околу 19:20 часот, избувнал пожар на бандера сопственост на ЕВН Македонија и куќа во сопственост на 63-годишниот С.К. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје информираат дека огнот бил изгаснат навреме и нема повредени лица. Екипа од ЕВН констатирала дека пожарот бил предизвикан од кабел со кој се вршела кражба на електрична енергија. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје, а ...
Вчера, околу 19:53 часот, на подрачјето на Транспортен центар во Скопје избувнал пожар во автобус сопственост на ЈСП Скопје, информира МВР. Во моментот на инцидентот во возилото немало патници. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје соопштуваат дека огнот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, а причините за пожарот ќе се утврдуваат дополнително. View this post on Instagram A post shared by ...
Вчера, околу 09:03 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје во СВР Скопје било пријавено дека со тешки телесни повреди бил донесен 18-годишниот М.Б. од село Марино, општина Илинден, соопшти МВР. Според пријавеното, околу 01:30 часот на подрачјето на Чаир, М.Б. бил физички нападнат од лице Д.Н., кое го познавал. Од ударите младиот маж се здобил со сериозни повреди, по што бил пренесен во болница. Од МВР информираат дека се ...
Украинските власти најавија промени во методите на мобилизација по низа насилни инциденти што предизвикаа револт кај јавноста. Истовремено, армијата предупредува на критичен недостиг од војници, што ја загрозува одбраната од руската агресија, пишува Financial Times. Претседателот Володимир Зеленски одбива да ја намали старосната граница за мобилизација под 25 години, нагласувајќи дека „не сака да ја жртвува следната генерација“. Но, токму тоа ...
По одлуката на израелската влада за нова офанзива во Појасот Газа, германскиот канцелар Фридрих Мерц објави дека Германија повеќе нема да испорачува воена опрема „која би можела да се користи во Газа“. Одлуката следи откако Берлин оцени дека Израел се подготвува за „уште поостро воено дејствување“ во регионот, со што презема уште поголема одговорност за снабдување на цивилното население. „Израел мора трајно да ја подобри хуманитарната состојба ...
„Економските податоци се поразителни, инфлацијата изнесува 4,8%, што значи дека граѓаните денес имаат помалку пари во џебовите и живеат потешко“, вели Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ и додава: Цените растат, платите стагнираат, стандардот опаѓа. Секој ден граѓаните гледаат и чувствуваат на своја кожа како оваа власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ е неспособна да го подобри животниот стандард. За нив важен е само бизнис интересот, личното ...
На 9 август (н.с.) се празнува споменот на св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година, а овој ден Светата православна црква го празнува и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон. Во очи на денот верници и годинава запазувајќи се упатија на поклон во црквата на Плаошник. И годинава верниците имаа можност да се поклонат пред моштите на Св. Климент, по што и им се делеше памукче кое се чува за здравје и среќа. Големиот ...
Дел од осудените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, „пропеале“ во Обвинителство, каде биле повикани да кажат што се случило со оружјето со кое се извршени злосторствата. Распитите се случуваат по два месеци по покренувањето на истрага, а откако осудениот Велибор Манев посочи дека извесен Зоран Д., вработен во Народна банка, го земал ранецот со оружјето и „моторолите“ за разговор. Според информации на „Скопје1“, на распитите, ...
Заменик-претседателот на Владата и министер за животна средина, Изет Меџити, се произнесе за иредентистичките скандирања на Националната арена „Тодор Проески“ за време на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах. Дел од навивачката група „Балисти“ извикуваше пароли како „Илирида“, а во скандирањето се приклучи и остатокот од стадионот. „Како Влада, ние ги осудивме сите што ќе посегнат по ксенофобија и расизам. Во Куманово беа антиалбански ...
Најмалку десет лица загинаа, а 33 се водат како исчезнати поради силните поплави што го зафатија северозападот на Кина, јави државната новинска агенција Xinhua, повикувајќи се на локалните власти. Поројните дождови започнале во четврток навечер и предизвикале бујични поплави во округот Јужонг, во провинцијата Гансу. Според покраинската влада, до пладне во петок, во делови од округот наврнале околу 220 милиметри дожд. ‼️END TIME – What's going ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро ја отфрли можноста за какви било територијални отстапки кон Русија во замена за мир, нагласувајќи дека суверенитетот на земјата е неприкосновен, пренесува Pravda. Неговата изјава е реакција на најавата за средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. „Одговорот на украинското територијално прашање веќе стои во Уставот на Украина. Никој нема да отстапи од тоа ...
Полицијата во Виница вчера уапси 27-годишен жител на Кочани со живеалиште во Виница, откако физички го нападнал началникот на Надворешната канцеларија за криминалистички работи, кој се обидувал да му врачи покана за службен разговор. Според МВР, инцидентот се случил околу 10:10 часот. По нападот, со судска наредба бил извршен претрес во домот на осомничениот, при што биле пронајдени околу 100 семки од растението канабис, две дробилки со ...
Вчера во Демир Хисар се одвиваше драматична полициска акција по наредба на Основното јавно обвинителство Битола, при што беше извршен претрес на домот, службените простории и автомобилот на директорката на средното училиште, Маја Лозановска. Според информациите, на претресот присуствувала и екипа на Брза помош, која констатирала дека Лозановска е на боледување и има покачен крвен притисок. Сепак, началникот на полицијата во Демир Хисар ...
Албанското специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК) спроведе една од најголемите операции против дрога во последните години, насочена кон развивање на албанска криминална организација која дејствувала на глобално ниво, стои во соопштението на Обвинителството. „Според СПАК, организацијата била вклучена во трговија со повеќетонски количини кокаин од Латинска Америка до најголемите пристаништа на Европската Унија, ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори, иако се уште нема официјална потврда од Кабинетот на спикерот. Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата. Утрешниот ден всушност е и последниот рок за распишување на изборите кои, според најавите треба да се одржат на 19 октомври. Со чинот на распишување ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да ...
По краткото заладување и пониски температура, Македонија ќе ја за зафати нов топол бран. Топла воздушна маса која доаѓа од Африка е причина за новиот топлотен бран кој веќе го зафати регионот. Синоптичарите најавуваат многу топло, стабилно и суво време со мала локална облачност. Температурите ќе продолжат да растат и ќе се движат од 32 до 40 степени. Во Скопје и околината максималната температура ќе биде до 40 степени. Лекарите апелираат да ...