Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп презема „енергични и искрени напори“ за прекин на конфликтот во Украина и постигнување договори во интерес на сите страни, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанок со високи претставници на државното и владиното раководство во Москва. „Како што сите знаат, тие, според мене, вложуваат доста енергични и искрени напори за прекин на конфликтите и кризата и за постигнување ...

Тригодишно девојче, двајца возачи и уште тројца сопатници се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случи во Арачиново, информира МВР. -На 13.08.2025 во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„1“ во с.Арачиново, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(23) и патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...

Албанскиот премиер Еди Рама ја изненади јавноста со идеја за формирање министерство што целосно би го управувала вештачка интелигенција, оценувајќи ја како „најефикасен иден член на владата“, пренесува бриселски „Политико“. „Еден ден, можеби ќе имаме министерство кое е целосно управувано од вештачка интелигенција. На тој начин, нема да има непотизам или судир на интереси,“ изјави Рама на прес-конференција. Албанија веќе користи вештачка ...

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари. Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. Против сторителите е поднесена кривична ...

Кумановската болница синоќа пријавила случај на затруено дете во Куманово. Според информации од кумановската полиција станува збор за четиригодишно дете. – Вчера, во 22.42 часот во СВР Куманово од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено затруено четиригодишно дете од Куманово, соопшти СВР Куманово. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. Од болницата соопштуваат дека детето е примено на педијатрија, по ...

Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата на граѓани. 10 предмети се однесуваат на оценување на уставноста на закони и подзаконски акти, 12 ...

Ерата на евтините авионски билети во Германија се приближува кон крајот. Двете најголеми европски нискобуџетни авиокомпании, Ryanair и Easyjet, значително го намалуваат своето присуство на германскиот пазар, повлекувајќи дел од флотата и укинувајќи повеќе линии. Како главна причина ја наведуваат високата цена на аеродромските и државните такси, поради кои Германија станала непрофитабилна дестинација за нив. Според нив, овој чекор ќе ја намали ...

На 8 август ми стигна писмо од министерот за економија. Го прочитав и гледам по ѕидовите да не е случајно скриена камера. Министерот за економија Бесар Дурмиши бара од мене да му кажам дали дискотеката Пјур „ги исполнувала минималните технички услови за вршење на дејност“. Оф мори мајко, сите министри, па и тој министер. Не знае каде се наоѓа. Министрееее! Белким ти мене треба да ми кажеш дали овој објект ги исполнува минималните технички ...

Групата „Независни за Карпош“ соопшти дека на претстојните локални избори ќе учествува со сопствена граѓанска листа. „Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина,“ наведуваат тие во објава на Фејсбук. Според нив, таа флексибилност, која ја сметаат за клучна за ефикасноста, е далеку потешко остварлива во рамки на поголеми групи или ...

Додека рускиот и американскиот претседател се подготвуваат да се сретнат во најголемиот град во Алјаска, на интернет повторно се појавија шпекулации дека Владимир Путин ја отфрла легитимноста на продажбата на Алјаска на САД од страна на Русија во 1867 година. Претседателите на САД, Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин ќе се сретнат во петок во воена база во најголемиот град во Алјаска, Анкориџ, за долгоочекувани разговори за руската ...

Според првичните извештаи, дел од покривот на станбена зграда наводно бил погоден од дрон, при што експлозијата оштетила неколку балкони на горните катови. A powerful explosion was heard in the center of Rostov pic.twitter.com/UAmLPjhCpC — 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) August 14, 2025 Локалните медиуми објавија дека пет лица се повредени – тројца жители на зградата и двајца минувачи. Во градот е прогласен воздушен напад. Поврзани ...

Куманово го доби својот прв независен кандидат за градоначалник – Горан Стојковски-Диро, кој синоќа ја објави својата кандидатура и ја претстави советничката листа на граѓанската иницијатива „Ред за Куманово“. Настанот се одржа пред градскиот часовник, кој, според него, „дваесет години стои како симбол на застојот и хаосот во кој живее градот“. Стојковски е правник и моментално работи во Секторот за урбанизам во Општина Куманово. Претходно, ...

Платформата „Независни заедно“ ја избра поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, за нивна независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар. Нејзината кандидатура ја поддржуваат граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „398“. Ивановска утринава се обрати на прес-конференција пред фонтаната „Лотус“ на влезот во Градскиот парк, каде официјално ја соопшти ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изразил загриженост дека присуството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на самитот во Алјаска би можело да ги наруши преговорите со рускиот лидер Владимир Путин, објави Wall Street Journal повикувајќи се на извори запознаени со неговиот разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Според весникот, европските претставници првично барале на средбата во Алјаска да присуствува и директен ...

Шокантен случај на суровост кон животните беше забележан во близина на Крива Паланка, каде куче, врзано за автомобил, било влечено по пат. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како животното лежи на асфалтот, додека возачот седи зад воланот. Благодарение на брзата реакција на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство, кучето е пронајдено, одземено и згрижено, а неговата здравствена состојба е ...

Манастири, болници, села и големи природни области се меѓу најпогодените од разорните шумски пожари кои од Ахаја се протегаат сè до Закинтос. Огнената стихија принуди на итни евакуации во бројни заедници, а некои здравствени установи, меѓу кои и детската болница „Караманданио“ во Патра, беа испразнети како мерка на претпазливост. Најкритични точки во моментот се регионите Превеза, Хиос и Закинтос, каде пожарникарите и волонтерите водат ...

Американското Министерство за финансии издаде привремено ослободување од одредени санкции кон Русија, со што се дозволуваат трансакции поврзани со утрешната средба меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин. Соопштението го објави Канцеларијата за контрола на странска имот (OFAC) при Министерството за финансии, еден ден пред состанокот во Енкориџ, Алјаска. Ослободувањето се однесува на трансакции кои се ...

Вчеравечер во повеќе од 30 градови низ Србија се одржаа антивладини протести под слоганот „Србијо, разбуди се“, иницирани од студентските блокади на високошколските институции. Демонстрациите беа организирани како реакција на завчерашните инциденти во Врбас и Бачка Паланка, каде поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) нападнаа граѓани со пиротехнички средства, камења и метални шипки. Најголеми тензии беа забележани во Нови Сад и ...

Ситуацијата во Србија синоќа достигна ново ниво на тензии, со масовни демонстрации во повеќе градови и жестоки судири во Нови Сад и Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во просториите на СНС во Нови Сад се повредени 64 поддржувачи на владејачката партија и 16 полицајци, од кои двајца потешко, нагласувајќи дека „нема да има милост за оние што тепаат и се закануваат“ и дека „нема да има граѓанска војна“. „Вечерва е тешка ...

Британскиот премиер Кеир Стармер изјави дека постои „реална можност“ за прекин на огнот меѓу Русија и Украина, во пресрет на средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, која ќе се одржи утре. Денешната средба меѓу британскиот и украинскиот лидер, во резиденцијата на премиерот, е внимателно координиран гест на поддршка од Обединетото Кралство за Украина, закажан само 24 часа пред самитот на ...

Малкумина очекуваа дека Алјаска ќе стане сцена за клучен самит на американскиот и рускиот лидер. Но токму таму, во најголемата и најоддалечената американска држава, утре ќе се сретнат претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин на еден од потенцијално најважните состаноци во нивните мандати. Во Москва, каде провладините пропагандисти веќе ја слават користа што ќе ја донесе овој самит, владее чувство на големо исчекување, пишува CNN. За Кремљ, ...

Судирот меѓу шефот на OpenAI, Сем Алтман, и неговиот долгогодишен ривал Илон Маск би можел дополнително да се вжешти по веста дека Алтман планира да влезе во полето на мозочно-компјутерски интерфејси (BCI), директно конкурирајќи му на Масковиот Neuralink. Според Financial Times, Алтман ќе помогне во основањето на компанијата Merge Labs, BCI стартап кој со поддршка на инвестицискиот тим на OpenAI и други вложувачи целосно ќе се фокусира на ...

Приватната компанија која изнајмувала градежна механизација за изградбата на хидроелектраната на реката Дошница на Кожуф се повлекла од проектот, информираа денеска активистите од иницијативата „Спас на Дошница“. „Ова е доказ дека народниот отпор е посилен од секој профит. Им благодариме за свесноста и одлуката да не се стават на страната на уништувачите“, порачуваат од групата. Сепак, активистите предупредуваат дека ова не значи крај на ...

Платформата „Независни заедно“ ја претстави поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Билјана Ивановска, како независна кандидатка за градоначалник на Општина Центар. Ивановска, позната по својата борба за правда и против корупцијата, добива поддршка од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 398“. Нејзината кандидатура официјално ќе биде објавена на прес-конференција ...

Четири лица од Албанија, меѓу кои и малолетничка, се повредени во сообраќајна несреќа на патот Битола – Меџитлија, при што 47-годишна сопатничка се здобила со тешки телесни повреди. На 12.08.2025 во 14:41 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила ...

Уставниот суд соопшти дека е оформен предметот УЗ.44/2025, по иницијатива на Лилјана Поповска, со кој се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија. Во тек е претходна постапка за прибирање на потребните податоци и известувања пред донесување на одлука. Од наводите во иницијативата: Подносителката на иницијативата наведува дека со оспорениот Протокол е ...

Голем пожар избувна кај селото Октиси, на локацијата Октишка Краста, се шири на непристапен терен и претставува закана за имотот на населението. Пожарникарите од Струга и мештани се на терен, но поради тежок релјеф е побарана итна воздушна интервенција. -Во близина на село Октиси, на место викано Октишка Краста, е избувнат пожар од поголеми размери кој претставува потенцијална закана за имотот на населението. На терен се присутни екипите на ...

Два одделни инцидента со параглајдеристи денеска кај Мечкин Камен во Крушево го активираа Центарот за управување со кризи и итните медицински служби – едниот спортист заврши заглавен на дрво, а другиот со тешки повреди и бесознание беше итно евакуиран кон Скопје. -Денеска кај Мечкин Камен, Крушево, се случија два одделни инцидента со параглајдеристи. Во првиот случај, параглајдерист при индивидуален самостоен лет и при обид за приземјување се ...

Процесот за избор на нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата ќе биде замрзнат до завршување на локалните избори на 3 ноември. Одлуката е донесена откако ДКСК соопшти дека нема надлежност да се произнесе дали изборот е итен по оставката на Татјана Димитровска и отворањето истрага против неа. Комисијата за прашања на изборите и именувањата денес ја формираше комисијата за селекција на кандидатите, но најави дека таа ќе ...

Коалицијата „Вреди“ обвини дека Бујар Османи и ДУИ стравуваат од пораз во Чаир и дека, како што наведуваат, граѓаните нема да поверуваат во нивните „лажни приказни“. „Османи е свесен дека неговата политичка кариера без конкретни резултати и проекти овој пат ќе заврши. Тој не е кандидат кој работел за Чаир, ниту пак помогнал на жителите на општината во изминатите 20 години. Секогаш бил присутен само кога имал личен политички интерес,“ стои во ...

weather icon

Скопје

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
59%
1012
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
64%
1009
weather icon

Загреб

18ᴼ / 15ᴼ
2.06
86%
1012
weather icon

Софија

22ᴼ / 18ᴼ
3.6
41%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.34
46%
1011
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
97%
1013
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
3.6
41%
1011
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
68%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
2.57
56%
1011
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.12
71%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
78%
1011
Currency

61.54

Currency

52.5801

Currency

71.1774

Currency

34.4197

Currency

38.2289

Currency

65.6048

Currency

7.37366

Currency

0.65355

Currency

0.35534

Currency

0.52514

Currency

1.27793

Currency

0.59821