Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Справувањето со големиот шумски пожар во југозападна Франција наликува на борбата меѓу „Давид и Голијат“, рече портпаролот на Противпожарната служба. Пожарот во регионот Жиронд се наоѓа на само 14 километри од периферијата на Бордо, но надлежните велат дека градот засега не е загрозен. Пожарникарите западно од Бордо имале релативно мирна ноќ, при што пожарот е стабилизиран, но сè уште не е ставен под контрола. Тој рече дека Франција се ...
Во 1960 година, во велешката гимназија „Кочо Рацин“ за првпат од постоењето на најстарата среднообразовна институција во Македонија била формирана педагошка паралелка. Овој податок е малку познат, но повторно оживеа благодарение на сеќавањата на тогашните ученици, денес пензионери, меѓу кои и Трајко Јанев. „Се запишавме во 1960 година. Мислам дека имаше пет паралелки. Јас веќе имав завршено прва година во гимназијата, но кога дознав дека се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека засега ги запрел најновите напади врз Иран за да им даде уште една можност на тековните преговори. „Водиме многу сериозни разговори со Иран“, изјави Трамп за веб-страницата Аксиос. Во исто време, тој се закани со нови напади ако разговорите не дадат резултат: „Ако не успеат, ќе се вратиме на многу силна воена акција“. Трамп изјави дека не им остава „многу време“ на преговорите да успеат. ...
Советот на Општина Велес едногласно ја усвои иницијативата Народниот музеј во Велес повторно да добие статус на национална установа. Со тоа би му се вратиле надлежностите што ги имаше до 2005 година, кога беше трансформиран во локална институција. „Ова е неопходен чекор, бидејќи Музејот изминатите години, по пензионирањето на стручниот кадар, се доведе во состојба да остане без кустоси и други стручни лица. Пред две години во институцијата ...
Француската полиција го уапси мажот кој денеска со кујнски нож рани три жени во Париз, од кои две се во критична состојба, објави министерството за внатрешни работи. Нападот се случи околу 11:30 часот на Порт де Клиши, во северозападниот дел на француската престолнина. Напаѓачот извадил нож од торба во близина на локален бар и прво нападнал жена која стоела до трамвајска станица, забивајќи ѝ го сечилото во пределот на колкот. Потоа го ...
Тешко е повреден 21-годишник од Штип кој како сопатник испаднал од отворен прозорец на автомобил во движење. Задржане на лекување во штипската Клиничката болница. Несреќата се случила на 27 јули во 2 часот на раскрсницата од улиците Сремски фронт и Солидарност во Штип кога, според полцисикиот извештај, Н. А. (21) испаднал од отворениот прозорец на „ауди“ што го возел Б. С. (22). Жители од оваа населба кои биле сведоци на несреќата велат дека ...
Центарот на модернистичкиот балтички пристаништен град Гдиња, изграден речиси од нула во текот на двете децении меѓу Првата и Втората светска војна, денеска е впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, токму додека градот ја одбележува својата стогодишнина. Сместен северно од историскиот град Гдањск (родното место на полското синдикално движење „Солидарност“) и приморското одморалиште Сопот, Гдиња долго време локално се сметал за ...
Полска побара од САД да го екстрадираат поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, кој е во бегство и се соочува со 26 обвиненија, главно поврзани со наводна злоупотреба на средства од фондот за помош на жртви на кривични дела за политички цели, соопштија обвинителите. Полска сака да покрене постапка против Зиобро, кој беше идеен творец на промените во полскиот правосуден систем – промени за кои Европската унија оцени дека го поткопале ...
Пратеникот Фатмир Битиќи, поранешен вицепремиер за економија, на денешната расправа за предложениот ребаланс на Буџетот рече СДСМ ќе го гласа ребалансот, нема да реплицира, ама побара министерката за финансии, премиерот, власта, да ветат дека утре во 8 часот ќе им ги исплатат субвенциите на земјоделците. Побара и да не ги лажат дека СДСМ ги блокира субвенциите. Тој по експозето на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска зеде збор ...
Од 1 август поскапува парното греење во Скопје. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна „Енерџи Еколинк“ зголемувањето е во ...
Во 2026 година, а заклучно со 27 јули, во Македонија се регистрирани осум случаи на западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од регистрираните случаи, а согласно дефиниција на случај, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен. „Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инкубацискиот период покрива и престој во ...
Водата во Крушево беше заматена бидејќи еден саат не работел хлорниот инструмент поради прекин на струја, кажа денеска Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. На 23 јули, Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека водата за пиење во Крушево е микробиолошки неисправна. Од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Прилеп изјавија дека по примероците земени на 20 ...
Водата во Општина Гостивар може да се користи како техничка вода, односно може да се користи за бањање и за сите останати потреби во рамки на домаќинството, но не и за пиење. Сè уште ги немаме потврдено согласностите и уверенијата дека водата може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување на храна, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски е раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување ...
Бразил го повлече својот амбасадор од Буенос Аирес откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеј упати навреди кон бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, нарекувајќи го крадец и осуденик. Милеј ги даде изјавите за време на собир во Сао Паоло за почетокот на претседателската кампања на десничарскиот кандидат Флавио Болсонаро за изборите во октомври. Без директно да го спомне името на Лула да Силва, аргентинскиот лидер зборуваше ...
Животот во средниот тек на реката Пчиња постепено се обновува откако кон крајот на минатата година беше отстранета бетонската бариера. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на живиот свет во реката, спроведено од проф. д-р Милица Ристовска од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, заедно со нејзините соработници. Истражувањето е дел од проектот на „Еко-свест“, која во соработка со Општина Куманово ја ...
Споменикот Македониум во Крушево, кој со години протекува, почна превентивно да се заштитува со метална конструкција на галериите со витражи и стакла. Работите се изведуваат под стручен надзор на прилепскиот Завод и музеј и треба да завршат до крајот на месецов пред празникот 2 Август-Илинден, а металната конструкција ќе биде поставена на вкупно 8-те галерии со стакло и на галериите со витраж од надворешната страна на првото и на второто ниво ...
Властите во Венеција оваа сезона собраа повеќе од 5 милиони евра од таксата за влез што се наплаќа од дневните посетители на оваа популарна италијанска дестинација. Таксата, која изнесува меѓу 5 и 10 евра, се наплаќа во текот на 60 одбрани денови со најголема посетеност во главната туристичка сезона, од април до јули. Оваа сезона таксата ја платија повеќе од 650.000 посетители. Во останатиот дел од годината, дневните посетители можат да ...
Гемијата, чамец што пловел по Вардар пред повеќе од еден век, а чија реплика беше изработена во 2014 година, треба да биде поставена на Вардар во центарот на Велес и да стане туристичка атракција, предлага Ангелче Гушев од извидничкиот одред кој е организатор на Вардарската регата, за чии потреби беше изработена гемијата. Гемијата била чамец со кој во 19 век велешките трговци ја пренесувале стоката по Вардар до Солун. „Потребно е гемијата да ...
Американската полиција уапси еден осомничен и трага по уште еден по пукањето на преполн фестивал за храна во Сиетл, при што загинаа три лица, а четворица се ранети, меѓу кои и двегодишно дете дете. Истражителите веруваат дека двајцата осомничени пукале еден кон друг и, иако едниот сè уштее на слобода, помошникот-началник на полицијата во Сиетл, Тајрон Дејвис, на прес-конференција синоќа изјави дека не постои тековна закана за јавноста. ...
Младите од Велес ќе ги мапираат институциите што се непристапни за лицата со попреченост. Во наредните шест месеци тие ќе го реализираат проектот „Дигитален зелен пристап“, кој има цел да понуди решение за долгогодишниот проблем со непристапноста на јавните институции поради физичките бариери. Проектот е насочен кон подобрување на пристапноста за лицата со физичка попреченост, родителите со детски колички, лицата што користат помагала за ...
Почина популарниот актер Гоце Тодоровски, потврдија од Драмски театар, неговата матична куќа. Имаше 75 години. Роден е на 30 април 1951 во Кичево. По завршувањето на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) при Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, во класата на професорот Илија Џувалековски, се вработил во Драмскиот театар во Скопје и веднаш се истакнал како мошне надарен и суптилен комичар. Одиграл над 50 популарни и наградувани театарски улоги ...
Германската полиција соопшти дека припадници на безбедносните служби го застрелале и убиле осомничениот исламист, којсиноќа со комбе влета во луѓето на големата Парада на гордоста во Берлин. Нападот со возило се случи во паркот Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта, синоќа околу 22:00 часот, недалеку од една од најголемите годишни европски прослави за ЛГБТК-заедницата, Ден на улицата Кристофер. Според надлежните, едно лице загинало, ...
Светлосно е уреден Безистенот во Штип и има нов ноќен лик. Овој културно-историски објект од 16. века со својата архитектура се издвојува од останатите понови градби во центарот на Штипи одамна е значајно обележје на градот. Општина Штип најавува дека наскоро ќе се осветлат и други значајни културно-историски обележја, па вакво светлосно уредување ќе имаат Саат кулата, стариот Каменик мост на реката Брегалница кој датира од 1672 година и ...
Владата зема заем не само од Македонска навигација (М-Нав), туку и од Државна лотарија, МЕПСО за Јавното претпријатие за државни патишта, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање за што ќе бидат наменети средствата од М-НАВ за во Државни патишта, Мицкоски на настанот кај Момин Попок во Скопје одговори: „Не се само од Македонска навигација. Таму имаме средства и од Лотарија, имаме средства и од МЕПСО и сопствени ...
Во Германија е во тек голема потрага по осомничениот напаѓач, откако властите во Берлин инцидентот на берлинската Парада на гордоста го третираат како исламистички терористички напад. Министерот за внатрешни работи Александар Добринт денеска изјави дека осомничениот употребил мачета по нападот со намерно удирање со комбе, при што загина една жена, а 29 лица беа повредени, некои од нив тешко. Осомничениот напаѓач, по кого трага германската ...
Седумдесет и пет отсто од радежните работи на клучката кај Момин Поток во Скопје се реализирани. Овој потег ќе биде завршен до Нова Година, а по пуштањето во употреба сериозно ќе го намали метежот и ќе овозможи сигурен, безбеден сообраќај, рече денеска градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. „Пред седум месеци клучката беше во целосна стагнација, процесите беа блокирани и имаше само 10 отсто експропријација, а сега експропријацијата е 100 ...
Животот во средниот тек на реката Пчиња постепено се обновува откако кон крајот на минатата година беше отстранета бетонската бариера. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на живиот свет во реката, спроведено од проф. д-р Милица Ристовска од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, заедно со нејзините соработници. Истражувањето е дел од проектот на „Еко-свест“, која во соработка со Општина Куманово ја ...
Силното невреме што на 21 јули го зафати Куманово ги потсети граѓаните на катастрофалната поплава што се случила на истиот датум пред 50 години. Тогаш поројните дождови предизвикале излевање на потокот Серава, кој носел сѐ пред себе и предизвикал огромни штети на градот. (Архивски фотографии) Во поплавата две лица загинале од удар на гром, а 87 биле повредени. Водената стихија уништила 876 станбени единици со вкупна површина од 62.460 ...
Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопштија дека екипи на Скопската пожарна се на терен. „Пожарот е ставен под контрола“, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Гори парк-шумата во скопската општина Гази Баба. Чадот се забележува од повеќе места во Скопје. Од Центарот за управување со ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски очекува Северна Кореја да ѝ обезбеди на Русија дополнителни војници и тешко вооружување за војната против Украина, изјави тој синоќа во своето вечерно видеообраќање. Меѓу другото, тој рече дека Русија се подготвува да распореди уште 30.000 севернокорејски војници во регионот Воронеж. Пјонгјанг, исто така, има намера да ѝ испорача на Русија дополнителни лансирни рампи за балистички ракети, рече тој. ...