Во овие летни месеци, најубавите предели на Шар Планина се обвиткани во прав. За среќа, нема шумски пожари, но затоа има многу прашина која ја создаваат бројни посетители кои по терените на планината се возат со четирицикли, крос-мотори и други превозни средства. Заглушувачката галама и облаците прашина кои се креваат зад нив им пречат не само на останатите посетители на планината туку и на жителите од селата кои се во рамките на Националниот ...

Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата во периодот од јуни 2017 до мај 2024 година додека на власт беше СДСМ и во периодот од јули 2024 до јуни 2026 година додека на власт е ВМРО-ДПМНЕ бележи речиси идентична процентна месечна динамика. Пресметките на сложената месечна стапка на раст како геометриски просек покажуваат дека во двата анализирани периоди платата растела со релативно ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече Ормускиот Теснец американска територија, додека САД продолжуваат со воената блокада на иранските пристаништа и поморскиот сообраќај, а неговата администрација се соочува со потешкотии да ја заврши војната со оваа земја. Обраќајќи се пред собир во Јужна Каролина во рамки на кампањата за сенаторката Дарлин Греам, која се кандидира за местото на нејзиниот покоен брат Линдзи Греам, Трамп изјави ...

Грчките сточари во 2024 година побарале и добиле субвенции од Европската Унија за десетици илјади животни повеќе отколку што покажуваат официјалните државни евиденции, стои во анализата на владините податоци што ја објави „Политико“. Ваквите сознанија се закануваат дополнително да го прошират скандалот со злоупотреба на земјоделските фондови во Грција. Според официјалните податоци на Министерството за земјоделство, во 2024 година биле ...

Компанијата „Агриа“ од Велес ги извезе првите количини свежо свинско месо во Албанија. Со ова, најголемиот производител на свинско месо во Македонија, започна со пласман во соседството. „Ги извезовме првите седум тони свинско место на пазарите во Албанија. Ова е прв извоз на свинско месо од Македонија во оваа државам но и воопшто извоз на свинско месо од Македонија. Затоа има значење не само за нас како компанија, туку и за македонската ...

Здружението на слабовидни и слепи лица од Битола бара од Општината да им биде дозволено да останат во просториите на урбаната заедница „Коле Лачето“ кои на користење без надомест им беа дадени во 2018 година, а со домашни и странски донации ги претворија во Регионален ресурсен центар за слепи лица. Тие се појавија и на последната седницата на Советот на која на дневен ред беше точка за давање деловен простор на 5-годишно користење во истата ...

Во земјава се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска и прва уловена угината птица, гавран, со западнонилска треска, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Новина од претходната состојба со епидемијата е дека има први случаи на заразени во општините Центар и Чаир. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. „Сакам да се заблагодарам на граѓаните на Скопје бидејќи има голем број на дојави за ...

Од Сараево за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Лазаревска Вкупно пет награди освоија два македонски филмови на 32. Сараевски филм фестивал – четири за „17“ дебито на Косара Митиќ и една „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума. Една од главните награди, „Срце на Сараево“ за најдобра актерка, ja освои Ева Костиќ за нејзината прва филмска улоgа во „17“. Жирито на чело со актерката Емили Вотсон во кое членуваше и македонската актерка Сара Климоска, во ...

Најмалку две лица загинаа во нови руски напади во Украина, додека деветмина сè уште се водат како исчезнати еден ден по двојниот напад на трговски центар во кој животот го загубија 16 луѓе. Локалните власти соопштија дека едно лице загинало во пожар во магацин во Киев по тревога за напад со балистичка ракета, додека друго лице било убиено при напад со дрон во Запорожје во раните утрински часови во саботата. Руското министерство за одбрана ...

Повторно се активира пожар на депонијата „Буково“ во Охридскиот Регион. Најдиректно погодени се жителите од околните населени места, кои повторно се соочуваат со густ чад, непријатна миризба и стравувања за квалитетот на воздухот. Особено погодено е селото Крушје, кое се наоѓа во непосредна близина на депонијата. За жителите секое ново палење на отпадот значи затворени прозорци и непријатен мирис, дури и во летните денови. Велат дека ...

Повеќе од 45 од вкупно 112 столбови на зимската планинарска маркација на патеката Попова Шапка–Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Штетата се проценува на најмалку 8.000 евра, односно околу 500.000 денари, Соопшти Федерацјата на планинарски спортови. Маркацијата, поставувана од ноември 2025 до јули 2026 година, е дел од проектот „Славков“, во чија реализација учествувале над 25 локални волонтери и мали бизниси од Тетово и ...

Компанијата „Нептун“ се интегрира во нова регионална структура, ги обединува своите операции во Албанија, Косово, Македонија и Босна и Херцеговина. Оваа транформација ја прави Александрос Косенас, извршен директор на „Нептун Интернешнл“, а кој над 15 години е лидер во „Нептун Албанија“. Тој зборува за причините за воспоставувањето на новата структура, амбицијата на компанијата да прерасне од малопродажен синџир во регионален дигитален лидер, ...

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да им се извини и на граѓаните за пет години ширење лажни вести за модуларната болница, побара денеска претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по одлуката на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција(ОЈО ГОКК) за затворање на предметот за набавката на модуларните болници. „Обвинителството јасно кажа дека нема злоупотреба на службената должност, нема штета ...

Неколку лица се повредени денеска во шведско средно училиште лице вооружено со меч, соопшти општината Фагерста во централна Шведска. Инцидентот се случи во „Бринелскола“, средно училиште во Фагерста. Според шведските медиуми, осомничениот сторител е маж. Полицијата наводно пукала во него и го погодила во ногата. Околните училишта беа евакуирани. „Примен е повик за случај на тековно смртоносно насилство во училиште во Фагерста. Полицијата ...

Објавени се трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на „Скопје 2028“, соопшти Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“. Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на ...

Со рекордна посетеност од 2.000 гледачи за мјузиклот „Као какао“ со музиката, актерската игра и раскошната сценска енергија на Долни Сарај, фестивалот Охридско лето синоќа го затвори 66. издание. Во режија на Дејан Пројковски, „Као какао“ е инспириран од музиката на Влатко Стефановски. Насловот на музиклот е според истоимениот девети студиски албум на легендарната група „Леб и сол“ од 1987, кој се смета за еден од најуспешните во историјата ...

Со кадровско зајакнување и нова медицинска опрема, Одделението за педијатрија при Општата болница во Охрид продолжува да ги подобрува условите за лекување и згрижување на најмладите пациенти. По петгодишен период во кој, поради недостиг на специјалисти, Одделението работеше со ограничен режим, денес повторно обезбедува 24-часовна здравствена заштита и хоспитализација. За тој период децата беа препраќани во Струга. Во моментов пет лекари се на ...

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека пензиите за време на двегодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ се зголемени за 325 проценти. Тој денеска при посетата на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање рече дека направил споредба во зголемувањето на старосната пензија на корисниците во периодот од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Владата предводена од СДСМ и ДУИ. „Во овие две години оваа Влада успеала просечно месечно да ги зголеми пензиите за ...

Градоначалникот на Комо, Алесандро Рапинезе, воведе забрана за возење велосипеди во одредени делови од историскиот центар на градот откако претходно бил удрен од електричен велосипед. Рапинезе вели дека мерката е неопходна заради зголемување на јавната безбедност. Со новата одлука, која стапува во сила од септември, велосипедистите ќе мора да се симнат од велосипедите и да ги водат пешки низ појас од околу 30 улици. За италијанската новинска ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) стави во функција веб апликација со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која е наменета за сопствениците на возила со странски регистарски таблички. Апликацијата е воведена откако изминатите два дена се создаде хаос на граничниот премин „Табановце“, заради плаќање на казните за сторен сообраќаен прекршок на патиштата низ земјава. МВР соопшти дека преку апликацијата странските државјани ќе можат ...

Од Сараево за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Лазаревска Краткометражниот игран филм „Кучињата немаат соништа“ на младиот македонски автор Ханис Багашов ја имаше светската премиера на 32. Сараевски филмски фестивал. Филмот беше прикажан во програмата „Тин арена“, во која седум краткометражни филмови од целиот свет се натпреваруваат за една награда. Програмата „Тин арена“ е отворена за филмови од сите земји и, за разлика од главните натпреварувачки ...

Од Сараево за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Лазаревска Европската премиера на македонскиот филм „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума синоќа се одржа пред полна и целосно распродадена сала во Народниот театар во Сараево. Филмот имаше одличен прием и кај новинарите и кај фестивалската публика, а билети за проекцијата не можеше да се купат денови пред премиерата. Полна беше и салата на новинарската проекција. Филмот е дел од натпреварувачката ...

Од 26 август во скопското кино Синеплекс ќе игра документарецот на Милчо Манчевски, „Добри луѓе“. Документарецот е снимен со преживеаните млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и со родители на загинатите, еден месец по пожарот на 16 март во кој загинаа 63 лица. На иницијатива на Манчевски и во соработка со Синеплекс, целиот приход од билетите ќе биде дониран преку „Сапорт Кочани“ за помош на жртвите и преживеаните од ...

Најновиот напад на Русија врз Киев е прв по неколку месеци кога во украинскиот главен град „намерно е нападната“ критична инфраструктура, изјави градоначалникот Виталиј Кличко. Најмалку 17 лица загинаа откако во текот на ноќта беа погодени станбени згради и магацини низ градот, соопшти Државната служба за вонредни состојби на Украина. Оштетени се и детска болница и училиште, а повредени се повеќе од 40 лица, се додава во соопштението. Вчера, ...

Слаткаристика, „Суперхикс“, „2Бона“, „Фанк Шуи“ и Дина Јашари ќе настапат на 2 септември на платото пред “Т Арена“ во Скопје, во рамките на програмата „Најдоброто од Македонија“, по повод 35 години независност на Македонија, објави „Авалон“. „Една вечер, различни генерации и комбинација од најдоброто од македонската музика на едно место“, велат од продукцијата. Влезот за концертот е бесплатен. Одбележувањето на 35-годишнината од независноста ...

„Исчистете ја околината на вашите викендици и куќи од висока вегетација. Само така ќе бидете сигурни, доколку пожарот стигне до вашата куќа или викендица, дека нема да ја запали“, апелираше Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување, на денешната прес-конференција на која се осврна на најкритичните пожари во земјава, меѓу кои е и оној што повеќе дена гори во Мариово. Како една од причините за ширењето на пожарите ги наведе ...

На температура од над 30 степени Целзиусови, делови од Битола останаа без вода или со слаб притисок поради дефект на електричната мрежа во пумпната станица „Довлеџик“. Од Јавното претпријатие „Водовод“ соопштија дека привремено е запрено снабдувањето со сирова вода. „Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови и прекин на водоснабдувањето“, велат од претпријатието. Екипите на ЈКП ...

44-годишник од Неготино бил измамен со лажна смс порака дека сторил сообраќаен прекршок, по што платил 27.000 денари. Тој на 19 август во ОВР Неготино, пријавил дека добил порака на телефон за наводно сторен сообраќаен прекршок со детали за начин на уплата на глобата во висина од 920 денари, за која било наведено дека ќе биде наплатена со попуст од 50 проценти и прикажана сума од 460 денари. „Пријавителот ги следел инструкциите и со ...

До крајот на неделава ќе биде завршена реконструкцијата на улицата Борис Кидриќ во Штип, која го поврзува градот од реката Брегалница до реката Отиња. На оваа улица постојано имаше дефекти на водоводната и канализационата мрежа, а граѓаните со часови остануваа без вода за пиење, затоа што се работеше на остранување на дефектите. Во должина од 100-150 метри каде инфраструктурата беше стара повеќе од 100 години, речиси секој трети ден се ...

Само што се постави асфалтот на улица Козара во Битола, деновиве беше извалкан со нечист и смрдлив исцедок од камионот кој собира ѓубре. Вчера (19 август) граѓаните низ улицата минуваа со затнати носеви, избегнувајќи ги вировите со валкана течност на асфалтот. Ова е случај и во други улици низ градот, каде по собирањето смет, од камионот останува исцедок со нечистотија и реа. Деновиве и битолските советници Димитар Кузмановски од ЛДП и Иван ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
61%
1026
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
68%
1027
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.05
81%
1028
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
82%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
61%
1024
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1022
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
67%
1022
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
72%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
6.17
87%
1026
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Злато

130856.75

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07