Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
На 25 август на Летното кино на Синеплекс (на отворената катна гаража во „Скопје Сити мол“) ќе има свечена проекција на филмот „Џган“ на режисерот Вардан Тозија, во чест на 10 години од светската премиера. Филмот премиерно беше прикажан на Меѓународниот филмски фестивал во Чикаго 2016. Проекцијата е закажана во 20:30 часот, a веднаш по проекцијата ќе биде организирана интерактивна сесија разговори со филмската екипа на „Џган“ и публиката, а ...
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ја затвори постапката за јавните набавки поврзани со изградбата на модуларните болници во ковид-кризата, откако оцени дека не постои основано сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување. Надлежната обвинителка Верица Бержецка-Крстева на денешниот новинарски брифинг соопшти дека по деталната анализа на прибраната и сложена ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за две години владеење на ВМРО-ДПМНЕ бруто домашниот производ пораснал за 120 милиони евра. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање пред средбата на Амбасадорскиот совет рече дека до пред три години земјава била убедливо на дното во регионот, а сега сме веќе на прво или второ место според растот на БДП. „Kога водите еден процес и во политиката, вие мора да правите компаративна анализа. Ако не ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави планови да му нанесе на Иран нешто што го нарече „економски Ден Д“, нагласувајќи ја својата растечка фрустрација поради одбивањето на земјата да капитулира и покрај неколкунеделните воени напади и американската блокада што го ограничува извозот на иранска нафта. Трамп не прецизираше какви мерки ќе преземе, но неговата закана дека ќе ги таргетира трговските партнери на Иран, од кои ниту еден не го ...
Просторот кај Собранието, кој досега беше див паркинг и каде требаше да се гради катна гаража, ќе се уреди во паркинг простор за возилата на пратенциите и службените коли. За уредување на просторот и изградба на паркингот ќе бидат потрошени 101.951.456 денари (околу 1,6 милиони евра). Според вебстраната на Бирото за јавни набавки, Собранието склучи договор на 8 јуни за набавка на опрема и партерно уредување на безбедносна зона со фирмата ...
Во серијата руски ракетни напади извршени во текот на ноќта загинаа најмалку 12 лица во главниот град Киев и во околниот регион, соопштија украинските власти. Градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм објави дека во неколку окрузи се оштетени станбени згради и други објекти, при што се искршени прозорците на детска болница, а на повеќе локации избувнале пожари. Властите работат на спасување на луѓето заробени под урнатините на уништените ...
Со проекциите на краткиот шкотски филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим, вечерва во 20:30 часот во Куршумли ан почнува 17. Фестивал на креативен документарен филм МакеДокс. Фестивалот ќе трае до 27 август и ќе се одржува на повеќе локации: во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје. Фестивалското мото „Само ...
Еден од најкомплексните пожари за гаснење кој со денови гори на територијата на Македонија е оној во Мариово, кој попладнево го промени правецот кон битолскиот дел, односно огнената линија се движи кон селото Орле. Мирис на чад се чувствува дури до Битола, а попладнево градот беше надлетуван и од хеликоптери вклучени во гаснењето. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, изјави дека со машини се прават пресеци за да ...
Израелската војска отвора кривични истраги за убиството на 5-годишната Палестинка, Хинд Раџаб, која почина откако автомобилот на нејзиното семејство се најде под израелски оган, како и за смртта на болничари за време на војната во Газа. Во соопштението на војската денеска се вели дека се разгледани вкупно пет смртоносни инциденти во Појасот Газа. Смртта на Хинд предизвика меѓународно негодување, а таа стана и тема на наградуваниот и номиниран ...
Поголема даночна информираност, почитување на законските обврски и намалување на сивата економија беа во фокусот на денешната информативно-работна средба на Управата за јавни приходи (УЈП) со претставници на туристичкиот сектор во Охрид. На средбата, која се одржа во соработка со Општина Охрид, учествуваа издавачи на вили, апартмани и соби, хотелиери, угостители и претставници на други дејности поврзани со туризмот. Стручниот тим на УЈП ги ...
Во Националниот парк (НП) „Пелистер“ се одржа првата работилница за генетски мониторинг на кафеавата мечка, како значаен чекор кон добивање попрецизни податоци за нејзината бројност и распространетост во Македонија. Вработените во Националниот парк се запознаа со неинвазивниот метод на мониторинг преку собирање примероци од измет, при што обуката опфати правилно собирање, обележување, чување и евидентирање на примероците. За спроведување на ...
Првото лице заразено од западнонилска треска во Пелагонија е од општина Долнени. Во другите пелагониски општини досега не се евидентирани други заразени лица. Долнени е под надлежност на Центарот за јавно здравје во Прилеп. Од Општина Прилеп соопштија дека на 7 и 8 август е спроведенa втората фаза од адултицидната дезинсекција против комарци. Дезинсекцијата ја изврши Центарот за јавно здравје Скопје, додека стручен надзор над спроведувањето ...
Украински државјанин е уапсен денеска во Пула, Хрватска, поради сомнение за поврзаност со подводните експлозии од 2022 година кои ги оштетија гасоводите „Северен тек“ меѓу Русија и Германија, соопшти германското сојузно обвинителство. Германските обвинители наведуваат дека постои сериозно сомнение дека осомничениот заедно со други лица предизвикал експлозија на гасоводот, со што извршил противуставна саботажа и уништување инфраструктурен ...
Почната е СМС кампања за информирање на граѓаните во врска со западнонилската треска, кажа денеска министерот за здравство Сашо Клековски. Заклучно со 18 август, според последните податоци на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во земјава се регистрирани вкупно 38 случаи на западнонилска треска, 36 потврдени и два веројатни, од кои 37 во Скопскиот Регион, а еден од Велес. Регистрирани се четири смртни случаи со невроинвазивна форма на болеста. ...
Прекрасен, радикален, полн со човечност, речиси трансцендентен во својата суштинска едноставност, асктески документарец, филмот е документ без политика и пропаганда – се дел од рецензиите на балканските и европските медиуми, по светската премиера на 16 август на документрецот „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски на 32. Сараевски филмски фестивал. Документарецот е снимен со преживеаните млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, како и ...
Одделението за внатрешни работи Гевгелија поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот К.К. од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело проневера во службата, соопшти МВР. Пријавениот, во својство на стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во периодот од 7 ноември 2025 до 3 март 2026 година противправно присвоил парични средства што му биле доверени во службата. Станува збор за износ од ...
Македонската бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, излезе како нова посебна илустрирана сликовница, со илустрации на Катерина Николовска. Сликовницата е во издание на „Арс Ламина – публикации“, во соработка со Здружението за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – „Браво сине!“. Од новата учебна година изборот бајки од Македонија влегува во наставната програма за ...
Од 14 август попладнето повторно во функција е мерната станица на Министерството за животна средина, која го мери квалитетот на воздухот во Велес, а не работеше од 1 јули. Не работеше ниту седум дена во јуни. Така,немаше податоци за квалитетот на воздухот среде лето 45 дена во континуитет или 52 во текот на два и пол месеци. Екологистите велат дека ако не се објавуваат вредностите од апаратите за квалитетот на воздухот во Велес, не исчезнува ...
Општина Тетово со над 60.000 жители има пет патронажни сестри, а скопската Општина Карпош, исто со над 60. 000 жители, има две патронажни сестри. Недостиг на кадар, стареење на патронажната служба, долготрајни договори на дело и нејасно дефинирани професионални компетенции се дел од проблемите со кои со години се соочуваат патронажните сестри. Претседателката на Здружението на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, ...
Поранешниот украински министер за одбрана, Михајло Федоров, повика на одржување избори и покрај тековната војна со Русија – помалку од еден месец по неговото разрешување – се вели во видеопораката што тој ја објави на интернет. „Демократијата не смее да биде заложник на Русија. Се бориме токму затоа што сакаме да бидеме слободна европска држава“, рече Федоров во видеопораката. Државата мора да најде „правен, безбеден и реален механизам“ за ...
Првичната проценка на вкупната штета предизвикана од земјотресот во Колумбија на 10 август изнесува околу 9,6 милијарди долари, изјави новоименуваниот претседател Абелардо де ла Есприела според податоци изготвени од приватна компанија. Уништени се речиси 27.000 домови, а оштетени се повеќе од 120.000. Според прелиминарните податоци на претседателот, 289 лица загинале во земјотресот со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала. Сè уште се ...
Британска брачна двојка загина во хеликоптерска несреќа додека го славше медениот месец во Грција. Алекс Кроми и неговата сопруга Мари Еберт, како и нивниот пилот Јоргос Раикос, загинаа кога приватниот хеликоптер се урна и предизвика пожар во областа Толос на егејскиот остров Сифнос. Хеликоптерот „бел 206“ полета во близина на главниот град на 16 август, објави атинскиот весник „Та неа“, но откако пилотот изјави дека се подготвува за ...
Во сајбернапад од големи размери се украдени податоци за 1,2 милиони поединци и 200.000 компании во Латвија, соопшти денеска Дирекцијата за безбедност на патниот сообраќај (ЦСДД). Според извештаите, со нападот минатата недела биле прибавени информации како што се имиња и презимиња, податоци за плаќање, регистарски таблички на возила и адресата регистрирана на денот кога била пружена услугата. Латвија има население од околу 1,9 милиони жители. ...
На Клиниката за инфективни болести од западнонилска треска се лекува 25-годишна пациентка, а денеска со симптоми е примен и 24-годишник од скопски Центар, кажа директорот на Клиниката Фадил Цана. „Кај 25-годишната пациентка, која се водеше како клинички суспектна, се потврди невроинвазивна форма на инфекција. Но, во меѓувреме, синоќа е хоспиталзиран и 24-годишен пациент, кој се води како суспектен случај и во текот на денешниот или утрешниот ...
Повисокиот буџетски суфицит од очекуваниот ѝ отвора пат на Грција за забрзана отплата на огромниот државен долг. Според извештајот за извршување на буџетот, примарниот суфицит, во кој не е пресметано сервисирањето на долгот, во првите седум месеци од годинава достигнал 5,72 милијарди евра, што е значително повеќе од првично предвидените 4,41 милијарди евра. Поради ваквите резултати, надлежните во Министерството за финансии разгледуваат ...
Четири премиери: Никола Груевски, Зоран Заев, Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски, три технички премиери: Емил Димитриев, Оливер Спасовски и Талат Џафери, како и осум министри за здравство, за повеќе од десет години не успеаја да ја изградат и стават во функција новата Клиничка болница во Штип. Заев и Ковачевски во текот на своите мандати не ја посетија Клиничката болница во Штип за да видат во каква состојба е напуштениот објект, ...
Советничката од СДСМ Битола Софија Ристевска-Петрушева влезе во дупката што се појави на улицата Пеце Матичевски во близина на Центарот за култра, во строгиот центар на Битола, сакајќи да укажи дека е опасна за сообраќајот. Во видеото објавено синоќа на социјалните мрежеи, советничката од СДСМ Јадрнанка Павловска се движи низ улицата и вели дека во центарот на Битола, на само неколку чекори од Широк Сокак и хотелот Епинал во огромна дупка ...
Од Сараево за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Лазаревска Долг аплауз и повеќеминутни стоечки овации доби македонскиот игран филм „17“, дебито на режисерката Косара Митиќ, на синоќешната регионална премиера во конкуренцијата за наградат „Срце на Сараево“ на 32. Сараевски филмски фестивал, Филмот во февруарија имаше светска премиера во натпреварувачката програма „Перспективи“ на Берлинале. Пред проекцијата, селекторката на програмата за долгометражен ...
Почина хрватската новинарка, писателка и активистка Ведрана Рудан, објавија хрватските медиуми. Рудан почина на 76 години после долга борба со рак. Славната писателка и колумнистка во 2024 објави дека боледува од редок облик на рак на жолчните канали. „Не го прочитав ниту отпусното писмо, ниту типот, ниту прогнозите на интернет. Додуша, некаде налетав на информација дека од појавата на првите симптоми до смртта имаш дури три месеци за да го ...
Еден месец по невремето кое на 19 јули го зафати Скопје, низ градот уште има паднати дрвја. Тие не се расчистени туку стојат откорнати и паднати. На некои локации дрвјата се исечени на парчиња, но не се тргнати. Во Општина Карпош ,каде имаше најголеми штети од невремето, сè уште на повеќе локации стојат паднати дрвја. Паднати дрвја има и во парковите во Општина Аеродром, во Паркот на новинарите во Општина Центар, како и во Градскиот парк. Од ...