Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Европската комисија започна преговори за интегрирање на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија во режимот „Роаминг како дома“ на ЕУ, што беше најавено од претседателката Урсула фон дер Лајен за време на нејзината посета на Западен Балкан минатиот месец. Според соопштението на ЕК, ова ќе им овозможи на луѓето кои патуваат меѓу ЕУ и Западен Балкан да остваруваат повици, да испраќаат СМС-пораки и да користат ...
Парагвајскиот претседател Сантијаго Пења е отповикан во парламентот и ставен во домашен притвор откако пропаѓањето на банка остави голем дел од населението без пристап до нивните сметки. Пења беше уапсен вчера, неколку минути откако пратениците, вклучително и од неговата партија, едногласно гласаа за негово отстранување од функцијата по пропаѓањето на банката „Уено“, која има врски со неговите приватни бизнис интереси. Тој понуди да се ...
Баварската политичарка Илзе Ајгнер е на пат да стане следниот претседател на Германија, со што ќе биде првата жена на оваа функција. Конзервативниот блок на канцеларот Фридрих Мерц и централно-левичарската Социјалдемократска партија ќе ја номинираат Ајгнер да го наследи германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, изјавија официјални лица за „Билд“. Номинацијата на Ајгнер ќе биде официјално објавена в понеделник. Ајгнер, која беше ...
Има отпор на Клиниката за онкологија и на дел од клиничките болници каде што треба да се децентрализира терапијата, меѓутоа, работиме со раководство во тие установи тоа да биде решено час поскоро, рече министерот за здравство Сашо Клековски. На прес-конференцијата по повод 100 дена откако е на функцијата, Клековски зборуваше за повеќе суштински проблеми и рече дека онаму каде што треба многу повеќе да се направи се радиологијата, ...
Досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски е назначен за нов директор на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако Оливер Миланов вчера поднесе оставка, соопшти Социјалистичката партија (СПМ) на својот фејсбук профил. Андовски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за здравство на 13 октомври 2026, наведувајќи лични причини. „Вложениот труд и несебичен ангажманна Миланов, високо оценети во СПМ и во јавноста, ...
Македонија нема постигнато напредок во превенцијата и борбата против корупцијата, во слободата на изразувањето и медиумите, како и во реформата на изборното законодавство, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија што го опфаќа периодот од 1 септември 2025 до 1 септември 2026 година. Во документот се оценува дека корупцијата останува распространета и претставува прашање од сериозна загриженост, додека предметите за висока ...
Тетовските улици не се безбедни за децата Македонци последниве недели, тие се напаѓани од врсници до 14 години кои не подлежат на кривична одговорност, а нападите и малтретирањата притоа се снимаат и се објавуваат на ТикТок на групите „Каурски пички“, „Балисти“ и други. Со овие деца се занимава и им изрекува мерки тимот за правда на децата во Центарот за социјални работи (ЦСР) Тетово. Од досегашните разговори со напаѓачите, овие стручни лица ...
На денешната заедничка прес-конференција со евроамбасадорот Михалис Рокас по повод најновиот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија, на новинарски прашања премиерот Христијан Мицкоски двапати побара „Обвинителството да се занимава со истрага за саботажа од страна на опозицијата СДСМ“, како за „ширење паника меѓу граѓаните“ како што рече, така и по тврдењата за фингирање на неисплатениот јавен долг на државата кон фирми, за кој СДСМ тврди ...
Во овогодинешниот Извештај на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година е забележан поголем напредок во однос на минатата година, особено во дигиталната трансформација, истражувањето, науката и образованието, вклучително и преку усвојувањето на законот за електронски комуникации, како и во преземањето чекори во владеењето на правото преку носење добри закони, рече евроамбасадорот Михалис Рокас на заедничката ...
Ревизијата на работењето и состојбите во ЈП Македонски железници Инфраструктура констатирала застарена, недоволно одржувана и делумно нефункционална железничка инфраструктура. На дел од главните коридори: Скопје – Гевгелија, Велес – Битола и Скопје – Бељаковце се вози со намалена брзина поради бројни дефекти, застарени системи и опожарени прагови, а на одредени делници, како Велес – Кочани и Скопје – Кичево, сообраќајот е целосно запрен. ...
Од понеделник, 9 ноември неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажни места со платежните картички на „Алта банка“ се зголемува од 10.000 на 15.000 денари, соопшти гувернерот на Народната банка Трајко Славески. Гувернерот најави три нови олеснувања, кои се однесуваат на проширување на мрежата за исплата на готовина, зголемување на лимитите за користење на платежните картички и располагање со приливите од плати, пензии и ...
В сабота 7 ноември, Народната банка ќе организира автобуски превоз од Прилеп, Ресен и Охрид до експозитурата на „Алта банка“ во Битола, за граѓаните од овие градови да можат да ги подигнат пензиите и социјалната помош. Точните распореди и времето на поаѓање дополнително ќе бидат објавени. „Клиентите на банката немаат потреба да отвораат платежна сметка во друга банка, бидејќи ќе можат да располагаат со идните приливи во целосен износ, преку ...
Гувернерот на Народна банка Трајко Славески рече дека има шест заинтересирани инвеститори за купување на „ Алта банка АД Битола“, од кои со две банки веќе се остварени контакти. Народната банка на 1 ноември воведе привремена управа во „Алта банка АД Битола“, откако на матичната банка во Белград ѝ беше одземена лиценцата за работа и беше отворена стечајна постапка. Гувернерот на прес-конференција најави три нови олеснувања, кои се однесуваат ...
„Минотаур“ на рускиот режисер во егзил Андреј Звјагинцев, канскиот лауреат на Гран при и француски кандидат за Оскар, на 5 ноември го отвора 67. издание на Филмски фестивал во Солун, еден од најголемите во Југоисточна Европа со селекција од вкупно 258 филмови во бројни програми. Фестивалот се затвора на 15 ноември, со венецискиот победник „Непозната жена“ на данската авторка на Мај ел-Туки, а во Солун ќе дојде и главната актерката Матилде ...
Хуан Аткинс, еден од пионерите на детроитското техно, кој изврши големо влијание врз денс музиката пошироко, почина на 64-годишна возраст. Неговата агенција „Гринсмит артистс“ објави дека Аткинс бил пронајден во бессознание во хотелска соба во Мексико Сити пред да настапи таму и дека бил прогласен за мртов откако бил однесен во болница. Аткинс создаде блескава, механистичка форма на електронска музика, прво како дел од дуото „Сајботрон“, а ...
Ретроспективна изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“ ќе се отвори на 5 ноември во 19 часот во Музејот на Македонија. Авторка на изложбата е Љубица Велкова, кураторка е Јасминка Намичева, а продукцијата е на Театарот „Сенки и облаци“. Од Музејот велат дека станува збор за ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. „Од историските почетоци во 1946 со визијата на Светлана ...
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во чест на легендарниот музичар Славе Димитров на 28 ноември од 20 часот во Филхармонијата. Концертот е насловен „Од Евридика до Чија си“, а ќе се одржи по повод 80. роденден на Димитров. Ќе диригира Џијан Емин. На концертот ќе настапат Калиопи, Каролина Гочева, Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Сашо Гигов-Гиш, Олгица Христовска, Елена Ристеска, Никола Перевски-Пере од групата „Нокаут“ и Миа Перевска, ...
„Сестра, брат и шахта“, новиот филм на Милчо Манчевски, победи на Филмскиот фестивал во Токио, кој е од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix). Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994. „За беспрекорното спојување на хуморот, трагедијата и драмата, за човечноста и сочувството што ги покажува кон своите ...
Со проекцијата на филмот „Идиот(и)“ на режисерката Малгоржата Шумовска и снимателот и режисер Михал Енглерт, синоќа во Македонскиот народен театар (МНТ) се отвори 26. издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), кој се возобнови после три години. „Ова е само почеток, ова е еден темел од она што сакаме да го направиме. Имаме повеќегодишен план за да го етаблираме фестивалот и да биде дел од европското семејство. Сакаме да направиме фестивал ...
На локалитетот Пеленица кај Драчево во Скопје откриен е доцноантички полихромен мозаик, соопшти Археолошкиот музеј на Македонија. Музејот ги привршува археолошките истражувања на Пеленица, кои започнаа на 28 октомври, со цел да се проверат податоците од пред околу 90 години за постоење мозаичен под во кружна просторија. Истражувањата се реализираат со пари од Општина Кисела Вода и со поддршка од црквата „Свети Спас“ во Драчево, а во соработка ...
Не смее да се молчи, туку секогаш треба да постои барем еден човек со свест за она што се случува околу нив и колку тоа не смее да се игнорира, бидејќи суштината на игнорирањето на генералното насилство е нормирањето на истото, рече екипата на филмот „17″, во режија на Косара Митиќ, на денешната прес-конференција. По сценариото на Митиќ и хрватскиот режисер и сценарист Огњен Свиличиќ, филмот се снимаше пролетта 2024. Инспирација е вистински ...
Најкомплексното прашање кога почнуваш да работиш филм и кога ќе најдеш приказна е – за што всушност го правиш филмот? За што зборува тој филм?, рече легендарниот српски актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ на денешниот мастерклас на 26. Скопски филмски фестивал (4-9 ноември). Бјелогрлиќ (63) е специјален гостин на Фестивалот, а во разговор со модераторот, продуцентот Томи Салковски, во Младинскиот културен центар (МКЦ) зборуваше за ...
Чилеанскиот режисер Себастијан Лелио, чиј филм „Фантастична жена“ доби Оскар за најдобар странски филм во 2018, почина на 52-годишна возраст. Неговата партнерка, германско-чилеанската актерка Амалија Касаи, ја потврди неговата смрт на Инстаграм, наведувајќи здравствени причини. Лелио беше пронајден мртов во својот дом во Лас Кондес во близина на чилеанскиот главен град Сантијаго, според извештаите на локалните медиуми. Чилеанскиот синдикат на ...
Уште еден вработен на аеродромот во Франкфурт почина од маларија, втор за два дена, откако шест лица биле заразени со болеста што ја шират комарците. Се верува дека комарците пристигнале на најпрометниот аеродром во Германија со авион, предизвикувајќи епидемија која првпат беше откриена во јули. Портпаролот на операторот на аеродромот „Фрапорт“ потврди дека еден вработен починал како резултат на инфекцијата, додека службениците за јавно ...
Актуелното раководство на Универзитетската библиотека „Свети Климент Охридски“ во Битола го затвори галерискиот простор кој преку кружен отвор ги поврзуваше катовите меѓу себе во целина и беше долгогодишен и авнтентичен белег на ентериерот во установата. Галеријата беше дел од таванот почнувајќи од првиот кат и преку неа можеше да се добие видик од погорните катови. Воедно содржеше и стар лустер и изложбената поставка која ја раскажуваше ...
Речиси 1.500 луѓе, вклучувајќи речиси 800 странци, се водат како исчезнати низ Непал и кинескиот Тибет откако ѕид од кал и карпи се урна во хималајска река, предизвикувајќи катастрофални поплави во градовите и долините. Спасувачите во Непал со хеликоптери бараат преживеани и испорачуваат помош до илјадници луѓе кои се отсечени, откако катастрофата го зафати суровиот планински регион преполн со планинари и аџии, што ја поврзуваа Ласа во Тибет ...
Вработен на аеродромот во Франкфурт почина од маларија, соопшти портпаролот на операторот на објектот, „Фрапорт“. Уште петмина вработени на аеродромот се заразиле со оваа болест и примаат лекарски третман. Се верува дека причина за инфекциите е комарец кој бил во авион кој патувал до Германија од област ендемска за маларија, веројатно во јули. „Фрапорт“ вели дека сега нивниот фокус е на информации и превенција. На вработените им се советува ...
Тим Кари, карактерниот британски актер кој се прослави во претставата „Роки хорор шоу“ и нејзината филмска верзија, почина во Лос Анџелес на 80 години. Причината за смртта не е објавена, но познато е дека Кари страдаше од сериозни здравствени проблеми откако доживеа мозочен удар во 2012. Иако имаше актерска кариера од речиси шест децении, таа остана обележана со улогата на д-р Френк Н. Фуртер, „слаткиот травестит од транссексуалната ...
Новата влада на Унгарија ја прогласи Русија за закана, што е отстапување од досегашната надворешна политика на земјата, која беше пријателски настроена кон Русија под водство на долгогодишниот премиер Виктор Орбан. Класификацијата се појави во документ со кој се утврдуваат насоките за унгарската делегација за Генералното собрание на Обединетите нации во септември, кој беше потпишан од наследникот на Орбан, Петер Маѓар. „Унгарија ја осудува ...
Од 1 септември, на улицата пред скопскиот аеродром возилата кои земаат патници ќе можат да застанат само еднаш во денот. Како што соопшти ТАВ Македонија, улицата пред терминалната зграда и понатаму останува наменета за бесплатно кратко запирање во времетраење од 10 минути со цел оставање и преземање патници, но според новите правила за паркирање, секое возило ќе има можност да влезе, транзитира и паркира бесплатно 10 минути само еднаш во ...