Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Велешка брачна двојка е уапсена откако е констатирано дека нејзините пет мали деца се запустени и живеат во екстремно лоши услови, поради што биле пренесени во СОС Детско село. Полицијата против родителите најави кривична пријава за запуштање и малтретирање дете. „На 7 август во 20:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ѓ. Ш. (33) и 29-годишната С. Ш., двајцата од Велес, постапувајќи по претходна пријава за ...
Додека Корејскиот Полуостров се соочува со топлотен бран, севернокорејските државни медиуми промовираа сè, од супа од кучешко месо до пилешка чорба, како начини за справување со жештините, додека Ким Џонг Ун го прикажуваа како лидер кој трпи сурови услови заедно со својот народ. Државната телевизија во четвртокот објави дека температурата достигнала 36,7 Целзиусови степени во Пјонгјанг, најмногу откако се вршат метеоролошките мерења во ...
Два воза се судрија во Хрватска, при што шест лица се тешко повредени. Несреќата се случи близу градот Крижевци, а учествуваа товарен воз и патнички воз на Хрватски железници, во кој во тој момент имало 20-ина патници. Вицепремиерот Олег Бутковиќ изјави дека никој од повредените веќе не е во животна опасност. Уште 14 луѓе се здобиле со полесни повреди. Причината за несреќата засега не е позната. Благодарение на брзата интервенција на ...
Александар Вучиќ изјави дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина откако ја имаше првата средба со Володимир Зеленски во Белград, додавајќи дека двете земји меѓусебно ќе се поддржуваат на патот кон Европска Унија. Тој кажа дека го разбира ентузијазмот на Украина да влезе во ЕУ што е можно побрзо, но смета дека брз влез на Србија е малку реален поради бројни политички причини. „Во овој момент не гледам можност за брз влез ...
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на пиперката-ајварка наменета за конзервно-преработувачките капацитети. Чекаат конкретни резултати од министерот за земјоделство Борче Серафимовски, со кого вчера имаа средба во Струмица. Како што кажаа, министерот изразил подготвеност да излезе во пресрет на барањата на ...
Беспилотно летало влегло во воздушниот простор на Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ и експлодирало во близина на границата со Романија, изјави премиерот Румен Радев. „Дронот експлодирал на бугарска територија, на околу 100 метри од романската граница“, изјави Радев по состанокот на владиниот совет за безбедност во Софија. Во инцидентот немало повредени, ниту материјална штета. „Тимови од бугарската гранична полиција и од министерството за ...
Во месноста Карпалак на автопатрот Тетово-Скопје се одбележа 25-годишнината од загинувањето на 10 бранители кои во армиски конвој се движеа кон Тетово. Конвојот беше нападнат од терористичките сили на УЧК, кои со ракетни фрлачи го погодија автобусот во кој беа бранителите од Прилеп. И денес, 25 години од овој трагичен настан, на местото каде што се случи сè уште не е изградено достоинствено спомен-обележје. На настанот потсетува само една ...
Апелациониот суд од Скопје ја прифати жалбата на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кавадарци и ја зголеми затворската казна од 16 години затвор на 20 години за за кавадарчанецот Илија Панов (44), кој во јануари 2025 ја уби вонбрачната партнерка Сузана Серенакова (52), потврди кавадаречкото обвинителство. Панов во декември 2025 беше прогласен за виновен за убиство сторено при семејно насилство и осуден во Основниот суд Кавадарци. На висината ...
Шпанија воведе гранични контроли за сите воздушни и поморски патувања од Италија, додека се засилува спорот помеѓу двете членки на ЕУ. Мерките, кои започнаа на полноќ и ќе траат еден месец, следуваат една недела откако Италија воведе слични ограничувања по приливот на околу 78.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута. Шпанија вчера побара од Италија да ги повлече контролите до недела. Италијанската премиерка Џорџа Мелони го одби ...
Најмалку тројца луѓе загинаа, вклучувајќи дете, во нов руски напад врз киевскиот регион. Во раните утрински часови, балистички проектили удриле источно од Киев, при што се слушнале моќни експлозии, неколку дена откако во киевскиот регион загинаа 17 луѓе, од кои осум на железничка станица. Властите кажаа дека се запалени станбени згради, автомобили и гаражи, а точниот број жртви се утврдува. Ова се случи откако украинскиот претседател ...
1 Пет илјади првачиња помалку. И пет илјади затруени од вода за пиење повеќе. Е, тоа е реалноста во која живееме денеска во Македонија. Најдобри сме по раст на бруто домашниот производ (БДП), најдобри сме во регионот, најдобри сме од сите кандидати за ЕУ на Западен Балкан, најбрзорастечка економија сме во Европа, најголем раст на туризмот имаме, најмали плати, ама најдобро распоредени… Во сѐ сме најдобри. И – најдобри сме и по помалку ...
Вештачката интелигенција (ВИ) е користена за дизајнирање сосема нови вируси кои се целосно функционални и можат да се реплицираат во лабораторија, велат американските истражувачи. Ова е првпат цели геноми да бидат успешно дизајнирани од ВИ. Шеснаесетте нови вируси се создадени за да инфицираат бактерии и да не претставуваат закана за луѓето. Ова е означено како многу значајна пресвртница во науката, што би можело да отвори нова ера во ...
На 25 август ќе почне снимањето на „Трета смена“, долгометражното деби на Ана Опачиќ, соопшти Агенцијата за филм, која овој филм на „Пик продукција“ го поддржа со 230.000 евра конкурсот за 2022 во прв рок на одлучување. Летово во земејава се снимаат долгометражните играни филмови „Мравки“ на Марјан Гавриловски, „Голиот рид“ на Игор Алексов и „Ајал“ на Арбен Тачи. „Мравки“ на „Тајм лапс“ продукција доби 15 милиони денари (околу 243,000 евра) ...
Вилијам Орбит, музичар, продуцент и добитник на Греми, најпознат по својата работа со Мадона и „Блур“, почина на 69 години. Неговото семејство објави денеска дека Орбит починал уште на 23 јули. Во текот на кариерата, Орбит изгради значителна дискографија како соло музичар, продуцент и ремиксер. Самиот постигна успех на топ-листите во неговата родна Велика Британија со „Barber’s Adagio for Strings“ како ремикс на Фери Корстен и со „Feel Good ...
Саудиска Арабија, Турција и Пакистан потпишаа договор за заедничка одбрана, велејќи дека нападот врз една од нив би се сметал за напад врз сите три држави. Пактот беше објавен на состанокот помеѓу саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во саудискиот град Мека. Трите земји се стремат да ги зајакнат безбедносните врски бидејќи војната помеѓу САД и Иран ја ...
Тимот на „Лидл“ во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. „Лидл“ активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава, соопшти компанијата. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме ...
Повисоки откупни цени на пиперката куртовска капија, исплата на ланските субвенции за ајварката и навремена исплата на предадените количини пиперка кај откупувачите и преработувачите побараа струмичките земјоделци на денешниот протест на крстосницата кај Робово. Тие два дена бараат средба со министерот за земјоделство Борче Серафимовски за да ги дефинираат цените во соработка со откупувачите и преработувачите. „Бараме зголемени и фиксно ...
Министерството за култура и туризам бара дел од просториите во Спомен-домот на Браќата Миладиновци во Струга, да бидат пренаменети во административни канцеларии за вработените во струшкото Одделение за поддршка на туризмот. Двете национални установи Музејот „Д-р Никола Незлобински“ и Фестивалот Струшки вечери на поезијата (СВП) кои користат дел од овие простори не се согласуваат со ваквата одлука, оценувајќи дека со пренамената ќе се наруши ...
Со мултимедијален настан и концерти во 11 градови низ Македонија, на 9 август од стадионот „Билјанини извори“ во Охрид започнува музичкиот караван по повод 35 години од независноста на Македонија. Настанот е насловен „Силно светнал ден“. „Преку музика, глума и танц ќе биде раскажана приказната за трите и пол децении независност, со осврт на најзначајните историски моменти, предизвици и достигнувања на државата“, објавија од продукцијата ...
Одлуката на Уставниот суд да се повтори граѓанската парница на новинарката Наташа Стојановска поради повреда на нејзините уставни права на 27 април 2017 година, судија од Граѓанскиот суд Скопје не ја признал и ја отфрлил, поради што највисокиот суд го пријави во Обвинителството. Согласно со член 112 став 3 од Уставот, одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни. Според член 81 од Актот на Уставниот суд, тие се и правно обврзувачки за сите ...
Повеќе од 150 патници останаа заглавени на аеродромот „Македониjа“ во Солун синоќа откако летот за Германија беше откажан поради пронајдена птица во еден од моторите на авионот. Летот беше закажан за раните вечерни часови, но патниците чекаа неколку часа пред да бидат информирани од авиокомпанијата дека е одложен од безбедносни причини. Инцидентот ги активираше стандардните безбедносни процедури, при што авиокомпанијата ги презеде потребните ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски нареди специјални операции против руската воена индустрија за време на состанокот со военото и политичкото раководство на земјата. „Операциите се наменети против специфични компании што веќе ги идентификувавме. На сите присутни на состанокот им беа дадени јасни задачи. Очекувам тие да бидат целосно извршени“, рече Зеленски. Украина во изминатиот период им нанесе тежок удар на руските нафтени компании ...
Доналд Трамп ги негираше извештаите дека САД имаат недостиг од муниција и вети дека ќе бара долги затворски казни за оние кои протекуваат информации. „САД имаат огромни количини муниција, особено на одредени видови. Дополнително, големи количини се произведуваат и се испорачуваат во САД по потреба“, рече Трамп. Трамп и Пентагон се соочуваат со прашања за состојбата на арсеналот на војската, додека војната со Иран е во шестиот месец, а ...
Сопственикот на Фејсбук, „Мета“, стана последната технолошка фирма чиј модел на вештачка интелигенција (ВИ) успеал да се поврзе на интернет и да ги хакира системите на друга организација за време на тестирањето. Ова е четврти инцидент од ваков вид откриен од компаниите за ВИ. Слични пробиви извршени од модели на „ОпенАИ“ и „Антропик“ покренаа загриженост за сајбербезбедноста и доведоа до повици за построги заштитни мерки и поригорозно ...
Станарите и сопствениците на деловни простори од станбениот комплекс на улица Антон Попов 1, стравуваат дека нивната зграда може да се урне поради градежните работи за изградба на влезот во подземната сообраќајница под „Лимак“ во центарот на Скопје. Ископот треба да се изведува непосредно до темелите на зградата што, според нив, отвора сериозни прашања за безбедноста на жителите. Град Скопје наскоро треба да почне со градежни работи за ...
Романија брза да потопи четири баржи исполнети со камења во Дунав, во обид да ја пренасочи водата од пресушената река кон својот единствен функционален нуклеарен реактор и да обезбеди уште неколку дена работа поради ограниченото снабдување со електрична енергија. Рекордно ниските нивоа на Дунав, кој се користи за ладење на реакторските турбини, веќе доведоа до затворање на еден реактор, а властите презедоа невидени мерки за да го одржат во ...
Залутано парче од ракета на „СпејсЕкс“, кое се движело во орбитата со брзина од околу 8.690 километри ма час, вчера се судрило со Месечината, потврдија две опсерватории. Станува збор за горниот, потрошен дел од вселенското летало „Фалкон 9“, со големина на петкатна зграда и со тежина од најмалку четири тони. Ниту едно од неколкуте вселенски летала што кружат околу Месечината не било позиционирано така за да направи снимки од ударот во крупен ...
Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, додавајќи дека бројката не е конечна. На прес-конференцијата во Министерството за образование и наука (МОН) за соопштување на резултатите од државната матура, министерката зборуваше дека се намалува бројот на средношколци и на студенти, но најдрастично е кај бројот на првачиња. „Бројот на студенти се намалува, со оглед на ...
Советот на Општина Куманово го усвои годишниот план за вработување во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ за 2027 година, со кој се предвидуваат 27 работни места. Најголем дел од новите вработувања се однесуваат на службите за нега и медицинска помош, а предвидени се и зајакнувања со стручен, административен и технички персонал. Планот ќе биде доставен до Министерството за социјална политика, демографија и млади, кое, пак, ќе го проследи до ...
Земјоделците од Струмичко се заканија дека ќе го блокираат патниот правец Струмица – граничен премин Ново Село, ако не се корегираат откупните цени на црвените пиперки. Според нив, цените предложени од откупувачите и фабрикантите се ниски и понижувачки. Посебно реагираат на откупната цена од 25 денари за пиперки кои треба да одат за конзервните фабрики. Со предложените цени, како што кажаа, нема да ги покријат ниту производствените трошоци, а ...