Јапонската премиерка Санае Такаичи ја критикуваше првата посета на Владимир Путин на спорните Курилски Острови како апсолутно неприфатлива. Руските државни медиуми објавија дека Путин го посетил Итуруп, познат во Јапонија како Еторофу, еден од четирите острови во курилскиот синџир на кои полагаат право и Русија и Јапонија. „Патувањето на Путин го влоши расположението на Јапонија кон Русија. Овие острови се уникатна територија на Јапонија, ...

Организаторите на изборот за песна на Евровизија ги ажурираа правилата, со одлука дека ако победи земја вклучена во вооружен конфликт, таа ќе нема право да биде домаќин на Евросонг следната година. Измената беше одобрена од раководното тело на Евровизија, по повратните информации од учесничките радиодифузери на Евросонг 2026 во Виена. Во новото правило се наведува дека победничките земји исто така ќе бидат исклучени од можноста да бидат ...

Доналд Трамп потврди дека портпаролката на Белата куќа, Керолајн Ливит, ќе ја напушти својата функција на крајот од месецот за да поминува повеќе време со своето семејство. „Тоа е одлука што целосно ја разбирам и почитувам. Ливит сега ќе биде еден од моите главни надворешни советници и влијателен глас во Републиканската партија додека работиме на пркосење на историјата и на убедлива победа на меѓуизборите“, кажа Трамп. Со 28 години, Ливит ...

Иран и САД остануваат заглавени во напорите да постигнат договор за траен крај на војната, изјави висок ирански функционер, додавајќи дека нема никаков напредок во разговорите за оживување на привремениот договор од јуни. Техеран притоа го отфрли тврдењето на Доналд Трамп дека САД го контролираат Ормускиот Теснец, инсистирајќи дека тој останува блокиран. „Ормускиот Теснец останува блокиран и нема да биде повторно отворен додека не се прифатат ...

Мароко уапси група луѓе осомничени дека поттикнувале нови обиди за нелегално преминување во шпанските енклави Сеута и Мелиља, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, наведувајќи дека на социјалните мрежи кружеле повици за масовно преминување на 15 август. Министерството соопшти дека во изминатите денови следело анонимни објави и пораки во кои се повикувало на колективни обиди за нелегално влегување во двете енклави. Според ...

„Спотифај“ воведува нова функција што ќе укажува дека музичарот е генериран со помош на вештачка интелигенција (ВИ). Од сервисот за стриминг велат дека ознаката „AI Persona“ (ВИ-личност), која ќе почне да се појавува на одредени профили од средината на септември, ќе ги известува слушателите ако „идентитетот на музичарот можеби е генериран од вештачка интелигенција и не претставува вистинска личност“. Промените се воведуваат за да им се понуди ...

Аеродромот во Катанија, на италијанскиот медитерански остров Сицилија, денеска остана затворен среде шпицот на туристичката сезона поради најновата ерупција на вулканот Етна, што погоди илјадници патници. Воздушниот простор над аеродромот сега е ограничен најмалку до 18:00 часот. Претходната наредба за затворање истече во 11:00 часот. Меѓу погодените од затворањњро на аеродромот има и странски туристи. Најактивниот вулкан во Европа од 7 ...

Дваесет и пет отсто од учениците на возраст од 15 до 16 години во Македонија се коцкале за пари во последните 12 месеци, 34 отсто од момчињата и 16 отсто од девојчињата, сe вели во националното истражување ЕСПАД 2024. Истражувањето го објавија Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување – ХЕРА Млади, заедно со Иницијативата „Фрли ја коцката!“, во чест на 12 Август, Меѓународниот ден на младите. Тие додаваат дека е уште позагрижувачки ...

Основното јавно обвинителство (OJO) Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче. Изминативе деновиве беа објавени видеа и фотографии со огромна депонија во близина на изворите. Депонијата не се наоѓа на територијата на Град Скопје и е оддалечена околу 30 километри од изворите Рашче. Од ОЈО велат дека надлежен јавен обвинител ...

Документарците „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски и „Руини“ на Елена Чемерска ќе имаат македонска премиера на 17. Фестивал на креативен документарен филм МакеДокс во Скопје, објавија организаторите на денешната прес-конференција. Тие се меѓу 71 филм што ќе играат во неколку програми на фестивалот. „Добри луѓе“ на Манчевски, со преживеаните од пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на МакеДокс во Главната програма ќе игра на 23 август, а доаѓа ...

Водата на Попова Шапка е исправна и може да се пие, согласно извршените технички, физичко-хемиски и микробиолошки испитувања, соопшти Јавното комунално претпријатие „Шар“ Тетово кое стопанисува со водоводната мрежа во Тетово. По претходните укажувања во однос на квалитетот на водата и засилениот мониторинг на водоснабдителниот систем, од „Шар“ презеле дополнителни активности за проверка и контрола на квалитетот на водата. „Резултатите од ...

САД имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец, изјави американскиот претседател Доналд Трамп. „Ние целосно го контролираме Ормускиот Теснец. Никој друг, само ние“, им рече тој на новинарите. Трамп нагласи дека не му верува на Иран. „Јас сум последниот човек кој му верува на Иран. Тие постојано ме лажеа. Во моментов имаме целосна контрола врз Ормускиот Теснец. Тие немаат контрола“. Спорот околу транзитните права во теснецот доведе до ...

Уставниот суд преку соопштение реагираше на ставовите на Судскиот совет и Здружението на судии, велејќи дека одлуките на овој суд се конечни и извршни и дека судската независност не може да се користи како оправдување за неисполнување на уставните обврски. УСТАВНИОТ СУД НЕ МОЖЕ ДА ОПРЕДЕЛУВА КАКВА ОДЛУКА ТРЕБА ДА ДОНЕСЕ ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО КОНКРЕТЕН ПРЕДМЕТ, ВЕЛАТ ОД СУДСКИОТ СОВЕТ И ЗДРУЖЕНИЕТО НА СУДИИ Преписката меѓу Уставниот суд од една ...

Епидемија на западнонилска треска е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери, соопшти д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Скопје. Д-р Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на денешната прес-конференција рече дека заклучно со 11 август се регистрирани вкупно 26 случаи, од кои 2 се ...

Во Европската Унија денеска стапува во сила нова регулатива која постепено ќе ги исфрла пластиката и преголемите пакувања од секојдневната употреба. Сепак, многу од значајните новини за потрошувачите ќе важат од 2030, објави „Дојче веле“. Според податоците на европската агенција за статистика Евростат, во 2023, еден жител на ЕУ создал во просек 177,8 килограми отпад од пакувања. Новите правила треба да обезбедат постепено намалување на ...

Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон се поголемите европски градови кои денеска ќе бидат зафатени од целосното затемнување на Сонцето, прво во континентална Европа од 1999 година. Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка. Се очекува целосното затемнување да трае до две ...

Завршена е изградбата на подземната улица под зградите и трговскиот центар (ТЦ) „Дајмонд“ во Скопје, која ја градеше компанијата „Лимак“. Турската фирма го доби земјиштето на Јужен булевар за изградба на згради и трговски центар, а за возврат, според договорот со Град Скопје, требаше да ја изведе подземната сообраќајница. Од „Лимак“ за САКАМДАКАЖАМ.МК велат обврските од нивна страна се завршени и сега се во координација со Град Скопје, кој ...

Украина изврши масовен напад со беспилотни летала врз рускиот брег на Црното Море, при што загинаа најмалку две лица и беше погоден пристанишниот град Новоросијск, изјави гувернерот на регионот Краснодар, Венијамин Кондратиев. Тој додаде се оштетени 21 станбена зграда и четири деловни објекти во Новоросијск. „Едно осумгодишно дете е убиено во градот, а осум лица се повредени. Во крајбрежниот град Темрјук загина еден маж“, кажа Кондратиев. ...

Инклузивна велосипедска тура за лица со и без попреченост ќе се одржи на 15 август во Претор, Преспа во рамки на проектот „Преспански аванТУРИ“. Целта е да се испрати порака дека природата, рекреацијата и туристичките содржини треба да бидат достапни за сите, а велосипедизмот како спортска активност не е само за лица без попреченост туку и за сите. Турата почнува во 9 часот од крстосницата кај Претор, по крабрежниот појас се стигнува до ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ се закани дека физички ќе ја пренасочи реката Ибер, која тече од Србија кон Косово, како одмазда за уривањето на куќите во сопственост на Срби од страна на Косово. Таквиот потег би ја испразнил акумулацијата која обезбедува голем дел од водата во Косово и клучен капацитет за ладење на тамошната најголема електрана. „Кога веќе толку го малтретираат нашиот народ, имаме различни причини за промена на текот ...

Доналд Трамп потврди дека тајно ги заменил авионите додека го напуштал самитот на НАТО во Анкара минатиот месец поради можна закана од Иран. „Јас се држам до Тајната служба и војската. Тие сакаа да одам со друг авион. Морам да го правам она што го велат“, кажа Трамп. Ова следува по извештаите дека Трамп се качил во „Ер форс уан“ на 8 јули пред телевизиските камери, пред да се скрие во камион за кетеринг за да биде превезен до друг авион. Ова ...

Веќе екстремно нискиот водостој на реката Рајна во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија достигна рекордно ниско ниво во Келн, покажаа податоците од регионалната Канцеларија за водни патишта и превоз. „Ова само ќе се влошува. Тешко можете да верувате во она што го гледате“, рече Мориц Акст, портпарол на канцеларијата. Се очекува историскиот минимум од 56 сантиметри да падне на 54 сантиметри денеска, а до петокот вечер да достигне 47 ...

Се прават напори подната фонтана на Плоштадот Македонија да биде готова до 1 септември за концертот „Хосе Карерас и македонскиот ол-старс“, во рамките на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, велат од Град Скопје. Од Градот велат дека завршувањето на градежните работи зависи од тоа кога дел од опремата која се увезува од странство ќе стигне во земјава. Градот на 29 јуни почна да ја поправа подната фонтана која со години не ...

Четири члена на екипажот се убиени во напад на хутите врз мал товарен брод во теснецот Баб ел-Мандеб, соопшти министерството за транспорт на Јемен. Погодениот брод „Тихама“ е во египетска сопственост. Ова се првите смртни случаи во хутски напад врз бродови од почетокот на војната во Иран на 28 февруари. Хутите засега не ја презедоа одговорноста за нападот. Тројца Пакистанци и еден Индонезиец загинаа, соопшти јеменското министерство, додавајќи ...

Одлуката на Советот Општина Куманово да земе кредит од 1, 6 милиони евра кај комерцијалните банки не е донесена согласно законот, утврдил Државниот инспекторат за локална самоуправа, откако советниците на СДСМ поднесоа преставка за законитост на постапката. Мнозинството во Советот на Општина Куманово на 4 јули годинава, изгласа Општина Куманово да почне постапка за задолжување кај комерцијални банки во износ од 100 милиони денари за купување ...

Наместо за 25 денари, од утре на откупните пунктови во Струмица, пиперката-ајварка за конзервно-преработувачките капацитети ќе се откупува за 30 денари по килограм. Ваков договор се постигна откако изминативе 4 дена денови земјоделците протестираа, а министерот за земјоделство Борче Серафимовски имаше одделни средби со земјоделците, откупувачите и фабрикантите. „Од утре па натаму, црвените пиперки ќе се откупуваат за прва класа по цена од 40 ...

Сириски суд го осуди соборениот диктатор Башар ал-Асад на смрт откако го прогласи за виновен за воени злосторства и злосторства против човештвото за време на граѓанската војна во земјата. Сепак, Асад е недостапен за властите зашто избега од Дамаск во Москва по падот на неговиот режим во декември 2024, со што заврши петдецениското владеење на неговото семејство. Во истиот случај, судот го осуди на смрт и Атеф Наџиб, братучед на Асад и ...

Од 13 август до 14 септември ќе трае јавната анкета за Нацрт-Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт Ј 05 – Барутанаво Скопје. Со планот на планината Водно ќе се сече шума за да се градат хациенди. Се предвидува изградба на дваесетина нови објекти, кои ќе се градат на стрмен предел и имаат голема површина за градба. Општина Центар соопшти дека граѓаните ќе можат своите забелешки да ги наведат во анкетни листови во писмена форма, ...

Доналд Трамп тајно ги заменил авионите додека го напуштал самитот на НАТО во Анкара минатиот месец поради можна закана од Иран, објавија американските медиуми. Тој се качил во претседателскиот авион „Ер форс уан“ пред телевизиските камери, пред да биде шверцуван во камион за кетеринг на аеродромот и превезен до воен авион, без новинарите и дел од персоналот на Белата куќа во авионот да знаат за ова, објави „Вашингтон пост“. Официјални лица ...

Функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, велат Судскиот совет и Здружението на судиите во врска со потегот на Уставниот суд да пријави во обвинителството судија од Основниот граѓански суд, поради неизвршување на одлука на Уставниот суд. Во заедничкото соопштение, Судскиот совет и Здружението ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
28%
1021
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
4.9
47%
1023
weather icon

Загреб

29ᴼ / 26ᴼ
4.63
30%
1024
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
5.14
44%
1022
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
5.52
36%
1023
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
1.5
38%
1024
weather icon

Атина

31ᴼ / 30ᴼ
6.26
52%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 35ᴼ
1.54
28%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
2.0
27%
1018
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
6.23
31%
1023
weather icon

Будимпешта

28ᴼ / 24ᴼ
2.57
31%
1025
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 30ᴼ
8.36
100%
1018
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Цинк

0.00

Паладиум

43178.45

Алуминиум

3.31

Родиум

280515.26

Кобалт

56.29

Калај

56.26

Бакар

13.17

Иридиум

252383.36

Злато

141408.63

Рутениум

53852.50

Платина

55942.30

Сребро

2106.74