Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
ВМРО-ДПМНЕ со остри критики кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи дека со своите јавни настапи покажува отсуство на принципи кога станува збор за националните интереси. Во партиското соопштение се наведува дека Филипче во континуитет се обидувал да се доближи до официјална Бугарија, преку изјави поврзани со македонскиот идентитет, кои, според нив, се косат со државните позиции. Како пример го посочуваат неговото јавно обраќање по ...
Денеска се навршуваат 11 години од вооружената престрелка во кумановската населба „Диво насеље“, еден од најтешките безбедносни настани во поновата историја на Македонија. На 9 и 10 мај 2015 година, во 28-часовните судири животот го загубија осум припадници на безбедносните сили, додека 37 беа повредени. Загинатите – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и ...
СДСМ обвини дека политичката партија ЗНАМ се соочува со сериозни внатрешни потреси, откако, како што наведуваат, уште една советничка во Советот на Општина Прилеп го напуштила владејачкото мнозинство. Во соопштението од СДСМ посочуваат дека ова следува по претходното заминување на пратеникот Миле Цеков, оценувајќи дека станува збор за процес на „распаѓање на сите нивоа“. Од партијата упатија остри обвинувања дека ЗНАМ, формирана од Максим ...
Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6:2, 2:6, 4:6. Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа и 17 минути. „Тешко ми е да кажам нешто. Новак е мојот идол, имам голем респект кон него. Играв неверојатно. Но, сакам да ...
Кошаркарите на Валенсија го победија Панатинаикос во четвртиот натпревар од четвртфиналето на Евролигата со резултат 89:86 и со тоа ја вратија серијата во Шпанија. На трибините со „постери“ беше и газдата на Пао Димитрис Јанакопулус кој е суспендиран. Валенсија играше од самиот почеток во својот препознатлив ритам. Тоа никому не му се допаѓа, дури ни на Панатинаикос кој изгледаше целосно нерасположен. Доминираше Џан Монтеро, кој сè повеќе го ...
– Албанската опозиција, предводена од Демократската партија (ДП) пред владата во Тирана, вечерва го одржа осмиот по ред антивладин протест, за кој имаше дозвола само пред владата, но истата не беше испочитувана. Во неколкуте обраќање, говорниците побараа оставка на премиерот Еди Рама, нарекувајќи го најголем криминалец, барајќи формирање техничка влада. Учесниците потоа продолжија кон Министерството за внатрешни работи, кога почнаа да фрлаат ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнаа договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници. – Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс. Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ангажман. ...
Вицепремиерот Николоски се осврна и на изградбата на автопатот Прилеп-Битола, оценувајќи дека станува збор за проект што има и стратешко и економско значење. Според него, една коловозна лента од автопатот треба да биде целосно завршена веќе следната година, додека целосното автопатско решение се очекува да биде финализирано до 2029 година. – Автопатот Прилеп-Битола од една страна е нешто што е дамнешна желба. Од друга страна, веќе влезе во ...
Помладиот брат на фудбалерот на европскиот првак ПСЖ, Хвича Кварацхелија, е на проба во редовите на германскиот првак Баерн Минхен, јави денеска агенцијата ДПА. „Да, можам да потврдам дека момчето е тука и тренира со нас“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со шеснаесетгодишниот Торнике Кварацхелија. „Тој е талентиран. Да се каже дека е добар како неговиот ...
Отворен е фронт за интензивирање на градежните активности на автопатските делници што ги реализира конзорциумот „Бехтел и Енка“, при што е забележан раст од 90 отсто во 2025 година во однос на 2024 година, информираше заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Во гостување во поткастот „Ноќно студио“, Николоски нагласи дека очекува трендот да продолжи и годинава, со нов раст од околу 70 отсто споредено со ...
Патрола на силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), составена од припадници на армиите на Македонија и Турција, вчера попладне спасила две лица од возило што излетало од патот Грачаница – Тузла. Како што соопштува ЕУФОР БиХ, несреќата се случила околу 14 часот, кога возило „фолксваген голф“ изгубило контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетало од коловозот и удрило во дрвја во близина на провалија. ...
Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме работното време, а ќе патуваме и ќе живееме многу подобро отколку денес. Тоа нема да се случи. Ќе работиме понапорно, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. – Ќе мора да работиме повеќе, а не помалку. Жал ми е што морам да го кажам ова бидејќи знам колку е непопуларно, но некој мора да им даде до знаење на луѓето. Со ...
Новак Ѓоковиќ е поразен на стартот на Мастерсот во Рим од Хрватот Дино Примжиќ. Ноле играше лошо на овој меч. Првиот сет го доби со многу мачење додека во вториот младиот Хрват доминираше. Во третиот Ноле веќе немаше сили откако побара медицински тајмаут поради проблеми со дишењето. За лошата игра на Србинот говори фактот што имаше само 19 винер поени. Ноле се подготвува за Роланд Гарос. Новак Ѓоковиќ е поразен на стартот на Мастерсот во ...
Американскиот претседател Доналд Трамп и министерот за одбрана Пит Хегсет денеска објавија десетици декласифицирани документи за неидентификувани летечки објекти (НЛО) и вонземски живот, во обид да им обезбедат на американските граѓани, како што нарекоа „невидена транспарентност“. Министерството за одбрана на САД најави дека долго бараните документи и фотографии од „неидентификувани аномални феномени“ ќе бидат објавени во повеќе продолженија ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги казни своите фудбалери, Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, со по 500.000 евра поради тепачка за време на тренинг. Реал ги изрече казните денеска, ден по физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери, во која Валверде со повреди на главата бил пренесен во болница. Клубот објави дека двајцата играчи се извиниле еден на друг, како и на своите соиграчи, по инцидентот. Валверде и Чуамени се стандардни во средниот ...
На 8 мај 1945 година, e потпишан документ со кој се одбележа победата на советскиот народ во Големата патриотска војна од 1941-1945 година и завршувањето на Втората светска војна во Европа. На 8 мај 1945 година, во 22:00 часот по средноевропско време (24:00 часот по московско време), претставници на Врховната команда на Советскиот Сојуз, предводени од маршалот Георги Жуков, и Врховната команда на Сојузниците влегоа во салата каде што требаше ...
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја објави официјалната песна за претстојното Светско првенство, насловена „Dai, Dai“. Колумбиската пејачка објави дел од новата песна на социјалните мрежи во видео снимено на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Песната на која настапува и нигерискиот пејач Бурна Бој официјално ќе биде објавена на 14 мај. Во видеото, Шакира е прикажана заедно со група танчари облечени во боите на неколку ...
Во вториот натпревар во рамки на УЕФА развојниот турнир за фудбалерки до 16 години, македонската репрезентација денеска во Струмица загуби од Андора на пенали, откако во регуларниот дел немаше победник (2-2). Гостинките поведоа во 14. минута со погодокот на Бос, а во 79. минута Андора дојде до предност од 2:0. Во завршните десет минути, избраничките на селекторот Катерина Милеска успеаја да го израмнат резултатот и да се изборат за изведување ...
Пејачот, текстописец и продуцент Адријан Гаџа ја сподели најубавата вест. Тој и неговата избраничка станаа родители. Гаџа на Фејсбук објави дека станал татко, а честитките под објавата само се нижат. Со преслатки фотографии на кои се гледа само бебешкото раче, пејачот ги израдува пријателите и публиката. Пејачот, текстописец и продуцент Адријан Гаџа ја сподели најубавата вест. Тој и неговата избраничка станаа родители. Гаџа на Фејсбук објави ...
Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш Кавадарци доби забрана од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) за регистрација на нови фудбалери на меѓународно и национално ниво поради неисполнување на финансиските обврски кон фудбалерот Филип Михаљевиќ. Според официјалното известување од ФИФА, забраната ќе остане во сила сè до целосно намирување на обврските, а најдолго до три последователни регистрациски периоди. Воедно, ФИФА побара од Фудбалската ...
Најмалку десет луѓе загинаа откако се урна рудник за злато во Румос Хилс, северозападна Кенија. Несреќата се случи синоќа, а ситуацијата на терен е понатаму е драматична, бидејќи од под урнатините повремено се слушаат гласови и лелеци. Досега од рудникот се извлечени најмалку десет безживотни тела. Спасувачката мисија е во тек и се верува дека во урнатиот рудник има повеќе луѓе заробени, изјави комесарот на округот Вест Покот, Давид Саруни. ...
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен денеска не успеа да состави нова коалициска влада, откако лидерот на центристичката партија Умерените, Ларс Локе Расмусен се повлече од преговорите. Расмусен го прекине своето учество во консултациите и предложи водечката улога во формирањето нова влада да ја преземе Троелс Лунд Поулсен од Либерална партија, која може да се обиде да состави десноцентристичка влада. На изборите во март, Данската ...
На 07.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, С.Б.(49) од Скопје пријави дека на 03.05.2026 околу 23:00 часот на мобилен телефон од неговата малолетна ќерка добил порака дека била физички нападната од нејзината 43-годишна мајка, која откако ја контактирал телефонски му упатила закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.05.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, С.Б.(49) од Скопје пријави дека на 03.05.2026 околу 23:00 часот на ...
Жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст ќе остане затворена во текот на целата летна сезона. Техничките проверки открија сериозни безбедносни пропусти кои го загрозуваат животот на патниците, вклучително и ризик од откачување на гондола. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, појасни дека дефектите се последица на долгогодишно нередовно сервисирање. Увидот на австриските експерти од компанијата „Допелмаер“ ги потврди следните ...
Сдсм исклучиле коментари на социјални мрежи. Замислете екипава која по цел ден се дере, напаѓа и оцрнува луѓе и видни членови, се заканува со кривични до медиуми, прича глупости дека Бугарија не ни негирала идентитет, одлучи да нема двострана комуникација со луѓето. Угасето светлото не коментарите…, се огласи на Фејсбук Ивор Мицковски. Сдсм исклучиле коментари на социјални мрежи. Замислете екипава која по цел ден се дере, напаѓа и оцрнува ...
Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат само 12% од вкупниот број ...
Вчера, 07.05.2026 година, околу 14:00 часот патрола на ЕУФОР, составена од припадници на армиите на Турција и Македонија, спасила патници од возило VW Голф 5, коешто изгубило контрола помеѓ 24-ти и 25-ти километар од магистралниот пат од Тузла, пришто излетало од коловозот и удрило во дрвја покрај каналот. Автомобилот останал искосен и заглавен во каналот, а двајцата патници во возилото, маж и жена, биле делумно потопени во водата од каналот. ...
Ракометарите на Пелистер доживеаја вистински дебакл (34-19) на гостувањето од Вардар во дерби пресметката која и дефинитивно им ја осигура титулата на „црвено-црните“. Сето тоа предизвика огромен револт кај најверните навивачи на Пелистер, „Чкембарите“ кои синоќа кратко испратија порака до своите миленици: „Играте како „пи*ки“, пишува Екипа. „Чкембари“ веќе денеска и со комплетно соопштение преку својата официјална страница испратија прашања ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека очекува Иран во следните часови да претстави сериозен предлог за прекин на огнот. Тој по средбите во Рим со италијанската премиерка Џорџа Мелони и министерот за надворешни работи Антонио Тајани, наведе дека „очекува конкретни потези во наредните часови“, нагласувајќи дека Иран е поделен, но оти се надева на сериозна понуда. Ќе видиме што ќе се случи, очекувам развој на настаните ...
Заложничката криза во банка во германскиот град Зинциг заврши откако полицијата упадна во филијалата на „Фолксбанк“ и пронајде двајца заложници, а ограбувачите побегнаа. Специјалните сили во банката ги пронајдоа возачот на комбето за транспорт на пари и вработениот во банката заклучени во соба. Тие се неповредени. Потрагата по сторителите е во тек. Полицијата за време на операцијата немаа контакт со заложниците и сторителите. Според ...