
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



„Верувам дека многу скоро ќе се случи потпишувањето на новиот колективен договор за подобрување на правата на вработените во основните и средните училишта, а во оваа прилика сакам да информирам, како што и се договоривме, тие во март годинава ќе го добијат второто покачување на платите за 7%, откако во октомври минатата година го добија првото за 5%“. Ова го истакна министерката за образование и наука Весна Јаневска на средбата со претседателот ...
На иницијатива на Министерството за образование, наука и иновации, училишните одбори на основните и средните училишта во Црна Гора донесоа одлука за забрана за користење на мобилни телефони за време на настава, освен во случаите кога нивната употреба од страна на предметниот наставник е предвидена како наставна алатка за реализација на одредени наставни целини преку секојдневна подготовка, соопшти ресорното министерство, јавува Радиотелевизија ...
Во Младинскиот културен центар (МКЦ) на 1 март од 21 часот ќе се одржи 13-то по ред издание на фестивалот „Земјотрес“, кој ја претставува најновата музика издадена од македонската алтернативна сцена на талентирани автори и музичари. Уникатен во концептот, како целовечерен настан од голем обем, фестивалот нуди разновидна и богата програма. Во фокус ги става младите и надоаѓачки таленти, овозможувајќи простор и за веќе докажани музичари да ...
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и е за 521 денар повисока отколку во јануари годинава кога беше 63.252 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Истовремено, со изнајмен стан од 60 квадратни метри, таа, изнесува 79.148 денари. Четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36.7%, според пресметката на ССМ, за облека и обувки 5.800 денари или 9.1%, за станарина, вода, ...
Продлабочување на дијалогот и унапредување нa пристапите за промовирање на родовата еднаквост, беа тема на завршната конференција „Родова еднаквост и улогата на мажите – Изградба на доверба и разбирање“, што се одржа онлајн како дел од повеќегодишната Програма за родово засновано насилство на ХЕРА, пренесува Мета.мк. Како што соопшти организаторот, на конференцијата имало претставници од основните и средните училишта, од ресорни министерства, од ...
Уставниот суд вчера не донесе одлука за предметот У.бр.186/2026 во кој се оспорени членовите 17 и 18 од Изборниот законик, поради тоа што предлогот за поведување на постапка и оценување на уставноста на оспорените одредби не го доби потребното мнозинство на гласови. Од Уставниот суд соопштија дека согласно спротивставените размислувања на судиите, кои биле изнесени и во текот на седницата, но и при гласањето дошло до изедначување на гласовите, ...
Владата денеска формално потпиша договор за донација на 255 системи за филтрација на воздух со компанијата „Екотип“. Донацијата е во висина од 1 милион евра, а уредите ќе бидат распределени во градинки, училишта, болници и други критични јавни установи, каде што, велат од Владата, квалитетот на воздухот е од клучно значење. Според владината портпаролката Марија Митева, загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните еколошки и ...
Социјалните медиуми станаа број еден извор на вести за младите луѓе во Европската Унија, надминувајќи ја телевизијата и печатените и дигиталните медиуми, јавува Евроњуз. Според најновото истражување за млади на Европскиот парламент, 42% од Европејците на возраст од 16 до 30 години главно се потпираат на платформи како ТикТок, Инстаграм и Јутуб за пристап до вести за политика и социјални прашања. Оваа промена го одразува менувањето на навиките во ...
Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје оваа година одбележува 45 години од своето основање. Сите активности на ФЛУ до крајот на 2025 година ќе се случуваат во чест на јубилејот со официјален датум 31 март, посочуваат оттаму. Оваа недела, од 18-20 февруари, на ФЛУ ќе се одржи работилница под наслов „Од дијагностика до конзервација: Напредни методи за анализа и чистење на уметнички дела“ наменета за ...
Владата и Министерството за образование и наука (МОН) ќе продолжат да обезбедуваат финансиска поддршка за оние што ќе се запишат на додипломски, постдипломски или докторски студии на некој од најдобрите светски универзитети според Шангајската ранг листа. Конкурсите за доделување на стипендии за академската 2025-2026 година се објавени, со краен рок за аплицирање до 12 септември, со тоа што од МОН најавија нови модификации на оваа мерка, која ...
Околу 80 отсто од граѓаните на Србија поддржуваат најголем дел од барањата на студентите, а третина од населението вели дека учествувале во тековните протести. Студентските протести ги поддржуваат 64 отсто од граѓаните, објави организацијата „Црта“ по последното истражување, пренесува Н1. Студентските протести станаа клучен фактор за политички и општествени промени во Србија, со потенцијал за натамошно проширување и зајакнување на поддршката, ...
Најмалку 50 милијарди долари ќе бидат потребни за обнова на разурнатиот Појас Газа, според проценката објавена од Обединетите нации, Европската Унија и Светската банка, пренесува Н1. Во документ од деведесеттина страници, трите институции заклучуваат дека се потребни 53.2 милијарди долари во следните десет години за обновување на разурнатата палестинска енклава. Во првите три години од војната, која резултираше со „масовна загуба на животи, ...
Развојната компанија за вештачка интелигенција „xAI“ во сопственост на Илон Маск, го претстави својот најнов модел на вештачка интелигенција „Grok 3“, за кој тврди дека е подобар од „ChatGPT“ на компанијата „OpenAI“. Маск рече дека „Grok“ е најпаметниот модел на Земјата, а дека „xAI“, во тестирањата на перформансите во областа на науката, математиката и програмирањето, се покажа подобар од „ChatGPT“, како и од „Gemini“, „DeepSeek“ и „Claude“. ...
На годишно ниво Јавните претпријатија формирани од државата и фирмите во државна сопственост значајно го „набилдаа“ внатрешниот долг, со пораст од над 217 милиони евра. Зголемување на доспеаните а неплатени обврски пријавиле и општинските јавни претпријатија и општините. Според пресметката на „Порталб“ само три фирми во државна сопственост „генерираат“ дури 38 % од вкупниот внатрешен долг. Јавните државни и локални претпријатија „лидери“ според ...
„Уставниот суд утре ќе одлучува по иницијатива поднесена од група граѓани, главно претставници на независни листи од последните локални избори во Македонија. Нашите Драгана и Горјан се меѓу подносителите на иницијативата“, велат од Зелен хуман град (ЗХГ), од каде потенцираат дека со иницијативата бараат Уставниот суд да ги укине или да ги поништи измените на Изборниот законик од март 2024 година со кои драстично се зголеми потребниот број на ...
Шелтер центарот „Сигурна куќа“ информира дека привремено ќе престане со работа и да ја дава социјалната услуга – привремен престој во центар за жртви на родово-базирано насилство. Според „Сигурна куќа“, оваа одлука билa тешкa и била донесена по внимателно разгледување на сите аспекти од моменталната ситуација во која се наоѓаат. „Свесни сме колку е важна поддршката за многумина од вас и длабоко жалиме што сме принудени привремено да прекинеме со ...
„Летниот семестар за студентите започна денес. Професорот што се наоѓа на американската црна листа, Кочо Анѓушев, подготви специјално предавање: Како да завршиме на американската црна листа?“, соопштуваат од Форумот за образовни промени, кои вчера направија своја симболична акција во кампусот на Машински факултет. Целта на акцијата е да се истакне дека на Машинскиот факултет сè уште предава, како што велат, еден од најкорумпираните и ...
Здружението „Икуалити“, во рамки на проектот „Зен 2.0 Караван – Млади лидери на заедниците“, го одржа последниот петти Менторски форум во Струмица. На форумот кој се одржа на 14 февруари во просториите на Здружението „Новус“, учествува 11 лица на возраст од 16 до 24 години во склоп на три менторски обуки. „Обуките се однесуваа на три теми, обуката за јавен настап и креативно изразување, со цел унапредување на индивидуалните комуникациски ...
„Зборот на годината според Оксфордскиот речник е: Добрина. Да ја почнеме и 2025-ата во духот на пријателството со книгите и добрините што ги учиме преку нив. Да си раскажеме еден на друг што значи добрината“, стои во најавата за раскажувачката работилница со Ана Голејшка Џикова, во рамки на детскиот книжевен клуб на Јуроп хаус. Книжевнот клуб во Јуроп хаус ќе се одржи на 20 февруари во 18:30 часот, каде преку низа различни книжевни дела ќе се ...
Граѓанската иницијатива Зелен хуман град (ЗХГ) упати јавно барање до претседателката Гордана Силјановска Давкова, со цел, како што велат оттаму, таа да не ги потпишува контроверзните измени на Законот за урбанистичко планирање со кои се овозможува уништување на плодно земјоделско земјиште со поставување на фотоволтаични централи и ветерници. „Ве повикуваме да покажете дека навистина сте претседателка на сите граѓани и да постапите во корист на ...
Во Социјалниот Центар „Дуња“ во Скопје, оваа сабота (22 февруари) од 20 часот ќе се одржи концерт на „Амплидајн Ефект Трио“. „Амплидајн Ефект“ е музички проект на Мартин Георгиевски, активен од 2009 година, препознатлив по електронска и амбиентална музика, со акцент на импровизирани музички сесии. „Во изминатите години, проектот издаде бројни албуми и настапуваше на реномирани регионални и меѓународни фестивали, меѓу кои Похода (Словачка), ...
Вкупно 3.142 патни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила биле издадени во периодот од 14 до 16 февруари, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Оттаму посочија дека полициските службеници од сите осум Сектори за внатрешни работи при Бирото за јавна безбедност на МВР и во текот на изминатиот викенд продолжиле со засилените сообраќајни ...
Македонските граѓани продолжуваат да ја поддржуваат интеграцијата во Европската Унија, но само 20% од испитаниците сметаат дека државата треба ги направи уставните измени за продолжување со процесот, соопштија од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) кои денеска објавија две истражувања на јавното мислење поврзано со македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија и ЕУ интеграцијата во 2024 година. Според резултатите од ...
Давид Јанев е шампион на Македонија за 2025 година во друштвената игра „Катан“, а тој ќе ја претставува земјава и на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Штутгарт, Германија од 4 до 6 април. „Давид беше најдобар меѓу 64-те стратези кои во неделата (16 февруари) во Лабораториум се натпреваруваа на Државното првенство на Македонија во организација на Гоблин друштвени игри. Како награда за успехот, покрај пехарот, тој ќе добие и ...
Јужна Кореја забрани нови преземања на кинескиот четбот со вештачка интелигенција (ВИ) „DeepSeek“, според тамошното надзорно тело за заштита на личните податоци, пренесува Индекс. Владината агенција соопшти дека моделот на вештачка интелигенција ќе стане повторно достапен за јужнокорејските корисници откако ќе се воведат „подобрувања и правни лекови“ за да се осигура дека е во согласност со законите за заштита на личните податоци во земјата. ...
Културно-информативниот центар – Скопје утре (18 февруари) организира изложба на фотографии во рамките на проектот „Вечни тела“ од фотографот Жарко Стојчевски и кореографот Искра Шукарова. Од КИЦ посочуваат дека проектот „Вечни тела“ ја деконструира доминантната претстава за староста како крај на активниот живот и значењата што културата им ги припишува на возрасните и ја аргументира потребата од ослободување на возрасното тело од патологиите на ...
Стотици граѓани попладнево маршираа низ улиците на Скопје на третиот протестен марш на кој се побара правда за младата Фросина која смртно беше прегазена на крајот на јануари, но и за сите жртви на сообраќајни несреќи. Протестот започна кај Универзалната сала, од каде граѓаните се упатија кон Владата, но и кон Собранието каде имаше триминутен молк и ѕвездено небо. Граѓаните на маршот скандираа „Сакаме правда“, „Безбедни улици“, „Правда за ...
Пред повеќе стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на надоаѓачките музички бендови и на веќе докажани музичари и диџеи на 14 февруари се отвори новото онлајн радио „Стереолаб“ во КЦ Лабораториум. Радиото го означи стартот пред два дена, со концертни настапи на осум македонски музички автори од поновата генерација Глигор Кондовски, Алембик, Јоана, Стој После!, Вагина Корпорејшн, Огнен Златанов, Светлост и ...
На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, активизам, граѓанско општество, политика, животна средина… Прогнозите за домашна и здрава храна се страшни, предупредуваат младите во земјоделието Како старее населението во Македонија, стареат и производителите на домашна храна и вино. Просечната возраст на македонскиот земјоделец е 56 години и млади земјоделци има малку. Непостоењето на градинки, старечки ...
Вчеравечер избил пожар во магацин за производство на полиестер во селото Неготино, во Општина Врапчиште кој се состои од три објекти, при што два се целосно изгорени, додека третиот магацин е делумно изгорен, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Гостивар од 00:45 часот интервенирала со 9 пожарникари и 3 противпожарни возила, а помош добиле и од ТППЕ Тетово со 4 пожарникари и 1 противпожарно ...