Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во рамки на антикорупциската проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Наместо да придонесе за поголема транспарентност, отчетност и борба против корупцијата, сметаат од Платформата, ДКСК испраќа сериозно загрижувачки сигнали за затворање на институциите и креира ...

Како македонските медиуми го проследија бомбастично најавуваниот тридневен собир на приврзаниците на српскиот претседател Александар Вучиќ изминатиот викенд (11, 12 и 13 април) во Белград? Овој собир, наречен од власта „сесрпски“, а од останатите како контрамитинг на Вучиќ, ја демонстрираше неговата моќ со две клучни пораки: да го прогласи долгонајавуваниот крај на обоената револуција и да го промовира неговото ново Движење за народот и ...

Потребна е итна медицинска евакуација за речиси 11.000 тешко болни и ранети Палестинци, според Министерството за здравство на Газа. Поради израелските напади, здравствениот систем е пред колапс, пренесува Ал Џазира Балканс. Утрово, 18 април, десетчлено семејство загина во израелски напад врз куќа во Кан Јунис, откако медицински извори соопштија дека најмалку 32 лица загинале во израелските напади низ Газа во текот на вчерашниот ден. Дописниците ...

По повод верскиот празник „Воскресение Христово-Велигден“ утре (19 април), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај на одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Имено, утре во периодот од 18 часот па до завршувањето на настанот по повод верскиот и државен празник „Воскресение Христово-Велигден“, во центарот на град ...

Министерството за внатрешни работи информира дека од СВР Скопје го утврдиле возачот на автомобилот за кој вчера, 17 април, Радио МОФ објави дека влече коњ врзан за куката низ улиците на Скопје. „Во врска со видеото кое вчера беше споделено на дел од социјалните медиуми на кое се гледа како лице кое управува патничко возило ‘голф’ со скопски регистарски ознаки има врзано коњ за куката од возилото и така се движи низ градското подрачје, од страна ...

Изложбата на слики од Енеса Мемети насловена „Црниот лебед симбол на величественост“ ќе се отвори на 24 април со почеток во 19 часот и 30 минути во Културно-информативен центар – Скопје, Салон Империјал 2. Енеса Мемети дипломирала на Факултетот за уметности при Универзитетот во Тетово под менторство на проф. Илиријан Бекири, завршила постдипломски студии на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје под менторство на проф. Јован Шумковски. ...

Автомобил со јаже влече коњ закачен за багажникот насред скопски булевар, се гледа на снимката која денеска пристигна до редакцијата на Радио МОФ. Снимката е од Илина Пановска, студентка на Факултетот за ветеринарна медицина (ФВМ), која вели дека вознемирувачка глетка ја начекала денеска (17 април), околу 13 часот на улицата „16-та Македонска Бригада“ покрај ФВМ. „Како студент на ФВМ, кога ќе видам нехумано и неетичко третирање на било кое ...

Во потенцијално значајното откритие, научниците со помош на вселенскиот телескоп Џејмс Веб ги пронајдоа, како што ги нарекуваат, најсилните знаци досега за можен живот надвор од нашиот Сончев систем, откривајќи во атмосферата на страна планета хемиски отпечатоци од гасови кои на Земјата се произведуваат само со биолошки процеси, пренесува Ал Џазира Балканс. Двата гаса – диметил сулфид, или DMS, и диметил дисулфид, или DMDS – кои се дел од ...

Блокадата на Радио телевизија Србија влезе во трет ден. Студентите бараат нов конкурс за членови на Советот на Регулаторно тело за електронски медиуми (РЕМ) или затворање на јавните медиумски сервиси. Студентите од Белград испратија писмо до Комитетот за култура и информирање во кое ги информираат дека блокадата и протестот пред РТС ќе траат се додека Комитетот не објави Јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ, информира Н1. Додека ...

Еден месец по трагичниот пожар во импровизираниот ноќен клуб „Пулс“ во Кочани, македонската јавност сè уште е во шок, додека институциите се соочуваат со комплексна и обемна истрага за утврдување на одговорноста. До денес, животот го загубија 61 лице, а околу 200 беа повредени, меѓу кои 25 се малолетници, пишува Мета. Утрото на 16 март, Македонија ја потресе најголемата цивилна трагедија во поновата историја. Во импровизираната кочанска ...

Министерството за здравство информира дека согласно информации од Воено Медицинската Академија во Белград, денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година. „Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец. ...

По повод изминатиот Меѓународен ден на Ромите (8 април), мрежата на „Јуроп хаус“ ги претставува аудиобајките „Сјајни ѕвезди – бајки раскажани од Ромите од Европа“, достапни за слушање на ромски, македонски и албански јазик. „Дали знаете дека Ромите, со околу 12 милиони луѓе, се најголемото малцинство во Европа? А нивната култура – од музика и танц, до јазик и раскажувачка магија – е нешто што навистина го збогатува нашето заедничко европско ...

Пролетното издание „Ecoscop“ на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал, Филмски фестивал Херцег Нови и ИФФК „Браќа Манаки“), ќе се одржи на 22 април. „Публиката од земјите чии фестивали се членки на Мрежата, на 22 април ќе има прилика на бесплатна проекција да го ...

Американското Министерство за домашна безбедност соопшти дека Универзитетот Харвард може да го загуби правото да прима странски студенти доколку не ги исполни барањата на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, што е најновиот владин потег против образовната институција, пренесува Ал Џазира Балканс. Секретарот за домашна безбедност Кристи Ноем исто така најави откажување на два заеми на Харвард во вредност од над 2,7 милиони долари. Ноем ...

Магдалена Илиевска со својот труд именуван „Културен мозаик на вредности“ е победничка на јавниот повик на Младински образовен форум за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“. Се работи за повик што е дел од проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“, на кој можеа да учествуваат млади од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост. Учесниците на повикот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај. „Во тек е широк и транспарентен консултативен процес, во кој Министерството се залага активно ...

Заврши средбата меѓу студенти велосипедисти и европратеници, а на неа детално беше објаснето што се случи на 15 март на протестот во Белград. Пратениците ветија дека ќе зборуваат за барањата на студентите во Европскиот парламент, а европратеничката од Словенија вети и дека „ќе тропне на вратата на Урсула фон дер Лајен“, пишува Н1. Студентите им врачија на европратениците писмо во кое тие го опишаа видот на тортура низ која поминуваат. Фокусот ...

Македонскиот народен театар се врати од регионална турнеја и веднаш продолжи со својата програма, каде на 15 април, на 4. Театарски фестивал „5РЕ“ во Велес, на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, настапи со претставата „12“ и ги доби наградите за најдобра претстава во целина и најдобра режија. Претставата „12“, по мотивите на Реџиналд Роуз (12 Angry Men), е во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Додека, актери во „12“ се ...

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ го најавува своето 46. издание кое ќе се одржи во Битола и објавува повик за пријавување филмови. „Дајте и можност на својата креативност да заблеска и пријавете го вашиот филм од 17 април до 27 јуни“, велат од „Браќа Манаки“. Пријавувањето се врши на https://filmfreeway.com/ManakiBrothers. „ИФФК ‘Браќа Манаки’ ги поканува филмските работници да ни се придружат на ова заедничко филмско ...

Заврши снимањето на краткометражниот филм „Време на заедништво“, во режија на Радован Петровиќ, по сценарио на српската актерка и сценаристка Сунчица Милановиќ, додека продуценти на филмот се Тамара Ристоска и Петар Антевски. „Снимен во април 2025 во Скопје, овој независен филмски проект претставува креативна соработка меѓу млади филмски професионалци од Македонија и Србија, а неговата реализација беше поддржана од Факултетот за драмски ...

По тринаесет дена возење велосипед, српските студенти кои тргнаа кон Стразбур барајќи правда, стигнаа до крајната дестинација, пренесува Данас. Српските студенти пристигнаа на Плас Клебер во Стразбур нешто по 20 часот, откако ја завршија својата велосипедска тура. Околу 80 студенти на 3 април годинава тргнаа со велосипед од Нови Сад кон Стразбур каде очекуваат да бидат примени во европските институции за да ја бараат правдата за 16-те загинати ...

Неколку стотици студенти се наоѓаат пред зградите на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, блокадата влезе во 11-тиот час, а студентите велат дека ќе трае „до понатамошно известување“. Додека пак, единицата на полицијата во полна опрема за бунт пристигнала утрово околу 5 часот и 30 минути пред зградата на Радио телевизија Војводина (РТВ) во Нови Сад, која синоќа била блокирана од студенти, ги вратила назад и формирала кордон, но немало ...

Власта во Србија и нејзините медиумски мегафони, соочени со низа афери, од кои онаа со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад имаше најтрагични последици и беше тригер за неколкумесечните протести кои сè уште траат, изминатиов период спинуваа за наводно „македонско сценарио“ на обоена револуција која треба насилно и без избори да ја симне од власт актуелната политичка гарнитура со Александар Вучиќ на чело, пишува Вистиномер. ...

Автомобилите на Google Street View оваа пролет се враќаат во Македонија. Во наредниот период ќе се движат по јавните патишта низ државата, вклучувајќи ги, но не ограничувајќи се на Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Охрид и Струмица. Целта на ова возење е да се ажурираат фотографиите на Google Street View од градовите, патиштата и автопатите во Македонија на Google Maps. Благодарение на Google Street View, корисниците веќе ...

Вкупно 25 организации поднесоа претставка до Владата и премиерот Христијан Мицкоски, укажувајќи дека одобрението за градење издадено за туристичкиот комплекс Горица според законите е ништовно. „Ја поздравуваме заложбата на Владата за борба против корупцијата и за владеење на правото, особено истакнувана по трагедијата во Кочани, и целосно се согласуваме дека ‘корумпираниот систем не смее да победи’, истиот е ‘чудовиште кое ја проголтува иднината ...

Албин Курти поднесе оставка од премиерската функција, која ја соопшти во писмо испратено до Секретаријатот на косовското Собрание, пренесува Н1. Според законот, оние кои добиваат мандат како пратеници, а се и дел од косовската влада, извршувајќи извршна функција како што се: премиер, вицепремиер, министер или заменик министер, мора да поднесат оставка од својата извршна функција. Тоа е затоа што, според деловникот, тие не можат истовремено да ...

Концертот на скопскиот колектив „Светлост“, заедно со Кен Вандермарк (Ken Vandermark) од САД и Паал Нилсен-Лав (Paal Nilssen-Love) од Норвешка ќе се одржи утре, 16 април, со почеток од 20 часот и 30 минути во Кино Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Од соработката на домашното трио и двете големи меѓународни имиња на современиот џез ќе произлезе и албум, а снимањето ќе се случи во Скопје, непосредно по концертот во МКЦ. Ова ...

Уметнички дела од колекцијата на Музејот на современата уметност во Скопје ќе бидат изложени во Модерна галерија и Музеј на современа уметност Метелкова во Љубљана, Словенија на 24 април со почеток од 20 часот. Конципирана од 87 дела од колекцијата на МСУ, во најголем дел од македонски автори, изложбата е насловена „Ткаење светови: Колекции во разговор“ и ќе биде отворена десет месеци. Куратори на изложбата се Ивана Васева, Благоја Варошанец, ...

Уште еден парк на нишан. Засадија две дрва, ама му се токмат да одгризат дел од Паркот на Франкофонијата! Паркот не е зграда. Паркот го гледаме како – за свеж и чист воздух, за релаксација, за природата сред градот, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар. Од иницијативата посочуваат дека сопственикот на поранешната кафана „Опатија“ паркот го гледа како парцела за градење. „Притиска и лобира за повеќекатница во срцето на паркот. Доста ...

Министерството за образование и наука известува дека се направени измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, согласно кои се проширува опсегот на мерката. Отсега работниот статус не е ограничувачки услов за студентите, така што правото ќе можат да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од просечната нето минимална плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани ...

weather icon

Скопје

24ᴼ / 24ᴼ
5.14
57%
1018
weather icon

Белград

28ᴼ / 27ᴼ
4.12
57%
1016
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
2.06
47%
1019
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.57
50%
1016
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
9.31
79%
1013
weather icon

Љубљана

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
58%
1019
weather icon

Атина

37ᴼ / 35ᴼ
6.69
27%
1010
weather icon

Тирана

29ᴼ / 29ᴼ
4.12
51%
1014
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.57
38%
1013
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 32ᴼ
6.17
43%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 28ᴼ
7.2
43%
1016
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
8.23
22%
1012
Currency

61.525

Currency

52.4744

Currency

72.1828

Currency

34.461

Currency

38.5764

Currency

65.7639

Currency

7.33487

Currency

0.66952

Currency

0.36453

Currency

0.52555

Currency

1.31868

Currency

0.6147

Алуминиум

2.58

Иридиум

142333.18

Кобалт

42.99

Никел

14957.50

Рутениум

21637.45

Калај

33.53

Сребро

1160.36

Злато

105265.95

Бакар

10.03

Паладиум

36169.59

Платина

43089.13

Родиум

175221.57

Цинк

2.74