Во Градскиот музеј во Крива Паланка на 7 октомври ќе продолжи патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“. Ова е веќе петтата од серијата изложба, која ќе се одвива во уште два градови низ Македонија, во организација на Здружението „Икуалити“, а има за цел преку 32 портрети на лица со попреченост да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности. „Патувачка изложба претставува ...

Министерката за образование Весна Јаневска смета дека образованието е најдобриот механизам за подигнување на свеста кај младите за здравите навики и грижата кон личното здравје. „Нашиот воспитно – образовен систем е структуриран така што здравствената писменост е застапена во сите одделенија во редовните предмети, посебно во „природни науки“, а од оваа учебна година воведовме и нов изборен предмет во VII одделение „Учам за моето здравје“ и со ...

Во „Сопствена соба“ во Подгорица беше објавен регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година. Во седумте дела од овој финален избор влегоа и две книги од Македонија: „Приказни од Sунливото Море“, роман за деца и млади на Билјана С. Црвенковска (издание на „Чудна шума“) и „Тони“, роман на Румена Бужаровска (издание на „ТРИ“). „’Штефица Цвек’ е некомпетитивен избор кој четврта година по ред ги обединува најзначајните дела од БХСЦ и ...

Ви ја претставуваме третата епизода од видеокаст серијалот „Балкански Перспективи“, правени во соработка меѓу Pro Peace и Радио МОФ. Во епизодата „Филмот и музиката наспроти политиката: Кој е погласен?“ Максим Никифоровски, Ивана Драгшиќ и Ханис Багашов разговараат за улогата на филмот и музиката во постконфликтното општество во Македонија. Дали уметноста и нејзиниот универзален јазик успева да ги надмине етничките поделби денес и да се ...

Промовирање здрава исхрана во и околу училиштата, поддршка на децата изложени на ризик од сиромаштија, воведување едносменска настава за сите деца, проширување на услугите за предучилишно образование и грижа за децата, отстранување на бариерите со кои се соочуваат децата со попреченост, како и поддршка за децата во ризик од насилство, бара УНИЦЕФ во пресрет на локалните избори. Оттаму нагласуваат дека локалните лидери треба да мислат на ...

Во кафе книжарницата „Буква“ денеска (сабота, 4 октомври) ќе има целодневен настан „Play it loud“ со работилници и потоа музика, организирани во соработка со „JM Macedonia“, „Imagine“ и колективот „Гола планина“. „Придружете ни се на вториот ‘Play it Loud!’ настан годинава, кој воедно ќе биде и загревање за натпреварот за млади бендови и музичари ‘Imagine’ кој ќе се случува на 10ти во денсинг салата на МКЦ во Скопје како дел од фестивалот ...

Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија утре, сабота 4 октомври, од 22 часот настапува „N-Deck Collective“. „Екипа со променлив состав и со непроменлива идеја за музичка интеракција помеѓу музичари со различни искуства и контексти, поврзани преку заеднички интерес за звучна авангарда, амбиентални структури и слободна интерпретација. Парадоксот на бродот на Тезеј во креативен контекст“, стои во најавата за музичкиот настан. На овој концерт во ...

Скопското кафе и кино „Котур“ денеска го одбележува својот седми роденден, кој ќе се реализира со програма во склоп на петтиот ден на фестивалот „Ѕирни“. Денеска од 18 часот започнува 48-часовниот филмски предизвик, каде неколку тимови од филмски ентузијасти ќе имаат шанса да направат филм за време на 48 часа. Сите направени филмови ќе бидат проектирани и се натпреваруваат зa најдобар филм од предизвикот. Овогодишната жири комисија за ...

Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) го најавува 11-тото издание на Меѓународниот фестивал за етнографски филмови – „Етнофф“. „Фестивалот ќе се одржи на 6 и 7 октомври 2025 година во Кинотеката на Македонија и ќе понуди избор на филмови кои преку визуелна антропологија ја истражуваат културната, социјалната и политичката стварност“, посочуваат организаторите. Низ годините на „Етнофф“ се прикажани филмови од студенти по етнологија, ...

За јапонското дуо „heavenphetamine“ немав чуено премногу. Освен тоа дека два пати биле да свират во Скопје и биле „супер“ и „одлични“. Толку. Ама тоа ништо не ми значеше. Затоа сакав да ги слушнам во култниот локал „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија, свирка организирана од газда Змејко со помош на Ѓорѓи Јаневски од „5060“, како финиш на нивната тура низ Балканот и Македонија. Самото име „heavenphetamine“, очигледна споенка од „рај“ и ...

Првата „Game Dev Rev“ (GDR 2025) ќе влезе во историјата како прва конференција во Македонија целосно посветена на развивањето игри. Настанот ќе се одржи во Скопје на 16 октомври 2025 година и ќе ги обедини младите девелопери, искусните професионалци, инди студијата и лидерите во индустријата преку инспиративни говори, колаборација и иновација, посочуваат од Асоцијација на македонската индустрија за видео игри (Macedonian Games Industry ...

Јубилејното, 20. издание на „АКТО“ фестивалот за современи уметности ќе започне утре (02 октомври) со преднастан во форма на предавање насловено „Еколошки иднини“ на архитектот Даниел Кунерт од Арх плус (ARCH+). Арх плус е водечко германско списание од областите на архитектурата и урбанизмот, основано во 1967 година во духот на еманципаторско самопросветлување, кое критички ги разгледува општествените аспирации на изградената средина во ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на првиот академски час ја поздрави новата генерација студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ). „Сите вие кои верувате дека токму тука ќе добиете знаења, вештини и поддршка за да израснете во лидери кои ќе ја водат Македонија во 21 век, сте на вистинското место, во својата земја, на најстариот универзитет, каде професорите имаат одговори на сите ваши прашања и подготвени се ...

Во клубот „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечер, 1 октомври, од 21 часот ќе се случи настап на „Empty Story“. „Придружи ни се на мрачна ноќ исполнета со звуците на пост-панк културата. Главниот настап на вечерта, ‘Empty Story’, ќе ги донесе своите хипнотички мелодии од Унгарија, длабоко вкоренети во традицијата на пост-панк и дарквејв звукот“, стои во најавата. „Empty Story“ е унгарски пост-панк бенд од Бекешчаба. Бендот е основан во ...

Автомобилот во Македонија е светост. Нешто како златното теле во филмскиот класик на Сесил Б. Демил, „Мојсеј“. Пред да се појави, сите беа изгубени. Откако се појави, сите скроз полудеа. Земјава е сиромашна. Отсекогаш и била. Не е тоа нешто од кое што би требало да се срамиме. Слабата економска моќ, сепак, со себе носи и одредени начини на функционирање. Многу од нив се заборавени или потиснати, но денес се испоставува дека биле вистински ...

„Успесите на нашите најмлади секогаш стимулираат силни емоции и ја поттикнуваат вербата дека имаме сигурни раце на кои можеме да ја оставиме Македонија и да веруваме во подобра иднина. Затоа ја зголемивме поддршката кон талентираните, да чувствуваат доволна грижа од државата, да останат тука и да придонесат кон нејзиниот развој“. Ова го истакна министерката за образование и наука д-р Весна Јаневска на конференција организирана од Институтот ...

Во „Биртија паб“ во Скопје, независниот издавач и организатор „Мртов коњ“ за утре (1 октомври) најавува жустра вечер со чешките пост-панкери „Alpha Strategy“, но и нашите sludger-и „LSD During War“. „Гарантирана добра вечер за фанови на покојниот продукциски великан Стив Албини, кој го продуцираше последното EP на ‘Alpha Strategy’ (како и безброј албуми од бендови како ‘Nirvana’, ‘Pixies’, ‘the Jesus Lizard’ и многу други). Но, нема да ги ...

Деветтото издание на фестивалот „Текстилијада“ ќе се одржи на 4 и 5 октомври во Штип. Се работи за фестивал кој со текот на годините прерасна во значајна платформа за култура, активизам и граѓански дијалог, со посебен фокус на работничките права и социјалната правда. Организиран од „Гласен Текстилец“, овој настан има за цел да создаде простор за критичко размислување, инспирација и заедничко дејствување околу најважните предизвици со кои се ...

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето единаесетто издание ќе го означи вeчерва (29 септември) во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје со почеток во 19:30 часот, а ќе трае до 2 октомври. Главните настани ќе се одвиваат во КИЦ, меѓутоа дел од програмата ќе се одвива и на други локации. Годинашниот фестивалски слоган гласи „За писателцките работи“, а својот корен го има во делото на Крсте Мисирков ...

Скопското кафе и филм „Котур“денеска (понеделник, 29 септември) го започнува седмото издание на фестивалот на филм и музика „Ѕирни“, кој ќе се одвива до 6 октомври. На фестивалот ќе можат да се проследат филмови со интернационална и национална селекција, 48-часовниот филмски предизвик, специјална проекција во чест на Илинденка Петрушева, концерт на „Луфтханза“ пред Домот на АРМ, интервјуа, изложби, вкусна храна и внимателно селектирана ...

„Патем книгата ја читав во основно и уште го паметам чувството – прекрасно – и истата е главната инспирација за оваа изложба – ‘Дон Кихот’. Го зема својот шлем и го става на глава. Во тој момент Дон Кихот се самопрогласува за витез. Се качува на својот коњ и тргнува по измислените мисии. Ете ја инспирацијата!“, се вели во најавата за новата изложба на Ертунч Сали именувана „Сакате ли војна?“, која ќе биде отворена утре (вторник, 30 септември) ...

Десеттото издание на КРИК фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува со критичкото промислување на овогодишната тема „Преобразба“. Есенското издание почнува со предавањето на провокативниот и поттикнувачки германско/хрватски филозоф и теоретичар на социо-културните деликатни и актуелни случувања и теми, Борис Буден. На 30 септември (вторник) со почеток во 19 часот, во Националната Галерија, Чифте Амам, Борис ...

Во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје вчера беше отворен 13. „Џифони Македонија“ – Филмскиот фестивал за млади кој се одржува до 1 октомври и во него ќе учествуваат над 400 младинци. Амбасадор на Италија во земјава, Паоло Палминтери, на синоќешното свеченото отворање рече дека фестивалот „Џифони Македонија“ е посебен, затоа што ги става младите во центарот на вниманието, правејќи ги вистински учесници. „’Џифони’ се роди во Италија пред повеќе ...

Во Струга се одржа протест против загадувањето на воздухот од депонијата. Од иницијативата Зелена народна стража посочуваат дека ова не е само протест против загадениот воздух, туку борба против дводецениското труење на стружани и околните жители. „Депонијата во Струга е една од најопасните депонии во Македонија, која со токсични гасови и тешки метали, освен воздухот, ја загадува и почвата и реката Црн Дрим. Секоја година се фрла повеќе од ...

Верувам дека сите имаме моменти кога целосно се дисконектираме со луѓето и нештата што се случуваат околу нас. Живееме во свет на брз и предвидлив живот, каде што многу често забораваме дека интимните моменти не се тие кои ние детално ги планираме, за да може на крајот да сме задоволни дека нешто точно испаднало како што сме го замислиле. Туку тие, баш спротивно на тоа, се нештата што не’ приврзуваат со луѓето што се присутни во моментот и ...

Комисијата за студентски стандард и комисијата за дигитализација при Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (УКИМ) преку прес-конференција објавија јавна иницијатива за унапредување на процесот за сместување во државните студентски домови. „Со ова, бараме воведување на дигитализирано решение кое ќе обезбеди правичност, транспарентност и ефикасност при распределувањето на соби и цимери, како и ...

Сојузот за младинска работа (СМР) објави јавен повик за прибирање средства за стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“, наменета за последипломски студии по младинска работа на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Стипендијата е востановена во чест на Билјана Василевска Трајкоска – истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде ...

Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето единаесетто издание ќе го означи во понеделник, 29 септември, во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје со почеток во 19.30 часот, а ќе трае до 2 октомври. Главните настани ќе се одвиваат во КИЦ, меѓутоа дел од програмата ќе се одвива и на други локации. Годинашниот фестивалски слоган гласи „За писателцките работи“, а својот корен го има во делото на Крсте ...

Истражувачката активност е основен столб на развојот на науката и напредокот на општеството. Истражувачите имаат клучна улога во создавањето нови знаења преку систематски и квалитетни истражувања, кои мора да бидат достапни и проверливи преку објавување во рецензирани научни списанија. Тоа ја зголемува видливоста на истражувачите и ја афирмира научната репутација на институциите, што е од пресудно значење за унапредување на академската ...

Изложбата „Art Beyond Ink“ ќе се отвори на 26 септември со почеток во 19 часот во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „’Art Beyond Ink’ претставува динамична изложба во која учествуваат повеке автори со различни пристапи и медиуми. Во соработка со Младинскиот културен центар, под водство на организаторите Симона М.Новаковиќ и Петар Мильковиќ, проектот го нагласува значењето на колективното творење и размената на идеи“, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
6.69
61%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
7.2
94%
1004
weather icon

Загреб

13ᴼ / 11ᴼ
7.72
40%
1010
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
57%
1003
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
3.45
79%
1002
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
3.6
35%
1009
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
65%
999
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
5.14
58%
1002
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
54%
1003
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
88%
1002
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 11ᴼ
6.69
56%
1007
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.57
100%
1003
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Бакар

10.97

Родиум

347228.06

Иридиум

256711.96

Злато

144638.24

Калај

45.06

Платина

59896.84

Сребро

2840.84

Рутениум

56199.51

Цинк

3.08

Паладиум

44152.21

Кобалт

964.52

Алуминиум

3.28