
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



Еколошкото здружение „Здрава котлина“ од Струмица на 1 април поднесе кривична пријава против актуелниот градоначалник на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, поради, како што велат, сериозни прекршувања на законите и загрозување на животната средина и јавниот интерес. „Пријавата, составена на 125 страници и поткрепена со обемна документација и технички докази, се темели на конкретни факти и укажува на организирано и систематско кршење на законите ...
Граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“ денес упати протестна нота до Министерство за надворешни работи и надворешна трговија по повод гласањето во Советот за човекови права на Обединетите Нации. „Ви се обраќаме во однос на Вашето официјално гласање на 58-та редовна седница на Советот за човекови права на Обединетите нации, одржана на 4 април 2025 година, каде што нашата држава гласаше против двете резолуции за Палестина, кои беа усвоени од ...
Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го распишува деветтиот по ред конкурс за наградите на МАИ за најдобри достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема на книгата. „На Саемот на книгата, кој ќе се одржи од 8 до 14 мај, МАИ ќе додели признанија за најдобрите изданија, автори и издавачки проекти кои го одбележаа периодот од саемот минатата година до овогодишниот саем (април 2024 – мај 2025 година)“, информираат од МАИ. Поканата ...
Со 9 гласа „за“ и 1 „воздржан“, Советот на Општина Кочани попладнево го избра независниот советник Венко Крстевски за в.д. градоначалник на општината, по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов кој е еден од осомничените за пожарот во импровизираната дискотека „Пулс“ во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени, пишува новинската агенција Мета. Во трка за в.д. градоначалник, покрај Крстевски кој се самокандидираше, ...
Вечерва, 14 април, со почеток во 20 часот во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, како дел од програмата на четвртото издание на фестивалот „5ре“ ќе се одржи проекција на филмот „Мис Стон“ (1958) на режисерот Жика Митровиќ. „Проекцијата е овозможена од Кинотеката на Македонија, а за првпат во Велес ќе се прикаже дигитално реставрирана копија на овој омилен филм на многу генерации. Бидејќи фестивалот е посветен и инспириран од ликот ...
Универзитетот „Гоце Делчев“ организира отворен и кариерен ден утре, 15 април, со почеток од 11 часот пред ректоратот во Штип. Денот ќе биде отворен за средношколци, каде присутните ќе можат да ги истражат можностите за идни студии, да го запознаат факултетот кој им е од интерес и, како што велат од УГД, да искусат дел од студентскиот живот. „Додека пак, студентите ќе имаат можност да се поврзат со најдобрите и најуспешните компании, да ги ...
Во изминатиот викенд, 12 и 13 април, продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи издале вкупно 2324 платни налози за сторени прекршоци од страна на учесниците во сообраќајот по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Во рамки на изречените санкции овој пат радарските контроли покажале дека дури 1132 возачи не ја почитувале пропишаната ...
Државниот завод за ревизија (ДЗР) укажува на потребата од итно постапување на политичките партии кои заклучно со месец март, сѐ уште не ги поднеле сите или некои од финансиските извештаи за 2024 година. „Согласно 27-б од Законот за финансирање на политичките партии („Службен весник на Република Македонија“ бр. 76/04, 86/08, 161/08, 96/09, 148/11, 142/12, 23/13 и 140/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 294/20) Министерот за ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потсетува дека уште неколку дена е отворен Јавниот оглас за финансиска поддршка за електрична енергија за ранливи потрошувачи – мерка со која се обезбедуваат 1.000 денари месечно, директно насочени кон намалување на сметките за струја. „Поддршката се доделува за период од 12 месеци, сметајќи од денот на поднесување на барањето, а рокот за аплицирање е до 19 април. Граѓаните кои ги ...
Кинотеката на Македонија ќе стане нов дом на комплетниот филмски опус на американски независен режисер Марк Рапапорт. Овој чекор е резултат на соработката со неговиот ексклузивен дистрибутер „МИ Филм“, кој ги депонира сите негови филмови во архивата на Кинотеката. „Оваа вест претставува огромна чест за македонската филмска институција и значаен придонес кон збогатувањето на архивскиот фонд со автор кој се смета за еден од најзначајните гласови ...
Ликовната изложба „Гумено време“ на авторката Ана Ивановска ќе биде отворена во вторник, 15 април, во 19 часот во галеријата на Македонскиот културно информативен центар во Истанбул, Турција. „‘Гумено време’ претставува визуелно истражување на глобалните настани и нивните последици врз индивидуалното и колективното искуство. Пандемијата, војните и тековните конфликти трајно го трансформираа секојдневието, создавајќи чувство на неизвесност – ...
Репрогласувањето на Националниот парк Маврово е во застој, откако, по изработката на Студијата за ревалоризација и нацрт-законот, прекинаа активностите за изработка на предлог закон. Од Министерството за животна средина велат дека во моментов имаат други приоритети како што е усогласувањето на правната рамка со европското законодавство, по што на ред ќе дојде и ова прашање. Изработката на предлог-законот за репрогласување на Маврово за ...
„Крива река не ви е крива“, „Реките треба да не’ снабдуваат со вода и храна, не со канцер“, „Од држава со питка вода ќе станеме држава со техничка вода!“, „До каде е пречистителната за Вардар?“, „Република Депонија“… Ова беа дел пораките на еко-активистите што вчера ги упатија на протестот кој започна Министерството за животна средина и просторно планирање, како една од клучните институции за спорниот случај со загадувањето на Крива Река, ...
Во кругот од сијалички, во дворот на кафе-книжарницата „Буква“, синоќа застанаа да читаат осум млади поетеси и поети, како дел од настанот „Отскочна даска“, со кој неофицилајно се отвори 5. „Скопски поетски фестивал“. Пред будниот аудиториум поезија читаа Мицковски Васја, Неделковска Милена, Постоловски Дарио, Симоновски Борис, Спасовска Бојана, Среткоска Даница, Тасевски Теодор и Шапкарова Ана. По читањето, учесниците меѓусебно ја избраа Ана ...
Денеска во организација на Сојузот на спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје, се одржа 13. издание на традиционалната Авицена Женска трка. Како и во изминатите години, така и денес, учесничките успеаја да го наполнат Градски Парк со спортски дух и позитивна енергија. Приближно 3.000 жени учеснички од девет возрасни категории се појавија на стартот на кружната трка во должина од 3 километри, во близина на фонтаната „Лотос“, ...
Штетните наративи во политичката комуникација создаваат токсична јавна сфера и придонесуваат кон продлабочување на поделбите и поттикнуваат нетолеранција. Демократска обврска е политичарите да работат на деполаризирање на јавниот дискурс, a комплексните прашања важни за општеството да ги решаваат преку дијалог, наместо преку популизам, напади на лична основа и поткопување на довербата во институциите. Од друга страна, медиумите имаат одговорност ...
Петтото издание на „Скопскиот поетски фестивал“ ќе се одржи периодот 24 до 26 април на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“ и Галерија), во кафе-книжарницата „Буква“ и на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Ќе гостуваат поети, од пет држави, а ќе настапат и триесетина домашни поети. Од странство доаѓаат автори од Словенија, од Турција, од Грција, од Србија и од Бугарија. „Мотото на ...
За Ирина Јаневска и тимот на „АРНО“, идејата за Центар за поправки започна пред осум години, кога за прв пат го виделе „Риперај“ во Ријека. Веднаш знаеле дека и Скопје заслужува вакво место. По години упорност и многу предизвици – конечно пред некој ден го отворија „Ништо ново“. „‘Ништо ново’ не е само име, туку филозофија: да не фрламе, да поправаме, да придонесеме кон помалку отпад, зошто токму превенцијата на отпад е клучна во циркуларната ...
Бараме одговори и одговорност веднаш, велат од граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град (ЗХГ), која утре (12 април) од 12:30 часот најавува мирен протестен марш што ќе почне пред Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а ќе заврши кај Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС). „Рокот измина, институциите не само што не одговорија на нашите барања за истекувањето на токсични материи предизвикано од рудникот ...
Женската медиумска мрежа „Еднаква“ при Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници (ССНМ) ги осудува обидите за дискредитација на работата на колешката-дописник на „Сакам да кажам“ од Битола, Жанета Здравковска. „Локални функционери преку објави на социјалните мрежи го означија како ‘лажна вест’ текстот на колешката насловен како: ‘Загубарот Битолски комуналец склучи договор за набавка на кучешка храна од 57.000 евра за една година’. ...
Едно мало инди студио од Македонија креирано од двајца браќа од Охрид во 2022 година ја креираа својата прва игра „Mirror Forge“. Таа игра беше психолошки хорор каде што гејмерите ги оставаше без здив. Истите тие браќа, и истото тоа инди студио на 17 април ја издаваат нивната нова игра „Chasmal Fear“. Многу поголем проект кој што повторно се работи за хорор игра, но овој пат со многу акција, пренесува гејминг платформата ГГ.МК. Според ...
Единаесет млади поети на возраст од 16 до 25 години се избрани да читаат на „Отскочна даска #4“, преднастан на петтиот „Скопскиот поетски фестивал“. На конкурсот пристигнаа 28 пријави, а интерното жири на фестивалот го направи изборот. Наедно, УО на фестивалот изрази задоволство од бројот на примените пријави, како и од квалитетот на песните и талентот на кандидатите. Имињата на избраните 11-мина (по азбучен ред) се: Брајковска Елеонора, ...
Во најновото продолжение на радио серијалот „Ако никој не свири“, во глувата соба на радиото „Канал 103“ во недела (13 април) од 22 часот ќе настапат „Алембик“. „Алембик“ се Виктор Танасковски (електрична и акустична гитара, бас, мандола, вокал и малку кларинет) и Ива Дамјановски (клавијатури, вокал, теремин). „Нивната музика е обид за спој и реобмислување на различни музички жанрови, користејќи експериментални и атипични начини на произведување ...
Под мотото „Системот заборава, ние не!“ во Скопје денеска се одржи протестен марш од Влада, преку Судски совет, Собрание, па се’ до Кривичен суд. Инициран до граѓанското движење „Кој е следен?“, протестот беше потсетсетник на сите жртви од поголемите трагедии во поновата македонска историја. Односно, како што рекоа активистите, потсетник за секоја колективна траума што политичарите ја користат за поделби, а притоа се служат со лаги и напади ...
Во организација на Здружението „Икуалити“ се одржа дебатата на тема „Проектирање на дигитални алатки за лица од ранливи категории и лица со попречености“, која е дел од проектот „СИГНАЛ“ и има за цел да поттикне решенија во дигиталниот свет за поголема независност и активна вклученост на лица со различни попречености. Дебатата, која се одржа во Домот на култура „Билјана Беличанец“, ги опфати предизвиците на лицата со попреченост во дигиталниот ...
Изложбата „One of Us“ (Еден од нас) на македонскиот уметник Иван Ивановски е моментално отворена и може да се посети во Меморијалната сала и изложбениот излог на Музејот за сликарство на школата Лингнан, Академија за фини уметности (GAFA) во Гуанџоу, Кина, во периодот од 5 април до 5 мај. „Еден од нас Една фигура се издвојува од останатите – фокусна точка, аномалија. Се поставува прашањето: Дали е ова еден од нас? Или еден од нив? Кои сме ние? ...
Кафе-книжарницата „Буква“ вечерва, четврток 10 април, од 20:30 часот ќе биде домаќин(ка) на концерт со нови песни на Хана Корнети. И по некоја од старите. Настанот е наречен „Песнеење под брезите“, каде Корнети ќе пее и свири на укулеле и сајзер, додека истовремено ќе има придружба од Филип Букршлиев на гитара, но и од Ѓорѓе Јовановиќ – удиралки, придружни вокали и усна хармоника. „Со свежи, заеднички аранжмани, ќе песнееме против студов дур да ...
Граѓанското движење „Кој е следен?“ денеска започна со етапно доставување на своите барања. Првото беше доставено до Влада, каде утре од 18 часот е најавен и почетокот на новиот протест со име „Системот заборава, ние не!“. Умејр Муамеди, претставник на движењето, објасни дека ова барање се однесува на платформата „Е-инспекторат“, односно за спроведување електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите. Ова би ...
Факултетското студентското сообрание (ФСС) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, утре (четветок, 10 април) од 13 часот ја најавува промоцијата на првиот број на студентското стручно списание Iustinianus Primus Student Law Review (IPSLR). Промоцијата ќе се случи во читалната на Правен од 13 часот. Се работи за издание токму на студентите од „Јустинијан Први“. „Списанието IPSLR го издава својот прв број после долги години неактивност ...
Наместо целодневен музички настан на едно место, независниот музички колектив „Гола Планина“ годинава ќе го тера фестивалот „Сепак се врти“ низ повеќе градови – во вид на караран – со што ќе се здружи со истомисленици како „Пондер“, „Боилинг поинт“, „Гунгула“, „Ексцес фестивал“. Датите за свирки и настапи се најавени од 2 до 11 мај на шест локации. „Се собраа луѓе од целата земја. На една гола планина посадија семе. Семето ‘рти. И сепак се врти. ...