Филмот „Незаборавна пролет во заборавено село“ на режисерот Куштрим Бектеши ќе биде прикажан вечерва, 10 август, во 19 часот во киното „Синеплекс“ во Скопје. Влезот за проекцијата е бесплатен. Филмот раскажува за спокојниот живот во едно заборавено село, кој од корен се менува откако двајца браќа отвораат кафеана. Новото место го привлекува вниманието на мажите од селото, кои сè почесто отсуствуваат од своите домови, додека жените стануваат ...

Пред проекцијата на комедијата „Незаборавна пролет во заборавено село“ во „Синеплекс“, со публиката разговараа сценаристот и режисер Куштрим Бектеши, копродуцентот и актер Осман Ахмети и актерката Дрита Карага. На сцената им се придружи и дел од актерската екипа. За Бектеши, кој првенствено доаѓа од театарот, филмот претставува дебитантско остварување на големото платно. Тој посочи дека сценариото имало потенцијал да биде преточено во филм и ...